Пожар тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozar-tetovo/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Oct 2023 16:04:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пожар тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/pozar-tetovo/ 32 32 Јовески тврди дека немало влијание и притисоци за случајот со пожарот во Модуларната болница во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/joveski-tvrdi-deka-nemalo-vlijanie-i-pritisotsi-za-sluchajot-so-pozharot-vo-modularnata-bolnitsa-vo-tetovo/ Wed, 04 Oct 2023 16:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=687943

Јавниот обвинител Љубомир Јовески до Собранието по пошта го испратил одговорот за интерпелацијата што за неговото работење во случајот со пожарот во Модулараната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица ја поднесоа пратеници од опозициските партии на Албанците - Беса, Алтернатива и Демократско движење. Јовески во дописот, како што наведува, најодговорно изјавува дека никогаш во ниту еден момент во текот на постапката за овој случај немало обид за влијание и притисоци.

Во одговорот на барањето за интерпелација, јавниот обвинител наведува дека за овој трагичен настан, за дејствијата што ги преземаше Јавното обвинителство, јавноста во континуитет била известувана без да се наруши текот на постапката, која во еден дел веќе завршила со осудителна пресуда.

-Меѓутоа, поднесената интерпелација за овој предмет уште еднаш потврди дека „Институцијата со која раководам постојано е изложена на неосновани напади и обиди за дискредитација, кои во крајна линија се една од основните причини за ниска јавна доверба во правосудните органи воопшто. Повод за оваа интерпелација се непроверени и неиздржани, наводи во новинарски текст, кој неодговорно манипулира со чувствата на засегнатите од оваа трагедија и кај пошироката јавност, но очигледно и кај дел од пратениците, креира погрешни перцепции за текот на овој предмет, пишува во одговорот од јавниот обвинител.

Како што вели, во интерес на вистината, уште еднаш, детално и целосно ја објаснува постапката која од самиот почеток се водела „одговорно, непристрасно и согласно сите законски прописи“.

Јовески наведува дека од самиот почеток, веднаш по настанот, цел обвинителски тим составен од сите јавни обвинители во Основното јавно обвинителство Тетово и двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје кои биле дежурни во моментот на несреќата биле задолжени да извршат увид и да ги преземат сите дејствија неопходни за утврдување на причините.

По спроведената претходна постапка, во рамки на која биле преземени многу истражни дејствија, Основното јавно обвинителство Тетово, како што пишува Јовевски, поднесело обвинение против три лица, од кои двајцата директори на болницата кои се товарат дека „иако биле должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии, друга противпожарна опрема, средства за гаснење на пожари и противпожарни апарати, на денот на пуштање во употреба на Модуларната болница во Тетово, па се до денот на настанување на пожарот во Модуларната болница, не поставиле соодветни уреди за заштита од пожар со што сториле „тешки дела против општата сигурност“ по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, додека третообвинетиот како одговорно лице дозволил влез на членови на семејствата на болните од Ковид 19 со што се товари за кривично дело - непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по чл.206 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинението, потсетува Јовески, го опфаќаше и правното лице Клиничка болница Тетово.

Јовески наведува дека обвинението се темели на обезбедените докази и извршени вештачења, кои вклучуваат - вешт наод на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи, Службена експертиза од Форензичкиот институт при Сојузната криминалистичка служба и лабораторија од Германија, вешт наод на стручно лице електроинжинер, вештачењето на Технолошко-металуршкиот факултет кој ја испитуваше брзината на согорување на сите материјали употребени за болницата, како и вештачење на Електротехничкиот Факултет Скопје во поглед на усогласеноста на изведената инсталација со законските прописи за ваков тип градби.

Сите овие докази и вештачења се комплементарни, не се спротивставуваат и јасно ја утврдуваат причината за настанување на пожарот, но и одговорноста на службените лица, се вели во писмото.

-По вака поднесеното обвинение, врз основа на сите презентирани докази, Основниот суд во Тетово донесе осудителна пресуда за двајцата директори, изрекувајќи условна осуда, додека за третиот обвинет е донесена ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство Тетово ја обжали пресудата и по основ на одредената санкција за двајцата обвинети и по основ на ослободителната пресуда за еден од обвинетите. Свои жалби вложија и осудените. Во тек е жалбена постапка. За тендерот за набавка на сите модуларни болници, во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се води уште еден предмет, кој е во предистражна постапка и во кој интензивно се преземаат дејствија на проверки, се наведува во одговорот од јавниот обвинител.

Во однос на прашањата за интерпелацијата за тоа кои се неправилностите во тендерската постапка за градење на модуларните болници и дали и зошто Обвинителството не ги смета како релевантни овие околности во самото обвинение, Јовески одговара дека „евентуалните неправилности во тендерската постапка се испитуваат во предметот во кој во предистражна постапка постапува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал корупција“.

-И документацијата побарана и обезбедена во овој предмет е обемна и е поврзана со јавна набавка за изведба на повеќе објекти, под надзор и во рамките на посебен проект финансиран од Светската банка. Од тие причини, потребно е време за анализа на сите тие документи и утврдување на евентуални неправилности. Во рамки на постапката на Основното јавно обвинителство Тетово, која директно ги испитуваше причините за пожарот, тие причини беа недвосмислено утврдени со неколку вештачења и на ниту еден начин не беа поврзани со тендерски документи, посочува Јовевски.

За тоа зошто е занемарен извештајот и наодите од германскиот тим од форензичари, кои го утврдиле главниот причинител на пожарот и другите причини за толкав интензитет на пожар, јавниот обвинител одговара дека „ова прашање е најдобра илустрација за дезинформациите и лажните наводи изнесени во новинарскиот текст, кои се повод за ваквата интерпелација“.

-Имено, апсолутно невистинити се наводите дека вештачењето од германските експерти воопшто не било изложено како доказ во судската постапка, тврди Јовески.

Нагласува дека од самиот почеток на истрагата, Обвинителството преку меѓународна правна соработка побарало правна помош од германските експерти кои ги истражуваа причините за пожарот.

-Службената експертиза од Форензичкиот институт при Сојузната криминалистичка служба и лабораторија од Германија е составен дел од доказниот материјал. Тој уредно беше доставен до странките во постапката, приложен заедно со обвинението и во текот на судењето јавно беше изведен како доказ пред Судот. Судските рочишта за овој предмет беа отворени за јавноста, па оттаму изнесувањето на вакви невистини е целосно тенденциозно, пишува Јовески.

Според него, неосновани се и информациите за наводна спротивставеност на вештачењата.

-Имено, и вештиот наод на Одделот за криминалистичко- технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи и она на германските експерти прецизно ги наведуваат истите причини за настанување и за ширење на пожарот. Врз основа на вака неспротивставени вештачења беше донесена првостепената пресуда на Основниот суд во Тетово. Дополнително, во емисијата воопшто не се наведени заклучоците од вештачењето на Технолошко-металуршкиот факултет кој ја испитуваше брзината на согорување на сите материјали употребени за болницата и со кое исто така јасно се посочува дека основна причина за брзото горење на модуларната болница е големата концентрација на кислород во објектот, наведува Јовески.

За ваквата груба манипулација, потсетува тој, Јавното обвинителство уште веднаш по емисијата ја информираше целата јавност.

-За да се спречи ширењето на невистини за овој трагичен настан, Јавниот обвинител на Република Македонија им наложи на надлежните јавни обвинители во овој предмет да поднесат барање до Апелациониот суд за одржување на јавна седница по жалбите на која уште еднаш пред целата јавност ќе бидат изложени сите докази од првостепената постапка, пишува Јовески.

На прашањето зошто обвинител кој ја води постапката за модуларните болници се иззема од таа функција и кои се наодите од постапката која е реализирана, Јовески тврди дека ниту еден јавен обвинител кој ја водел постапката не се изземал од функцијата туку наведува дека „една од јавните обвинителки во ОЈО Тетово кои во почетокот биле вклучени во овој предмет, била разрешена од функцијата со одлука на дисциплинската комисија на Јавното обвинителство, потврдена од Советот на јавните обвинители“.

-Причината беше нестручно и несовесно работење, но во сосема друг предмет, односно повеќе други предмети, кои на ниту еден начин не беа поврзани со постапката за модуларната болница. Меѓутоа, новинарите на ИРЛ свесно одбегнуваат да и го презентираат на јавноста овој факт кој сериозно ја доведува во прашање кредибилноста на нивниот соговорник, и дозволуваат поранешната јавна обвинителка да дава неоснована и со ништо непоткрепена правна оценка за оваа тешка трагедија, иако по нејзиното разрешување таа нема никакви сознанија за предметот. Не може човек да не реагира кога со леснотија се изнесуваат оценки дека станува збор за убиство, истакнати и во самиот наслов на новинарскиот прилог, без притоа и најмалку да се покаже грижа за болката која со тоа се предизвикува кај семејствата на жртвите на оваа трагедија, пишува Јовески.

Тврди дека во ниту еден момент немало обид за влијание и притисоци.

-Најодговорно изјавувам дека никогаш во ниту еден момент во текот на оваа постапка немало обид за влијание и притисоци. Имајте предвид дека во текот на глобалната светска здравствена криза, во која на тест беа ставени здравствените системи на сите држави во светот, десетици вакви слични или потешки катастрофални несреќи со човечки жртви, од речиси идентични причини, се случија во повеќе европски и други земји. До овој момент, Република Македонија е една од ретките земји, ако не и единствена, каде што за ваквиот настан беше поведена кривична постапка која веќе резултираше со првостепена осудителна пресуда. Тоа јасно ја покажува решеноста на јавното обвинителство за кривичен прогон, посочува Јовески.

Зад секоја одлука во овој предмет стои тим од јавни обвинители, кои и покрај својата посветена работа,како што наведува, по објавата на наведениот новинарски текст, се директно изложени на напади и неосновани критики.

Обраќајќи се до пратениците, Јовески тој бара тие со своето општествено и политичко влијание да поттикнат создавање клима во која јавните обвинители ќе можат непристрасно и одговорно да ja извршуваат својата должност.

-Јавнообвинителската работа, па и работата на другите правосудни органи, е јавна и постојано оценувана од повеќе домашни и странски фактори, меѓутоа таа не смее да биде злоупотребувана за политички калкулации и пресметки. Секое обвинување за наводни пропусти и злоупотреби мора да биде поткрепено со сериозни докази, а не паушално и неиздржано. Во спротивно, и онака кревката доверба на јавноста во правосудниот сектор дополнително неосновано се нарушува, а тоа може да има несогледливи последици за целото општество, пишува Јовески.

Во исто време, тој апелира на „внимателност со оглед на тоа што поставување на интерпелација за предмет во кој се води активна судска и предистражна постапка, отвора можност за нарушување на начелата на поделба на власта и независност на правосудните институции, но и за директно загрозување на постапки кои се во тек“.

The post Јовески тврди дека немало влијание и притисоци за случајот со пожарот во Модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

]]>

Јавниот обвинител Љубомир Јовески до Собранието по пошта го испратил одговорот за интерпелацијата што за неговото работење во случајот со пожарот во Модулараната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица ја поднесоа пратеници од опозициските партии на Албанците - Беса, Алтернатива и Демократско движење. Јовески во дописот, како што наведува, најодговорно изјавува дека никогаш во ниту еден момент во текот на постапката за овој случај немало обид за влијание и притисоци. Во одговорот на барањето за интерпелација, јавниот обвинител наведува дека за овој трагичен настан, за дејствијата што ги преземаше Јавното обвинителство, јавноста во континуитет била известувана без да се наруши текот на постапката, која во еден дел веќе завршила со осудителна пресуда.
-Меѓутоа, поднесената интерпелација за овој предмет уште еднаш потврди дека „Институцијата со која раководам постојано е изложена на неосновани напади и обиди за дискредитација, кои во крајна линија се една од основните причини за ниска јавна доверба во правосудните органи воопшто. Повод за оваа интерпелација се непроверени и неиздржани, наводи во новинарски текст, кој неодговорно манипулира со чувствата на засегнатите од оваа трагедија и кај пошироката јавност, но очигледно и кај дел од пратениците, креира погрешни перцепции за текот на овој предмет, пишува во одговорот од јавниот обвинител.
Како што вели, во интерес на вистината, уште еднаш, детално и целосно ја објаснува постапката која од самиот почеток се водела „одговорно, непристрасно и согласно сите законски прописи“. Јовески наведува дека од самиот почеток, веднаш по настанот, цел обвинителски тим составен од сите јавни обвинители во Основното јавно обвинителство Тетово и двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје кои биле дежурни во моментот на несреќата биле задолжени да извршат увид и да ги преземат сите дејствија неопходни за утврдување на причините. По спроведената претходна постапка, во рамки на која биле преземени многу истражни дејствија, Основното јавно обвинителство Тетово, како што пишува Јовевски, поднесело обвинение против три лица, од кои двајцата директори на болницата кои се товарат дека „иако биле должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии, друга противпожарна опрема, средства за гаснење на пожари и противпожарни апарати, на денот на пуштање во употреба на Модуларната болница во Тетово, па се до денот на настанување на пожарот во Модуларната болница, не поставиле соодветни уреди за заштита од пожар со што сториле „тешки дела против општата сигурност“ по чл.292 ст.4 в.в. со чл.288 ст.4 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, додека третообвинетиот како одговорно лице дозволил влез на членови на семејствата на болните од Ковид 19 со што се товари за кривично дело - непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по чл.206 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинението, потсетува Јовески, го опфаќаше и правното лице Клиничка болница Тетово. Јовески наведува дека обвинението се темели на обезбедените докази и извршени вештачења, кои вклучуваат - вешт наод на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи, Службена експертиза од Форензичкиот институт при Сојузната криминалистичка служба и лабораторија од Германија, вешт наод на стручно лице електроинжинер, вештачењето на Технолошко-металуршкиот факултет кој ја испитуваше брзината на согорување на сите материјали употребени за болницата, како и вештачење на Електротехничкиот Факултет Скопје во поглед на усогласеноста на изведената инсталација со законските прописи за ваков тип градби. Сите овие докази и вештачења се комплементарни, не се спротивставуваат и јасно ја утврдуваат причината за настанување на пожарот, но и одговорноста на службените лица, се вели во писмото. -По вака поднесеното обвинение, врз основа на сите презентирани докази, Основниот суд во Тетово донесе осудителна пресуда за двајцата директори, изрекувајќи условна осуда, додека за третиот обвинет е донесена ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство Тетово ја обжали пресудата и по основ на одредената санкција за двајцата обвинети и по основ на ослободителната пресуда за еден од обвинетите. Свои жалби вложија и осудените. Во тек е жалбена постапка. За тендерот за набавка на сите модуларни болници, во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се води уште еден предмет, кој е во предистражна постапка и во кој интензивно се преземаат дејствија на проверки, се наведува во одговорот од јавниот обвинител. Во однос на прашањата за интерпелацијата за тоа кои се неправилностите во тендерската постапка за градење на модуларните болници и дали и зошто Обвинителството не ги смета како релевантни овие околности во самото обвинение, Јовески одговара дека „евентуалните неправилности во тендерската постапка се испитуваат во предметот во кој во предистражна постапка постапува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал корупција“.
-И документацијата побарана и обезбедена во овој предмет е обемна и е поврзана со јавна набавка за изведба на повеќе објекти, под надзор и во рамките на посебен проект финансиран од Светската банка. Од тие причини, потребно е време за анализа на сите тие документи и утврдување на евентуални неправилности. Во рамки на постапката на Основното јавно обвинителство Тетово, која директно ги испитуваше причините за пожарот, тие причини беа недвосмислено утврдени со неколку вештачења и на ниту еден начин не беа поврзани со тендерски документи, посочува Јовевски.
За тоа зошто е занемарен извештајот и наодите од германскиот тим од форензичари, кои го утврдиле главниот причинител на пожарот и другите причини за толкав интензитет на пожар, јавниот обвинител одговара дека „ова прашање е најдобра илустрација за дезинформациите и лажните наводи изнесени во новинарскиот текст, кои се повод за ваквата интерпелација“.
-Имено, апсолутно невистинити се наводите дека вештачењето од германските експерти воопшто не било изложено како доказ во судската постапка, тврди Јовески.
Нагласува дека од самиот почеток на истрагата, Обвинителството преку меѓународна правна соработка побарало правна помош од германските експерти кои ги истражуваа причините за пожарот.
-Службената експертиза од Форензичкиот институт при Сојузната криминалистичка служба и лабораторија од Германија е составен дел од доказниот материјал. Тој уредно беше доставен до странките во постапката, приложен заедно со обвинението и во текот на судењето јавно беше изведен како доказ пред Судот. Судските рочишта за овој предмет беа отворени за јавноста, па оттаму изнесувањето на вакви невистини е целосно тенденциозно, пишува Јовески.
Според него, неосновани се и информациите за наводна спротивставеност на вештачењата. -Имено, и вештиот наод на Одделот за криминалистичко- технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи и она на германските експерти прецизно ги наведуваат истите причини за настанување и за ширење на пожарот. Врз основа на вака неспротивставени вештачења беше донесена првостепената пресуда на Основниот суд во Тетово. Дополнително, во емисијата воопшто не се наведени заклучоците од вештачењето на Технолошко-металуршкиот факултет кој ја испитуваше брзината на согорување на сите материјали употребени за болницата и со кое исто така јасно се посочува дека основна причина за брзото горење на модуларната болница е големата концентрација на кислород во објектот, наведува Јовески. За ваквата груба манипулација, потсетува тој, Јавното обвинителство уште веднаш по емисијата ја информираше целата јавност.
-За да се спречи ширењето на невистини за овој трагичен настан, Јавниот обвинител на Република Македонија им наложи на надлежните јавни обвинители во овој предмет да поднесат барање до Апелациониот суд за одржување на јавна седница по жалбите на која уште еднаш пред целата јавност ќе бидат изложени сите докази од првостепената постапка, пишува Јовески.
На прашањето зошто обвинител кој ја води постапката за модуларните болници се иззема од таа функција и кои се наодите од постапката која е реализирана, Јовески тврди дека ниту еден јавен обвинител кој ја водел постапката не се изземал од функцијата туку наведува дека „една од јавните обвинителки во ОЈО Тетово кои во почетокот биле вклучени во овој предмет, била разрешена од функцијата со одлука на дисциплинската комисија на Јавното обвинителство, потврдена од Советот на јавните обвинители“.
-Причината беше нестручно и несовесно работење, но во сосема друг предмет, односно повеќе други предмети, кои на ниту еден начин не беа поврзани со постапката за модуларната болница. Меѓутоа, новинарите на ИРЛ свесно одбегнуваат да и го презентираат на јавноста овој факт кој сериозно ја доведува во прашање кредибилноста на нивниот соговорник, и дозволуваат поранешната јавна обвинителка да дава неоснована и со ништо непоткрепена правна оценка за оваа тешка трагедија, иако по нејзиното разрешување таа нема никакви сознанија за предметот. Не може човек да не реагира кога со леснотија се изнесуваат оценки дека станува збор за убиство, истакнати и во самиот наслов на новинарскиот прилог, без притоа и најмалку да се покаже грижа за болката која со тоа се предизвикува кај семејствата на жртвите на оваа трагедија, пишува Јовески.
Тврди дека во ниту еден момент немало обид за влијание и притисоци.
-Најодговорно изјавувам дека никогаш во ниту еден момент во текот на оваа постапка немало обид за влијание и притисоци. Имајте предвид дека во текот на глобалната светска здравствена криза, во која на тест беа ставени здравствените системи на сите држави во светот, десетици вакви слични или потешки катастрофални несреќи со човечки жртви, од речиси идентични причини, се случија во повеќе европски и други земји. До овој момент, Република Македонија е една од ретките земји, ако не и единствена, каде што за ваквиот настан беше поведена кривична постапка која веќе резултираше со првостепена осудителна пресуда. Тоа јасно ја покажува решеноста на јавното обвинителство за кривичен прогон, посочува Јовески.
Зад секоја одлука во овој предмет стои тим од јавни обвинители, кои и покрај својата посветена работа,како што наведува, по објавата на наведениот новинарски текст, се директно изложени на напади и неосновани критики. Обраќајќи се до пратениците, Јовески тој бара тие со своето општествено и политичко влијание да поттикнат создавање клима во која јавните обвинители ќе можат непристрасно и одговорно да ja извршуваат својата должност.
-Јавнообвинителската работа, па и работата на другите правосудни органи, е јавна и постојано оценувана од повеќе домашни и странски фактори, меѓутоа таа не смее да биде злоупотребувана за политички калкулации и пресметки. Секое обвинување за наводни пропусти и злоупотреби мора да биде поткрепено со сериозни докази, а не паушално и неиздржано. Во спротивно, и онака кревката доверба на јавноста во правосудниот сектор дополнително неосновано се нарушува, а тоа може да има несогледливи последици за целото општество, пишува Јовески.
Во исто време, тој апелира на „внимателност со оглед на тоа што поставување на интерпелација за предмет во кој се води активна судска и предистражна постапка, отвора можност за нарушување на начелата на поделба на власта и независност на правосудните институции, но и за директно загрозување на постапки кои се во тек“.

The post Јовески тврди дека немало влијание и притисоци за случајот со пожарот во Модуларната болница во Тетово appeared first on Република.

]]>
Oбјектот е проектиран и конструиран од „Брако“, без надзор и соодветни документи била изведена електричната инсталација https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/objektot-e-proektiran-i-konstruiran-od-brako-bez-nadzor-i-soodvetni-dokumenti-bila-izvedena-elektrichnata-instalatsija/ Thu, 02 Mar 2023 12:08:34 +0000 https://republika.mk/?p=615073

Судењето за пожарот во тетовската модуларната болница денеска продолжи со сведочење на овластен судски вештак по електротехника, жена која била придружник на човек кој бил на болничко лекување и цитирање на наслови од писмени докази од страна на адвокатите на обвинетите.  

Овластениот судски вештак по електротехника Ирфан Шаќири пред судот образложи дека по наредба на Јавно Обвинителство извршил вешт наод за можните индиции за појава на пожар во објектот на модуларната болница.

Тој објасни за делот за приклучување на објектот во мрежата за дистрибуција на електрична енергија.

-Целокупната постапка за изведување на електричната инсталација од почеток до крај не е изведена согласно прописите и правилниците за ваков тип на градба. Самиот чин на приклучување на објектот во напонската мрежа на операторот е изведена од двајца вработени во Клиничката болница без изготвување документ, елаборат кој што е неопходен за ваков тип. Целата работа на овие двајца електричари е изведена без никаков надзор од стручни лица овластени електроинженери, овластени од нашата Комора на електроинженери, посочи Ирфан Шаќири.

Според наодот на вештакот изведувањето на електричната инсталација во модуларната болница е реализиранo со недостиг на голем број на документи потребни за ваков тип на градба.

 -Објектот, модуларна болница, проектиран и конструиран од страна на „Брако“ е монтиран, според нив, како што се барало од Министерство за здравство. Според нивната изјава, нивна должност била само да го изготват и монтираат објектот на дадената локација. Од нивна страна во делот на електричната инсталација, исто така, нема елаборат, бидејќи според нив никој не барал од нив да изготват таков документ. Мене ми беше приложено само од нивна страна една шема кој е битен елемент во процес на електрична инсталација, документ за сите уреди во самиот објект, но била изготвена, ми беше посочено, само за нивни интерни употреби, не беше валиден документ, посочи вештакот Ирфан Шаќири.

Следното рочиште ќе се одржи на 21 март. Судот побара за таа расправа адвокатите на одбраната да посочат за кои околности се повикуваат предложени сведоци од нивна страна. Судијата определи и два термина за рочиште за следниот месец односно за 4-ти и 25 април.

И денеска пред да започне рочиштето, група граѓани се собраа пред зградата на судот за поддршка на обвинетиот д-р Бобан Вучевски за кого сметаат дека како лекар не треба да биде да има обвинение во овој судски процес.-Дојдовме да му дадеме поддршка на човекот кој што стана синоним на доброта, професионаност и на нешто што многу за него можат да учат во смисла на лекарска етика.  Ги повикувам граѓаните на присуство на овие настаните, затоа што тој тоа го заслужува, Бобан е она што секој еден мора да го чувствува за себе, изјави граѓанин на Тетово.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението. но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван

The post Oбјектот е проектиран и конструиран од „Брако“, без надзор и соодветни документи била изведена електричната инсталација appeared first on Република.

Поддршка од тетовци за „доктор Бобани“: Градот е со тебе, Скопски! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poddrshka-od-tetovci-za-doktor-bobani-gradot-e-so-tebe-skopski/ Wed, 07 Sep 2022 20:14:37 +0000 https://republika.mk/?p=548504

Докторот кој е обвинет за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од тетовската модуларна болница, во која живи изгореа 14 луѓе, доктор Бобан Вучески добива поддршка од тетовци.

Во фејсбук статус Јовица Ефкоски Ефко, кој дента бил во прва смена во модуларната болница, зборува за натчовечките напори на д-р Боби за време на пандемијата. Неговиот статус го пренесуваме во целост.

Ја нема да постирам текст што би го презел од некој медиум или другар на фб, ќе напишем неколку реченице за Др. Боби - попознат како Скопски.
Е тој Бобани, доктори кривецот за несреќниот пожар што се деси у модуларната болница у која бев и ја на работа дневна смена и цела ковид криза у неговата екипа у која не имаше многу колеги/шки кои без страв и многу енергија му се спротиставивмо на невидливиот снажен противник-ковид.
Е сега за кривецот, кој прв се пријави како млад доктор пред свите поискусни и постари со стаж доктори у болница да напрае екипе и да крене на Шапка со првите пациенти да работи, за да кризата се продлабочи и префрли кај нас у болница. Е тој Др.Боби е стварно крив што го жртвуеше животот и здравјето за цело Тетово и околија, за секој пациент без разлика на боја, вера, нација, партија, потекло, богат, сиромав и сл.
Тој Др.Боби го запостави семејството, децата, служејќи му на народот, присутен по 24 часа у болница со безброј визите од глава на глава на пациентите, анализе на крв, сатурације, кислороди и не знам што све друго. Одговарајќи на секого на телефон со смиреност и посветеност за и околу лечењето на било кој пациент.
Е тој кривец беше ангажиран да ние персоналот бидемо безбедни и покриени со материјали, храна и вода од страна на самоволни донатори што ни ја носеа, а све што нему му даваја како благодарност тој го оставаше на маса за другарите/кете. Немаше он величина дека е Доктор што свите бараја помош од него, скромен и ведар со многу енергија. У неколку муабети за време одмор му викав брат одмори малу, до когај вака! А он Ефче брате морамо да се справимо. У неколку случаеви смо го испраќале капнат дома у 3 сабајле, у 7.00 братот на визита пред свите. Мие свите имавмо смене и паузе,
само Др.Бобани немаше време за тоа.
Колку само работа и тешки моменти смо имале и виделе, а нарочито Боби за кој ми требе цел ден да пишуем.
На Др. Бобан Вучески му е потребна наша поддршка, поддршка од градот.
На Боби требаше да му се додели плакета за храброст и пожртвованост,
а не да му се суди за било што.
Тоа беше трагедија за сите нас, никој не сака да се деси такво нешто.
Гордоста на Тетово е Др. Бобан, другар и доктор кој сеуште му е потребен на градот и здравството во Тетово❗
Градот е со тебе Скопски ✊

Една година по трагедијата, во тетовскиот суд започна судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово. Обвинети се поранешниот директор на Тетовска болница Флорин Бесими, финансовиот директор Артан Етеми и докторот Бобан Вучески. Рочиштето беше одложено за 14 октомври, бидејќи второ и третообвинетиот не дојдоа во судница.

Десет месеци обвинителството собираше докази за да докаже дека Бесими и Етеми сториле „тешки дела против општата сигурност“, лекарот Вучески „не постапувал“ според здравствените прописи за време на епидемија“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово е виновно за кривичните дела „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Во извештајот на МВР беше наведено дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби.

Пожарот во модуларната ковид болница се случи на 8 септември минатата година. Во огнената стихија која за неколку минути го зафати целиот објект, животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и 2 посетители.

The post Поддршка од тетовци за „доктор Бобани“: Градот е со тебе, Скопски! appeared first on Република.

]]>

Докторот кој е обвинет за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од тетовската модуларна болница, во која живи изгореа 14 луѓе, доктор Бобан Вучески добива поддршка од тетовци. Во фејсбук статус Јовица Ефкоски Ефко, кој дента бил во прва смена во модуларната болница, зборува за натчовечките напори на д-р Боби за време на пандемијата. Неговиот статус го пренесуваме во целост.
Ја нема да постирам текст што би го презел од некој медиум или другар на фб, ќе напишем неколку реченице за Др. Боби - попознат како Скопски. Е тој Бобани, доктори кривецот за несреќниот пожар што се деси у модуларната болница у која бев и ја на работа дневна смена и цела ковид криза у неговата екипа у која не имаше многу колеги/шки кои без страв и многу енергија му се спротиставивмо на невидливиот снажен противник-ковид. Е сега за кривецот, кој прв се пријави како млад доктор пред свите поискусни и постари со стаж доктори у болница да напрае екипе и да крене на Шапка со првите пациенти да работи, за да кризата се продлабочи и префрли кај нас у болница. Е тој Др.Боби е стварно крив што го жртвуеше животот и здравјето за цело Тетово и околија, за секој пациент без разлика на боја, вера, нација, партија, потекло, богат, сиромав и сл. Тој Др.Боби го запостави семејството, децата, служејќи му на народот, присутен по 24 часа у болница со безброј визите од глава на глава на пациентите, анализе на крв, сатурације, кислороди и не знам што све друго. Одговарајќи на секого на телефон со смиреност и посветеност за и околу лечењето на било кој пациент. Е тој кривец беше ангажиран да ние персоналот бидемо безбедни и покриени со материјали, храна и вода од страна на самоволни донатори што ни ја носеа, а све што нему му даваја како благодарност тој го оставаше на маса за другарите/кете. Немаше он величина дека е Доктор што свите бараја помош од него, скромен и ведар со многу енергија. У неколку муабети за време одмор му викав брат одмори малу, до когај вака! А он Ефче брате морамо да се справимо. У неколку случаеви смо го испраќале капнат дома у 3 сабајле, у 7.00 братот на визита пред свите. Мие свите имавмо смене и паузе, само Др.Бобани немаше време за тоа. Колку само работа и тешки моменти смо имале и виделе, а нарочито Боби за кој ми требе цел ден да пишуем. На Др. Бобан Вучески му е потребна наша поддршка, поддршка од градот. На Боби требаше да му се додели плакета за храброст и пожртвованост, а не да му се суди за било што. Тоа беше трагедија за сите нас, никој не сака да се деси такво нешто. Гордоста на Тетово е Др. Бобан, другар и доктор кој сеуште му е потребен на градот и здравството во Тетово❗ Градот е со тебе Скопски ✊
Една година по трагедијата, во тетовскиот суд започна судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово. Обвинети се поранешниот директор на Тетовска болница Флорин Бесими, финансовиот директор Артан Етеми и докторот Бобан Вучески. Рочиштето беше одложено за 14 октомври, бидејќи второ и третообвинетиот не дојдоа во судница. Десет месеци обвинителството собираше докази за да докаже дека Бесими и Етеми сториле „тешки дела против општата сигурност“, лекарот Вучески „не постапувал“ според здравствените прописи за време на епидемија“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово е виновно за кривичните дела „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Во извештајот на МВР беше наведено дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Пожарот во модуларната ковид болница се случи на 8 септември минатата година. Во огнената стихија која за неколку минути го зафати целиот објект, животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и 2 посетители.

The post Поддршка од тетовци за „доктор Бобани“: Градот е со тебе, Скопски! appeared first on Република.

]]>
Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osnoven-sud-tetovo-soopshti-deka-predmetot-za-modularnata-bolnica-e-raspredelen-kaj-sudija/ Tue, 16 Aug 2022 17:25:58 +0000 https://republika.mk/?p=541043

Основниот суд во Тетово денеска соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија, кој во наредниот период по разгледување на обвинителниот предлог треба да ја закаже главната расправа. Предметот е распределен согласно Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС).

-Предметот поврзан со модуларната болница во Тетово по поднесен обвинителен предлог од страна на ОЈО Тетово со бр. КО 531/22 со кој се обвинети Ф.Б и А.Е за кривично дело  тешки дела против општата сигурност и Б. В. за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правно лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија е распределен кај судија од кривичниот оддел со предмет К бр. 450/22. По прием и разгледување на обвинителниот предлог ќе биде закажана главната расправа, соопштија денес од Основен суд Тетово.

Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 кога 14 лица ги загубија животите. По повеќемесечна истрага Основното јавно обвинителство Тетово на 27 јули 2022 до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице. 

The post Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија appeared first on Република.