повеќејазична табла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povekejazichna-tabla/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 15:49:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png повеќејазична табла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/povekejazichna-tabla/ 32 32 По барање на МД „Илинден“ повеќејазична табла ќе постави и Комитетот за национални малцинства во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-barane-na-md-ilinden-povekejazichna-tabla-ke-postavi-i-komitetot-za-natsionalni-maltsinstva-vo-tirana/ Tue, 18 Jun 2024 15:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=788839

По барањето на Македонско друштво „Илинден“ - Тирана повеќејазична табла, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, ќе бидe поставена на зградата каде е сместен  Комитетот за национални малцинства во Тирана.

- Ова е уште еден успех на нашето друштво и за сите Македонци во Албанија, но и другите малцинства.  Комитетот за национални малцинства е владина институција во која членуваат претставници од сите признати национални малцинства. Сега како што сме официјално информирани натписот на институцијата ќе биде повеќејазичен, што значи и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, рече за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Потсетува дека друштвото на 31 јануари минатата година доставило барање до Комитетот за поставување на повеќејазична табла, а по десетина дена добило позитивен одговор.

- Но, помина повеќе од една година, а таблата не беше поставена. Поради тоа  на 25 април годинава испративме  реакција до повеќе институции во Република Албанија, меѓу кои и до Народниот правобранител. Народниот правобранител го разгледа барањето, излезе во пресрет и се ангажираше да се постави повеќејазична табла на зградата на Комитетот, вели Ѓурѓај.

Изразуваме,  посочува, голема благодарност до Народниот правобранител и вработените во таа институција, за нивното ангажирање за конечно да биде поставена повеќејазична табла.

Претходно по барање на МД „Илинден“ повеќејазични табли поставија  Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.

The post По барање на МД „Илинден“ повеќејазична табла ќе постави и Комитетот за национални малцинства во Тирана appeared first on Република.

]]>

По барањето на Македонско друштво „Илинден“ - Тирана повеќејазична табла, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, ќе бидe поставена на зградата каде е сместен  Комитетот за национални малцинства во Тирана.
- Ова е уште еден успех на нашето друштво и за сите Македонци во Албанија, но и другите малцинства.  Комитетот за национални малцинства е владина институција во која членуваат претставници од сите признати национални малцинства. Сега како што сме официјално информирани натписот на институцијата ќе биде повеќејазичен, што значи и на македонски јазик и неговото кирилско писмо, рече за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Потсетува дека друштвото на 31 јануари минатата година доставило барање до Комитетот за поставување на повеќејазична табла, а по десетина дена добило позитивен одговор.
- Но, помина повеќе од една година, а таблата не беше поставена. Поради тоа  на 25 април годинава испративме  реакција до повеќе институции во Република Албанија, меѓу кои и до Народниот правобранител. Народниот правобранител го разгледа барањето, излезе во пресрет и се ангажираше да се постави повеќејазична табла на зградата на Комитетот, вели Ѓурѓај.
Изразуваме,  посочува, голема благодарност до Народниот правобранител и вработените во таа институција, за нивното ангажирање за конечно да биде поставена повеќејазична табла. Претходно по барање на МД „Илинден“ повеќејазични табли поставија  Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.  