пожарна Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozarna-skopje/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Nov 2022 07:23:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пожарна Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozarna-skopje/ 32 32 Нашите пожарникари работат во услови од 19 век https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nashite-pozarnikari-rabotat-vo-uslovi-od-19-vek/ Tue, 08 Nov 2022 07:23:56 +0000 https://republika.mk/?p=571175

Македонија заостанува во модернизацијата на противпожарните единици во однос на регионот. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески во разговор за МИА вели дека Хрватите, Грците и Бугарите уште многу одамна направиле големи вложувања во противпожарните единици, а многу пред нас се и Црногорците и Србите.

Просечната старост на противпожарните возила со кои располага Територијалната противпожарна единица на Град Скопје е околу 30 години, а во возниот парк во функција е и едно возило од 1968 година. Томески вели дека ова возило, иако е старо, го одржуваат да биде во возна состојба затоа што е единственото за гаснење на пожари од лесно запаливи течности.

Возилата се со висока просечна старост од околу 30 години. Во однос на регионот, сите соседни држави направија модернизација. Хрватите и Црногорците се многу пред нас, Србите направија големи вложувања, а Бугарија уште пред многу години го направи тоа, појаснува Томески за МИА.

Возниот парк на оваа најголема противпожарна единица во земјава е збогатен со две теренски возила од кои едното е набавено преку проект со УНДП, а другото од средствата што се обезбедуваат од осигурување на имоти. Следната година, Томески очекува да ги добијат и трите противпожарни возила за кои јавната набавка е во тек, а има најави и за едно ново противпожарно возило кое ќе биде донирано од Турција.

Имаме најава дека ќе добиеме едно ново противпожарно возило од Турција како донација. Знаеме дека тоа се високи средства и за Градот, но во рамки на можностите ја подобруваме ситуацијата, вели Томески.

Минатата година во јуни беше набавено специјално возило со 45-метарска противпожарна скала која овозможува безбедно евакуирање на сите што живеат во објекти од 5-тиот кат нагоре.

Заостануваме и во однос на кадровската екипираност на пожарникарските служби. Просечната старост на пожарникарите е се уште доста висока, а за вработување на нови кадри се чека дозвола од Министерството за финансии.

Во ТППЕ на Град Скопје на почетокот на годината се вработени нови 20-ина пожарникари кои ја поминале потребната обука и сега се вклучени во редовната работа на единицата, но, според Томески, одливот на кадар по основ на пензија е константен поради што е неопходно да се вработуваат нови луѓе.

Потребна ни е поддршка од централната власт која треба да ја сфати неопходноста од вработување во противпожарните единици. Очекувањата се дека би требало да имаме нови вработувања затоа што одливот ни е константен по основ на пензионирање. Потребни ни се нови вработувања, но функционираме во една ситуација каде што не е спроведена целосната децентрализација. Во 2005 година, единиците се децентрализираа и од МВР преминавме кон единиците на локална самоуправа, но она што изостана, а беше обврска, е финансиската децентрализација каде сите дополнителни трошоци кои ги имаа единиците на локална смаоуправа би се остапиле од централниот на локалниот буџет. Засега за секое ново вработување, единиците на локалната самоуправа треба да бараат и да добијат согласност од Министерството за финансии, а тоа е прилично рестриктивно, вели Томески.

Идната година во ТТПЕ Скопје се очекува нов одлив на кадар кој ќе замине во пензија. Во моментот, во Територијалната противпожарна единица на Град Скопје се вработени околу 190 пожарникари, а согласно законските прописи, би требало да има околу 400.

The post Нашите пожарникари работат во услови од 19 век appeared first on Република.

]]>

Македонија заостанува во модернизацијата на противпожарните единици во однос на регионот. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески во разговор за МИА вели дека Хрватите, Грците и Бугарите уште многу одамна направиле големи вложувања во противпожарните единици, а многу пред нас се и Црногорците и Србите. Просечната старост на противпожарните возила со кои располага Територијалната противпожарна единица на Град Скопје е околу 30 години, а во возниот парк во функција е и едно возило од 1968 година. Томески вели дека ова возило, иако е старо, го одржуваат да биде во возна состојба затоа што е единственото за гаснење на пожари од лесно запаливи течности.
Возилата се со висока просечна старост од околу 30 години. Во однос на регионот, сите соседни држави направија модернизација. Хрватите и Црногорците се многу пред нас, Србите направија големи вложувања, а Бугарија уште пред многу години го направи тоа, појаснува Томески за МИА.
Возниот парк на оваа најголема противпожарна единица во земјава е збогатен со две теренски возила од кои едното е набавено преку проект со УНДП, а другото од средствата што се обезбедуваат од осигурување на имоти. Следната година, Томески очекува да ги добијат и трите противпожарни возила за кои јавната набавка е во тек, а има најави и за едно ново противпожарно возило кое ќе биде донирано од Турција.
Имаме најава дека ќе добиеме едно ново противпожарно возило од Турција како донација. Знаеме дека тоа се високи средства и за Градот, но во рамки на можностите ја подобруваме ситуацијата, вели Томески.
Минатата година во јуни беше набавено специјално возило со 45-метарска противпожарна скала која овозможува безбедно евакуирање на сите што живеат во објекти од 5-тиот кат нагоре. Заостануваме и во однос на кадровската екипираност на пожарникарските служби. Просечната старост на пожарникарите е се уште доста висока, а за вработување на нови кадри се чека дозвола од Министерството за финансии. Во ТППЕ на Град Скопје на почетокот на годината се вработени нови 20-ина пожарникари кои ја поминале потребната обука и сега се вклучени во редовната работа на единицата, но, според Томески, одливот на кадар по основ на пензија е константен поради што е неопходно да се вработуваат нови луѓе.
Потребна ни е поддршка од централната власт која треба да ја сфати неопходноста од вработување во противпожарните единици. Очекувањата се дека би требало да имаме нови вработувања затоа што одливот ни е константен по основ на пензионирање. Потребни ни се нови вработувања, но функционираме во една ситуација каде што не е спроведена целосната децентрализација. Во 2005 година, единиците се децентрализираа и од МВР преминавме кон единиците на локална самоуправа, но она што изостана, а беше обврска, е финансиската децентрализација каде сите дополнителни трошоци кои ги имаа единиците на локална смаоуправа би се остапиле од централниот на локалниот буџет. Засега за секое ново вработување, единиците на локалната самоуправа треба да бараат и да добијат согласност од Министерството за финансии, а тоа е прилично рестриктивно, вели Томески.
Идната година во ТТПЕ Скопје се очекува нов одлив на кадар кој ќе замине во пензија. Во моментот, во Територијалната противпожарна единица на Град Скопје се вработени околу 190 пожарникари, а согласно законските прописи, би требало да има околу 400.

The post Нашите пожарникари работат во услови од 19 век appeared first on Република.

]]>
Во ниту еден момент не се размилувало пожарникарите да ги обезбедуваат училиштата, велат од Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-nitu-eden-moment-ne-se-razmiluvalo-pozarnikarite-da-gi-obezbeduvaat-uchilishtata-velat-od-grad-skopje/ Sat, 05 Nov 2022 19:12:35 +0000 https://republika.mk/?p=570162

Град Скопје ја демантира веста дека се размислувало пожарникарите да бидат ангажирани за обезбедување на објектите на средните училишта во градот.

https://republika.mk/vesti/skopje/gradot-skopje-planira-pozarnikari-da-gi-obezbeduvaat-uchilishtata/

Велат дека веста е шпекулација, непотврдена информација и невистина.

Од градот Скопје во ниту еден момент не се размислувало за ангажирање на пожарникари во функција на обезбедување на објектите на средните училишта на територија на град Скопје. Жалиме што мораме вака да реагираме, но, бараме овој демант на целосно лажната вест да биде објавен во целост. За безбедноста и сигурноста во средните училишта во овој момент надлежна е МВР, стои во соопштениото од градските слуби испратено до медиумите.

The post Во ниту еден момент не се размилувало пожарникарите да ги обезбедуваат училиштата, велат од Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Град Скопје ја демантира веста дека се размислувало пожарникарите да бидат ангажирани за обезбедување на објектите на средните училишта во градот. https://republika.mk/vesti/skopje/gradot-skopje-planira-pozarnikari-da-gi-obezbeduvaat-uchilishtata/ Велат дека веста е шпекулација, непотврдена информација и невистина.
Од градот Скопје во ниту еден момент не се размислувало за ангажирање на пожарникари во функција на обезбедување на објектите на средните училишта на територија на град Скопје. Жалиме што мораме вака да реагираме, но, бараме овој демант на целосно лажната вест да биде објавен во целост. За безбедноста и сигурноста во средните училишта во овој момент надлежна е МВР, стои во соопштениото од градските слуби испратено до медиумите.
 
The post Во ниту еден момент не се размилувало пожарникарите да ги обезбедуваат училиштата, велат од Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Градот Скопје планира пожарникари да ги обезбедуваат училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradot-skopje-planira-pozarnikari-da-gi-obezbeduvaat-uchilishtata/ Fri, 04 Nov 2022 17:11:21 +0000 https://republika.mk/?p=569681

Пожарникари да бидат обезбедување во средните училишта предлага Град Скопје. Според информации од учесници на координативниот состанок, градот го свикал кризниот штаб да изнајде решение за проблемот поради кои два месеци училиштата останаа без агенција за обезбедување. Ова трае веќе два месеци а изминатите денови допринесе за поголема паника и страв откако се појавија лажните дојави за поставени бомби. Град Скопје ги свика сите јавни претпријатија на координативен состанок за да најдат начин како да превенираат и овозможат учениците безбедно да ја посетуваат наставата.

МВР се одговорни за општата безбедност. Поради лажните дојави за бомби, нивното присуство во средните училишта е зголемено и се на готово. Град Скопје има обврска да обезбедува и чува објекти. А за закани од ваков тип мора да се преземат соодветни мерки, велат од Град Скопје.

Од противпожарната служба за сител велат тие имаат доволен број на пожарникари но не за да бидат поставени како обезбедување. Според нивните надлежности тие и до сега но и по барање на градот можат да интервенираат во делот на превенција и заштита од пожари и поплави.

Во средните училишта деновиве е зголемено присуството на полицијата согласно проценките на службите за јавна безбедност. Така ќе биде и во наредниот период велат за Сител од МВР. Во меѓувреме се уште се работи на пронаоѓање на сторителот кој лажно пријавува дека во средните училишта се поставени експлозивни направи. До сега беше приведено едно лице, но беше утврдено дека нема никакав поврзаност со случајот. Инаку во последните две недели 4 пати беа евакуирани учениците и вработените откако на официјалните маилови им пристигна лажна дојава.

The post Градот Скопје планира пожарникари да ги обезбедуваат училиштата appeared first on Република.

]]>

Пожарникари да бидат обезбедување во средните училишта предлага Град Скопје. Според информации од учесници на координативниот состанок, градот го свикал кризниот штаб да изнајде решение за проблемот поради кои два месеци училиштата останаа без агенција за обезбедување. Ова трае веќе два месеци а изминатите денови допринесе за поголема паника и страв откако се појавија лажните дојави за поставени бомби. Град Скопје ги свика сите јавни претпријатија на координативен состанок за да најдат начин како да превенираат и овозможат учениците безбедно да ја посетуваат наставата. МВР се одговорни за општата безбедност. Поради лажните дојави за бомби, нивното присуство во средните училишта е зголемено и се на готово. Град Скопје има обврска да обезбедува и чува објекти. А за закани од ваков тип мора да се преземат соодветни мерки, велат од Град Скопје. Од противпожарната служба за сител велат тие имаат доволен број на пожарникари но не за да бидат поставени како обезбедување. Според нивните надлежности тие и до сега но и по барање на градот можат да интервенираат во делот на превенција и заштита од пожари и поплави. Во средните училишта деновиве е зголемено присуството на полицијата согласно проценките на службите за јавна безбедност. Така ќе биде и во наредниот период велат за Сител од МВР. Во меѓувреме се уште се работи на пронаоѓање на сторителот кој лажно пријавува дека во средните училишта се поставени експлозивни направи. До сега беше приведено едно лице, но беше утврдено дека нема никакав поврзаност со случајот. Инаку во последните две недели 4 пати беа евакуирани учениците и вработените откако на официјалните маилови им пристигна лажна дојава.

The post Градот Скопје планира пожарникари да ги обезбедуваат училиштата appeared first on Република.

]]>
Градот Скопје набавува 350 нови униформи за скопските пожарникари https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradot-skopje-nabavuva-350-novi-uniformi-za-skopskite-pozarnikari/ Thu, 09 Jun 2022 15:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=513236

Градот Скопје објави јавен повик за набавка на 250 работни униформи и 100 интервентни униформи за скопските пожарникари, како и набавка на противпожарна опрема.

Во рамките на новите 350 униформи, скопските пожарникари ќе добијат нови комплети опрема и за зимски и за летни услови вклучително нови интервенциски одела, интервенциски ракавици, интервенциски шлемови со заштитни очила, интервенциски чизми, чизми за шумски пожари и технички интеревенции и друга опрема неопходна за ефикасно реализирање на работните задачи.

Во делот на набавката на противпожарната опрема опфатено е набавка на одводни противпожарни црева, млазници и универзално пенило за гасење пожар.

Градот Скопје продолжува да инвестира во техничката опременост и модернизирање на противпожарната бригада со цел обезбедување подобри и побезбедни услови за работата на скопските пожарникари.

The post Градот Скопје набавува 350 нови униформи за скопските пожарникари appeared first on Република.

]]>

Градот Скопје објави јавен повик за набавка на 250 работни униформи и 100 интервентни униформи за скопските пожарникари, како и набавка на противпожарна опрема. Во рамките на новите 350 униформи, скопските пожарникари ќе добијат нови комплети опрема и за зимски и за летни услови вклучително нови интервенциски одела, интервенциски ракавици, интервенциски шлемови со заштитни очила, интервенциски чизми, чизми за шумски пожари и технички интеревенции и друга опрема неопходна за ефикасно реализирање на работните задачи. Во делот на набавката на противпожарната опрема опфатено е набавка на одводни противпожарни црева, млазници и универзално пенило за гасење пожар. Градот Скопје продолжува да инвестира во техничката опременост и модернизирање на противпожарната бригада со цел обезбедување подобри и побезбедни услови за работата на скопските пожарникари.

The post Градот Скопје набавува 350 нови униформи за скопските пожарникари appeared first on Република.

]]>
Градот Скопје демантира дека Противпожарната бригада останала без гориво https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradot-skopje-demantira-deka-protivpozarnata-brigada-ostanala-bez-gorivo/ Mon, 30 May 2022 12:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=508777

Градот Скопје ги демантира лажните информациите пласирани во јавноста дека Противпожарната бригада е без гориво.
Оттаму објаснуваат дека актуелниот договор за гориво важност до 5 јуни 2022 година.

Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор кој е потпишан, со што се обезбедува континуирано и редовно снабдување со гориво на градските служби и Противпожарната бригада.

Дополнително, сакаме да истакнеме дека Градот Скопје и Противпожарната бригада имаат предвидено и резерви за непречено функционирање, со што во ниту еден момент не е доведено во прашање нивното ефикасно функционирање. 

Апелираме да не се манипулира со јавноста особено кога е во прашање работата на Противпожарната бригада, чие непречено функционирање е од огромно значење по сигурноста и безбедноста на скопјани.

https://republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-nema-gorivo-ni-za-pozarnata-tenderot-kje-bide-potpishan-slednata-nedela/

The post Градот Скопје демантира дека Противпожарната бригада останала без гориво appeared first on Република.

]]>

Градот Скопје ги демантира лажните информациите пласирани во јавноста дека Противпожарната бригада е без гориво. Оттаму објаснуваат дека актуелниот договор за гориво важност до 5 јуни 2022 година.
Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор кој е потпишан, со што се обезбедува континуирано и редовно снабдување со гориво на градските служби и Противпожарната бригада. Дополнително, сакаме да истакнеме дека Градот Скопје и Противпожарната бригада имаат предвидено и резерви за непречено функционирање, со што во ниту еден момент не е доведено во прашање нивното ефикасно функционирање.  Апелираме да не се манипулира со јавноста особено кога е во прашање работата на Противпожарната бригада, чие непречено функционирање е од огромно значење по сигурноста и безбедноста на скопјани.
https://republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-nema-gorivo-ni-za-pozarnata-tenderot-kje-bide-potpishan-slednata-nedela/

The post Градот Скопје демантира дека Противпожарната бригада останала без гориво appeared first on Република.

]]>
Награда за скопските пожарникари за брзата и ефикасна реакција на пожарот во „Треска“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nagrada-za-skopskite-pozarnikari-za-brzata-i-efikasna-reakcija-na-pozarot-vo-treska/ Fri, 15 Apr 2022 14:27:46 +0000 https://republika.mk/?p=489056

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска донесе одлука да се додели соодветна награда за скопските пожарникари за нивната брза реакција и ефикасна интервенција при вчерашното успешно справување со огнената стихија во поранешната фабрика „Треска“.

Пожарникарите се хероите на нашиот град. Во знак на благодарност за нивната пожртвуваност и високото ниво на професионалност, донесов одлука да бидат соодветно наградени, како одраз на поддршка за заштитата на Скопје и скопјани. Пожарот со кој во текот на вчерашниот ден се соочи противпожарната бригада беше со висок ризик, од голем размер кој тие брзо го локализираа без жртви и повредени. Со експресна реакција и повеќечасовна борба со огнената стихија го локализираа силниот пожар и ги заштитија имотите и животите на нашите сограѓани. Градот Скопје и граѓаните ви се благодарни, истакна Арсовска.

The post Награда за скопските пожарникари за брзата и ефикасна реакција на пожарот во „Треска“ appeared first on Република.