повредена жане Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povredena-zhane/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 10:14:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png повредена жане Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povredena-zhane/ 32 32 Повредена жена пронајдена на автопат кај Демир Капија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povredena-zhena-pronajdena-na-avtopat-kaj-demir-kapija/ Sat, 13 Jul 2024 10:14:49 +0000 https://republika.mk/?p=796361

Повредена жена била пронајдена синоќа на автопатот кај Демир Капија, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Синоќа во 19:50 часот на автопатот А1 Демир Капија - Неготино, по наплатна станица „Демир Капија“, покрај десната коловозна лента, полициски службеници од ОВР - Неготино ја пронашле С.М., на возраст од 49 години од Република Србија, која била со повреди на телото. Извршен е разговор со нејзиниот сопруг Б.М., на возраст од 52 години од Република Србија, кој кажал дека враќајќи се со С.М. и нивните малолетни син и внука од одмор од Република Грција, С.М., која имала здравствени проблеми физички го нападнала, по што настанала физичка пресметка и тој го запрел возилото, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничен премин „Табановце“, појаснија од СВР - Велес.

Од страна на Итна медицинска помош - Неготино на С.М. и била укажана лекарска помош, по што била пренесена во здравствена установа „Негорци“. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

The post Повредена жена пронајдена на автопат кај Демир Капија appeared first on Република.

]]>

Повредена жена била пронајдена синоќа на автопатот кај Демир Капија, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Синоќа во 19:50 часот на автопатот А1 Демир Капија - Неготино, по наплатна станица „Демир Капија“, покрај десната коловозна лента, полициски службеници од ОВР - Неготино ја пронашле С.М., на возраст од 49 години од Република Србија, која била со повреди на телото. Извршен е разговор со нејзиниот сопруг Б.М., на возраст од 52 години од Република Србија, кој кажал дека враќајќи се со С.М. и нивните малолетни син и внука од одмор од Република Грција, С.М., која имала здравствени проблеми физички го нападнала, по што настанала физичка пресметка и тој го запрел возилото, ја оставил С.М. покрај патот и заминал со децата кон граничен премин „Табановце“, појаснија од СВР - Велес. Од страна на Итна медицинска помош - Неготино на С.М. и била укажана лекарска помош, по што била пренесена во здравствена установа „Негорци“. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

The post Повредена жена пронајдена на автопат кај Демир Капија appeared first on Република.

]]>