повредени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povredeni/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 13:28:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png повредени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povredeni/ 32 32 Повеќе лица и деца се повредени откако џип влета во нив пред основно училиште во Кина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poveke-litsa-i-detsa-se-povredeni-otkako-dhip-vleta-vo-niv-pred-osnovno-uchilishte-vo-kina/ Tue, 19 Nov 2024 13:28:19 +0000 https://republika.mk/?p=839631

Неколку деца и возрасни лица се повредени откако маж со џип удрил во нив пред основно училиште во градот Чангде во кинеската провинција Хунан.

Инцидентот се случил утрово кога родителите ги носеле децата во училиште град. За сега нема информации за смртни случаи.

Исто така не е познато дали возачот изгубил контрола над возилото или е намерен чин.

Родителите и обезбедувањето го извлекоа возачот од џипот и го претепаа.

Пред само неколку дена во сличен инцидент во Кина загинаа повеќе од неколку десетици лица:

https://republika.mk/vesti/svet/chovek-nezadovolen-od-razvodot-vletal-so-dhip-vo-tolpa-luge-najmalku-35-mrtvi/

The post Повеќе лица и деца се повредени откако џип влета во нив пред основно училиште во Кина appeared first on Република.

]]>

Неколку деца и возрасни лица се повредени откако маж со џип удрил во нив пред основно училиште во градот Чангде во кинеската провинција Хунан. Инцидентот се случил утрово кога родителите ги носеле децата во училиште град. За сега нема информации за смртни случаи. Исто така не е познато дали возачот изгубил контрола над возилото или е намерен чин. Родителите и обезбедувањето го извлекоа возачот од џипот и го претепаа. Пред само неколку дена во сличен инцидент во Кина загинаа повеќе од неколку десетици лица: https://republika.mk/vesti/svet/chovek-nezadovolen-od-razvodot-vletal-so-dhip-vo-tolpa-luge-najmalku-35-mrtvi/

The post Повеќе лица и деца се повредени откако џип влета во нив пред основно училиште во Кина appeared first on Република.

]]>
Kомуницираат со очи, но се вознемируваат кога ќе ги видат семејствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/komunitsiraat-so-ochi-no-se-voznemiruvaat-koga-ke-gi-vidat-semejstvata/ Thu, 14 Nov 2024 18:34:07 +0000 https://republika.mk/?p=837659

Двајца од тројцата пациенти кои беа тешко повредени како последица од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се во свесна, но се уште тешка состојба, изјави за „Танјуг“ в.д. директор на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов.

Двајца пациенти се свесни и на кислородна поддршка, комуницираат со очите. Еден пациент сè уште е на апарати за вештачко дишење, рече Туркулов.

Таа додаде дека проблем се секундарните инфекции, а нема опуштање бидејќи повредите се обемни.

Секој ден се преврзуваат во холот, имаше по некоја ортопедска корекција, фиксирање на коските, а семејствата можат да ги гледаат секој ден, рече Туркулов.

Се организира и психолошка поддршка за свесните пациенти, бидејќи тие се вознемируваат кога ќе ги видат своите семејства.

The post Kомуницираат со очи, но се вознемируваат кога ќе ги видат семејствата appeared first on Република.

Две девојчиња повредени откако со нерегистриран мопед направија сообраќајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-devojchina-povredeni-otkako-so-neregistriran-moped-napravija-soobrakajka/ Thu, 14 Nov 2024 14:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=837613

Вчера во 13.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат од с.Извор кон с.Јасеново, општина Чашка, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од малолетничка од с.Извор, велешко и патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(77) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот од с.Извор, а со телесни повреди се здобила малолетничката која го управувала мопедот, констатирани во Општата болница Велес, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

The post Две девојчиња повредени откако со нерегистриран мопед направија сообраќајка appeared first on Република.

Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sostojbata-na-trojtsata-teshko-povredeni-vo-nesrekata-vo-novi-sad-ne-e-promeneta/ Fri, 08 Nov 2024 08:58:50 +0000 https://republika.mk/?p=835392

Вршителката на должност директорка на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов, утрово изјави дека состојбата на тројцата тешко повредени во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември се уште е непроменета.

Седми ден од борбата за живот, состојбата се уште е непроменета. Тие се уште витално загрозени, секој ден контролираме, секој ден Советот се состанува неколку пати во текот на денот, изјави Туркулов.

Таа додаде дека внимателно се следи нивната здравствена состојба, се прават дополнителни наоди, лабораториска дијагностика и така се одлучуваат понатамошните чекори.

The post Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета appeared first on Република.

]]>

Вршителката на должност директорка на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов, утрово изјави дека состојбата на тројцата тешко повредени во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември се уште е непроменета. Седми ден од борбата за живот, состојбата се уште е непроменета. Тие се уште витално загрозени, секој ден контролираме, секој ден Советот се состанува неколку пати во текот на денот, изјави Туркулов. Таа додаде дека внимателно се следи нивната здравствена состојба, се прават дополнителни наоди, лабораториска дијагностика и така се одлучуваат понатамошните чекори.

The post Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета appeared first on Република.

]]>
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/trojtsata-povredeni-vo-novi-sad-se-ushte-se-vo-teshka-sostojba/ Tue, 05 Nov 2024 09:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=834268

Состојбата на тројцата повредени по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се уште е сериозна. Поради трагедијата со загинувањето на 14 лица во Нови Сад велерва е најавен масовен протест, јави дописникот на МИА од Белград.

Директорот на Клиничкиот центар Војводина, Весна Туркулов изјави дека лекарите се уште се борат за животот на повредените.

Се уште се живи, што е охрабрувачка вест и тоа е добро, но состојбата се уште не е стабилизирана. Се прави дополнителна дијагностика, можни се некои дополнителни интервенции, но борбата за нивниот живот се уште трае, изјави д-р Туркулов.

Таа додаде дека тим од психолози и психијатри е вклучен и работи со семејствата за да им помогне во најтешките моменти.

Како што е најавено, опозицијата во 18 часот организира протест во близина на железничката станица.

Претставниците на активистичката група СвиЌе најавија дека за денешниот протест се планирани симболични активности и додадоа дека ќе одат „во се порадикални акции“.

Во понеделникот вечерта, активисти на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) закачија транспарент на Градското собрание на големо бело платно на кое со црвена боја беше испишано „Крвави ви се рацете“.

Во понеделникот непознати сторители искршија излози во просториите на два месни комитети на Српската напредна странка во Нови Сад, и офарабаа неколку простории со црвена боја со зборовите „Убијци“.

Министерот за градежништво Горан Весиќ вчера поднесе оставка, иако порача дека „не е виновен“.

Опозицијата бара оставка и од премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и од градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

The post Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба appeared first on Република.

Повредените во Нови Сад сè уште се во тешка состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/povredenite-vo-novi-sad-se-ushte-se-vo-teshka-sostojba/ Mon, 04 Nov 2024 09:29:18 +0000 https://republika.mk/?p=833896

Тројцата пациенти кои беа тешко повредени во падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се уште се во тешка состојба, а лекарите даваат се од себе во борба за нивните животи, изјави Весна Туркулов, директорка на Клиничкиот центар на Војводина.

Пациентите сè уште се во многу тешка состојба, сè уште се нестабилни. Лекарите од Клиничкиот центар прават максимални напори, има голем стручен тим, се бориме за нивниот живот, а дијагностиката е постојано во тек, рече Туркулов за Танјуг.

Таа додаде дека над пациентите се спроведува 24-часовен мониторинг, особено затоа што се работи за пациенти што лежат и оти тие се уште се на апарати за вештачко дишење.

Кога велам дијагностика, мислам пред се на скенери, поради можно внатрешно крварење. Тоа е најважно, рече Туркулов.

Според неа, повреди од овој тип можат да се видат само во случаи на земјотреси.

Крварењето и внатрешните модринки на сите ткива и органи – тоа е она што најмногу ги загрозува. Не надворешни трауми, туку тие повреди, рече директорката на КЦВ.

Клиничкиот центар не се занимава со прогнози, сметајќи дека тоа е неблагодарно бидејќи сите се уште се загрозени.

The post Повредените во Нови Сад сè уште се во тешка состојба appeared first on Република.

]]>

Тројцата пациенти кои беа тешко повредени во падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се уште се во тешка состојба, а лекарите даваат се од себе во борба за нивните животи, изјави Весна Туркулов, директорка на Клиничкиот центар на Војводина. Пациентите сè уште се во многу тешка состојба, сè уште се нестабилни. Лекарите од Клиничкиот центар прават максимални напори, има голем стручен тим, се бориме за нивниот живот, а дијагностиката е постојано во тек, рече Туркулов за Танјуг. Таа додаде дека над пациентите се спроведува 24-часовен мониторинг, особено затоа што се работи за пациенти што лежат и оти тие се уште се на апарати за вештачко дишење. Кога велам дијагностика, мислам пред се на скенери, поради можно внатрешно крварење. Тоа е најважно, рече Туркулов. Според неа, повреди од овој тип можат да се видат само во случаи на земјотреси. Крварењето и внатрешните модринки на сите ткива и органи – тоа е она што најмногу ги загрозува. Не надворешни трауми, туку тие повреди, рече директорката на КЦВ. Клиничкиот центар не се занимава со прогнози, сметајќи дека тоа е неблагодарно бидејќи сите се уште се загрозени.

The post Повредените во Нови Сад сè уште се во тешка состојба appeared first on Република.

]]>
Состојбата на тројцата повредени во несреќата во Нови Сад е многу сериозна, на двајца им се ампутирани нозете, на еден раката https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sostojbata-na-trojtsata-povredeni-vo-nesrekata-vo-novi-sad-e-mnogu-seriozna-na-dvajtsa-im-se-amputirani-nozete-na-eden-rakata/ Sun, 03 Nov 2024 10:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=833669

Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу сериозна, изјави денеска министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и наведе дека во саботата биле сослушани 26 лица во врска со несреќата, а денеска ќе бидат сослушани уште пет лица. Во Војводина е втор ден на жалост. Поради трагедијата во Нови Сад во Црна Гора денеска е Ден на жалост, јави дописникот на МИА од Белград.

Само тројца од 17-те кои беа под настрешницата преживеаја и повредите им се тешки, на еден од нив, момче родено 2006 година, му беа ампутирани нозете до глуждовите, на девојката родена 2000 или 2001 година и беа ампутирани нозете, додека на втората девојка и е ампутирана рака, изјави Дачиќ за РТС.

Тој посочи дека за виновниците за несреќата ќе биде утврдена кривична и политичка одговорност и наведе дека вчера по наредба на обвинител во новосадската полициска управа биле на распит 26 лица, меѓу кои и лица од Министерството за транспорт предводено од министерот Весиќ, но дека никој не е приведен затоа што само се собираат информации.

The post Состојбата на тројцата повредени во несреќата во Нови Сад е многу сериозна, на двајца им се ампутирани нозете, на еден раката appeared first on Република.

Четворица повредени во судир кај Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-povredeni-vo-sudir-kaj-struga/ Thu, 31 Oct 2024 11:17:58 +0000 https://republika.mk/?p=832737

Вчера во 17.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат од с.Биџево кон с.Драслајца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(31) од село Делогожда, струшко и патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш.(31) од Германија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Х.Ш. и сопатничка од возилото „голф“ А.Д.(28), а со телесни повреди се здобиле Т.Д. и сопатничката од возило „бмв“ , А.Х, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

The post Четворица повредени во судир кај Струга appeared first on Република.

]]>

Вчера во 17.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат од с.Биџево кон с.Драслајца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(31) од село Делогожда, струшко и патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш.(31) од Германија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Х.Ш. и сопатничка од возилото „голф“ А.Д.(28), а со телесни повреди се здобиле Т.Д. и сопатничката од возило „бмв“ , А.Х, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.  

The post Четворица повредени во судир кај Струга appeared first on Република.

]]>
Повредени двајца тинејџери кои ноќва со возило излетаа пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povredeni-dvajtsa-tinejdheri-koi-nokva-so-vozilo-izletaa-pat/ Tue, 01 Oct 2024 13:58:39 +0000 https://republika.mk/?p=821367

Ноќва во 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај надвозникот кај с.Проевце, кумановско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(18) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Кучкарево, кумановско, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

The post Повредени двајца тинејџери кои ноќва со возило излетаа пат appeared first on Република.

]]>

Ноќва во 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај надвозникот кај с.Проевце, кумановско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(18) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Кучкарево, кумановско, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

The post Повредени двајца тинејџери кои ноќва со возило излетаа пат appeared first on Република.

]]>
11 лица полесно повредени во несреќа на патот Куманово – Свети Николе https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/11-litsa-polesno-povredeni-vo-nesreka-na-patot-kumanovo-sveti-nikole/ Tue, 24 Sep 2024 09:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=819222

Повеќе лица се лесно повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 22 часот на крстосница на регионалниот пат Куманово-Свети Николе и булеварот „Трета МУБ“, соопштија денеска надлежните институции.

Од кумановската општа болница информираат дека повредените по опсервација се пуштени на домашно лекување.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(21) од Куманово и возило комбе „фолксваген крафтер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(53) од Свети Николе, по што возилото „форд“ удрило во запрено патничко возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(35) од Куманово. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачите А.Ѓ. и М.Т. и девет сопатници од возилото „крафтер“, констатирани во болницата во Куманово, информираа денеска од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Од кумановската болница велат дека се примени повеќе лица со телесни повреди.

Повредените се со лесни повреди. Само еден пациент сомнителен заради повредите компјутерски е сниман и по опсервација е пуштен дома со лесни повреди, изјави директорот на кумановската болница, Стефан Трајановски.

The post 11 лица полесно повредени во несреќа на патот Куманово – Свети Николе appeared first on Република.

]]>

Повеќе лица се лесно повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 22 часот на крстосница на регионалниот пат Куманово-Свети Николе и булеварот „Трета МУБ“, соопштија денеска надлежните институции. Од кумановската општа болница информираат дека повредените по опсервација се пуштени на домашно лекување.
Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(21) од Куманово и возило комбе „фолксваген крафтер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(53) од Свети Николе, по што возилото „форд“ удрило во запрено патничко возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(35) од Куманово. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачите А.Ѓ. и М.Т. и девет сопатници од возилото „крафтер“, констатирани во болницата во Куманово, информираа денеска од МВР.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово. Од кумановската болница велат дека се примени повеќе лица со телесни повреди.
Повредените се со лесни повреди. Само еден пациент сомнителен заради повредите компјутерски е сниман и по опсервација е пуштен дома со лесни повреди, изјави директорот на кумановската болница, Стефан Трајановски.

The post 11 лица полесно повредени во несреќа на патот Куманово – Свети Николе appeared first on Република.

]]>
Автомобил излета од патот кај Кратово: Сопатничката тешко повредена, возачот и детето поминале полесно https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobil-izleta-od-patot-kaj-kratovo-sopatnichkata-teshko-povredena-vozachot-i-deteto-pominale-polesno/ Sat, 14 Sep 2024 10:29:02 +0000 https://republika.mk/?p=816286

Вчера на магистралниот пат А-2 во селото Страцин, кратовско, автомобил управуван од Б.С.(59) од село Туралево, кратовско, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.А.(33) од Кратово, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото и малолетна сопатничка од Кратово, констатирани во Градската општа болница Куманово, објави МВР.

Извршен бил увид.

The post Автомобил излета од патот кај Кратово: Сопатничката тешко повредена, возачот и детето поминале полесно appeared first on Република.

]]>

Вчера на магистралниот пат А-2 во селото Страцин, кратовско, автомобил управуван од Б.С.(59) од село Туралево, кратовско, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.А.(33) од Кратово, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото и малолетна сопатничка од Кратово, констатирани во Градската општа болница Куманово, објави МВР. Извршен бил увид.

The post Автомобил излета од патот кај Кратово: Сопатничката тешко повредена, возачот и детето поминале полесно appeared first on Република.

]]>
Брачен пар повреден во пукотници во продавница во струмичко Ново Село https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/brachen-par-povreden-vo-pukotnitsi-vo-prodavnitsa-vo-strumichko-novo-selo/ Tue, 10 Sep 2024 09:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=814894

Ноќва околу 02.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица - Полициско одделение Ново Село го лишиле од слобода Д.С.(45) од село Долно Лакочереј, охридско.

Како што објаснуваат од МВР, рој, околу 01.50 часот, носејќи пиштол, влегол во продажен објект во село Ново Село, струмичко, со намера да изврши разбојништво, при што со пиштолот пукал кон сопружниците Б.М.(48) и М.М.(46).

Тој бил фатен на местото на настанот и бил задржан во Полициската станица Струмица, а повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица, при што биле пронајден пиштолот и чаури.

По целосно документирање на случајот, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

The post Брачен пар повреден во пукотници во продавница во струмичко Ново Село appeared first on Република.

]]>

Ноќва околу 02.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица - Полициско одделение Ново Село го лишиле од слобода Д.С.(45) од село Долно Лакочереј, охридско. Како што објаснуваат од МВР, рој, околу 01.50 часот, носејќи пиштол, влегол во продажен објект во село Ново Село, струмичко, со намера да изврши разбојништво, при што со пиштолот пукал кон сопружниците Б.М.(48) и М.М.(46). Тој бил фатен на местото на настанот и бил задржан во Полициската станица Струмица, а повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица, при што биле пронајден пиштолот и чаури. По целосно документирање на случајот, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.  

The post Брачен пар повреден во пукотници во продавница во струмичко Ново Село appeared first on Република.

]]>
Три жени тешко повредени во сообраќајна несреќа во Струмичко https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-zheni-teshko-povredeni-vo-soobrakajna-nesreka-vo-strumichko/ Thu, 29 Aug 2024 10:13:33 +0000 https://republika.mk/?p=811169

Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во Струмица, на крстосница од ул. „Агро берза“ и локален пат за село Просениково, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тико“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.И.(42) од Штип, и патничко возило „дфск“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од село Просениково, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во возилото „тико“ Б.И.(44), Р.И.(73) и М.И.(23), сите од Штип.

Повредите биле констатирани од страна на лекар од Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

The post Три жени тешко повредени во сообраќајна несреќа во Струмичко appeared first on Република.

]]>

Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во Струмица, на крстосница од ул. „Агро берза“ и локален пат за село Просениково, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тико“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.И.(42) од Штип, и патничко возило „дфск“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од село Просениково, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во возилото „тико“ Б.И.(44), Р.И.(73) и М.И.(23), сите од Штип. Повредите биле констатирани од страна на лекар од Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.  

The post Три жени тешко повредени во сообраќајна несреќа во Струмичко appeared first on Република.

]]>
Шестмина се возеле во кола – сите се повредени по судир https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shestmina-se-vozele-vo-kola-site-se-povredeni-po-sudir/ Mon, 19 Aug 2024 10:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=807904

Вчера во 16.06 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Сиричино - с.Желино, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Г.(82) од с.Сиричино и патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.А.(30) од с.Теарце, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Г., а со телесни повреди се здобил возачот В.А. и уште пет негови сопатнички од с.Теарце, од кои две малолетни, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од увидна екипа од СВР Тетово.

The post Шестмина се возеле во кола – сите се повредени по судир appeared first on Република.

]]>

Вчера во 16.06 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат с.Сиричино - с.Желино, тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Г.(82) од с.Сиричино и патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.А.(30) од с.Теарце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Г., а со телесни повреди се здобил возачот В.А. и уште пет негови сопатнички од с.Теарце, од кои две малолетни, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од увидна екипа од СВР Тетово.  

The post Шестмина се возеле во кола – сите се повредени по судир appeared first on Република.

]]>
Повредени тинејџер и двајца малолетници, со автомобил излетале од пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povredeni-tinejdher-i-dvajtsa-maloletnitsi-so-avtomobil-izletale-od-pat/ Mon, 12 Aug 2024 12:32:18 +0000 https://republika.mk/?p=805855

На 11.08.2024 околу 22.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат од с.Ропаљце кон село с.Никуштак, липковско, патничко возило „нисан“ со кумановски регистарски ознаки, упраувано од И.С.(18) од с.Ропаљце, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека двајца малолетни сопатници се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово.

The post Повредени тинејџер и двајца малолетници, со автомобил излетале од пат appeared first on Република.

]]>

На 11.08.2024 околу 22.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат од с.Ропаљце кон село с.Никуштак, липковско, патничко возило „нисан“ со кумановски регистарски ознаки, упраувано од И.С.(18) од с.Ропаљце, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека двајца малолетни сопатници се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово.

The post Повредени тинејџер и двајца малолетници, со автомобил излетале од пат appeared first on Република.

]]>
Четиричлено семејство од Македонија повредено во сообраќајна несреќа во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetirichleno-semejstvo-od-makedonija-povredeno-vo-soobrakajna-nesreka-vo-grtsija/ Fri, 09 Aug 2024 11:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=804947

Четиричлено семејство од Македонија е повредено во сообраќајна несреќа што рано утрово се случила на автопатот кон Солун при влез во Грција, откако, од засега непознати причини, автомобилот излетал од патот, а според локалните медиуми, сите патници биле пренесени во болница, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што пишуваат медиумите од северна Грција, несреќата се случила околу 8,15 часот утрово, а во возилото се превезувал брачен пар на возраст од 48 и 50 години и нивните две малолетни деца на 11 и 15 години.

Автомобилот излетал од патот и се превртил, а во сообраќајката не учествувале други возила.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека десет пожарникари со шест возила интервенирале за мажот да биде извлечен од превртеното возило, по што со возило на брза помош бил пренесен во болница.

The post Четиричлено семејство од Македонија повредено во сообраќајна несреќа во Грција appeared first on Република.

]]>

Четиричлено семејство од Македонија е повредено во сообраќајна несреќа што рано утрово се случила на автопатот кон Солун при влез во Грција, откако, од засега непознати причини, автомобилот излетал од патот, а според локалните медиуми, сите патници биле пренесени во болница, јави дописничката на МИА од Атина. Како што пишуваат медиумите од северна Грција, несреќата се случила околу 8,15 часот утрово, а во возилото се превезувал брачен пар на возраст од 48 и 50 години и нивните две малолетни деца на 11 и 15 години. Автомобилот излетал од патот и се превртил, а во сообраќајката не учествувале други возила. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека десет пожарникари со шест возила интервенирале за мажот да биде извлечен од превртеното возило, по што со возило на брза помош бил пренесен во болница.

The post Четиричлено семејство од Македонија повредено во сообраќајна несреќа во Грција appeared first on Република.

]]>
МВР откри детали за убиството во Дебреше: Приведени се три лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-otkri-detali-za-ubistvoto-vo-debreshe-privedeni-se-tri-litsa/ Tue, 23 Jul 2024 18:15:25 +0000 https://republika.mk/?p=799651

Полициски службеници од СВР Тетово попладнево (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17:15 часот.

Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција “обрач” за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите.

По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј.В (31) и Љ.В. (32), а пронајдена е и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото “волво” со кое сторителите се одддалечиле од местото на настанот.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.

The post МВР откри детали за убиството во Дебреше: Приведени се три лица appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Тетово попладнево (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17:15 часот. Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција “обрач” за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј.В (31) и Љ.В. (32), а пронајдена е и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото “волво” со кое сторителите се одддалечиле од местото на настанот. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.  

The post МВР откри детали за убиството во Дебреше: Приведени се три лица appeared first on Република.

]]>
Шестмина повредени, меѓу кои и деца, во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shestmina-povredeni-megu-koi-i-detsa-vo-soobrakajka-na-patot-gostivar-kichevo/ Sun, 21 Jul 2024 16:03:20 +0000 https://republika.mk/?p=798958

Шест лица се повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево.

Вчера во 11.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Трапчин Дол, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.Ф.(74) од Скопје и патничко возило „тојота“ со чешки национални ознаки, управувано од П.Х.(44) од Република Чешка.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Т.Ф. и А.Х.(78) од Република Чешка, сопатничка од возилото „тојота“, додека со телесни повреди се здобиле возачот П.Х. и тројца негови сопатници, П.С.Х.(44) и двајца малолетници, сите од Република Чешка, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

The post Шестмина повредени, меѓу кои и деца, во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево appeared first on Република.

]]>

Шест лица се повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево. Вчера во 11.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Трапчин Дол, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.Ф.(74) од Скопје и патничко возило „тојота“ со чешки национални ознаки, управувано од П.Х.(44) од Република Чешка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Т.Ф. и А.Х.(78) од Република Чешка, сопатничка од возилото „тојота“, додека со телесни повреди се здобиле возачот П.Х. и тројца негови сопатници, П.С.Х.(44) и двајца малолетници, сите од Република Чешка, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

The post Шестмина повредени, меѓу кои и деца, во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево appeared first on Република.

]]>
Четворица повредени: Автомобил удри во паркирано возило на автопатот Куманово-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-povredeni-avtomobil-udri-vo-parkirano-vozilo-na-avtopatot-kumanovo-skopje/ Fri, 19 Jul 2024 11:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=798436

На 18.07.2024 во 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Џ.(22) од Скопје, удрило во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, паркирано од Л.С.(20) од Куманово.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а двајца сопатници од запреното возило, М.М.(20) и М.Т.(20), двајцата од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

The post Четворица повредени: Автомобил удри во паркирано возило на автопатот Куманово-Скопје appeared first on Република.

]]>

На 18.07.2024 во 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Џ.(22) од Скопје, удрило во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, паркирано од Л.С.(20) од Куманово. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а двајца сопатници од запреното возило, М.М.(20) и М.Т.(20), двајцата од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

The post Четворица повредени: Автомобил удри во паркирано возило на автопатот Куманово-Скопје appeared first on Република.

]]>
Четворица повредени во сообраќајка меѓу трактор и автомобил https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvoritsa-povredeni-vo-soobrakajka-megu-traktor-i-avtomobil/ Mon, 15 Jul 2024 10:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=796978

На 14.07.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека помеѓу село Ропотово и село Сарандиново, општина Долнени се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд галакси“, управувано од А.Ч.(44) од с.Дебреште, прилепско и трактор „тафе“ со приколка, управуван од Ж.В.(62) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот Ж.В., а со телесни повреди се здобиле тројца сопатници од возилото „форд галакси“, А.Ч.(71), М.Ч.(74) и една малолетничка, сите од село Дебреште, констатирани во Градската болница Прилеп, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

The post Четворица повредени во сообраќајка меѓу трактор и автомобил appeared first on Република.

]]>

На 14.07.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека помеѓу село Ропотово и село Сарандиново, општина Долнени се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд галакси“, управувано од А.Ч.(44) од с.Дебреште, прилепско и трактор „тафе“ со приколка, управуван од Ж.В.(62) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот Ж.В., а со телесни повреди се здобиле тројца сопатници од возилото „форд галакси“, А.Ч.(71), М.Ч.(74) и една малолетничка, сите од село Дебреште, констатирани во Градската болница Прилеп, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

The post Четворица повредени во сообраќајка меѓу трактор и автомобил appeared first on Република.

]]>