пожар треска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozar-treska/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Aug 2022 17:54:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пожар треска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozar-treska/ 32 32 Антикорупциска: Не смеат да се издаваат одобренија за градење на местото на фабриката „Треска“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/antikorupciska-ne-smeat-da-se-izdavaat-odobrenija-za-gradenje-na-mestoto-na-fabrikata-treska/ Thu, 25 Aug 2022 17:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=544128

На локацијата на поранешната фабрика „Треска“ не смеат да започнат градежни работи, вели претседателката на антикорупциската комисија, Билјана Ивановска за Дојче Веле, по информациите дека општина Центар започнува со расчистување на објектите од поранешната фабрика, што ги разгоре сомневањата во јавноста дека можеби се подготвува терен за да започне бетонизацијата на една од најатрактивните локации во Скопје.

„Како што сме информирани, во Јавното обвинителство се водат два предмети за фабриката ‘Треска’. Додека тие не завршат не смеат да започнат градежни работи на оваа локација“, децидна е Ивановска.

Таа посочува дека во моментов има важечки, но противзаконски Детален урбанистички план.

„Поради тоа се поставува прашањето дали е легитимно да се даваат одобренија по еден ваков противзаконски ДУП“, прашува Ивановска.

Инаку, откако пред пет месеци гореше просторот кај некогашната фабрика „Треска“, а градоначалничката Данела Арсовска индицираше дека можеби пожарот е подметнат, вчера и официјално започна расчистување на локацијата. Градоначалникот Горан Герасимовски направи увид на просторот и рече дека до до општината пристигнале 36 барања за издавање решенија за отстранување, од кои се одобрени 13. Се осврна и на азбестот и негативното влијание по здравјето на граѓаните. Според него, чистењето кај „Треска“ трае две недели, ќе се одвива плански и во неколку фази, а отстранувањето ќе го вршат самите сопственици.  Отпадот треба да биде депониран во Дрисла и соодветно уништен.

https://republika.mk/vesti/skopje/treska-se-raschistuva-za-dobroto-na-gragjanite/

Тој рече дека „не се согласува со перцепцијата дека расчистувањето на теренот значи почеток на бетонизација на просторот“. Побара поддршка од институциите за поскоро донесување на регулациски план за одвојување и план само за просторот кај фабриката.

Од друга страна, Шанса за Центар посочија дека одвојувањето веќе е донесено од претходниот општински Совет. Потсетуваат, веќе е спроведен Конкурс за локацијата и идејно решение за локацијата, па стравуваат дека наместо да се спроведува, се одложува за сметка на „решението“ за продажба на државното земјиште и профит на приватници.

https://republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-centar-segashnata-opshtinska-vlast-so-site-sili-saka-da-gi-ospori-i-da-gi-skrie-od-javnosta-nagradenite-konkursni-reshenija-za-treska/

„Сопствениците на имот, кои се големи градежни компании, односно на 50 и нешто проценти од целата ‘Треска’, бараат да се спроведе овој план кој повеќе им одговара – во смисла на повеќе профит. Затоа, сметаме дека клучот е сега за се’ што ќе се случува во иднина со земјиштето. Колку повеќе се одовлекува, толку повеќе ќе се спроведуваат постапките за откуп на земјиште и ќе се притиска за ‘актуелното решение’. Градоначалникот и луѓето што не сакаат промена го именуваат како ‘важечки план’, иако тој ‘важечки план’ и од страна на општината во претходниот состав, и од општинската служба, е анализиран и е заклучено дека во многу параметри ги надминува ограничувањата од ГУП-от. Нашиот став е дека тој план е незаконски план, бидејќи го пробива ГУП-от, а тоа јасно го објаснува Законот за урбанистичко планирање“, потенцираа од Шанса за Центар.

The post Антикорупциска: Не смеат да се издаваат одобренија за градење на местото на фабриката „Треска“ appeared first on Република.

]]>

На локацијата на поранешната фабрика „Треска“ не смеат да започнат градежни работи, вели претседателката на антикорупциската комисија, Билјана Ивановска за Дојче Веле, по информациите дека општина Центар започнува со расчистување на објектите од поранешната фабрика, што ги разгоре сомневањата во јавноста дека можеби се подготвува терен за да започне бетонизацијата на една од најатрактивните локации во Скопје.
„Како што сме информирани, во Јавното обвинителство се водат два предмети за фабриката ‘Треска’. Додека тие не завршат не смеат да започнат градежни работи на оваа локација“, децидна е Ивановска.
Таа посочува дека во моментов има важечки, но противзаконски Детален урбанистички план.
„Поради тоа се поставува прашањето дали е легитимно да се даваат одобренија по еден ваков противзаконски ДУП“, прашува Ивановска.
Инаку, откако пред пет месеци гореше просторот кај некогашната фабрика „Треска“, а градоначалничката Данела Арсовска индицираше дека можеби пожарот е подметнат, вчера и официјално започна расчистување на локацијата. Градоначалникот Горан Герасимовски направи увид на просторот и рече дека до до општината пристигнале 36 барања за издавање решенија за отстранување, од кои се одобрени 13. Се осврна и на азбестот и негативното влијание по здравјето на граѓаните. Според него, чистењето кај „Треска“ трае две недели, ќе се одвива плански и во неколку фази, а отстранувањето ќе го вршат самите сопственици.  Отпадот треба да биде депониран во Дрисла и соодветно уништен. https://republika.mk/vesti/skopje/treska-se-raschistuva-za-dobroto-na-gragjanite/ Тој рече дека „не се согласува со перцепцијата дека расчистувањето на теренот значи почеток на бетонизација на просторот“. Побара поддршка од институциите за поскоро донесување на регулациски план за одвојување и план само за просторот кај фабриката. Од друга страна, Шанса за Центар посочија дека одвојувањето веќе е донесено од претходниот општински Совет. Потсетуваат, веќе е спроведен Конкурс за локацијата и идејно решение за локацијата, па стравуваат дека наместо да се спроведува, се одложува за сметка на „решението“ за продажба на државното земјиште и профит на приватници. https://republika.mk/vesti/skopje/shansa-za-centar-segashnata-opshtinska-vlast-so-site-sili-saka-da-gi-ospori-i-da-gi-skrie-od-javnosta-nagradenite-konkursni-reshenija-za-treska/
„Сопствениците на имот, кои се големи градежни компании, односно на 50 и нешто проценти од целата ‘Треска’, бараат да се спроведе овој план кој повеќе им одговара – во смисла на повеќе профит. Затоа, сметаме дека клучот е сега за се’ што ќе се случува во иднина со земјиштето. Колку повеќе се одовлекува, толку повеќе ќе се спроведуваат постапките за откуп на земјиште и ќе се притиска за ‘актуелното решение’. Градоначалникот и луѓето што не сакаат промена го именуваат како ‘важечки план’, иако тој ‘важечки план’ и од страна на општината во претходниот состав, и од општинската служба, е анализиран и е заклучено дека во многу параметри ги надминува ограничувањата од ГУП-от. Нашиот став е дека тој план е незаконски план, бидејќи го пробива ГУП-от, а тоа јасно го објаснува Законот за урбанистичко планирање“, потенцираа од Шанса за Центар.

The post Антикорупциска: Не смеат да се издаваат одобренија за градење на местото на фабриката „Треска“ appeared first on Република.

]]>
„Треска“ се расчистува за доброто на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/treska-se-raschistuva-za-dobroto-na-gragjanite/ Thu, 25 Aug 2022 13:23:11 +0000 https://republika.mk/?p=544042

Расчистувањето на просторот кај „Треска“ следува по итната потреба за отстранување на азбестните канцерогени плочи кои се запалија во пожарот пред 5 месеци, информира градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски.

Тој потсетува дека на локацијата на „Треска“ досега имаше два големи пожари.

Просторот често е и престојувалиште на бездомници чие здравје е загрозено од нечистотијата налик „Чернобил“ и големиот број на глодари. Со расчистувањето се става крај на ризикот од пожарите ново согорување на азбест и заштита на здравјето на граѓаните.

The post „Треска“ се расчистува за доброто на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Расчистувањето на просторот кај „Треска“ следува по итната потреба за отстранување на азбестните канцерогени плочи кои се запалија во пожарот пред 5 месеци, информира градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски. Тој потсетува дека на локацијата на „Треска“ досега имаше два големи пожари.
Просторот често е и престојувалиште на бездомници чие здравје е загрозено од нечистотијата налик „Чернобил“ и големиот број на глодари. Со расчистувањето се става крај на ризикот од пожарите ново согорување на азбест и заштита на здравјето на граѓаните.

The post „Треска“ се расчистува за доброто на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Рускоска ќе ја повика Данела Арсовска за „Треска“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ruskoska-kje-ja-povika-danela-arsovska-za-treska/ Sat, 16 Apr 2022 20:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=489431

Обвинителката Вилма Русковска во предистражната постапка која ја водат ќе се земе во предвид се што е врзано со поранешна фабрика „Треска“ од отворањето, па се до процесот на денационализација. Неофицијално, ТВ24 дознава дека во Обвинителството ќе биде повикана и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по изјавата дека постојат индиции дека пожарот во кругот на атрактивната локација е подметнат. Рускоска верува дека сепак пожарот настанал на местото кое било собиралиште на бездомници.

Се работи за предистражна постапка, се собира документација комплетна од пред Втора светска војна како е отворена фабриката, што било, кои објекти биле. После пред денационализација кои објекти биле и доколку има нешто спорно во врска со денационализацијата. А предметот е отворен по пријава на Државното правобранителство, вели обвинителката Рускоска.

Увидните екипи на општина Центар се уште се активни во фабриката „Треска“, а градоначалникот Горан Герасимовски вели дека се прави реконструкција на случајот и се испитува од која хала започнале пламените јазици.

Општинската комисија за урбанизам ќе види кои хали се запалени. Информациите ми се дека халите се во приватна сопственост., додека земјиштето е во државна, рече Герасимовски.

Општинскиот кризен штаб в понеделник ќе расправа што да се прави со старите резервоари на нафта и бензин, кој го става населението во опасност.

Од она што досега е познато е дека инспекторите направиле само визуелни проверки. За настанатата шетата, таа треба да се утврди од вешти лица.

Сретен Стојковски, директорот на Државниот инспекторат за животна средина, рече дека се што било вредно било изнесено во псоледните 15 години од стечајните управници и дека азбестот не може да гори.

Азбестот е на покривот на самиот објект. Кога ќе завршат сите активности таму, ќе ги задолжиме фирмите кои ќе го расчистуваат теренот да го селектираат азбестот и да го предадат. Азбестот не гори, изјави денеска Стојковски.

The post Рускоска ќе ја повика Данела Арсовска за „Треска“ appeared first on Република.

]]>

Обвинителката Вилма Русковска во предистражната постапка која ја водат ќе се земе во предвид се што е врзано со поранешна фабрика „Треска“ од отворањето, па се до процесот на денационализација. Неофицијално, ТВ24 дознава дека во Обвинителството ќе биде повикана и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по изјавата дека постојат индиции дека пожарот во кругот на атрактивната локација е подметнат. Рускоска верува дека сепак пожарот настанал на местото кое било собиралиште на бездомници.
Се работи за предистражна постапка, се собира документација комплетна од пред Втора светска војна како е отворена фабриката, што било, кои објекти биле. После пред денационализација кои објекти биле и доколку има нешто спорно во врска со денационализацијата. А предметот е отворен по пријава на Државното правобранителство, вели обвинителката Рускоска.
Увидните екипи на општина Центар се уште се активни во фабриката „Треска“, а градоначалникот Горан Герасимовски вели дека се прави реконструкција на случајот и се испитува од која хала започнале пламените јазици.
Општинската комисија за урбанизам ќе види кои хали се запалени. Информациите ми се дека халите се во приватна сопственост., додека земјиштето е во државна, рече Герасимовски.
Општинскиот кризен штаб в понеделник ќе расправа што да се прави со старите резервоари на нафта и бензин, кој го става населението во опасност. Од она што досега е познато е дека инспекторите направиле само визуелни проверки. За настанатата шетата, таа треба да се утврди од вешти лица. Сретен Стојковски, директорот на Државниот инспекторат за животна средина, рече дека се што било вредно било изнесено во псоледните 15 години од стечајните управници и дека азбестот не може да гори.