пожарна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozarna/ За подобро да се разбереме Wed, 29 May 2024 15:24:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пожарна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozarna/ 32 32 Избувнал пожар во касарната Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izbuvnal-pozhar-vo-kasarnata-gorche-petrov/ Wed, 29 May 2024 15:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=782860

Денеска во 03.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Касарната Ѓорче Петров настанал пожар во еден објект.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Избувнал пожар во касарната Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>

Денеска во 03.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Касарната Ѓорче Петров настанал пожар во еден објект. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Избувнал пожар во касарната Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>
Пожар во казино во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-vo-kazino-vo-ohrid/ Sat, 04 May 2024 18:21:41 +0000 https://republika.mk/?p=774304

Во казино во Охрид попладнево настанал пожар. На видеото кое се појави на социјалните мрежи, се гледа противпожарно возило кое интервенира.
Засега не се познати детали околу пожарот.

The post Пожар во казино во Охрид appeared first on Република.

]]>

Во казино во Охрид попладнево настанал пожар. На видеото кое се појави на социјалните мрежи, се гледа противпожарно возило кое интервенира. Засега не се познати детали околу пожарот.

The post Пожар во казино во Охрид appeared first on Република.

]]>
ЦГК: Недостигаат 340 пожарникари, возилата се во просек стари по 27 години, најстарото е ТАМ од 1966 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsgk-nedostigaat-340-pozharnikari-vozilata-se-vo-prosek-stari-po-27-godini-najstaroto-e-tam-od-1966-godina/ Tue, 06 Jun 2023 08:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=648292

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години, а само 30 од новонабавените вакви возила се нови, додека другите се купени „на старо“.

Ова се резултатите од најновите истражувања и бази на податоци на сите амбулантни возила и возила за противпожарна заштита, како и за бројот на пожарникари во сите 34 единици во земјава, објавени од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Резултатите од истражувањето покажале дека помалку од законски предвидениот минимален број пожарникари има во 16 од 34-те противпожарни едници во земјава.

Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на главниот град Скопје. Скопската единица има 190, а треба да има 405 пожарникари. Следни се Куманово – каде има 33 пожарникари помалку отколку што пропишува законот, Битола, со 21 пожарникар помалку и Тетово кому му недостигаат 17 пожарникари.

Спротивно, најдобро стои Ресен со дури шест пожарникари над законски определениот број, и неколку општини кои имаат по 4 пожарникари повеќе од минимумот: Гостивар, Струга, Кичево и Делчево.

Инаку, 34-те противпожарни единици вкупно имаат 284 возила, од оние што гаснат пожар до цистерни за вода и возила за превезување на пожарникарите и опремата.

Половина од вкупно 284-те возила се постари од 30 години, додека само 15 проценти од возилата се стари до 10 години. Во последните три години се набавени дополнителни 65 возила, но и тие се со просечна старост од 17 години.

Најстари возила со просечна старост од 39 години, има новоформираната противпожарна единица во Старо Нагоричане. Следно, со просечно стари возила од 38 години е Кратово, а 36 години просечна старост имаат возилата на валандовската противпожарна едница. Најнов возен парк имаат противпожарните единици во Велес и Штип, чии возила се просечно стари по 12 години, наведуваат од ЦГК.

Најстаро противпожарно возило од 57 години е камионот ТАМ од 1966 година, на валандовската единица. Анализата покажала дека следат четири возила, само по една година помлади, произведени во 1967 година и тоа: два мерцедеси на Македонска Каменица и Битола, и по еден ТАМ и ФАП на Крива Паланка и Демир Хисар. Од марките возила, најзастапени се камионите ФАП од кои има дури 50 возила, просечно стари 39 години, а следни се 28 Лади Нива, просечно стари 23 години.

Клучните наоди од истражувањето и базата на податоци на амбулантните и санитетските возила на здравствените установи во земјава, соопштија од ЦГК, се дека во земјава има вкупно 263 вакви возила. Санитетско или амбулантно возило поседуваат вкупно 58 здравствени установи.

Најстарото возило „мерцедес“ од 1988 година, го користи Болницата за респираторни заболувања од Отешево. Најнови се две возила набавени минатата година, едното од Клиничката болница во Штип, а другото од Здравствениот дом во Тетово. Просечната набавна вредност на возилата е 38 илјади евра. Најскапо купени воопшто вакви возила во земјава се двете возила подарени од Министерството за здравство на Клиниката за детски болести од Скопје во далечните 2001 и 2013 година, со набавна вредност од 105 и 135 илјади евра. 
Дури 73 проценти од сите овие возила, здравствените установи ги добиле на користење или како донација. Само околу 22 проценти од возилата, здравствените установи ги купиле со сопствени средства, се наведува во соопштението.

Министерството за здравство, посочуваат, најчесто се јавува како институција која им ги отстапува на користење возилата на здравствените установи, додека како донатори се јавуваат други земји, невладини организации или поединци.

Најчеста марка амбулантни и санитетски возила е „рено“, од која има дури 74 возила, од кои 62 возила се од моделот „трафик“. Следни се „ситроен“ со 35 возила, како и „фиат“ и „фолксваген“ со по 26 возила.

Споредбата со истото вакво истражување покажува дека сега има 80 вакви возила повеќе отколку во 2019 година, но само 30 од новостекнатите 80 возила се нови, односно произведени во последните три години, додека другите се повторно стари возила.

Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

The post ЦГК: Недостигаат 340 пожарникари, возилата се во просек стари по 27 години, најстарото е ТАМ од 1966 година appeared first on Република.

]]>

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години, а само 30 од новонабавените вакви возила се нови, додека другите се купени „на старо“. Ова се резултатите од најновите истражувања и бази на податоци на сите амбулантни возила и возила за противпожарна заштита, како и за бројот на пожарникари во сите 34 единици во земјава, објавени од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Резултатите од истражувањето покажале дека помалку од законски предвидениот минимален број пожарникари има во 16 од 34-те противпожарни едници во земјава. Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на главниот град Скопје. Скопската единица има 190, а треба да има 405 пожарникари. Следни се Куманово – каде има 33 пожарникари помалку отколку што пропишува законот, Битола, со 21 пожарникар помалку и Тетово кому му недостигаат 17 пожарникари. Спротивно, најдобро стои Ресен со дури шест пожарникари над законски определениот број, и неколку општини кои имаат по 4 пожарникари повеќе од минимумот: Гостивар, Струга, Кичево и Делчево. Инаку, 34-те противпожарни единици вкупно имаат 284 возила, од оние што гаснат пожар до цистерни за вода и возила за превезување на пожарникарите и опремата. Половина од вкупно 284-те возила се постари од 30 години, додека само 15 проценти од возилата се стари до 10 години. Во последните три години се набавени дополнителни 65 возила, но и тие се со просечна старост од 17 години.
Најстари возила со просечна старост од 39 години, има новоформираната противпожарна единица во Старо Нагоричане. Следно, со просечно стари возила од 38 години е Кратово, а 36 години просечна старост имаат возилата на валандовската противпожарна едница. Најнов возен парк имаат противпожарните единици во Велес и Штип, чии возила се просечно стари по 12 години, наведуваат од ЦГК.
Најстаро противпожарно возило од 57 години е камионот ТАМ од 1966 година, на валандовската единица. Анализата покажала дека следат четири возила, само по една година помлади, произведени во 1967 година и тоа: два мерцедеси на Македонска Каменица и Битола, и по еден ТАМ и ФАП на Крива Паланка и Демир Хисар. Од марките возила, најзастапени се камионите ФАП од кои има дури 50 возила, просечно стари 39 години, а следни се 28 Лади Нива, просечно стари 23 години. Клучните наоди од истражувањето и базата на податоци на амбулантните и санитетските возила на здравствените установи во земјава, соопштија од ЦГК, се дека во земјава има вкупно 263 вакви возила. Санитетско или амбулантно возило поседуваат вкупно 58 здравствени установи.
Најстарото возило „мерцедес“ од 1988 година, го користи Болницата за респираторни заболувања од Отешево. Најнови се две возила набавени минатата година, едното од Клиничката болница во Штип, а другото од Здравствениот дом во Тетово. Просечната набавна вредност на возилата е 38 илјади евра. Најскапо купени воопшто вакви возила во земјава се двете возила подарени од Министерството за здравство на Клиниката за детски болести од Скопје во далечните 2001 и 2013 година, со набавна вредност од 105 и 135 илјади евра.  Дури 73 проценти од сите овие возила, здравствените установи ги добиле на користење или како донација. Само околу 22 проценти од возилата, здравствените установи ги купиле со сопствени средства, се наведува во соопштението.
Министерството за здравство, посочуваат, најчесто се јавува како институција која им ги отстапува на користење возилата на здравствените установи, додека како донатори се јавуваат други земји, невладини организации или поединци. Најчеста марка амбулантни и санитетски возила е „рено“, од која има дури 74 возила, од кои 62 возила се од моделот „трафик“. Следни се „ситроен“ со 35 возила, како и „фиат“ и „фолксваген“ со по 26 возила. Споредбата со истото вакво истражување покажува дека сега има 80 вакви возила повеќе отколку во 2019 година, но само 30 од новостекнатите 80 возила се нови, односно произведени во последните три години, додека другите се повторно стари возила. Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

The post ЦГК: Недостигаат 340 пожарникари, возилата се во просек стари по 27 години, најстарото е ТАМ од 1966 година appeared first on Република.

]]>
Пожар во Скопје, зафатени два балкони, интервенирала Пожарна https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pozhar-vo-skopje-zafateni-dva-balkoni-intervenirala-pozharna/ Sat, 13 May 2023 15:47:07 +0000 https://republika.mk/?p=640490

П.Б. вчера околу 21:00 часот во Полициска станица Центар пријавил дека на балкон од стан на улицата „Самоилова“, сопственост на Б.С.(80) од Скопје, настанал пожар од плинска боца од кој бил зафатен и балконот на соседниот стан, сопственост на М.К..

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредни лица нема.

Полициски службеници излегле на местото на настанот.

The post Пожар во Скопје, зафатени два балкони, интервенирала Пожарна appeared first on Република.

]]>

П.Б. вчера околу 21:00 часот во Полициска станица Центар пријавил дека на балкон од стан на улицата „Самоилова“, сопственост на Б.С.(80) од Скопје, настанал пожар од плинска боца од кој бил зафатен и балконот на соседниот стан, сопственост на М.К.. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а повредни лица нема. Полициски службеници излегле на местото на настанот.

The post Пожар во Скопје, зафатени два балкони, интервенирала Пожарна appeared first on Република.

]]>
Град Скопје нема гориво ни за пожарната тендерот ќе биде потпишан следната недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-nema-gorivo-ni-za-pozarnata-tenderot-kje-bide-potpishan-slednata-nedela/ Mon, 30 May 2022 10:31:34 +0000 https://republika.mk/?p=508689

Уште за една недела има гориво за камионите на Противпожарната бригада на Град Скопје. Од денеска возилата и камионите на Пожарната одат да гаснат пожари во Скопје, но и надвор од градот, со резерви.

Тендерот за набавка на гориво за потребите на Град Скопје и Противпожарната бригада заврши на 26 мај, а нов тендер уште не е потпишан, па сега нема од каде да се точи гориво. Освен за Пожарната, гориво нема ниту за службените коли на Градот,објави „СДК.мк“.

 

Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје Звонко Томевски вели дека е точно дека е завршен тендер за гориво, но во моментов нема проблем бидејќи имаат резерви за една недела.

„Сите возила и камиони имаат наполнето гориво, полни им се до крај резервоарите што е доволно за една недела. Според нашите информации тендерот е при крај, неделава треба да биде потпишан, па нема да имаме никаков проблем“, вели Томевски.

Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска ни одговорија дека тендерот е завршен односно избрана е фирма и деновиве договорот треба да биде потпишан од градоначалничката.

„Нема проблем во сегашното функционирање ниту на Град, ниту на Пожарна оти има резерви за две недели“, велат од Град Скопје.

The post Град Скопје нема гориво ни за пожарната тендерот ќе биде потпишан следната недела appeared first on Република.

]]>

Уште за една недела има гориво за камионите на Противпожарната бригада на Град Скопје. Од денеска возилата и камионите на Пожарната одат да гаснат пожари во Скопје, но и надвор од градот, со резерви. Тендерот за набавка на гориво за потребите на Град Скопје и Противпожарната бригада заврши на 26 мај, а нов тендер уште не е потпишан, па сега нема од каде да се точи гориво. Освен за Пожарната, гориво нема ниту за службените коли на Градот,објави „СДК.мк“.   Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје Звонко Томевски вели дека е точно дека е завршен тендер за гориво, но во моментов нема проблем бидејќи имаат резерви за една недела.
„Сите возила и камиони имаат наполнето гориво, полни им се до крај резервоарите што е доволно за една недела. Според нашите информации тендерот е при крај, неделава треба да биде потпишан, па нема да имаме никаков проблем“, вели Томевски.
Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска ни одговорија дека тендерот е завршен односно избрана е фирма и деновиве договорот треба да биде потпишан од градоначалничката. „Нема проблем во сегашното функционирање ниту на Град, ниту на Пожарна оти има резерви за две недели“, велат од Град Скопје.

The post Град Скопје нема гориво ни за пожарната тендерот ќе биде потпишан следната недела appeared first on Република.

]]>
Возило на тетовската пожарна се распадна на враќање од интервенција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozilo-na-tetovskata-pozarna-se-raspadna-na-vrakjanje-od-intervencija/ Fri, 04 Mar 2022 22:42:59 +0000 https://republika.mk/?p=468015

Плевна изгоре вчера во пожар во тетовското село Вратница, а според пожарникарите и мештаните среќна околност при интервенцијата е што било спречено да се прошири огнот на останатите куќи што се во близина. При пожарот нема повредени луѓе, но на враќање назад пожарникарите останале без еден од камионите поради дефект.

На враќање кон Тетово, еден од камионите ни остана на регионалниот пат Тетово-Јажинце бидејќи поради удирање во грпките му се искршија делови од системот за амортизација околу тркалата. Некако успеавме да го вратиме назад, а со оглед дека се стари камиони уште потешко беше денес да се најдат резервни делови, изјави денеска Ука Алити, командант на Тетовската територијална противпожарна единица.

Пожарот бил пријавен 17 часот и 41 минута, а интервенцијата траела до 20 часот.

На интервенција заминаа три возила со седум пожарникари. Вратницата е едно од поодалечените места од нашата станица и ни требаше повеќе време. Во работата ни помогаа и жителите на Вратница, информира Ука Алити.

За тетовската пожарна ова е првиот повик за интервенција кој стигнал преку 112 службата единствениот број за итни повици 112. Инаку за повик на тетовската пожарна и понатаму може да се користи и бројот 193.

The post Возило на тетовската пожарна се распадна на враќање од интервенција appeared first on Република.

]]>

Плевна изгоре вчера во пожар во тетовското село Вратница, а според пожарникарите и мештаните среќна околност при интервенцијата е што било спречено да се прошири огнот на останатите куќи што се во близина. При пожарот нема повредени луѓе, но на враќање назад пожарникарите останале без еден од камионите поради дефект.
На враќање кон Тетово, еден од камионите ни остана на регионалниот пат Тетово-Јажинце бидејќи поради удирање во грпките му се искршија делови од системот за амортизација околу тркалата. Некако успеавме да го вратиме назад, а со оглед дека се стари камиони уште потешко беше денес да се најдат резервни делови, изјави денеска Ука Алити, командант на Тетовската територијална противпожарна единица.
Пожарот бил пријавен 17 часот и 41 минута, а интервенцијата траела до 20 часот.
На интервенција заминаа три возила со седум пожарникари. Вратницата е едно од поодалечените места од нашата станица и ни требаше повеќе време. Во работата ни помогаа и жителите на Вратница, информира Ука Алити.
За тетовската пожарна ова е првиот повик за интервенција кој стигнал преку 112 службата единствениот број за итни повици 112. Инаку за повик на тетовската пожарна и понатаму може да се користи и бројот 193.

The post Возило на тетовската пожарна се распадна на враќање од интервенција appeared first on Република.

]]>