пожар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozar/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 15:07:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пожар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozar/ 32 32 Вил Ротшилд од моќното банкарско семејство е пронајден мртов по пожар во куќа во Холивуд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vil-rotshild-od-moknoto-bankarsko-semejstvo-e-pronajden-mrtov-po-pozhar-vo-kuka-vo-holivud/ Thu, 28 Nov 2024 15:11:27 +0000 https://republika.mk/?p=842859

Човек, кој соседите го идентификувале како член на богатото семејство Ротшилд, загинал во пожар во двокатна куќа на рид во Холивуд Хилс, Калифорнија.

По големиот пожар, пожарникарите пронашле мртов маж во куќата. Официјалните лица не го објавија името на човекот, но соседите го идентификувале како Вил Ротшилд, член на моќното еврејско банкарско семејство.

Не е јасно што може да го предизвика пожарот, а инцидентот и понатаму се истражува.

The post Вил Ротшилд од моќното банкарско семејство е пронајден мртов по пожар во куќа во Холивуд appeared first on Република.

]]>

Човек, кој соседите го идентификувале како член на богатото семејство Ротшилд, загинал во пожар во двокатна куќа на рид во Холивуд Хилс, Калифорнија. По големиот пожар, пожарникарите пронашле мртов маж во куќата. Официјалните лица не го објавија името на човекот, но соседите го идентификувале како Вил Ротшилд, член на моќното еврејско банкарско семејство. Не е јасно што може да го предизвика пожарот, а инцидентот и понатаму се истражува.

The post Вил Ротшилд од моќното банкарско семејство е пронајден мртов по пожар во куќа во Холивуд appeared first on Република.

]]>
ВИДЕО: Се запали авион при слетување на аеродромот во Анталија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/video-se-zapali-avion-pri-sletuvane-na-aerodromot-vo-antalija/ Sun, 24 Nov 2024 21:13:29 +0000 https://republika.mk/?p=841401

Авионот Сухој Суперџет 100-95ЛР на руската компанија Азимут се запали при слетување на аеродромот во Анталија. Авионот летал на линијата од Сочи до Анталија, а пожарот избил во моторот. Авионот по слетувањето застанал на пистата, по што започнала евакуацијата на патниците.

Итните служби на аеродромот реагирале брзо и го изгаснале пожарот, додека сите 79 патници биле безбедно евакуирани.

По инцидентот, пистата на аеродромот во Анталија беше привремено затворена, што предизвика одложување на пристигнувањето на другите летови додека ситуацијата не се стави под контрола.

Во моментов се истражуваат причините за пожарот.

The post ВИДЕО: Се запали авион при слетување на аеродромот во Анталија appeared first on Република.

]]>

Авионот Сухој Суперџет 100-95ЛР на руската компанија Азимут се запали при слетување на аеродромот во Анталија. Авионот летал на линијата од Сочи до Анталија, а пожарот избил во моторот. Авионот по слетувањето застанал на пистата, по што започнала евакуацијата на патниците. Итните служби на аеродромот реагирале брзо и го изгаснале пожарот, додека сите 79 патници биле безбедно евакуирани. По инцидентот, пистата на аеродромот во Анталија беше привремено затворена, што предизвика одложување на пристигнувањето на другите летови додека ситуацијата не се стави под контрола. Во моментов се истражуваат причините за пожарот.

The post ВИДЕО: Се запали авион при слетување на аеродромот во Анталија appeared first on Република.

]]>
Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izgorea-pokriv-i-kat-od-semejna-kuka-vo-strumitsa/ Sun, 24 Nov 2024 15:28:49 +0000 https://republika.mk/?p=841329

Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.

Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.

Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.

Причините за пожарот дополнително ќе се испитуваат.

The post Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица appeared first on Република.

]]>

Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица. Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета. Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета. Причините за пожарот дополнително ќе се испитуваат.

The post Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица appeared first on Република.

]]>
Грешки со продолжениот кабел што може да предизвикаат пожар https://arhiva3.republika.mk/zivot/greshki-so-prodolzheniot-kabel-shto-mozhe-da-predizvikaat-pozhar/ Fri, 22 Nov 2024 10:33:56 +0000 https://republika.mk/?p=840760

Продолжните кабли не се дизајнирани да издржат прекумерни струјни оптоварувања, па постои ризик од прегревање и пожар доколку ги преоптоварите, предупредуваат пожарникарите.

Кога телевизорот, компјутерот и светилката се веќе вклучени, дополнителното вклучување на електричниот радијатор може да доведе до пожар во домот.

Повеќето производители на електрични радијатори препорачуваат директно поврзување со ѕиден штекер, наместо користење продолжен кабел.

Никогаш не приклучувајте големи апарати во продолжен кабел. Ако користите продолжен кабел, редовно проверувајте ги каблите на уредите и заменете ги доколку се оштетени.

Чувајте ги сите кабли и приклучоци подалеку од извори на топлина, оставајќи доволно простор околу уредот за да спречите прегревање. Секогаш исклучувајте ги апаратите што не се во употреба.

Што се однесува до другите мерки на претпазливост, експертите препорачуваат да ги држите големите апарати подалеку од ѕидот за да избегнете задржување на топлина.

Исто така, вклучувањето на полнач за лаптоп или телефон, кој по денови останува вклучен додека лежи на креветот, може да биде чекор кон пожар.

Исто така:

– Избегнувајте прекумерно свиткување или извртување на продолжениот кабел за да спречите оштетување во внатрешноста на кабелот.

– Не користете оштетени приклучоци или приклучоци на продолжениот кабел. Ако забележите некакво оштетување, веднаш заменете ги приклучоците или побарајте стручна помош.

– Користете продолжен кабел со соодветна должина за потребите на вашите уреди. Користењето на прекраток кабел што е под премногу оптоварување може да предизвика прегревање.

– Поставете го продолжениот кабел на места каде што нема да биде изложен на директна сончева светлина или екстремни температури.

– Ако користите продолжен кабел на отворено, проверете дали е соодветен, водоотпорен кабел и држете ги приклучоците над нивото на земјата за да избегнете контакт со влага.

The post Грешки со продолжениот кабел што може да предизвикаат пожар appeared first on Република.

]]>

Продолжните кабли не се дизајнирани да издржат прекумерни струјни оптоварувања, па постои ризик од прегревање и пожар доколку ги преоптоварите, предупредуваат пожарникарите.
Кога телевизорот, компјутерот и светилката се веќе вклучени, дополнителното вклучување на електричниот радијатор може да доведе до пожар во домот.
Повеќето производители на електрични радијатори препорачуваат директно поврзување со ѕиден штекер, наместо користење продолжен кабел. Никогаш не приклучувајте големи апарати во продолжен кабел. Ако користите продолжен кабел, редовно проверувајте ги каблите на уредите и заменете ги доколку се оштетени.
Чувајте ги сите кабли и приклучоци подалеку од извори на топлина, оставајќи доволно простор околу уредот за да спречите прегревање. Секогаш исклучувајте ги апаратите што не се во употреба. Што се однесува до другите мерки на претпазливост, експертите препорачуваат да ги држите големите апарати подалеку од ѕидот за да избегнете задржување на топлина. Исто така, вклучувањето на полнач за лаптоп или телефон, кој по денови останува вклучен додека лежи на креветот, може да биде чекор кон пожар. Исто така: – Избегнувајте прекумерно свиткување или извртување на продолжениот кабел за да спречите оштетување во внатрешноста на кабелот. – Не користете оштетени приклучоци или приклучоци на продолжениот кабел. Ако забележите некакво оштетување, веднаш заменете ги приклучоците или побарајте стручна помош. – Користете продолжен кабел со соодветна должина за потребите на вашите уреди. Користењето на прекраток кабел што е под премногу оптоварување може да предизвика прегревање. – Поставете го продолжениот кабел на места каде што нема да биде изложен на директна сончева светлина или екстремни температури. – Ако користите продолжен кабел на отворено, проверете дали е соодветен, водоотпорен кабел и држете ги приклучоците над нивото на земјата за да избегнете контакт со влага.

The post Грешки со продолжениот кабел што може да предизвикаат пожар appeared first on Република.

]]>
Голем пожар во село Стримница, изгоре маж https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/golem-pozhar-vo-selo-strimnitsa-izgore-mazh/ Tue, 19 Nov 2024 09:37:24 +0000 https://republika.mk/?p=839519

Регионалниот ЦУК Тетово ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица Тетово дека во период од 23:34 до 2:45 часот после полноќ со 11 пожарникари и 4 противпожарни возила гаснеле запалена куќа во село Стримница, Општина Желино.

Уште во текот на интервенцијата од ПС Групчин, конкретно во 0:19 часот дежурните известиле дека машкото лице на 90-годишна возраст го загубило животот во големиот пожар.

Од страна на тетовските пожарникарите починатото лице е извадено од куќата и за настанот беа известени јавен обвинител и лекар по судска медицина за понатамошна постапка, а увид на местото на пожарот извршила екипа од СВР Тетово.

РЦУК Скопје ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје дека во изминатото деноноќие имала две помали интервенции на отворен простор.

The post Голем пожар во село Стримница, изгоре маж appeared first on Република.

]]>

Регионалниот ЦУК Тетово ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица Тетово дека во период од 23:34 до 2:45 часот после полноќ со 11 пожарникари и 4 противпожарни возила гаснеле запалена куќа во село Стримница, Општина Желино. Уште во текот на интервенцијата од ПС Групчин, конкретно во 0:19 часот дежурните известиле дека машкото лице на 90-годишна возраст го загубило животот во големиот пожар. Од страна на тетовските пожарникарите починатото лице е извадено од куќата и за настанот беа известени јавен обвинител и лекар по судска медицина за понатамошна постапка, а увид на местото на пожарот извршила екипа од СВР Тетово. РЦУК Скопје ја пренесува информацијата од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје дека во изминатото деноноќие имала две помали интервенции на отворен простор.

The post Голем пожар во село Стримница, изгоре маж appeared first on Република.

]]>
Шпанија: Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-najmalku-10-zaginati-vo-pozhar-vo-dom-za-stari-litsa/ Fri, 15 Nov 2024 09:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=837982

Во пожар во дом за стари лица во шпанскиот град Вилафранка де Ебро, кој се случи во текот на ноќта,загинаа најмалку 10 лица, соопштија утрово локалните служби за итна помош преку објава на социјалната мрежа Икс.

Службите за итна помош во регионот Арагон не објавија дополнителни детали во нивната објава, но шпанските медиуми известуваат дека во домот се наоѓале 82 лица.

- Пожарот започна во резиденција за стари лица наречена „Жардинес де Вилафранка“ околу 5 часот по локално време и на пожарникарите им требаа неколку часа да го изгаснат, изјави портпаролот на регионалната влада.

Портпаролот не можеше да прецизира дали сите жртви се жители на пензионерскиот дом, каде што живееле 82 стари лица.
Едно лице e во критична состојба, додека неколку лица се хоспитализирани, главно поради вдишување чад.

Причината за пожарот се уште се истражува.

The post Шпанија: Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица appeared first on Република.

]]>

Во пожар во дом за стари лица во шпанскиот град Вилафранка де Ебро, кој се случи во текот на ноќта,загинаа најмалку 10 лица, соопштија утрово локалните служби за итна помош преку објава на социјалната мрежа Икс. Службите за итна помош во регионот Арагон не објавија дополнителни детали во нивната објава, но шпанските медиуми известуваат дека во домот се наоѓале 82 лица. - Пожарот започна во резиденција за стари лица наречена „Жардинес де Вилафранка“ околу 5 часот по локално време и на пожарникарите им требаа неколку часа да го изгаснат, изјави портпаролот на регионалната влада. Портпаролот не можеше да прецизира дали сите жртви се жители на пензионерскиот дом, каде што живееле 82 стари лица. Едно лице e во критична состојба, додека неколку лица се хоспитализирани, главно поради вдишување чад. Причината за пожарот се уште се истражува.

The post Шпанија: Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица appeared first on Република.

]]>
По четири дена изгаснат пожарот на Беласица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/po-chetiri-dena-izgasnat-pozharot-na-belasitsa/ Thu, 14 Nov 2024 10:08:41 +0000 https://republika.mk/?p=837529

Пожарот кој избувна во подножјето на планината Беласица на 10 овој месец, меѓу селата Смоларе и Мокрино, е изгаснат, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Шумскиот пожар е ликвидиран, а беше зафатена површина од околу 20 хектари најразновидна шума. На терен беа 7 вработени и 2 теренски возила од ЈП „Национални шуми“, ПШС „Беласица-Струмица“ , се наведува во информацијата од ЦУК.

Завчера дојде до повторно разгорување на пожарот на планината Беласица во близина на село Смоларе и притоа се приближил кон црквата „Свети Петар и Павле“, но со брза интервенција не беше дозволено пожарот да се прошири.

Инаку, вчера и покрај влажнотo и студено време струмичките пожарникари интервенирале на пожар на отворено на запалена ниска вегетација, капини и тополи во село Робово, Општина Босилово.

The post По четири дена изгаснат пожарот на Беласица appeared first on Република.

]]>

Пожарот кој избувна во подножјето на планината Беласица на 10 овој месец, меѓу селата Смоларе и Мокрино, е изгаснат, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Шумскиот пожар е ликвидиран, а беше зафатена површина од околу 20 хектари најразновидна шума. На терен беа 7 вработени и 2 теренски возила од ЈП „Национални шуми“, ПШС „Беласица-Струмица“ , се наведува во информацијата од ЦУК. Завчера дојде до повторно разгорување на пожарот на планината Беласица во близина на село Смоларе и притоа се приближил кон црквата „Свети Петар и Павле“, но со брза интервенција не беше дозволено пожарот да се прошири. Инаку, вчера и покрај влажнотo и студено време струмичките пожарникари интервенирале на пожар на отворено на запалена ниска вегетација, капини и тополи во село Робово, Општина Босилово.

The post По четири дена изгаснат пожарот на Беласица appeared first on Република.

]]>
Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црква во селото Смоларе https://arhiva3.republika.mk/vesti/pozharot-na-belasitsa-sinoka-se-priblizhil-kon-tsrkva-vo-seloto-smolare/ Wed, 13 Nov 2024 09:02:03 +0000 https://republika.mk/?p=837030

Синоќа дошло до повторно разгорување на пожарот на планината Беласица во близина на село Смоларе и притоа се приближил кон црквата „Свети Петар и Павле“, информираа денеска од ТППЕ Струмица.

Додаваат дека веднаш по првите повици од жителите на селото ТППЕ Струмица испратила екипа од пожарникари-спасители, кои и покрај тешко пристапниот терен успеале да дојдат до фронталната линија на пожарот и да го спречат неговото движење во тој правец.

Ширењето на овој пожар и покрај ниските температури е непредвидливо поради специфичноста на конфигурацијата на теренот и огромната количина на горлив материјал на тлото, висок слој на лисната маса која придонесува да се развиват доста високи температури и пожарот од приземен го развива кон крошните на дрвјата и како таков добива на интензитет, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) потврдуваат дека пожарот е локализиран, но дека се уште има внатрешно горење на одредени места.

Во текот на вчерашниот ден интервенирале 25 лица од ЈП „Национални шуми“ Подружница „Беласица“ – Струмица, со 4 теренски возила. Екипите се повлекле од терен во текот на вечерните часови, а останале 4 лица заради контрола. Во текот на ноќта, на терен заминала и ТППЕ Струмица со 5 пожарникари и 2 против пожарни возила. Врз пожарот се уште се дејствува согласно можностите за превенција против негово ширење до негово целосно гаснење, се наведува во утринската информација од ЦУК.

Пожарот избувна на 10 ноември во подножјето на планината Беласица меѓу селата Смолари и Мокрино, Општина Ново Село.

The post Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црква во селото Смоларе appeared first on Република.

]]>

Синоќа дошло до повторно разгорување на пожарот на планината Беласица во близина на село Смоларе и притоа се приближил кон црквата „Свети Петар и Павле“, информираа денеска од ТППЕ Струмица. Додаваат дека веднаш по првите повици од жителите на селото ТППЕ Струмица испратила екипа од пожарникари-спасители, кои и покрај тешко пристапниот терен успеале да дојдат до фронталната линија на пожарот и да го спречат неговото движење во тој правец.
Ширењето на овој пожар и покрај ниските температури е непредвидливо поради специфичноста на конфигурацијата на теренот и огромната количина на горлив материјал на тлото, висок слој на лисната маса која придонесува да се развиват доста високи температури и пожарот од приземен го развива кон крошните на дрвјата и како таков добива на интензитет, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) потврдуваат дека пожарот е локализиран, но дека се уште има внатрешно горење на одредени места.
Во текот на вчерашниот ден интервенирале 25 лица од ЈП „Национални шуми“ Подружница „Беласица“ – Струмица, со 4 теренски возила. Екипите се повлекле од терен во текот на вечерните часови, а останале 4 лица заради контрола. Во текот на ноќта, на терен заминала и ТППЕ Струмица со 5 пожарникари и 2 против пожарни возила. Врз пожарот се уште се дејствува согласно можностите за превенција против негово ширење до негово целосно гаснење, се наведува во утринската информација од ЦУК.
Пожарот избувна на 10 ноември во подножјето на планината Беласица меѓу селата Смолари и Мокрино, Општина Ново Село.

The post Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црква во селото Смоларе appeared first on Република.

]]>
Гори во Бутел 1 https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gori-vo-butel-1/ Tue, 12 Nov 2024 08:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=836605

Кровна конструкција на барака гори на улицата „Хо Ши Мин“ во скопската населба Бутел 1, јавува МИА.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески во изјава за МИА потврди дека се уште се на терен каде интервенираат 14 пожарникари со четири противпожарни возила.

Причините за пожарот и матерјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

The post Гори во Бутел 1 appeared first on Република.

]]>

Кровна конструкција на барака гори на улицата „Хо Ши Мин“ во скопската населба Бутел 1, јавува МИА. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески во изјава за МИА потврди дека се уште се на терен каде интервенираат 14 пожарникари со четири противпожарни возила. Причините за пожарот и матерјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

The post Гори во Бутел 1 appeared first on Република.

]]>
Под контрола пожарот, кој попладнево избувна на планината Беласица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pod-kontrola-pozharot-koj-popladnevo-izbuvna-na-planinata-belasitsa/ Sun, 10 Nov 2024 20:13:29 +0000 https://republika.mk/?p=836188

Попладнево во 16:20 часот избувна голема шумски пожар на планината Беласица, над селото Смоларе, кој според првичните информации зафатил поголема површина најразновидна шума.

Избувнувањето на пожарот за МИА го потврди командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, според кого пожарот засега е ставен под контрола.

-На терен заедно со припадници на „Национални шуми“ се две противпожарни возила и шест пожарникари, кои го држат под контрола пожарот. На одредени места има горење. Утре на терен ќе излезат вработени од „Национални шуми“ и доколку има потреба на местото на пожарот ќе оди и наша екипа, изјави Гудев.

Според информации од жители на селото Смоларе, пожарот избувнал на три места и бргу се проширил.

The post Под контрола пожарот, кој попладнево избувна на планината Беласица appeared first on Република.

]]>

Попладнево во 16:20 часот избувна голема шумски пожар на планината Беласица, над селото Смоларе, кој според првичните информации зафатил поголема површина најразновидна шума. Избувнувањето на пожарот за МИА го потврди командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, според кого пожарот засега е ставен под контрола.
-На терен заедно со припадници на „Национални шуми“ се две противпожарни возила и шест пожарникари, кои го држат под контрола пожарот. На одредени места има горење. Утре на терен ќе излезат вработени од „Национални шуми“ и доколку има потреба на местото на пожарот ќе оди и наша екипа, изјави Гудев.
Според информации од жители на селото Смоларе, пожарот избувнал на три места и бргу се проширил.

The post Под контрола пожарот, кој попладнево избувна на планината Беласица appeared first on Република.

]]>
Пожарот во „Македонски железници“ бил локализиран, но повторно се активирал, информираат од МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharot-vo-makedonski-zheleznitsi-bil-lokaliziran-no-povtorno-se-aktiviral-informiraat-od-mvr/ Thu, 07 Nov 2024 10:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=835093

Локализиран, па повторно активиран е пожарот кој избувна во хангар сопственост на „Македонски железници“ на границата меѓу општините Аеродром и Кисела Вода.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека синоќа во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје настанал пожар во хангар сопственост на „Македонски железници“.

Во хангарот имало неисправни стари вагони и локомотиви.

-Во 03.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал, велат од МВР.

На терен се противпожарни екипи кои работата на гаснење на пожарот.

The post Пожарот во „Македонски железници“ бил локализиран, но повторно се активирал, информираат од МВР appeared first on Република.

]]>

Локализиран, па повторно активиран е пожарот кој избувна во хангар сопственост на „Македонски железници“ на границата меѓу општините Аеродром и Кисела Вода. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека синоќа во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје настанал пожар во хангар сопственост на „Македонски железници“. Во хангарот имало неисправни стари вагони и локомотиви. -Во 03.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал, велат од МВР. На терен се противпожарни екипи кои работата на гаснење на пожарот.

The post Пожарот во „Македонски железници“ бил локализиран, но повторно се активирал, информираат од МВР appeared first on Република.

]]>
Пожар во магацин на Железници Транспорт https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-vo-magatsin-na-zheleznitsi-transport/ Thu, 07 Nov 2024 09:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=835010

Голем пожар избувна во магацинскиот простор за стари вагони во објектот на Македонски Железници Транспорт во Кисела Вода.

Пожарот, според првичните информации, избувнал уште ноќеска.

Во моментов се гледа и црн чад како се крева од објектот, а екипи на терен се обидуваат да се справат со огнените јазици.

Причината и штетата дополнително ќе се утврдуваат. Засега нема информација за повредени.

The post Пожар во магацин на Железници Транспорт appeared first on Република.

Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izgasnat-pozharot-vo-bezistenot-vo-struga-zafatena-krovnata-konstruktsija/ Wed, 06 Nov 2024 12:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=834728

Целосно е изгаснат пожарот што утрово пред 10 часот избувна во кровната конструкција на Безистенот во Струга, потрвди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица Струга, Фети Мазари.

Поради збиеноста од градби во старото градско јадро, во центарот на Струга постоела опасност од зафаќање други објекти, но, брзата интервенција на пожарникарите, според него, спречила поголема штета.

Постоеше опасност да бидат зафатени и другите објекти, но за среќа ние брзо дојдовме и го изгаснавме. Кровот е зафатен од Безистенот, можеше да се прошири, среќа пожарникарите стигнаа на време. Го изгаснавме и ги спасивме околните објекти, изјави Мазари.

Пожарот во Струшката пожарна бил пријавен околу 9 часот и 30 минути од граѓани, а интервенирале 11 пожарникари со три противпожарни возила.

Во Безистенот во Струга има 315 дуќани во кои се сместени угостителски објекти, бутици и други бизниси, чии сопственици се загрижени поради настанатиот пожар.

Секој обичен граѓанин е загрижен, а не ние кои имаме бизниси тука од кои живееме и зависиме. Малку застрашувачко е ова. Жал ми е за овие горе кои настрадаа имаат повеќе штета, и долу во некои дуќани ќе имаме штета од водата, изјави Белки Азиба, сопственик на дуќан.

За состојбата во Безистенот смета дека треба да се грижат дуќанџиите, додека Општината и државата треба да контролираат и превземат мерки за почитување на правилата и мерките за заштита од пожари.

Увидот треба да покаже од што настанал пожарот и колкава материјална штета е предизвикана.

The post Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција appeared first on Република.

]]>

Целосно е изгаснат пожарот што утрово пред 10 часот избувна во кровната конструкција на Безистенот во Струга, потрвди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица Струга, Фети Мазари. Поради збиеноста од градби во старото градско јадро, во центарот на Струга постоела опасност од зафаќање други објекти, но, брзата интервенција на пожарникарите, според него, спречила поголема штета.
Постоеше опасност да бидат зафатени и другите објекти, но за среќа ние брзо дојдовме и го изгаснавме. Кровот е зафатен од Безистенот, можеше да се прошири, среќа пожарникарите стигнаа на време. Го изгаснавме и ги спасивме околните објекти, изјави Мазари.
Пожарот во Струшката пожарна бил пријавен околу 9 часот и 30 минути од граѓани, а интервенирале 11 пожарникари со три противпожарни возила. Во Безистенот во Струга има 315 дуќани во кои се сместени угостителски објекти, бутици и други бизниси, чии сопственици се загрижени поради настанатиот пожар.
Секој обичен граѓанин е загрижен, а не ние кои имаме бизниси тука од кои живееме и зависиме. Малку застрашувачко е ова. Жал ми е за овие горе кои настрадаа имаат повеќе штета, и долу во некои дуќани ќе имаме штета од водата, изјави Белки Азиба, сопственик на дуќан.
За состојбата во Безистенот смета дека треба да се грижат дуќанџиите, додека Општината и државата треба да контролираат и превземат мерки за почитување на правилата и мерките за заштита од пожари. Увидот треба да покаже од што настанал пожарот и колкава материјална штета е предизвикана.

The post Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција appeared first on Република.

]]>
Гори Безистенот во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gori-bezistenot-vo-struga/ Wed, 06 Nov 2024 09:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=834636

Гори Безистенот лоциран во центарот на Струга, во старото градско јадро.

На терен се четири возила на Територијалната против пожарна единица Струга со десетина пожарникари.

Според првичните информации од терен, се работи за голем пожар. Причините не се познати.

Безистенот во Струга функционира како отворен трговски центар во кој се сместени угостителски објекти, бутици, менувачници.

The post Гори Безистенот во Струга appeared first on Република.

]]>

Гори Безистенот лоциран во центарот на Струга, во старото градско јадро. На терен се четири возила на Територијалната против пожарна единица Струга со десетина пожарникари. Според првичните информации од терен, се работи за голем пожар. Причините не се познати. Безистенот во Струга функционира како отворен трговски центар во кој се сместени угостителски објекти, бутици, менувачници.

The post Гори Безистенот во Струга appeared first on Република.

]]>
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/treto-odlozhuvane-na-povtorenoto-sudene-za-pozharot-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ Tue, 05 Nov 2024 10:44:14 +0000 https://republika.mk/?p=834314

По трет пат е одложено повторното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако на повторно судење го врати Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. Денеска рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, а судијка која го заменуваше го закажа за 15 јануари 2025 година во 10 часот.

Првиот обид за повторенот судење беше на 26 јуни година 2024 година, па се одложи за 25 септември кога исто така не се одржи јавна расправа.

Апелацискиот суд во април годинава донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.

На 5 јуни 2023 година Основен суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Според пресудата, на обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми им беше утврдена казна затвор од по една година и шест месеци, условна осуда и утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите секој за себе во време од по три години не сторат ново кривично дело. Правно лице требаше да плати парична казна во висина од еден милион денари, 30 дена по правосилност на пресудата.

Првиот судски процес се водеше откако на 8 септември 2021 година 14 луѓе ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во рамки на Клиничка болница Тетово.

The post Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

Пожарот почнал в кујна, направена е голема материјална штета во хотелскиот комплекс во Берово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharot-pochnal-v-kujna-napravena-e-golema-materijalna-shteta-vo-hotelskiot-kompleks-vo-berovo/ Mon, 28 Oct 2024 06:41:15 +0000 https://republika.mk/?p=831516

Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово синоќа е ставен под контрола од пожарникари од ТППЕ Берово и околните места. Нема повредени лица, иако дел од гостите претходно биле евакуирани. Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eve-kako-izgleda-hotelskiot-kompleks-vo-berovo-po-pozharot/

Пожарот избувнал најверојатно од грилот од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а дополнително е побарана помош во пожарникари и возила од ТППЕ Виница, Кочани Струмица и Доброволно друштво Пехчево. Пожарот е локализиран дел од летната тераса е зафатен не е дозволено пожарот да се префрли на собите, има голема материјална штета, но не е дозволено пожарот да се префрли на хотелот, информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.

Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува.

Во близина на комплексот се наоѓа женскиот манастир кој не бил зафатен од пожарот.

Екипи на ТППЕ Берово дежураа на местото на избувнатиот пожар и во текот на ноќта.

Повеќе детали околу причините за избувнувањето на пожарот се најавени за денеска.

The post Пожарот почнал в кујна, направена е голема материјална штета во хотелскиот комплекс во Берово appeared first on Република.

]]>

Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово синоќа е ставен под контрола од пожарникари од ТППЕ Берово и околните места. Нема повредени лица, иако дел од гостите претходно биле евакуирани. Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/eve-kako-izgleda-hotelskiot-kompleks-vo-berovo-po-pozharot/
Пожарот избувнал најверојатно од грилот од скарата. Интервенирано е со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а дополнително е побарана помош во пожарникари и возила од ТППЕ Виница, Кочани Струмица и Доброволно друштво Пехчево. Пожарот е локализиран дел од летната тераса е зафатен не е дозволено пожарот да се префрли на собите, има голема материјална штета, но не е дозволено пожарот да се префрли на хотелот, информираше командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски.
Причинета е огромна материјална штета која допрва ќе се утврдува. Во близина на комплексот се наоѓа женскиот манастир кој не бил зафатен од пожарот. Екипи на ТППЕ Берово дежураа на местото на избувнатиот пожар и во текот на ноќта. Повеќе детали околу причините за избувнувањето на пожарот се најавени за денеска.

The post Пожарот почнал в кујна, направена е голема материјална штета во хотелскиот комплекс во Берово appeared first on Република.

]]>
Гори дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово, се евакуираат гости https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gori-del-od-turistichkiot-kompleks-manastir-vo-berovo-se-evakuiraat-gosti/ Sun, 27 Oct 2024 19:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=831470

Пожар вечерва зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово. На терен се екипи на ТППЕ Берово кои веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад.

Оттаму повеќе информации за обемот на пожарот и евентуалната причинета штета најавија во текот на вечерта.

Очевидци за МИА велат дека засега нема опасност од проширување на пожарот на околните објекти.

Дел од гостите во хотелот се евакуирани, за среќа нема повредени.

The post Гори дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово, се евакуираат гости appeared first on Република.

]]>

Пожар вечерва зафати дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово. На терен се екипи на ТППЕ Берово кои веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад. Оттаму повеќе информации за обемот на пожарот и евентуалната причинета штета најавија во текот на вечерта. Очевидци за МИА велат дека засега нема опасност од проширување на пожарот на околните објекти. Дел од гостите во хотелот се евакуирани, за среќа нема повредени.

The post Гори дел од туристичкиот комплекс Манастир во Берово, се евакуираат гости appeared first on Република.

]]>
Вчера избувнал пожар кај село Урвич во Општина Боговиње, веднаш бил локализиран https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vchera-izbuvnal-pozhar-kaj-selo-urvich-vo-opshtina-bogovine-vednash-bil-lokaliziran/ Sat, 26 Oct 2024 07:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=831130

Локализиран е пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње, соопшти вчера вечерта Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Се работи за пожар покрај патот кон село Урвич во Општина Боговиње. Пожарот е изгаснат од страната на патот, но е активен под патот каде што има голема провалија и не е пристапно. Гори претежно ѓубре, но и мал дел сува трева. Во близина нема куќи и објекти“, стои во соопштението.

Пожарот, кој бил пријавен во 17:22 часот преку бројот за итни случаи 112, е локализиран од страна на екипата од ТППЕ Тетово. ЦУК информира дека дежурната екипа од ТППЕ Тетово се повлекува од местото на настанот. Со намалувањето на температурите во текот на ноќта, се очекува пожарот сам да се угаси, а ако остане активен, ќе се преземат мерки за интервенција утре наутро.

Националниот парк „Шар Планина“ е исто така информиран за пожарот и планира да испрати персонал на местото за да ја процени состојбата.

The post Вчера избувнал пожар кај село Урвич во Општина Боговиње, веднаш бил локализиран appeared first on Република.

]]>

Локализиран е пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње, соопшти вчера вечерта Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Се работи за пожар покрај патот кон село Урвич во Општина Боговиње. Пожарот е изгаснат од страната на патот, но е активен под патот каде што има голема провалија и не е пристапно. Гори претежно ѓубре, но и мал дел сува трева. Во близина нема куќи и објекти“, стои во соопштението.
Пожарот, кој бил пријавен во 17:22 часот преку бројот за итни случаи 112, е локализиран од страна на екипата од ТППЕ Тетово. ЦУК информира дека дежурната екипа од ТППЕ Тетово се повлекува од местото на настанот. Со намалувањето на температурите во текот на ноќта, се очекува пожарот сам да се угаси, а ако остане активен, ќе се преземат мерки за интервенција утре наутро. Националниот парк „Шар Планина“ е исто така информиран за пожарот и планира да испрати персонал на местото за да ја процени состојбата.

The post Вчера избувнал пожар кај село Урвич во Општина Боговиње, веднаш бил локализиран appeared first on Република.

]]>
ЦУК: Локализиран пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsuk-lokaliziran-pozharot-kaj-selo-urvich-vo-opshtina-bogovine/ Fri, 25 Oct 2024 18:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=831073

Локализиран е пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).

- Се работи за пожар покрај патот кон село Урвич во Општина Боговиње. Пожарот е изгаснат од страната на патот, но е активен под патот каде што има голема провалија и не е пристапно. Гори претежно ѓубре, но и мал дел сува трева. Во близина нема куќи и објекти, стои во соопштението.

Пожарот, кој во 17:22 часот бил пријавен преку бројот за итни случаи 112, е локализиран од екипа од ТППЕ Тетово. ЦУК посочува дека дежурната екипа од ТППЕ Тетово се повлекува од терен. Во текот на ноќта со падот на температурата се очекува пожарот да се самоизгасне, а доколку биде активен ќе се интервенира утре рано.

За пожарот е известен и Националниот парк „Шар Планина“ кој, како што се наведува, ќе испрати свои вработени на местото и ќе информира за состојбата.

The post ЦУК: Локализиран пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње appeared first on Република.

]]>

Локализиран е пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Се работи за пожар покрај патот кон село Урвич во Општина Боговиње. Пожарот е изгаснат од страната на патот, но е активен под патот каде што има голема провалија и не е пристапно. Гори претежно ѓубре, но и мал дел сува трева. Во близина нема куќи и објекти, стои во соопштението.
Пожарот, кој во 17:22 часот бил пријавен преку бројот за итни случаи 112, е локализиран од екипа од ТППЕ Тетово. ЦУК посочува дека дежурната екипа од ТППЕ Тетово се повлекува од терен. Во текот на ноќта со падот на температурата се очекува пожарот да се самоизгасне, а доколку биде активен ќе се интервенира утре рано. За пожарот е известен и Националниот парк „Шар Планина“ кој, како што се наведува, ќе испрати свои вработени на местото и ќе информира за состојбата.

The post ЦУК: Локализиран пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње appeared first on Република.

]]>
Полицијата и Обвинителството влегоа во зградата во Чаир која гореше цел ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-i-obvinitelstvoto-vlegoa-vo-zgradata-vo-chair-koja-goreshe-tsel-den/ Fri, 11 Oct 2024 08:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=825441

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи ги започнаа увидните дејствија во зградата на улицата „Прохор Пчињски“ во Чаир каде на 2 октомври избувна пожар во подрумските простории.

Пристапот до објектот се врши строго контролирано и најпрвин во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици.
Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините. Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази, велат од МВР.

The post Полицијата и Обвинителството влегоа во зградата во Чаир која гореше цел ден appeared first on Република.

]]>

Откако од страна на СВР Скопје беа извршени сите подготовки и беше обезбеден влез во објектот, Основното јавно обвинителство Скопје и полициски екипи ги започнаа увидните дејствија во зградата на улицата „Прохор Пчињски“ во Чаир каде на 2 октомври избувна пожар во подрумските простории. Пристапот до објектот се врши строго контролирано и најпрвин во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици. Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините. Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази, велат од МВР.

The post Полицијата и Обвинителството влегоа во зградата во Чаир која гореше цел ден appeared first on Република.

]]>