повредено Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povredeno/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 11:10:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png повредено Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povredeno/ 32 32 Таравари: Тримесечно бебе со траги на насилство, виновниците ќе бидат пронајдени и казнети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-trimesechno-bebe-so-tragi-na-nasilstvo-vinovnitsite-ke-bidat-pronajdeni-i-kazneti/ Sat, 13 Jul 2024 10:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=796330

Министерот за здравство Арбен Таравари, синоќа во објава на Фејсбук информираше дека дознал за, како што вели монструозен случај, во кој тримесечно бебе имало траги на насилство по телото.

Таравари вели дека семејството на бебето тврди дека тоа било тепано на  педијатрија од медицинската сестра бидејќи мајката на детето не знаела македонски.

-Доколку овој случај е вистина, оваа медицинска сестра веднаш ќе биде отпуштена и јас лично ќе се погрижам веднаш да биде упатена до правните органи. Каква и да е вистината, виновниците за овој грозен и болен чин ќе бидат пронајдени и казнети
Сега одам лично на местото на настанот за да се сретнам со семејството и персоналот!, напиша Таравари.

Таравари синоќа заедно со директорот на Детската клиника отиде и лично да се сретне со семејството на детето, по што потврди дека бебето има повреди по телото и повтори дека ќе се преземат мерки.

-Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Клиниката. Заедно со директорот дојдовме одблизу да видиме што се случува. Сите пациенти се важни, но децата се посебно важни. Од утре треба специјална комисија на Клиниката да разгледа и да ја слушне и другата страна. Ви гарантирам дека веднаш ќе преземеме мерки против тие коишто постапиле лошо кон детето коешто дојдовме вечерва да го посетиме. Не смееме да се однесуваме лошо кон пациентите, рече Таравари.

За случајот со повреденото тримесечно бебе претходно информираше порталот „Икс“

The post Таравари: Тримесечно бебе со траги на насилство, виновниците ќе бидат пронајдени и казнети appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари, синоќа во објава на Фејсбук информираше дека дознал за, како што вели монструозен случај, во кој тримесечно бебе имало траги на насилство по телото. Таравари вели дека семејството на бебето тврди дека тоа било тепано на  педијатрија од медицинската сестра бидејќи мајката на детето не знаела македонски. -Доколку овој случај е вистина, оваа медицинска сестра веднаш ќе биде отпуштена и јас лично ќе се погрижам веднаш да биде упатена до правните органи. Каква и да е вистината, виновниците за овој грозен и болен чин ќе бидат пронајдени и казнети Сега одам лично на местото на настанот за да се сретнам со семејството и персоналот!, напиша Таравари. Таравари синоќа заедно со директорот на Детската клиника отиде и лично да се сретне со семејството на детето, по што потврди дека бебето има повреди по телото и повтори дека ќе се преземат мерки. -Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Клиниката. Заедно со директорот дојдовме одблизу да видиме што се случува. Сите пациенти се важни, но децата се посебно важни. Од утре треба специјална комисија на Клиниката да разгледа и да ја слушне и другата страна. Ви гарантирам дека веднаш ќе преземеме мерки против тие коишто постапиле лошо кон детето коешто дојдовме вечерва да го посетиме. Не смееме да се однесуваме лошо кон пациентите, рече Таравари. За случајот со повреденото тримесечно бебе претходно информираше порталот „Икс“

The post Таравари: Тримесечно бебе со траги на насилство, виновниците ќе бидат пронајдени и казнети appeared first on Република.

]]>
Позната е здравствената состојба на семејството повредено во сообраќајна несреќа: Жена пренесена на клиника поради сериозни повреди https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poznata-e-zdravstvenata-sostojba-na-semejstvoto-povredeno-vo-soobrakajna-nesreka-zhena-prenesena-na-klinika-poradi-seriozni-povredi/ Thu, 23 May 2024 19:55:03 +0000 https://republika.mk/?p=781294

Повредената жена од сообраќајната несреќа што се случи денеска во 16:00 часот на крстосницата кај Башино Село близу Велес на автопатот Скопје-Гевгелија е препратена на Скопските клиники, а нејзиниот сопруг е задржан во велешката Општа болница.

-Повредената 73-годишна жена М.И. од Гевгелија од сообраќајката кај Башино Село кај Велес попладнево по приемот во велешката Општа болница и направени снимања поради сериозноста на повредите – скршеници на натколеница вечерва со возило на Итна помош е препратена на понатамошно лекување во Скопските клиники. Таа е вон животна опасност, информира за МИА Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

Нејзиниот сопруг 79 годишниот Д.И., додаде, е задржан на лекување во Хируршкото одделение на велешката Општа болница. Него му биле направени рентген и томографски снимања. Нивната ќерка 43-годишната Л.К. која го управувала возилото поминала со гребнатини, а по неопходните рентген испитувања и укажаната лекарска помош била препратена на домашно лекување.

Сообраќајката се случи денеска попладне околу 16 часот на крстосницата кај Башино Село на автопатот Велес-Гевгелија кога возилото управувано од 43-годишната Л.К. само ја предизвикало сообраќајната несреќа, а увид направила екипа на СВР Велес.

-Денеска во 16:00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје-Неготино во атар на село Башино Село, велешко, патничко возило со национални регистарски ознаки на Република Грција, управувано од Л.К. 43-годишна од Гевгелија, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.И.(73) од Гевгелија сопатничка во возилото, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.И.(79) од Гевгелија, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, информира за МИА портпаролот Билјана Ѓаковска.

The post Позната е здравствената состојба на семејството повредено во сообраќајна несреќа: Жена пренесена на клиника поради сериозни повреди appeared first on Република.

]]>

Повредената жена од сообраќајната несреќа што се случи денеска во 16:00 часот на крстосницата кај Башино Село близу Велес на автопатот Скопје-Гевгелија е препратена на Скопските клиники, а нејзиниот сопруг е задржан во велешката Општа болница. -Повредената 73-годишна жена М.И. од Гевгелија од сообраќајката кај Башино Село кај Велес попладнево по приемот во велешката Општа болница и направени снимања поради сериозноста на повредите – скршеници на натколеница вечерва со возило на Итна помош е препратена на понатамошно лекување во Скопските клиники. Таа е вон животна опасност, информира за МИА Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес. Нејзиниот сопруг 79 годишниот Д.И., додаде, е задржан на лекување во Хируршкото одделение на велешката Општа болница. Него му биле направени рентген и томографски снимања. Нивната ќерка 43-годишната Л.К. која го управувала возилото поминала со гребнатини, а по неопходните рентген испитувања и укажаната лекарска помош била препратена на домашно лекување. Сообраќајката се случи денеска попладне околу 16 часот на крстосницата кај Башино Село на автопатот Велес-Гевгелија кога возилото управувано од 43-годишната Л.К. само ја предизвикало сообраќајната несреќа, а увид направила екипа на СВР Велес. -Денеска во 16:00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје-Неготино во атар на село Башино Село, велешко, патничко возило со национални регистарски ознаки на Република Грција, управувано од Л.К. 43-годишна од Гевгелија, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.И.(73) од Гевгелија сопатничка во возилото, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.И.(79) од Гевгелија, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, информира за МИА портпаролот Билјана Ѓаковска.

The post Позната е здравствената состојба на семејството повредено во сообраќајна несреќа: Жена пренесена на клиника поради сериозни повреди appeared first on Република.

]]>
Момчето рането од Коста е подобро, но има голем проблем во неговата здравствена состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/momcheto-raneto-od-kosta-e-podobro-no-ima-golem-problem-vo-negovata-zdravstvena-sostojba/ Wed, 17 May 2023 12:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=641800

Состојбата на ученикот В.П. ранет во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ е многу подобра, но тој се уште не ги чувствува долните екстремитети.

Момчето В.П., кое беше рането во средата на 3-ти мај кога во ОУ „Владислав Рибникар“ беше рането од малолетникот Коста К., се здобило со тешки телесни повреди во пределот на градниот кош, вратот и кичмата, но како што неофицијално се дознава, неговата состојба е значително подобра.

Состојбата на момчето од „Рибникар“ е значително подобра во однос на онаа во која се наоѓаше кога беше хоспитализиран. Тој е свесен, ги движи главата и рацете и нормално комуницира со лекарите и медицинскиот персонал. Се опоравува, но уште не ги чувствува долните екстремитети, вели извор на Информер од Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Седмоодделенецот Коста К.(13) уби девет деца и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар. Во овој грозоморен напад тој тешко рани неколку негови врсници, како и наставник по историја. Едно од ранетите девочиња, почина со што билансот на починати се искачи на 10.

The post Момчето рането од Коста е подобро, но има голем проблем во неговата здравствена состојба appeared first on Република.

]]>

Состојбата на ученикот В.П. ранет во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ е многу подобра, но тој се уште не ги чувствува долните екстремитети. Момчето В.П., кое беше рането во средата на 3-ти мај кога во ОУ „Владислав Рибникар“ беше рането од малолетникот Коста К., се здобило со тешки телесни повреди во пределот на градниот кош, вратот и кичмата, но како што неофицијално се дознава, неговата состојба е значително подобра. Состојбата на момчето од „Рибникар“ е значително подобра во однос на онаа во која се наоѓаше кога беше хоспитализиран. Тој е свесен, ги движи главата и рацете и нормално комуницира со лекарите и медицинскиот персонал. Се опоравува, но уште не ги чувствува долните екстремитети, вели извор на Информер од Универзитетскиот клинички центар на Србија. Седмоодделенецот Коста К.(13) уби девет деца и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар. Во овој грозоморен напад тој тешко рани неколку негови врсници, како и наставник по историја. Едно од ранетите девочиња, почина со што билансот на починати се искачи на 10.

The post Момчето рането од Коста е подобро, но има голем проблем во неговата здравствена состојба appeared first on Република.

]]>
Градинката од Гевгелија демантира дека имало насилство врз дете https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/gradinkata-od-gevgelija-demantira-deka-imalo-nasilstvo-vrz-dete/ Thu, 24 Nov 2022 15:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=577909

Градинката „Детска радост“ демантира дека во установата имало насилство, како што претходно денес обвини пратеничката, Ангелина Петкова.

Се работи за детска игра во малата група во клон Цветови каде настанале гребаници на едно од згрижените дечиња. Случајот го пријавивме до надлежното Министерство за труд и социјална политика и очекуваме уште утре надлежен инспектор од МТСП да ја посети установата.

По извршениот инспекциски надзор ќе бидете известени за стручниот наод. Дотогаш тврдењето на пратеничката Петкова го сметаме за тенденциозно и политички обоено со изнесени невистини за установата.

Грижата за децата е наш императив, а во соопштението на пратеничката Петкова е очигледна грижата за одземените ингеренции на градоначалникот на Општина Гевгелија врз ЈОУДГ „Детска Радост – Гевгелија“ од страна на МТСП, токму поради непостапување согласно законските надлежности во сферата на детската заштита што ги има локалната самоуправа, се наведува во демантот.

The post Градинката од Гевгелија демантира дека имало насилство врз дете appeared first on Република.

]]>

Градинката „Детска радост“ демантира дека во установата имало насилство, како што претходно денес обвини пратеничката, Ангелина Петкова. Се работи за детска игра во малата група во клон Цветови каде настанале гребаници на едно од згрижените дечиња. Случајот го пријавивме до надлежното Министерство за труд и социјална политика и очекуваме уште утре надлежен инспектор од МТСП да ја посети установата. По извршениот инспекциски надзор ќе бидете известени за стручниот наод. Дотогаш тврдењето на пратеничката Петкова го сметаме за тенденциозно и политички обоено со изнесени невистини за установата. Грижата за децата е наш императив, а во соопштението на пратеничката Петкова е очигледна грижата за одземените ингеренции на градоначалникот на Општина Гевгелија врз ЈОУДГ „Детска Радост – Гевгелија“ од страна на МТСП, токму поради непостапување согласно законските надлежности во сферата на детската заштита што ги има локалната самоуправа, се наведува во демантот.

The post Градинката од Гевгелија демантира дека имало насилство врз дете appeared first on Република.

]]>
Прегазеното момче е во добра здравствена состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pregazenoto-momche-e-vo-dobra-zdravstvena-sostojba-2/ Fri, 21 Jan 2022 09:55:28 +0000 https://republika.mk/?p=447549

Момчето кое вчера беше прегазено со младата девојка, која загина на лице место, е во добра состојба и е пуштено на домашно лекување, информираа за Канал 5 од Универзитетска клиника по хируршки болести Св „Наум Охридски“.

Момчето има набиеница во пределот на карлицата, не се констатирани сериозни повреди, и по сите направени анализи е пуштено дома, изјави за телевизијата директорот на Градска болница Љубен Арсенков.

Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер на крстосницата на улицата „Московска“ со булевар „Партизански Одреди“ во Скопје. Како што информира МВР, во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н. (1997) од Радовиш, која починала на местото.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата и повеќе детали ќе се знаат наскоро.

Очевидци за дел од медиумите посочија дека автомобилот удрил во девојката и момчето во момент додека претекнувал друг автомобил кој бил застанат близу пешачкиот премин.

The post Прегазеното момче е во добра здравствена состојба appeared first on Република.

]]>

Момчето кое вчера беше прегазено со младата девојка, која загина на лице место, е во добра состојба и е пуштено на домашно лекување, информираа за Канал 5 од Универзитетска клиника по хируршки болести Св „Наум Охридски“. Момчето има набиеница во пределот на карлицата, не се констатирани сериозни повреди, и по сите направени анализи е пуштено дома, изјави за телевизијата директорот на Градска болница Љубен Арсенков. Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер на крстосницата на улицата „Московска“ со булевар „Партизански Одреди“ во Скопје. Како што информира МВР, во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н. (1997) од Радовиш, која починала на местото. Полицијата изврши увид на местото на несреќата и повеќе детали ќе се знаат наскоро. Очевидци за дел од медиумите посочија дека автомобилот удрил во девојката и момчето во момент додека претекнувал друг автомобил кој бил застанат близу пешачкиот премин.

The post Прегазеното момче е во добра здравствена состојба appeared first on Република.

]]>