поворка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povorka/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Apr 2024 13:09:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поворка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povorka/ 32 32 Лазаровите каланди одекнаа во главниот град на нашата држава https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/lazarovite-kalandi-odeknaa-vo-glavniot-grad-na-nashata-drzhava/ Sat, 27 Apr 2024 13:09:01 +0000 https://republika.mk/?p=771672

За првпат во главниот град на Републиката, а по пример на минатогодишниот празничен настан во Кичево кој беше организиран од хорот „Митрополит Козма Пречистантски", и оваа година во градот Скопје се одржа свечена празнична поворка по повод празникот на Лазаревото Воскресение (Лазарева Сабота).

Голем број дечиња, заедно со своите родители, како и професионални музичари, со пеење придружено од традиционални музички инструменти и со гранчиња во рацете, тргнаа од Плоштад „Македонија“ и се упатија кон Градскиот Трговски Центар, како и во Diamond Mall, каде имаа музички настап со кој беа восхитени сите присутни.

Поворката беше поддржана од сите случајни минувачи кои со нескриена радост и воодушевување и се приклучуваа.

Пеењето на најрадосните каланди, кое се случи не само во Скопје, туку и во Кичево и Реканскиот крај, најсоодветно и во православен дух го најави Празникот над Празниците - Воскресението Христово.

 

The post Лазаровите каланди одекнаа во главниот град на нашата држава appeared first on Република.

]]>

За првпат во главниот град на Републиката, а по пример на минатогодишниот празничен настан во Кичево кој беше организиран од хорот „Митрополит Козма Пречистантски", и оваа година во градот Скопје се одржа свечена празнична поворка по повод празникот на Лазаревото Воскресение (Лазарева Сабота). Голем број дечиња, заедно со своите родители, како и професионални музичари, со пеење придружено од традиционални музички инструменти и со гранчиња во рацете, тргнаа од Плоштад „Македонија“ и се упатија кон Градскиот Трговски Центар, како и во Diamond Mall, каде имаа музички настап со кој беа восхитени сите присутни. Поворката беше поддржана од сите случајни минувачи кои со нескриена радост и воодушевување и се приклучуваа. Пеењето на најрадосните каланди, кое се случи не само во Скопје, туку и во Кичево и Реканскиот крај, најсоодветно и во православен дух го најави Празникот над Празниците - Воскресението Христово.  

The post Лазаровите каланди одекнаа во главниот град на нашата држава appeared first on Република.

]]>
Повторно отворен пристапот до поворката за Вестминстер, за збогување со кралицата се чека повеќе од 24 часа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povtorno-otvoren-pristapot-do-povorkata-za-vestminster-za-zboguvanje-so-kralicata-se-cheka-povekje-od-24-chasa/ Fri, 16 Sep 2022 18:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=551572

Британските власти повторно дозволија пристап на сите оние кои сакаат да се збогуваат со Кралицата Елизабета Втора, што времено беше стопирано поради должината на поворката за влез во Вестминстерската палата каде е изложен ковчегот со нејзините посмртни останки.

Пристапот до поворката е обновен. Внимавајте, се чека повеќе од 24 часа, а температурите ќе бидат ниски во текот на ноќта, предупредуваат од Владата, притоа посочувајќи на можноста од повторно затворање на пристапот кон колоната.

Легендата на британскиот фудбал Дејвид Бекам денеска беше во поворката, а проценка е дека чекал во редицата повеќе од десет часа.

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде в понеделник. Се очекува за церемонијата да допатуваат над 500 претставници од двеста држави, соопшти денеска британскиот Форин Офис. Меѓу нив има речиси сто шефови на држави и шефови на влади, како и над дваесет членови на кралски семејства.

The post Повторно отворен пристапот до поворката за Вестминстер, за збогување со кралицата се чека повеќе од 24 часа appeared first on Република.

]]>

Британските власти повторно дозволија пристап на сите оние кои сакаат да се збогуваат со Кралицата Елизабета Втора, што времено беше стопирано поради должината на поворката за влез во Вестминстерската палата каде е изложен ковчегот со нејзините посмртни останки. Пристапот до поворката е обновен. Внимавајте, се чека повеќе од 24 часа, а температурите ќе бидат ниски во текот на ноќта, предупредуваат од Владата, притоа посочувајќи на можноста од повторно затворање на пристапот кон колоната. Легендата на британскиот фудбал Дејвид Бекам денеска беше во поворката, а проценка е дека чекал во редицата повеќе од десет часа. Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде в понеделник. Се очекува за церемонијата да допатуваат над 500 претставници од двеста држави, соопшти денеска британскиот Форин Офис. Меѓу нив има речиси сто шефови на држави и шефови на влади, како и над дваесет членови на кралски семејства.

The post Повторно отворен пристапот до поворката за Вестминстер, за збогување со кралицата се чека повеќе од 24 часа appeared first on Република.

]]>