Нов пожар на отворено избувна денеска околу 15:30 часот во атарот на селата Руѓинце и Белановце во општина Старо Нагоричане.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане се обидуваат да воспостават контрола над огнот и дека засега е безбедно селото Руѓинце.
[caption id="attachment_676677" align="aligncenter" width="1200"] Фото: ЦУК[/caption]
И покрај напорите на пожарникарите пожарот и понатаму се шири и најверојатно ќе биде потребна воздушна поддршка. Бидејќи веќе е доцна за полетување на воздухоплови дадени се насоки да се побара засилување и во текот на ноќта за да се обезбеди село Белјановце кон кое се движи еден крак од пожарот. Пожарникари од ТППЕ Куманово и Кратово набргу ќе бидат упатени и ќе дежураат во близина на ова село, велат од ЦУК.
Во текот на ноќта ќе се донесе одлука дали, кога и кои воздухоплови ќе бидат употребени за гаснење на пожарот.
The post Се шири пожарот кај Руѓинце и Белановце appeared first on Република.
]]>И покрај напорите на пожарникарите пожарот и понатаму се шири и најверојатно ќе биде потребна воздушна поддршка. Бидејќи веќе е доцна за полетување на воздухоплови дадени се насоки да се побара засилување и во текот на ноќта за да се обезбеди село Белјановце кон кое се движи еден крак од пожарот. Пожарникари од ТППЕ Куманово и Кратово набргу ќе бидат упатени и ќе дежураат во близина на ова село, велат од ЦУК.Во текот на ноќта ќе се донесе одлука дали, кога и кои воздухоплови ќе бидат употребени за гаснење на пожарот.
The post Се шири пожарот кај Руѓинце и Белановце appeared first on Република.
]]>