поволна дестинација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povolna-destinatsija/ За подобро да се разбереме Thu, 11 May 2023 11:46:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поволна дестинација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povolna-destinatsija/ 32 32 Ковачевски: Странските инвеститори нè препознаваат како поволна дестинација за нови инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-stranskite-investitori-ne-prepoznavaat-kako-povolna-destinatsija-za-novi-investitsii/ Thu, 11 May 2023 11:46:14 +0000 https://republika.mk/?p=639699

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во технолошко-индустриската развојна зона Штип присуствуваше и се обрати на означувањето на почетокот на градежните работи на нова фабрика, инвестиција на „Магна Мехатроникс“, која произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти и е една од групациите на канадската компанија „Магна Интернационал“.

„Магна Интернационал“ е една од најреномираните светски компании, која е специјализирана да дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите позначајни производители на автомобили во светот. Се работи за проширување на опсегот на работа на компанијата со нов инвестициски проект, покрај фабриката на компанијата во ТИРЗ Струга.

„Оваа инвестиција ја надополнува листата на најзначајни големи инвестиции од светски реномирани компании, кои ја одбираат токму нашата држава како нивна инвеститорска дестинација. Ова е јасен сигнал дека Македонија нуди поволен и предвидлив деловен амбиент за компаниите, за нови инвестиции. Тоа е резултат на нашите стратешки политики, како што е членството во НАТО, како и почетокот на преговорите со Европската Унија. Доаѓањето на странски познати компании кај нас значи повисок инвеститорски рејтинг, отворање на нови и подобро платени работни места, а за нашите граѓани повисоки плати и можности за докажување на стручноста и умешноста на светските пазари. Технолошко-индустриските развојни зони се моторот на нашата економија, а компаниите како „Магна Мехатроникс“ се компании коишто го зголемуваат не само бројот на работни места во државата, не само БДП, туку и меѓународното реноме на нашата држава“, рече премиерот Ковачевски, во своето обраќање пред присутните на настанот.

Спомнувајќи ги последните значајни инвестиции меѓу кои се оние на „Герејсхајмер“ и „Јагео“, премиерот Ковачевски ги потенцираше резултатите постигнати во технолошко-индустриските развојни зони.

„Бројот на вработени во технолошки-индустриските развојни зони во април годинава повторно бележи раст и достигна 16.700, што е за 15% повеќе од април 2022 година, односно 20% повеќе од 2021 година. Продолжува и растот на извозот кој заклучно со април достигна 1.2 милијарди евра. Само во април, компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 277 милиони евра што е за 12% споредено со април минатата година. Бележиме и пораст на приливите во Буџетот, каде компаниите во зоните, уплатиле 35% повеќе средства во Буџетот на државата во 2022 година споредено со 2021 година. Односно за едно евро исплатено од државата, компаниите назад во буџетот враќаат најмалку четири евра. За Македонија како успешна приказна, ќе се слуша сè повеќе и повеќе! Одиме напред и само напред, со нови успеси, со нови инвестиции, отвораме нови работни места и ја развиваме домашната економија“, нагласи премиерот Ковачевски на настанот.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски нагласи дека е задоволство по една година преговори да се присуствува на камен темелник за новата фабрика на „Магна Мехатроникс“.

„Со оваа инвестиција обезбедуваме право на пристоен живот за најмалку б00 наши сограѓани од овој регион со плати 20% над државниот просек. Ова е пример и вистински модел на соработка на одговорни политичари и институции преку кои покажуваме дека може да испорачаме конкретни резултати за граѓаните. Изразувам благодарност на премиерот Ковачевски за несебичната поддршка од почеток на преговорите и што подметна грб во клучни моменти за процесот да се движи побрзо“, изјави директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, изразувајќи благодарност и до тимот на ТИРЗ и до градоначалникот на Штип, Иван Јорданов за поддршката на проектот.

„Нашата втора постројка во Македонија претставува уште една одредница на нашето патување кон проширување на нашата работа и способности во регионот, како и поддршка на нашите клиенти со иновативни производи од светска класа. Благодарни сме за поддршката што ни ја дава Владата и остануваме посветени на истражување дополнителни можности за раст“, рече потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“, Дејвид Креспи во своето обраќање на настанот.

The post Ковачевски: Странските инвеститори нè препознаваат како поволна дестинација за нови инвестиции appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во технолошко-индустриската развојна зона Штип присуствуваше и се обрати на означувањето на почетокот на градежните работи на нова фабрика, инвестиција на „Магна Мехатроникс“, која произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти и е една од групациите на канадската компанија „Магна Интернационал“. „Магна Интернационал“ е една од најреномираните светски компании, која е специјализирана да дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите позначајни производители на автомобили во светот. Се работи за проширување на опсегот на работа на компанијата со нов инвестициски проект, покрај фабриката на компанијата во ТИРЗ Струга. „Оваа инвестиција ја надополнува листата на најзначајни големи инвестиции од светски реномирани компании, кои ја одбираат токму нашата држава како нивна инвеститорска дестинација. Ова е јасен сигнал дека Македонија нуди поволен и предвидлив деловен амбиент за компаниите, за нови инвестиции. Тоа е резултат на нашите стратешки политики, како што е членството во НАТО, како и почетокот на преговорите со Европската Унија. Доаѓањето на странски познати компании кај нас значи повисок инвеститорски рејтинг, отворање на нови и подобро платени работни места, а за нашите граѓани повисоки плати и можности за докажување на стручноста и умешноста на светските пазари. Технолошко-индустриските развојни зони се моторот на нашата економија, а компаниите како „Магна Мехатроникс“ се компании коишто го зголемуваат не само бројот на работни места во државата, не само БДП, туку и меѓународното реноме на нашата држава“, рече премиерот Ковачевски, во своето обраќање пред присутните на настанот. Спомнувајќи ги последните значајни инвестиции меѓу кои се оние на „Герејсхајмер“ и „Јагео“, премиерот Ковачевски ги потенцираше резултатите постигнати во технолошко-индустриските развојни зони. „Бројот на вработени во технолошки-индустриските развојни зони во април годинава повторно бележи раст и достигна 16.700, што е за 15% повеќе од април 2022 година, односно 20% повеќе од 2021 година. Продолжува и растот на извозот кој заклучно со април достигна 1.2 милијарди евра. Само во април, компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 277 милиони евра што е за 12% споредено со април минатата година. Бележиме и пораст на приливите во Буџетот, каде компаниите во зоните, уплатиле 35% повеќе средства во Буџетот на државата во 2022 година споредено со 2021 година. Односно за едно евро исплатено од државата, компаниите назад во буџетот враќаат најмалку четири евра. За Македонија како успешна приказна, ќе се слуша сè повеќе и повеќе! Одиме напред и само напред, со нови успеси, со нови инвестиции, отвораме нови работни места и ја развиваме домашната економија“, нагласи премиерот Ковачевски на настанот. Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски нагласи дека е задоволство по една година преговори да се присуствува на камен темелник за новата фабрика на „Магна Мехатроникс“. „Со оваа инвестиција обезбедуваме право на пристоен живот за најмалку б00 наши сограѓани од овој регион со плати 20% над државниот просек. Ова е пример и вистински модел на соработка на одговорни политичари и институции преку кои покажуваме дека може да испорачаме конкретни резултати за граѓаните. Изразувам благодарност на премиерот Ковачевски за несебичната поддршка од почеток на преговорите и што подметна грб во клучни моменти за процесот да се движи побрзо“, изјави директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, изразувајќи благодарност и до тимот на ТИРЗ и до градоначалникот на Штип, Иван Јорданов за поддршката на проектот. „Нашата втора постројка во Македонија претставува уште една одредница на нашето патување кон проширување на нашата работа и способности во регионот, како и поддршка на нашите клиенти со иновативни производи од светска класа. Благодарни сме за поддршката што ни ја дава Владата и остануваме посветени на истражување дополнителни можности за раст“, рече потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“, Дејвид Креспи во своето обраќање на настанот.

The post Ковачевски: Странските инвеститори нè препознаваат како поволна дестинација за нови инвестиции appeared first on Република.

]]>