повеќе за сите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poveke-za-site/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Dec 2023 18:32:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png повеќе за сите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poveke-za-site/ 32 32 Ја зауздавме инфлацијата, обезбедивме економски раст и силно ги помагаме граѓаните, рече вечерва Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ja-zauzdavme-inflatsijata-obezbedivme-ekonomski-rast-i-silno-gi-pomagame-graganite-reche-vecherva-kovachevski/ Wed, 20 Dec 2023 19:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=725022

Грижата за сите е темелот на нашите мерки и политики со кои создаваме еднакви можности и подобри услови на секој човек, рече премиерот Димитар Ковачевски во улога на претседател на СДСМ на партиската трибина „Повеќе за сите“ во Битола. Ковачевски пред битолчани рече дека над 2 милијарди евра во изминатите 3 години се насочија кон граѓаните и компаниите, „со цел да се заштити животниот стандард, да се одржи ликвидноста на компаниите и економијата во целост“.

Тоа е повеќе за сите! Историски не се случило толку голема финансиска поддршка од државата, толку пари да се вратат назад кај граѓаните, кај стопанството. Горд сум на тоа што го постигнавме и знам дека сите во оваа сала, сите македонски социјалдемократи се горди на тоа. Само со последниот, 9-ти пакет антикризни мерки, 662 милиони евра насочуваме кон граѓаните, рече Ковачевски на трибината.

Според Ковачевски, со мерките и политиките на СДСМ никој не е оставен сам. Рече дека континуирано се работило на зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства, дека СДСМ се грижи за нив и за нивната социјална сигурност, како и за пензионерите, граѓаните од ранливите категории. Паралелно, како што рече Ковачевски, компаниите имаат силна поддршка и директни придобивки изминативе години откако СДСМ ја предводи Владата.

Преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, од неговото воведување до денес поддржавме се 919 компании со 100 милиони евра. За 6 години финансиската поддршка од државата кон домашните компании е зголемена за 11 пати. СДСМ обезбедува повеќе за сите! Со СДСМ има повеќе за сите но има и за државата. Во 2016 година странските директни инвестиции изнесуваа 338 милиони евра. Во 2022, година после пандемија со КОВИД-19 и во ек на глобална економска и енергетска криза, изнесуваа речиси 754 милиони евра. Двојно повеќе од тоа што биле во 2016 година! Инвестициите во ТИРЗ во 2016 изнесувале кумулативно 600 милиони евра, додека во 2023 заклучно со она што денес е постигнато, кумулативно изнесуваат 2 милијарди евра, рече Ковачевски.

„Повеќе за сите“, продолжи тој, е „целата наша посветеност на граѓаните, нашата социјалдемократска вредност, нашата цел, огледало на нашата грижа за сите граѓани, за државата“.

Според Ковачевски, „Повеќе за сите“ не е само слоган, не е само политика, економски мерки, бројки, туку тоа е „целата наша посветеност за подобар живот на граѓаните“.

Вели дека само со последниот, 9-ти пакет антикризни мерки, 662 милиони евра насочиле кон граѓаните.

Силна финансиска поддршка за ученици, студенти, млади, пензионери, ранливи, самохрани родители, домаќинства со ниски приходи, земјоделци, компании. 120.000 млади лица поддржуваме со овие мерки, 187.000 пензионери, над 74.000 социјално ранливи граѓани, 40.000 земјоделци, 600.000 домаќинства и над 70.000 компании. Тоа е повеќе за сите. Повеќе добиваат граѓаните, работниците, пензионерите, повеќе добиваат наставниците, професорите, лекарите, негувателките, повеќе има за младите, земјоделците, ранливите, фирмите. За сите! Ние знаеме дека секој поединец заслужува повеќе. Не само да добива повеќе, туку и да напредува, да биде спокоен за иднината негова и на генерациите што доаѓаат, рече Ковачевски.

Ковачевски рече дека „дури и во време на светска и економска криза, се справивме со сите можни предизвици и успешно ја поминавме кризата, никој не беше оставен сам“.

Не дозволивме да нема струја, парно, храна, гориво. Не дозволивме економијата да застане. И во такви тешки услови, обезбедивме економски раст, ја зауздавме инфлацијата и силно ги помагаме граѓаните, младите, студентите, учениците, пензионерите, ранливите, компаниите, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Битола.

The post Ја зауздавме инфлацијата, обезбедивме економски раст и силно ги помагаме граѓаните, рече вечерва Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Грижата за сите е темелот на нашите мерки и политики со кои создаваме еднакви можности и подобри услови на секој човек, рече премиерот Димитар Ковачевски во улога на претседател на СДСМ на партиската трибина „Повеќе за сите“ во Битола. Ковачевски пред битолчани рече дека над 2 милијарди евра во изминатите 3 години се насочија кон граѓаните и компаниите, „со цел да се заштити животниот стандард, да се одржи ликвидноста на компаниите и економијата во целост“.
Тоа е повеќе за сите! Историски не се случило толку голема финансиска поддршка од државата, толку пари да се вратат назад кај граѓаните, кај стопанството. Горд сум на тоа што го постигнавме и знам дека сите во оваа сала, сите македонски социјалдемократи се горди на тоа. Само со последниот, 9-ти пакет антикризни мерки, 662 милиони евра насочуваме кон граѓаните, рече Ковачевски на трибината.
Според Ковачевски, со мерките и политиките на СДСМ никој не е оставен сам. Рече дека континуирано се работило на зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства, дека СДСМ се грижи за нив и за нивната социјална сигурност, како и за пензионерите, граѓаните од ранливите категории. Паралелно, како што рече Ковачевски, компаниите имаат силна поддршка и директни придобивки изминативе години откако СДСМ ја предводи Владата.
Преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, од неговото воведување до денес поддржавме се 919 компании со 100 милиони евра. За 6 години финансиската поддршка од државата кон домашните компании е зголемена за 11 пати. СДСМ обезбедува повеќе за сите! Со СДСМ има повеќе за сите но има и за државата. Во 2016 година странските директни инвестиции изнесуваа 338 милиони евра. Во 2022, година после пандемија со КОВИД-19 и во ек на глобална економска и енергетска криза, изнесуваа речиси 754 милиони евра. Двојно повеќе од тоа што биле во 2016 година! Инвестициите во ТИРЗ во 2016 изнесувале кумулативно 600 милиони евра, додека во 2023 заклучно со она што денес е постигнато, кумулативно изнесуваат 2 милијарди евра, рече Ковачевски.
„Повеќе за сите“, продолжи тој, е „целата наша посветеност на граѓаните, нашата социјалдемократска вредност, нашата цел, огледало на нашата грижа за сите граѓани, за државата“. Според Ковачевски, „Повеќе за сите“ не е само слоган, не е само политика, економски мерки, бројки, туку тоа е „целата наша посветеност за подобар живот на граѓаните“. Вели дека само со последниот, 9-ти пакет антикризни мерки, 662 милиони евра насочиле кон граѓаните.