повластена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povlastena/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Nov 2022 11:15:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png повластена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povlastena/ 32 32 Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/utre-istekuva-rokot-za-apliciranje-za-snabduvanje-so-struja-po-povlastena-cena-2/ Tue, 22 Nov 2022 11:15:33 +0000 https://republika.mk/?p=576879

Да се искористи можноста и да се поднесе документација за снабдување со електрична енергија по повластени цена преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември со оглед дека рокот истекува утре, апелираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

До 23 ноември е продолжен рокот од страна АД ЕСМ. Околу 1000 компании тоа можат да го направат согласно со податоците од Централен регистар во делот на нивната регистрација со шифра на дејност кои се предвидени во одлуката. До пред два-три дена беше околу 300 бројот на компаниите кои веќе доставиле апликација. Ги повикувам сите компании да ја искористат можноста заради тоа што од 1 декември и во делот на трговијата ќе следат дополнителни мерки кои ќе бидат предложени од страна на Министерството за економија - рече Бектеши, на новинарско прашање по прес-конференцијата на која информираше за остварените заштеди на струја во октомври годинава од страна на државните институции.

Според Бектеши, почнал трендот на намалување на цените на основните прехранбени производи. Тој најави дека ќе бара нивно дополнително намалување од 1 декември, а во случај да нема намалување, како што најави и претходно, ќе следат казни.

Согласно со одлуката на Владата, за снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1 декември ќе можат можат да аплицираат дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта. Целта на одлуката е да се спречи растот на цените на основните прехранбени производи, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата во текот на целиот есенски и зимски период.

Договори со ЕСМ продажба може да склучат физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност со главна приходна шифра – 01.47 oдгледување на живина, 10.11 преработка и конзервирање на месо, 10.12 преработка и конзервирање на живинско месо, 10.13 производство на животинско и живинско месо, 10.41 производство на масла и масти, 10.51 преработка на млеко и производство на млечни производи, 10.61 производство на мелнички производи, 10.71 производство на леб; слатки (колачи и торти) во свежа состојба и бисквити (кекси), и 10.89 производство на останати преxранбени производи, неспомнати на друго место (само за производство на квасец). Исто така, договор може да склучат и потрошувачи на електрична енергија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни и/или пречистителни станици и основни и средни јавни училишта.

За физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија ЕСМ ќе нуди повластена цена на електричната енергија од 80 евра за мегават час исклучиво за потрошувачката на броилата за директно извршување на приоритетната дејност, односно исклучиво за производствениот процес. За јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици повластената цена ќе биде 95 евра за мегават час исто како и за 365-те основни и 109-те средни јавни училишта и за јавните здравствени установи.

The post Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена appeared first on Република.

]]>

Да се искористи можноста и да се поднесе документација за снабдување со електрична енергија по повластени цена преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември со оглед дека рокот истекува утре, апелираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
До 23 ноември е продолжен рокот од страна АД ЕСМ. Околу 1000 компании тоа можат да го направат согласно со податоците од Централен регистар во делот на нивната регистрација со шифра на дејност кои се предвидени во одлуката. До пред два-три дена беше околу 300 бројот на компаниите кои веќе доставиле апликација. Ги повикувам сите компании да ја искористат можноста заради тоа што од 1 декември и во делот на трговијата ќе следат дополнителни мерки кои ќе бидат предложени од страна на Министерството за економија - рече Бектеши, на новинарско прашање по прес-конференцијата на која информираше за остварените заштеди на струја во октомври годинава од страна на државните институции.
Според Бектеши, почнал трендот на намалување на цените на основните прехранбени производи. Тој најави дека ќе бара нивно дополнително намалување од 1 декември, а во случај да нема намалување, како што најави и претходно, ќе следат казни. Согласно со одлуката на Владата, за снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1 декември ќе можат можат да аплицираат дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта. Целта на одлуката е да се спречи растот на цените на основните прехранбени производи, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата во текот на целиот есенски и зимски период. Договори со ЕСМ продажба може да склучат физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност со главна приходна шифра – 01.47 oдгледување на живина, 10.11 преработка и конзервирање на месо, 10.12 преработка и конзервирање на живинско месо, 10.13 производство на животинско и живинско месо, 10.41 производство на масла и масти, 10.51 преработка на млеко и производство на млечни производи, 10.61 производство на мелнички производи, 10.71 производство на леб; слатки (колачи и торти) во свежа состојба и бисквити (кекси), и 10.89 производство на останати преxранбени производи, неспомнати на друго место (само за производство на квасец). Исто така, договор може да склучат и потрошувачи на електрична енергија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни и/или пречистителни станици и основни и средни јавни училишта. За физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија ЕСМ ќе нуди повластена цена на електричната енергија од 80 евра за мегават час исклучиво за потрошувачката на броилата за директно извршување на приоритетната дејност, односно исклучиво за производствениот процес. За јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици повластената цена ќе биде 95 евра за мегават час исто како и за 365-те основни и 109-те средни јавни училишта и за јавните здравствени установи.

The post Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена appeared first on Република.

]]>
АЕТМ и МАСИТ со иницијатива за прецизирање на повластената стапка за ДДВ за софтверски решенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/aetm-i-masit-so-inicijativa-za-preciziranje-na-povlastenata-stapka-za-ddv-za-softverski-reshenija/ Mon, 07 Feb 2022 10:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=455047

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, заеднички предлагаат измена на Законот за данок на додена вредност чија цел е прецизирање на повластената стапка од 5 отсто ДДВ за софтверски решенија, вклучително и на решенија за е-трговија, која, како што велат, е потребна со цел елиминирање на можностите за различни и субјективни толкувања.

Од АЕТМ и МАСИТ потенцираат дека Законот за данокот на додадена вредност од самото воведување ги опфаќа дејностите од доменот на ИКТ индустријата на многу базично ниво, користејќи терминологија дефинирана во 2007 година кога се овозможува примена на повластена даночна стапка од 5 проценти за овој вид на услуги со цел стимулирање на развојот на информатичкото општество.

-Несомнено е дека брзите промени кои се случуваат како резултат на развојот на технологиите претставуваат предизвик за регулативата насекаде во светот, која едноставно не може да ги прати промените. Потребни се нови начини на дизајнирање на регулатива која ќе обезбеди безбедност и доверба, а истовремено ќе обезбеди поволна околина за раст и развој. Сепак овој случај кој е предмет на нашата иницијатива не е предизвик од таков тип, едноставно се работи за терминoлогија со недоречености која е неопходно да се обнови. Нема идеална регулатива и постојано ќе треба промени, затоа клучна е брзината и отворeноста за постојани промени. Само така ќе успеeме постојано да ја подобруваме бизнис климата,  вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

АЕТМ и МАСИТ предлагаат прецизно дефинирање и измена на ставот во Развој на софтверски решенија,вклучително веб апликации, веб страни, решенија за е-трговија и мобилни апликации, софтверски лиценци и одржување на софтверски решенија

Користењето на терминологија која не обезбедува прецизност при алоцирањето на одделниот промет на добра и услуги, како што велат, создава простор за различни толкувања за користење на правото на примена на повластена стапка од 5 отсто од страна на засегнатите страни во деловниот свет.

Додаваат дека ИКТ индустријата во последните години бележи постојан раст не само во остварените приходи туку и во бројот на компании, бројот на вработени, извозот и вработува млади и перспективни кадри со плати повеќе од двојно повисоки од просекот на ниво на држава.

-Владата треба да обезбеди поволна клима за понатамошен раст и развој на ИКТ идустријата која игра клучна улога во дигиталната економија, а најмалку што може е да го слушне гласот на заедницата кога се соочува со проблеми и да одговори со промени во насока на јасни правила за сите, објаснува претседателката на Управниот одбор на МАСИТ, Анета Антова Пешева.

Заклучуваат дека прецизното дефинирање на ставките во законот ќе придонесе за јасна дистинкција на ставките што подлежат на повластена стапка од 5 отсто, сметаат дека со тоа ќе се намали и просторот за субјективни разбирања на предметната проблематика и ќе се намали просторот за различни толкувања од страна на засегнатите страни.

The post АЕТМ и МАСИТ со иницијатива за прецизирање на повластената стапка за ДДВ за софтверски решенија appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, заеднички предлагаат измена на Законот за данок на додена вредност чија цел е прецизирање на повластената стапка од 5 отсто ДДВ за софтверски решенија, вклучително и на решенија за е-трговија, која, како што велат, е потребна со цел елиминирање на можностите за различни и субјективни толкувања. Од АЕТМ и МАСИТ потенцираат дека Законот за данокот на додадена вредност од самото воведување ги опфаќа дејностите од доменот на ИКТ индустријата на многу базично ниво, користејќи терминологија дефинирана во 2007 година кога се овозможува примена на повластена даночна стапка од 5 проценти за овој вид на услуги со цел стимулирање на развојот на информатичкото општество.
-Несомнено е дека брзите промени кои се случуваат како резултат на развојот на технологиите претставуваат предизвик за регулативата насекаде во светот, која едноставно не може да ги прати промените. Потребни се нови начини на дизајнирање на регулатива која ќе обезбеди безбедност и доверба, а истовремено ќе обезбеди поволна околина за раст и развој. Сепак овој случај кој е предмет на нашата иницијатива не е предизвик од таков тип, едноставно се работи за терминoлогија со недоречености која е неопходно да се обнови. Нема идеална регулатива и постојано ќе треба промени, затоа клучна е брзината и отворeноста за постојани промени. Само така ќе успеeме постојано да ја подобруваме бизнис климата,  вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.
АЕТМ и МАСИТ предлагаат прецизно дефинирање и измена на ставот во Развој на софтверски решенија,вклучително веб апликации, веб страни, решенија за е-трговија и мобилни апликации, софтверски лиценци и одржување на софтверски решенија Користењето на терминологија која не обезбедува прецизност при алоцирањето на одделниот промет на добра и услуги, како што велат, создава простор за различни толкувања за користење на правото на примена на повластена стапка од 5 отсто од страна на засегнатите страни во деловниот свет. Додаваат дека ИКТ индустријата во последните години бележи постојан раст не само во остварените приходи туку и во бројот на компании, бројот на вработени, извозот и вработува млади и перспективни кадри со плати повеќе од двојно повисоки од просекот на ниво на држава.
-Владата треба да обезбеди поволна клима за понатамошен раст и развој на ИКТ идустријата која игра клучна улога во дигиталната економија, а најмалку што може е да го слушне гласот на заедницата кога се соочува со проблеми и да одговори со промени во насока на јасни правила за сите, објаснува претседателката на Управниот одбор на МАСИТ, Анета Антова Пешева.
Заклучуваат дека прецизното дефинирање на ставките во законот ќе придонесе за јасна дистинкција на ставките што подлежат на повластена стапка од 5 отсто, сметаат дека со тоа ќе се намали и просторот за субјективни разбирања на предметната проблематика и ќе се намали просторот за различни толкувања од страна на засегнатите страни.

The post АЕТМ и МАСИТ со иницијатива за прецизирање на повластената стапка за ДДВ за софтверски решенија appeared first on Република.

]]>
Струмичани оваа година ќе добиваат субвенционирана цена за греење на гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/strumichani-ovaa-godina-kje-dobivaat-subvencionirana-cena-za-greenje-na-gas/ Sun, 02 Jan 2022 11:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=439540

Општина Струмица ќе ја субвенционира цената на гасот со 10 денари. За таа намена предвидени се 3 милиони денари во Буџетот за идната година.

Вака кажа градоначалникот на Струмица - Костадин Костадинов со цел да ги мотивира струмичани да се приклучат на гасоводната мрежа бидејќи природниот гас е најефтин и најеколошки енергенс со што ќе се придонесе да се намали аерозагаденоста во Струмица.

Во Струмица на гас се греат околу 400 физички и правни лица. Изградена е секундарна гасоводна мрежа од 40 километри.

Приклучокот на гасоводната мрежа во Струмица за домаќинства со вградување на мерно регулационен сет се движи од 600 до 800 евра во зависност од објектот.

Општина Струмица неколку години наназад издвојуваше субвенции од 100 евра за приклучување на мрежата, но сега одлучи да ја субвенционира цената на гасот со 10 денари за потрошен кубен метар.

The post Струмичани оваа година ќе добиваат субвенционирана цена за греење на гас appeared first on Република.

]]>

Општина Струмица ќе ја субвенционира цената на гасот со 10 денари. За таа намена предвидени се 3 милиони денари во Буџетот за идната година. Вака кажа градоначалникот на Струмица - Костадин Костадинов со цел да ги мотивира струмичани да се приклучат на гасоводната мрежа бидејќи природниот гас е најефтин и најеколошки енергенс со што ќе се придонесе да се намали аерозагаденоста во Струмица. Во Струмица на гас се греат околу 400 физички и правни лица. Изградена е секундарна гасоводна мрежа од 40 километри. Приклучокот на гасоводната мрежа во Струмица за домаќинства со вградување на мерно регулационен сет се движи од 600 до 800 евра во зависност од објектот. Општина Струмица неколку години наназад издвојуваше субвенции од 100 евра за приклучување на мрежата, но сега одлучи да ја субвенционира цената на гасот со 10 денари за потрошен кубен метар.

The post Струмичани оваа година ќе добиваат субвенционирана цена за греење на гас appeared first on Република.

]]>