повредено дете Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povredeno-dete/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 14:09:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png повредено дете Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povredeno-dete/ 32 32 Шестгодишно дете со серизони повреди откако го искасало куче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shestgodishno-dete-so-serizoni-povredi-otkako-go-iskasalo-kuche/ Tue, 05 Nov 2024 14:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=834408

Дете се здобило со сериозни повреди по каснување од куче во Кавадарци. Оваа информација ја потврдиле за МИА од кавадаречката болница, од Обвинителството и од СВР Велес.

Според докторот Благој Митев, началник на хирургија во болницата, детето има сериозни повреди што не се за потценување.

Станува збор за дете на околу шест години. Каснувањето беше завчера попладне, јас бев на работа кога го донесоа детето. Имаше две рани на лицето, плус огреботини. Три рани на предниот дел од абдоменалниот ѕид, една од околу четири и две од по три сантиметри длабочина. На бутната регија, две поголеми рани. На потколеница, 3-4 рани и други повреди. Изготвивме медицински извештај. Детето требаше да биде хоспитализирано, но родителите одбија од лични причини. Рекоа дека редовно ќе го носат на преврски, појасни докторот за МИА.

Самиот лекар по службена должност пријавил во полиција.

На 4.11.2024 во 09.25 часот во ОВР Кавадарци, Џ.М.(23) од село Ваташа, кавадаречко, пријавила дека на 3.11.2024 на улицата Крсте Мисирков во Кавадарци, додека се шетала со нејзиниот шестгодишен син, детето било каснато од куче, кое е сопственост на 51-годишната М.И. од Кавадарци. Кучето било оттргнато од случајни минувачи. Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од СВР Велес.

Известен бил јавен обвинител од ОЈО Кавадарци.

Дадени се наредби и насоки до МВР за целосно документирање на настанот и за прибирање на соодветни докази во врска со чувањето на кучето, како и обезбедување на медицинска документација, велат од Обвинителството.

The post Шестгодишно дете со серизони повреди откако го искасало куче appeared first on Република.

]]>

Дете се здобило со сериозни повреди по каснување од куче во Кавадарци. Оваа информација ја потврдиле за МИА од кавадаречката болница, од Обвинителството и од СВР Велес. Според докторот Благој Митев, началник на хирургија во болницата, детето има сериозни повреди што не се за потценување.
Станува збор за дете на околу шест години. Каснувањето беше завчера попладне, јас бев на работа кога го донесоа детето. Имаше две рани на лицето, плус огреботини. Три рани на предниот дел од абдоменалниот ѕид, една од околу четири и две од по три сантиметри длабочина. На бутната регија, две поголеми рани. На потколеница, 3-4 рани и други повреди. Изготвивме медицински извештај. Детето требаше да биде хоспитализирано, но родителите одбија од лични причини. Рекоа дека редовно ќе го носат на преврски, појасни докторот за МИА.
Самиот лекар по службена должност пријавил во полиција.
На 4.11.2024 во 09.25 часот во ОВР Кавадарци, Џ.М.(23) од село Ваташа, кавадаречко, пријавила дека на 3.11.2024 на улицата Крсте Мисирков во Кавадарци, додека се шетала со нејзиниот шестгодишен син, детето било каснато од куче, кое е сопственост на 51-годишната М.И. од Кавадарци. Кучето било оттргнато од случајни минувачи. Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител од ОЈО Кавадарци.
Дадени се наредби и насоки до МВР за целосно документирање на настанот и за прибирање на соодветни докази во врска со чувањето на кучето, како и обезбедување на медицинска документација, велат од Обвинителството.

The post Шестгодишно дете со серизони повреди откако го искасало куче appeared first on Република.

]]>
Тешко повредено дете на велосипед https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshko-povredeno-dete-na-velosiped/ Thu, 18 Jul 2024 11:00:53 +0000 https://republika.mk/?p=798035

Вчера во 14.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Лакавица, штипско, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Д.(30), удрило во велосипед, управуван од малолетник, двајцата од с.Лакавица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

The post Тешко повредено дете на велосипед appeared first on Република.

]]>

Вчера во 14.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Лакавица, штипско, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Д.(30), удрило во велосипед, управуван од малолетник, двајцата од с.Лакавица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.  

The post Тешко повредено дете на велосипед appeared first on Република.

]]>
Тешко повреден малолетник во судир на патот Охрид – Ресен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/teshko-povreden-maloletnik-vo-sudir-na-patot-ohrid-resen/ Mon, 29 Apr 2024 08:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=772115

Вчера во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „сеат леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(31) од селото Бегниште, општина Кавадарци и „опел корса“ со ресенски регистарски ознаки, што го управувала Н.С.(45) од Ресен.

Притоа, со тешки телесни повреди, се здобил малолетен сопатник во второто возило додека Н.С.- возачот на истото возило, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

За настанот, известен е јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

The post Тешко повреден малолетник во судир на патот Охрид – Ресен appeared first on Република.

]]>

Вчера во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „сеат леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(31) од селото Бегниште, општина Кавадарци и „опел корса“ со ресенски регистарски ознаки, што го управувала Н.С.(45) од Ресен. Притоа, со тешки телесни повреди, се здобил малолетен сопатник во второто возило додека Н.С.- возачот на истото возило, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот, известен е јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

The post Тешко повреден малолетник во судир на патот Охрид – Ресен appeared first on Република.

]]>
Вонреден инспекциски надзор во градинката каде е повредено 11-месечното девојче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-gradinkata-kade-e-povredeno-11-mesechnoto-devojche/ Mon, 25 Sep 2023 09:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=684929

Извршен е вонреден инспекциски надзор во градинката во Шуто Оризари по случајот со 11-месечното бебе, кое според тврдењето на родителите, било повредено. Задолжена е директорката на градинката да почне постапка за утврдување на фактичката состојба или евентуална вина кај вработените.

Во врска со случајот со детето од градинката „8 Април“ во Шуто Оризари, извршен е вонреден инспекциски надзор, земени се изјави од вработените и согласно Законот за заштита на деца, инспекторите ќе издадат решение за постапување и утврдување на фактичката состојба или евентуална вина на вработените за згрижување за детето. Односно, инспекторите ја задолжуваат директорката на детската градинка да започне постапка за утврдување на фактичката состојба или евентуална вина на вработените за згрижување за детето, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за внатрешни работи во саботата соопшти дека родителите го пријавиле случајот во петокот тврдејќи дека нивната малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда во градинка на подрачјето на Шуто Оризари.

Во СВР Скопје, И.С.(28) од Скопје пријавил дека во текот на денот во детска градинка на подрачје на Шуто Оризари неговата малолетна ќерка се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според пријавеното, неговата сопруга ја однела нивната ќерка во градинката околу 8 часот и бидејќи е во период на адаптација, ја зела во 10 часот. Исто така, според пријавеното, кога го донела дома и почнала да го пресоблекува, девојчето не престанувало да плаче, по што го однеле во Ургентниот центар, каде што лекар ја констатирал повредата, информираше МВР во саботата.

The post Вонреден инспекциски надзор во градинката каде е повредено 11-месечното девојче appeared first on Република.

Залутан куршум погоди 14-годишно дете во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zalutan-kurshum-pogodi-14-godishno-dete-vo-kumanovo/ Wed, 24 May 2023 16:31:37 +0000 https://republika.mk/?p=644321

Вчера во 14.22 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник на возраст од 14 години од Куманово со повреда во пределот на левата нога од заталкан куршум.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Залутан куршум погоди 14-годишно дете во Куманово appeared first on Република.

]]>

Вчера во 14.22 часот во СВР Куманово, од Општата болница Куманово било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник на возраст од 14 години од Куманово со повреда во пределот на левата нога од заталкан куршум. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.  

The post Залутан куршум погоди 14-годишно дете во Куманово appeared first on Република.

]]>
Девојче тешко повредено откако „опел“ излета од патот кон Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/devojche-teshko-povredeno-otkako-opel-izleta-od-patot-kon-kumanovo/ Tue, 25 Apr 2023 11:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=633882

На 24 април во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Куманово, во атар на с.Долно Количани, скопско, патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од О.Ц.(43) од Штип, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка С.Ц.(42), двете од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Девојче тешко повредено откако „опел“ излета од патот кон Куманово appeared first on Република.

]]>

На 24 април во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Куманово, во атар на с.Долно Количани, скопско, патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од О.Ц.(43) од Штип, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка С.Ц.(42), двете од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Девојче тешко повредено откако „опел“ излета од патот кон Куманово appeared first on Република.

]]>
На двегодишно дете му е ампутиран палецот откако негователката му ја приклештила раката на капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/na-dvegodishno-dete-mu-e-amputiran-paletsot-otkako-negovatelkata-mu-ja-prikleshtila-rakata-na-kapija/ Tue, 25 Apr 2023 09:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=633820

Двегодишно дете е повредено во градинка во Белград откако воспитувачката му ја приклештила раката на влезната метална врата.

Полицијата на 20 април околу 15.40 часот била известена дека на Детската клиника било донесено дете во придружба на неговата мајка и воспитувачка од градинка.

Утврдено е дека при затворањето на портата, воспитувачката му го штипнала палецот од десната рака на детето.

Во болницата констатирани се тешки физички повреди и извршена е делумна ампутација на палецот на десната рака, пренесуваат српските медиуми.

Во врска со повредата на детето, Првото основно јавно обвинителство Белград наложило полициската станица Звездара да земе изјави од воспитувачката и мајката на повреденото дете, да се обезбеди видео од надзорот во градинката, како и медицинската документација за видот и тежината на повредите на детето. По сите потребни проверки, Обвинителството ќе процени и ќе донесе одлука дали има елементи на кривично дело или се работи за несреќен случај.

The post На двегодишно дете му е ампутиран палецот откако негователката му ја приклештила раката на капија appeared first on Република.

]]>

Двегодишно дете е повредено во градинка во Белград откако воспитувачката му ја приклештила раката на влезната метална врата. Полицијата на 20 април околу 15.40 часот била известена дека на Детската клиника било донесено дете во придружба на неговата мајка и воспитувачка од градинка. Утврдено е дека при затворањето на портата, воспитувачката му го штипнала палецот од десната рака на детето. Во болницата констатирани се тешки физички повреди и извршена е делумна ампутација на палецот на десната рака, пренесуваат српските медиуми. Во врска со повредата на детето, Првото основно јавно обвинителство Белград наложило полициската станица Звездара да земе изјави од воспитувачката и мајката на повреденото дете, да се обезбеди видео од надзорот во градинката, како и медицинската документација за видот и тежината на повредите на детето. По сите потребни проверки, Обвинителството ќе процени и ќе донесе одлука дали има елементи на кривично дело или се работи за несреќен случај.  

The post На двегодишно дете му е ампутиран палецот откако негователката му ја приклештила раката на капија appeared first on Република.

]]>
Да бевме демократска држава од морални причини ќе имаше оставка на министерката и директорката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-bevme-demokratska-drzava-od-moralni-prichini-kje-imashe-ostavka-na-ministerkata-i-direktorkata/ Sat, 26 Nov 2022 08:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=578434

Десетмесечно бебе завршило со тешки телесни повреди и хематон на главата, а министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорката на детската градинка „Цветови“ во Гевгелија Елизабета Стоименова се обидуваат да го прикријат целиот случај и да прикажат дека се работи за детска игра, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Цела јавност виде дека не се работи за гребнатинки на десетгодишното бебе, туку за модрици низ целото лице. Срамно и без грам чувство на одговорност и доблест. Тренчевска и Стоименова се најодговорни за овој инцидент и наместо пракса да станува други да одговараат, веднаш да си поднесат оставка. 

Ниту едно насилство не смее да се толерира, најмалку насилството врз децата.

Да бевме некоја демократска држава, до сега од морални причини ќе имаше оставка на министерката, директорката и целиот инцидент ќе беше расчистен. Но, ние имаме бледи соопштенија и неуспешни обиди од Тренчевска да се сокрие целиот случај.

Родителите се вознемирени од овој немил настан, и стравуваат дека со немање на одговорност, ваквото насилство може да се случи и на други дечиња во детските градинки.

Тренчевска да си поднесе оставка и да покаже дека заштитата на децата и е пред се, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Да бевме демократска држава од морални причини ќе имаше оставка на министерката и директорката appeared first on Република.

]]>

Десетмесечно бебе завршило со тешки телесни повреди и хематон на главата, а министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и директорката на детската градинка „Цветови“ во Гевгелија Елизабета Стоименова се обидуваат да го прикријат целиот случај и да прикажат дека се работи за детска игра, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Цела јавност виде дека не се работи за гребнатинки на десетгодишното бебе, туку за модрици низ целото лице. Срамно и без грам чувство на одговорност и доблест. Тренчевска и Стоименова се најодговорни за овој инцидент и наместо пракса да станува други да одговараат, веднаш да си поднесат оставка.  Ниту едно насилство не смее да се толерира, најмалку насилството врз децата. Да бевме некоја демократска држава, до сега од морални причини ќе имаше оставка на министерката, директорката и целиот инцидент ќе беше расчистен. Но, ние имаме бледи соопштенија и неуспешни обиди од Тренчевска да се сокрие целиот случај. Родителите се вознемирени од овој немил настан, и стравуваат дека со немање на одговорност, ваквото насилство може да се случи и на други дечиња во детските градинки. Тренчевска да си поднесе оставка и да покаже дека заштитата на децата и е пред се, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Да бевме демократска држава од морални причини ќе имаше оставка на министерката и директорката appeared first on Република.

]]>
Десетмесечно бебе со тешки повреди во гевгелиска градинка, директорката се обидела да го сокрие случајот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/desetmesechno-bebe-so-teshki-povredi-vo-gevgeliska-gradinka-direktorkata-se-obidela-da-go-sokrie-sluchajot/ Thu, 24 Nov 2022 11:14:46 +0000 https://republika.mk/?p=577738

Брутално насилство врз 10 месечно бебе во градинка во Гевгелија. Директорката Елизабета Стефановска, поставена од министерката Јована Тренчовска молчи и го крие инцидентот, обвини на прес-конференција пратеничката Ангелина Петкова.

Во вторникот, 22.11.2022 година, во детската градинка „Цветови“ во Гевгелија се случи брутален инцидент, 10 месечно бебе заврши во општата болница во Гевгелија со констатирани тешки телесни повреди и хематом на главата. Директорката на градинката Елизабета Стефановска, која е поставена од Јована Тренчовска се обиде да го прикрие скандалот, наместо да, преземе дејствија за санкционирање и да го пријави случајот во полициската станица во Гевгелија, oбјави Петкова.

Додаде дека случајот во полиција бил пријавен ден потоа од страна на родителите.

Елизабета Стефановска е директор на детската градинка „Цветови“. И за истата да остане директор на градинката како кадар на Социјалдемократскиот сојуз, и покрај големиот број на пропусти во работењето министерката Јована Тренчовска му ги одзема ингеренциите за детските градинки на територија на општина Гевгелија на градоначалникот Андон Сарамандов. Мандатот на Стефановска иако завршен и е продолжен од страна на министерката Тренчовска. Тренчовска му ги одзема ингеренциите за да можат директорите на Социјалдемократскиот сојуз да продолжат да ги држат функциите додека условите во градинките се сѐ полоши, вели Петкова.

Повредите со какви се стекнало 10 месечното бебе се големи, додава таа, потенцирајќи дека реакција и одговорност мора да има.

Ова не е прв инцидент откако оваа директорка менаџира со градинките во Гевгелија, сличен инцидент имаше пред две години, а минатата година кога снема огромни количини на нафта во градинката институциите повторно затаија со реакција. Ова е втор инцидент на дете со големи повреди во мандат на истата директорка. Уште што треба да се случи за истата да биде сменета? Затоа повикуваме. Одговорност за инцидентот мора да има. И треба да бидат санкционирани со отказ и да се поднесат соодветни пријави. Ја повикуваме министерката да ја разреши директорката и да поднесе соодветни пријави заради прикривање и не преземање дејствија. Во исто време наместо да продолжи со самоволието министерката Тренчовска да ги врати ингеренциите на градоначалникот Андон Сарамандов, и да не се меша во работењето на градинките, зошто гледаме до каде не донесоа партиските кадри на Социјалдемократскиот сојуз во институциите, посочи Петкова.

https://youtu.be/tITC2VdRxE4

The post Десетмесечно бебе со тешки повреди во гевгелиска градинка, директорката се обидела да го сокрие случајот appeared first on Република.

Метална шипка падна врз дете додека се возелo на рингишпил во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/metalna-shipka-padna-vrz-dete-dodeka-se-vozelo-na-ringishpil-vo-kumanovo/ Thu, 09 Jun 2022 10:09:16 +0000 https://republika.mk/?p=513068

Метална шипка паднала врз дете од Куманово додека се возелo на рингишпил во луна парк на булеварот „Октомвриска револуција”, соопшти денеска СВР Kуманово. Настанот во полицијата го пријавил таткото на детето, завчера околу 22.30 часот.

Б.Д.(49) од Куманово пријавил дека околу 19.30 часот во луна парк на булеварот „Октомвриска револуција“, додека неговиот малолетен син бил на рингишил, паднала метална шипка и го повредила, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

The post Метална шипка падна врз дете додека се возелo на рингишпил во Куманово appeared first on Република.