потрошувачка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potroshuvachka/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 14:22:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потрошувачка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potroshuvachka/ 32 32 ЕК: Приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ek-privatnata-potroshuvachka-i-investitsiite-ke-go-zabrzaat-rastot-na-makedonskiot-bdp/ Fri, 15 Nov 2024 14:22:47 +0000 https://republika.mk/?p=838188

Растот на БДП на Македонија во следниот период ќе забрза умерено, главно поттикнат од зајакнувањето на приватната потрошувачка и зголемувањето на инвестициите, се наведува во есенската прогноза на Европската комисија за економските перспективи на членките на ЕУ и кандидати за членство за наредните две години.

Во извештајот објавен денеска се посочува дека во првата половина од годината, годишниот раст на БДП на земјава бил ограничен поради ниската надворешна побарувачка, дека вкупната инфлација продолжила да забавува, а базичната инфлациска стапка покажувала знаци на намалување.

ЕК предвидува годинава растот на македонскиот БДП да изнесува 2 проценти, во 2025 година - 2,6, а во 2026 година - 2,9 отсто.

Влошеното стоковно салдо и намалените дознаки, заедно со зголемувањето на трошоците, веројатно ќе резултира со многу поголем фискален дефицит во 2024 година, отколку што беше предвидено претходно, проценува ЕК.

Сепак, како резултат на фискалната консолидација, се очекува дефицитот да се намали на три отсто до 2027 година, при што се нагласува дека во 2025 и 2026 година потребите за финансирање ќе бидат особено високи.

Домашната побарувачка остана слаба во првата половина на 2024 година, при што растот на потрошувачката на домаќинствата забави во однос на нивото од 2023 година, но инвестициите во голема мера имаа позитивен ефект, се наведува во документот.

Во извештајот се додава дека во првата половина од годината производството забележало просечен раст на годишно ниво од 1,8 отсто, главно како резултат на големиот пад на увозот, со што е компензирано намалувањето и на извозот. Според ЕК, очекуваниот придонес за економскиот раст од изградбата на трансевропските коридори 8 и 10д, веројатно ќе се оствари во 2025 и 2026 година.

Се очекува зголемување на приватните инвестиции, а потрошувачката на домаќинствата веројатно повторно ќе се зголеми, главно поради брзото зголемување на платите и пензиите и падот на инфлацијата, предвидува ЕК.

Нето извозот не се очекува значително да придонесе за економскиот раст во следните две години, како резултат на бавното економско закрепнување на главните извозни пазари, особено Германија. Од друга страна се очекува зголемениот увоз да го поттикне проектираниот пораст на инвестициите, а на севкупното умерено забрзување на растот на БДП би влијаело и очекуваното зголемување на приходите од туризмот и ИТ услугите.

Во прогнозата натаму се посочува дека откако достигна максимална стапка од 19,8 отсто во октомври 2022 година, годишната инфлација во земјава продолжи да се намалува во првите девет месеци од 2024 година на просечни 3,3 проценти.

Се предвидува инфлацијата да се врати во просек на близу 2 отсто во 2025 година, се додава во документот.

Во однос на основната каматна стапка, се посочува дека во поголем дел од годината таа остана непроменета на ниво од 6,3 отсто утврдено во септември 2023 година, по што во септември и октомври годинава Народната банка ја намали стапката за по 0,25 процентни поени.

Во делот на вработеноста се посочува дека таа благо опадна во 2023 година и во првата половина на годината, а поизразен стана одливот на работна сила, особено кај младите работници, поради што работодавачите се соочуваат со недостиг на работна сила и со потребата да исплаќаат повисоки плати.

Просечните бруто номинални плати се зголемија за 14,8 отсто на годишно ниво во првите осум месеци од 2024 година, посочува ЕК, додавајќи дека како резултат на структурни проблеми вработеноста веројатно нема значително да се зголеми во следните години.

Во есенската прогноза се предвидува подобрување на буџетскиот биланс, поттикнато од значителното зголемување на јавните приходи во првата половина од годината, делумно како резултат на законските измени за проширување на даночната основа, што стапија на сила во октомври 2023 година и во јануари 2024 година за

Со ребалансот на Буџетот, новата Влада го зголеми планираниот фискален дефицит од 3,4 на 4,9 отсто од БДП, со цел да го приспособи на обврските главно поврзани со платите во јавниот сектор, новото ад-хок зголемување на пензиите во септември 2024 година и понискиот раст на БДП од очекуваниот.

Со многу повисоко проектиран дефицит за 2024 година од претходно, плановите за фискална консолидација се одложени, а дефицитот се предвидува да се намали на три проценти до 2027 година. Потребите за финансирање се зголемени во текот периодот опфатен со прогнозата, особено поради рефинансирањето за отплата на две големи еврообврзници во 2025 и 2026 година, се вели во извештајот.

ЕК прогнозира дека ризиците по економијата на земјава „главно се во надолна линија“, иако зајакнувањето на домашната побарувачка може да биде помало од очекуваното, доколку домаќинствата се соочат со намалени приходи од дознаките или ако се зголемат притисоци врз инфлацијата и врз вработеноста поради високиот раст на платите.

Во документот се нагласува дека во случај на натамошни одложувања на проектите за патните коридор 8 и 10д или при неостварувањето напредок во менаџирањето со јавните инвестиции, инвестицискиот придонес во економскиот раст може да биде помал од очекуваниот.

Од друга страна, побрзата интеграција со ЕУ, поткрепена со структурни реформи, како што е предвидено со Планот за раст на ЕУ, може да ги зголеми извозот и продуктивноста, се заклучува во делот на есенските економски прогнози на ЕК за земјава.

The post ЕК: Приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП appeared first on Република.

]]>

Растот на БДП на Македонија во следниот период ќе забрза умерено, главно поттикнат од зајакнувањето на приватната потрошувачка и зголемувањето на инвестициите, се наведува во есенската прогноза на Европската комисија за економските перспективи на членките на ЕУ и кандидати за членство за наредните две години. Во извештајот објавен денеска се посочува дека во првата половина од годината, годишниот раст на БДП на земјава бил ограничен поради ниската надворешна побарувачка, дека вкупната инфлација продолжила да забавува, а базичната инфлациска стапка покажувала знаци на намалување. ЕК предвидува годинава растот на македонскиот БДП да изнесува 2 проценти, во 2025 година - 2,6, а во 2026 година - 2,9 отсто. Влошеното стоковно салдо и намалените дознаки, заедно со зголемувањето на трошоците, веројатно ќе резултира со многу поголем фискален дефицит во 2024 година, отколку што беше предвидено претходно, проценува ЕК. Сепак, како резултат на фискалната консолидација, се очекува дефицитот да се намали на три отсто до 2027 година, при што се нагласува дека во 2025 и 2026 година потребите за финансирање ќе бидат особено високи. Домашната побарувачка остана слаба во првата половина на 2024 година, при што растот на потрошувачката на домаќинствата забави во однос на нивото од 2023 година, но инвестициите во голема мера имаа позитивен ефект, се наведува во документот. Во извештајот се додава дека во првата половина од годината производството забележало просечен раст на годишно ниво од 1,8 отсто, главно како резултат на големиот пад на увозот, со што е компензирано намалувањето и на извозот. Според ЕК, очекуваниот придонес за економскиот раст од изградбата на трансевропските коридори 8 и 10д, веројатно ќе се оствари во 2025 и 2026 година. Се очекува зголемување на приватните инвестиции, а потрошувачката на домаќинствата веројатно повторно ќе се зголеми, главно поради брзото зголемување на платите и пензиите и падот на инфлацијата, предвидува ЕК. Нето извозот не се очекува значително да придонесе за економскиот раст во следните две години, како резултат на бавното економско закрепнување на главните извозни пазари, особено Германија. Од друга страна се очекува зголемениот увоз да го поттикне проектираниот пораст на инвестициите, а на севкупното умерено забрзување на растот на БДП би влијаело и очекуваното зголемување на приходите од туризмот и ИТ услугите. Во прогнозата натаму се посочува дека откако достигна максимална стапка од 19,8 отсто во октомври 2022 година, годишната инфлација во земјава продолжи да се намалува во првите девет месеци од 2024 година на просечни 3,3 проценти. Се предвидува инфлацијата да се врати во просек на близу 2 отсто во 2025 година, се додава во документот. Во однос на основната каматна стапка, се посочува дека во поголем дел од годината таа остана непроменета на ниво од 6,3 отсто утврдено во септември 2023 година, по што во септември и октомври годинава Народната банка ја намали стапката за по 0,25 процентни поени. Во делот на вработеноста се посочува дека таа благо опадна во 2023 година и во првата половина на годината, а поизразен стана одливот на работна сила, особено кај младите работници, поради што работодавачите се соочуваат со недостиг на работна сила и со потребата да исплаќаат повисоки плати. Просечните бруто номинални плати се зголемија за 14,8 отсто на годишно ниво во првите осум месеци од 2024 година, посочува ЕК, додавајќи дека како резултат на структурни проблеми вработеноста веројатно нема значително да се зголеми во следните години. Во есенската прогноза се предвидува подобрување на буџетскиот биланс, поттикнато од значителното зголемување на јавните приходи во првата половина од годината, делумно како резултат на законските измени за проширување на даночната основа, што стапија на сила во октомври 2023 година и во јануари 2024 година за Со ребалансот на Буџетот, новата Влада го зголеми планираниот фискален дефицит од 3,4 на 4,9 отсто од БДП, со цел да го приспособи на обврските главно поврзани со платите во јавниот сектор, новото ад-хок зголемување на пензиите во септември 2024 година и понискиот раст на БДП од очекуваниот. Со многу повисоко проектиран дефицит за 2024 година од претходно, плановите за фискална консолидација се одложени, а дефицитот се предвидува да се намали на три проценти до 2027 година. Потребите за финансирање се зголемени во текот периодот опфатен со прогнозата, особено поради рефинансирањето за отплата на две големи еврообврзници во 2025 и 2026 година, се вели во извештајот. ЕК прогнозира дека ризиците по економијата на земјава „главно се во надолна линија“, иако зајакнувањето на домашната побарувачка може да биде помало од очекуваното, доколку домаќинствата се соочат со намалени приходи од дознаките или ако се зголемат притисоци врз инфлацијата и врз вработеноста поради високиот раст на платите. Во документот се нагласува дека во случај на натамошни одложувања на проектите за патните коридор 8 и 10д или при неостварувањето напредок во менаџирањето со јавните инвестиции, инвестицискиот придонес во економскиот раст може да биде помал од очекуваниот. Од друга страна, побрзата интеграција со ЕУ, поткрепена со структурни реформи, како што е предвидено со Планот за раст на ЕУ, може да ги зголеми извозот и продуктивноста, се заклучува во делот на есенските економски прогнози на ЕК за земјава.

The post ЕК: Приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП appeared first on Република.

]]>
Машината за перење троши двојно повеќе струја поради една грешка што сите ја правиме https://arhiva3.republika.mk/zivot/mashinata-za-perene-troshi-dvojno-poveke-struja-poradi-edna-greshka-shto-site-ja-pravime/ Fri, 16 Aug 2024 11:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=807196

Машината за перење може да користи двојно повеќе струја само поради грешка што сите ја правиме. Меѓутоа, доколку го следите овој совет, вашата сметка за струја ќе биде многу помала следниот месец, пишува жена Блиц.рс.

На секое пакување детергент точно пишува колку точно треба да додадете во машината за перење, но повеќето потрошувачи претеруваат. Премногу детергент ја оштетува облеката, но и драстично ви ја зголемува сметката за струја.

„Пред сè, треба да се нагласи дека повеќе детергент не значи и почисто перење, иако повеќето луѓе така мислат, па луѓето претеруваат, а во реалноста само ја оштетуваат машината и облеката“, вели Мари Гаљарди, експерт за перење, пренесува Метрополитен.си

Освен што остава бели дамки на облеката, премногу детергент може да ги оштети и одводите, што значи дека во нив ќе се таложат повеќе остатоци од детергентот, па машината ќе троши двојно повеќе електрична енергија.

Како правилно да се пере облеката?

„Три елементи се клучни за добро перење: температура на водата, центрифуга и комбинација од детергент и омекнувач. Само кога овие три елементи ќе се оптимизираат, алиштата ќе бидат навистина чисти“, објаснува Гаљарди.

Тој ве советува да ја изберете највисоката можна температура за перење, бидејќи повисока температура значи почисто перење: „Изберете програма со подолго перење и дополнително плакнење“.

Колку детергент да додадете во машината за перење?

„Важно е детергентот да е квалитетен. Можно е упатството да вели да се користи повеќе детергент отколку што е потребно. Ова ќе го знаете ако вашите алишта се со многу пена во текот на циклусот на перење. Во овој случај, користете најмала можна количина на детергент препорачана на пакувањето. Доколку оваа количина не е наведена, едноставно намалете ја количината додека не пронајдете идеалната количина“, заклучува Гаљардиев за Dearborn.org.

The post Машината за перење троши двојно повеќе струја поради една грешка што сите ја правиме appeared first on Република.

]]>

Машината за перење може да користи двојно повеќе струја само поради грешка што сите ја правиме. Меѓутоа, доколку го следите овој совет, вашата сметка за струја ќе биде многу помала следниот месец, пишува жена Блиц.рс. На секое пакување детергент точно пишува колку точно треба да додадете во машината за перење, но повеќето потрошувачи претеруваат. Премногу детергент ја оштетува облеката, но и драстично ви ја зголемува сметката за струја. „Пред сè, треба да се нагласи дека повеќе детергент не значи и почисто перење, иако повеќето луѓе така мислат, па луѓето претеруваат, а во реалноста само ја оштетуваат машината и облеката“, вели Мари Гаљарди, експерт за перење, пренесува Метрополитен.си Освен што остава бели дамки на облеката, премногу детергент може да ги оштети и одводите, што значи дека во нив ќе се таложат повеќе остатоци од детергентот, па машината ќе троши двојно повеќе електрична енергија. Како правилно да се пере облеката? „Три елементи се клучни за добро перење: температура на водата, центрифуга и комбинација од детергент и омекнувач. Само кога овие три елементи ќе се оптимизираат, алиштата ќе бидат навистина чисти“, објаснува Гаљарди. Тој ве советува да ја изберете највисоката можна температура за перење, бидејќи повисока температура значи почисто перење: „Изберете програма со подолго перење и дополнително плакнење“. Колку детергент да додадете во машината за перење? „Важно е детергентот да е квалитетен. Можно е упатството да вели да се користи повеќе детергент отколку што е потребно. Ова ќе го знаете ако вашите алишта се со многу пена во текот на циклусот на перење. Во овој случај, користете најмала можна количина на детергент препорачана на пакувањето. Доколку оваа количина не е наведена, едноставно намалете ја количината додека не пронајдете идеалната количина“, заклучува Гаљардиев за Dearborn.org.

The post Машината за перење троши двојно повеќе струја поради една грешка што сите ја правиме appeared first on Република.

]]>
Зголемена потрошувачката на вода, ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира за рационално користење на водата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zgolemena-potroshuvachkata-na-voda-jp-vodovod-i-kanalizatsija-skopje-apelira-za-ratsionalno-koristene-na-vodata/ Sun, 21 Jul 2024 07:26:40 +0000 https://republika.mk/?p=798846

Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи
температури.

Податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје покажуваат зголемена потрошувачка на водата, чие дневно производство достигнува и над 340 000 метри кубни вода, што е за 30 проценти зголемување во однос на зимскиот период.

Се препорачува рационално да се користи и употребува водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, полнење на базени и сл. што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот, како што е на пример Припор и Сопиште каде во текот на последните неколку денови е забележана енормна потрошувачка на вода, која доколку не се рационализира може да доведе и до прекини во водоснабдувањето, стои во апелот од Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје.

The post Зголемена потрошувачката на вода, ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира за рационално користење на водата appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје покажуваат зголемена потрошувачка на водата, чие дневно производство достигнува и над 340 000 метри кубни вода, што е за 30 проценти зголемување во однос на зимскиот период. Се препорачува рационално да се користи и употребува водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, полнење на базени и сл. што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот, како што е на пример Припор и Сопиште каде во текот на последните неколку денови е забележана енормна потрошувачка на вода, која доколку не се рационализира може да доведе и до прекини во водоснабдувањето, стои во апелот од Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје.

The post Зголемена потрошувачката на вода, ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира за рационално користење на водата appeared first on Република.

]]>
Македонија на 50 отсто од европскиот просек по куповната моќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-na-50-otsto-od-evropskiot-prosek-po-kupovnata-mok/ Fri, 15 Dec 2023 10:23:50 +0000 https://republika.mk/?p=723241

 Нивото на вистинска индивидуална потрошувачка (AIC) во Европската Унија во 2022 година покажува значителни разлики. Користена како мерка за материјалната благосостојба на домаќинствата, AIC по глава на жител изразена во стандардите за куповна моќ (ППС) варира од 69 проценти до 138 отсто од просекот на ЕУ низ земјите на ЕУ.

Според информациите што ги објави Евростат, Македонија е на 50 проценти од просекот на ЕУ, а од регионот полоши се само Албанија и Босна и Херцеговина 41 отсто или 59 проценти под просекот во ЕУ. Србија е на 53 проценти или 47 под, а Црна Гора на 63 отсто или 37 проценти под европскиот просек.

Во рамки на ЕУ, највисоко ниво има Луксембург 38 проценти или над европскиот просек, а најниско Бугарија со 31 процент под европскиот просек.

Како и во претходните години, Луксембург забележа највисоко ниво на AIC по глава на жител во ЕУ со 38 проценти над просекот на ЕУ, следен од Австрија и Германија и двете по 18 отсто, Холандија 16 проценти и Белгија 15 отсто над европскиот просек. Во 2022 година, девет земји на ЕУ забележаа AIC по глава на жител над просекот на ЕУ.

Најниски нивоа на AIC по глава на жител меѓу земјите од ЕУ се регистрирани во Бугарија 31 процент под просекот на ЕУ, Унгарија 29 отсто подолу, Хрватска и Летонија и двете 24 проценти подолу и Словачка 23 отсто под просекот на ЕУ.

Во текот на последните три години, AIC по глава на жител во однос на просекот на ЕУ бележи промени во повеќето земји на ЕУ. Помеѓу 2020 и 2022 година, нивоата на AIC се зголемија во 18 земји на ЕУ, особено во Бугарија (69% од просекот на ЕУ во 2022 година во споредба со 60% во 2020 година), Хрватска (76% наспроти 69%), Романија (86% наспроти 81%) ), и Ирска (94% наспроти 89%).

Спротивно на тоа, нивоата на AIC бележат намалување во седум земји од ЕУ. Најголеми намалувања се забележани во Данска (110% во 2022 година наспроти 121% во 2020 година), Германија (118% наспроти 124%) и Финска (109% наспроти 114%).

The post Македонија на 50 отсто од европскиот просек по куповната моќ appeared first on Република.

]]>

 Нивото на вистинска индивидуална потрошувачка (AIC) во Европската Унија во 2022 година покажува значителни разлики. Користена како мерка за материјалната благосостојба на домаќинствата, AIC по глава на жител изразена во стандардите за куповна моќ (ППС) варира од 69 проценти до 138 отсто од просекот на ЕУ низ земјите на ЕУ. Според информациите што ги објави Евростат, Македонија е на 50 проценти од просекот на ЕУ, а од регионот полоши се само Албанија и Босна и Херцеговина 41 отсто или 59 проценти под просекот во ЕУ. Србија е на 53 проценти или 47 под, а Црна Гора на 63 отсто или 37 проценти под европскиот просек. Во рамки на ЕУ, највисоко ниво има Луксембург 38 проценти или над европскиот просек, а најниско Бугарија со 31 процент под европскиот просек. Како и во претходните години, Луксембург забележа највисоко ниво на AIC по глава на жител во ЕУ со 38 проценти над просекот на ЕУ, следен од Австрија и Германија и двете по 18 отсто, Холандија 16 проценти и Белгија 15 отсто над европскиот просек. Во 2022 година, девет земји на ЕУ забележаа AIC по глава на жител над просекот на ЕУ. Најниски нивоа на AIC по глава на жител меѓу земјите од ЕУ се регистрирани во Бугарија 31 процент под просекот на ЕУ, Унгарија 29 отсто подолу, Хрватска и Летонија и двете 24 проценти подолу и Словачка 23 отсто под просекот на ЕУ. Во текот на последните три години, AIC по глава на жител во однос на просекот на ЕУ бележи промени во повеќето земји на ЕУ. Помеѓу 2020 и 2022 година, нивоата на AIC се зголемија во 18 земји на ЕУ, особено во Бугарија (69% од просекот на ЕУ во 2022 година во споредба со 60% во 2020 година), Хрватска (76% наспроти 69%), Романија (86% наспроти 81%) ), и Ирска (94% наспроти 89%). Спротивно на тоа, нивоата на AIC бележат намалување во седум земји од ЕУ. Најголеми намалувања се забележани во Данска (110% во 2022 година наспроти 121% во 2020 година), Германија (118% наспроти 124%) и Финска (109% наспроти 114%).

The post Македонија на 50 отсто од европскиот просек по куповната моќ appeared first on Република.

]]>
Во 2023 година рекорд во потрошувачката на јаглен во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-2023-godina-rekord-vo-potroshuvachkata-na-jaglen-vo-svetot/ Fri, 15 Dec 2023 08:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=723163

Во 2023 година побарувачката на јаглен во светот достигна 8,53 милијарди тони, што е историски рекорд, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Од 2024 година, глобалната потрошувачка на јаглен треба да покаже тенденција на намалување, проценува ИЕА во прогнозите објавени два дена по завршувањето на 28-от меѓународен климатски состанок на ОН во Дубаи, каде што беше упатен апел да се напуштат изворите на фосилни горива како дел од борбата против глобалното затоплување.

ИЕА ја нагласува силната побарувачка за јаглен во Азија.

Годинава потрошувачката во Кина скокна за 220 милиони тони (4,9 отсто) во однос на 2022 година, во Индија за 98 милиони тони (осум отсто), а во Индонезија за 23 милиони тони (11 отсто).

Од друга страна, потрошувачката е помала во Европа, каде што се бележи ненадеен пад од 107 милиони тони или 23 отсто, како и во САД каде е регистриран пад од 95 милиони тони или 21 отсто.

The post Во 2023 година рекорд во потрошувачката на јаглен во светот appeared first on Република.

]]>

Во 2023 година побарувачката на јаглен во светот достигна 8,53 милијарди тони, што е историски рекорд, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Од 2024 година, глобалната потрошувачка на јаглен треба да покаже тенденција на намалување, проценува ИЕА во прогнозите објавени два дена по завршувањето на 28-от меѓународен климатски состанок на ОН во Дубаи, каде што беше упатен апел да се напуштат изворите на фосилни горива како дел од борбата против глобалното затоплување. ИЕА ја нагласува силната побарувачка за јаглен во Азија. Годинава потрошувачката во Кина скокна за 220 милиони тони (4,9 отсто) во однос на 2022 година, во Индија за 98 милиони тони (осум отсто), а во Индонезија за 23 милиони тони (11 отсто). Од друга страна, потрошувачката е помала во Европа, каде што се бележи ненадеен пад од 107 милиони тони или 23 отсто, како и во САД каде е регистриран пад од 95 милиони тони или 21 отсто.

The post Во 2023 година рекорд во потрошувачката на јаглен во светот appeared first on Република.

]]>
Се трошат како луди: Високите температури го зголемија користењето на струја и вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-troshat-kako-ludi-visokite-temperaturi-go-zgolemija-koristeneto-na-struja-i-voda/ Tue, 18 Jul 2023 14:52:48 +0000 https://republika.mk/?p=662817

ЕВН Македонија вчера регистрирала најголема потрошувачка на електрична енергија во земјава во изминатите 30 дена. Како што информираат за МИА од компанијата, од 17 јуни до 17 јули вкупно се потрошени 405.028 мегават часови електрична енергија што, според нив, се должи на високите температури во овој период.

Најголема потрошувачка од 16.015 мегават часови е регистрирана вчера, во еден од најтоплите денови во овој период со минимални 21 и максимални 38 степени Целзиусови измерени на скопскиот аеродром, велат од ЕВН Македонија за МИА.

При тоа нагласуваат дека скопскиот регион како најголемо конзумно подрачје во изминатите 30 дена има вкупна потрошувачка од 148.399 мегават часови електрична енергија или во просек по 4.787 мегават часови дневно, а вчера потрошувачката изнесувала 6.070 мегават часови.

The post Се трошат како луди: Високите температури го зголемија користењето на струја и вода appeared first on Република.

]]>

ЕВН Македонија вчера регистрирала најголема потрошувачка на електрична енергија во земјава во изминатите 30 дена. Како што информираат за МИА од компанијата, од 17 јуни до 17 јули вкупно се потрошени 405.028 мегават часови електрична енергија што, според нив, се должи на високите температури во овој период. Најголема потрошувачка од 16.015 мегават часови е регистрирана вчера, во еден од најтоплите денови во овој период со минимални 21 и максимални 38 степени Целзиусови измерени на скопскиот аеродром, велат од ЕВН Македонија за МИА. При тоа нагласуваат дека скопскиот регион како најголемо конзумно подрачје во изминатите 30 дена има вкупна потрошувачка од 148.399 мегават часови електрична енергија или во просек по 4.787 мегават часови дневно, а вчера потрошувачката изнесувала 6.070 мегават часови.

The post Се трошат како луди: Високите температури го зголемија користењето на струја и вода appeared first on Република.

]]>
Минималните трошоци на едно семејство во февруари 50.909 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/minimalnite-troshotsi-na-edno-semejstvo-vo-fevruari-50-909-denari/ Tue, 07 Mar 2023 12:58:43 +0000 https://republika.mk/?p=616882

Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.

Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари.

Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.

The post Минималните трошоци на едно семејство во февруари 50.909 денари appeared first on Република.

]]>

Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија. Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари. Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.

The post Минималните трошоци на едно семејство во февруари 50.909 денари appeared first on Република.

]]>
Најголем дел од домашниот буџет годинава се трошеше на храна и пијалаци, а најмалку на здравје, култура и образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/najgolem-del-od-domashniot-budhet-godinava-se-trosheshe-na-hrana-i-pijalatsi-a-najmalku-na-zdravje-kultura-i-obrazovanie/ Sat, 31 Dec 2022 12:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=592286

Домаќинствата во 2021 година најмногу од домашниот буџет – 47 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб – 255 килограми, компир – 92,2 кг и месо 58,9 кг.

Домаќинствата во просек испиле 226 литри безалкохолни пијалаци и 50,9 литри алкохолни. Изеле и 29,5 килограми чоколади и кекс и испиле 10,2 килограми кафе и какао. За превоз оделе 5,5 проценти од домашниот буџет, што е повеќе од тоа што домаќинствата трошеле за здравје, рекреација, култура и образование заедно, покажува Статистичкиот годишник на Македонија за 2022 на Државниот завод за статистика.

Домаќинствата во 2021 година најголем дел од домашниот буџет во просек трошеле на лична потрошувачка – 331 544 денари или 94,6 проценти, потоа за штедење – 11 569 денари или 3,3 отсто, па за отплата на кредити и заеми – 3 228 денари или 0,9 проценти, потоа за издатоци за стан, куќа и имот – 2 804 денари или 0,8 отсто, за загуби, подароци и слично – 900 денари или 0,3 проценти, и за членарина, даноци, царини и слично – 507 денари или 0,1 отсто од домашниот буџет.

Во делот на личната потрошувачка, најмногу средства во просек домаќинствата трошеле на храна и безалкохолни пијалаци – 164 974 денари или 47,1 процент, потоа за станарина и режиски трошоци – 38 176 денари или 10,9 отсто, останати стоки и услуги – 20 435 денари или 5,8 проценти, за сообраќај – 19 132 денари или 5,5 отсто, за алкохолни пијалаци и тутун – 18 221 денар или 5,2 проценти, за покуќнина и одржување на домот – 17 952 денари или 5,1 отсто, за облека и обувки – 14 368 денари или 4,1 проценти, за комуникации – 12 955 денари или 3,7 отсто, за здравје – 10 573 денари или 3 проценти, за ресторани и хотели – 9 772 денари или 2,8 отсто, за рекреација и култура – 4 914 денари или 1,4 проценти и за образование – 72 денари или 0 отсто од средствата за лична потрошувачка.

Само за храна, домаќинствата во 2021 година во просек трошеле 146 713 денари, од кои најмногу за месо – 34 908 денари, потоа за млеко, млечни производи и јајца – 29 236 денари, за производи од жито – 24 466 денари, за зеленчук – 22 122 денари, за овошје – 10 111 денар, за шеќер и чоколади – 7 572 денари, за масло – 6 719 денари, други прехранбени производи – 6 535 денари, и за риба – 5 045 денари.

Најмногу во домаќинствата се јадело леб – 255,6 кг, потоа компир – 97,2 кг и јужно овошје – 86,7 кг, додека од месо најмногу се јадело живина – 53,4 кг, потоа преработки од месо – 50,2 кг, па свинско – 35,1 кг и говедско, телешко и јунешко – 23,8 кг. Свежа и замрзната риба – 24 килограми, а преработки од риба – 3,1 кг.

Од овошје, освен јужно овошје, најмногу се јаделе јаболка – 45,5 кг и бостан – 41,5 кг, а најмалку се јаделе цреши и вишни – 2,5 кг и круши – 3 кг.

Од зеленчук, освен компир, најмногу се јаделе пипер – 67,6 кг и домати – 44,8 кг, а најмалку грашок и боранија – 2 кг.

Кај млечните производи, домаќинствата најмногу пиеле млеко – 110,9 литри, потоа кисело млеко и јогурт – 88,6, а сирења 47,6 кг и други млечни производи – 12,1 килограм.

Од тутун и пијалаци, домаќинствата најмногу од домашниот буџет трошеле на тутун – 13 712 денари, потоа на други безалкохолни пијалаци – 6 236 денари, за кафе, чај и какао по 4 686 денари и најмалку на алкохолни пијалаци – по 4 509 денари.

Домаќинствата во просек испиле 226 литри безалкохолни пијалаци, додека од алкохол најмногу пиво – 42,5 литри, потоа вино – 5,7 литри и жестоки пијалаци – 2,7 литри.

Од домашниот буџет повеќе пари се трошеле на облека – 8 533 денари, додека на обувки – 5 835 денари.

Домаќинствата трошеле 30 645 денари на огрев и осветлување на домот, потоа за комунално-станбени услуги – 4 995 денари, за одржување и поправки на домот – 1 582 денари и за станарини – 21 денар.

Околу домот и негово одржување, домаќинствата најмногу трошеле на производи и услуги за одржување – 9 410 денари, потоа за апарати за домаќинство и поправки – 4 298 денари, за текстил за домаќинство – 1 421 денар, за мебел – 1 240 денари, за садови и прибор – 1 144 денари, и за алати за куќа и градина – 439 денари.

Најмногу од домашниот буџет за здравје бил потрошен на лекови и помагала – 9 763 денари, додека на здравствени – 753 денари и на болнички услуги – 50 денари.

Во делот на сообраќај, најмногу од домашниот буџет бил за делови и гориво за сообраќајни средства – 17 142 денари, додека 1 418 денари за сообраќајни услуги и 572 денари за сообраќајни средства.

Од комуникациите, најмногу домаќинствата трошеле на телефонски услуги – 11 350 денари, потоа за телефони и факс-апарати – 1 602 денари, а најмалку за поштенски услуги – три денари.

Од делот за култура и рекреација, најмногу од домашниот буџет се трошел на аудиовизуелна и информатичка опрема – 1 660 денари, потоа 1 458 денари за опрема за градина, миленици и други средства за рекреација, додека за весници и книги – 684 денари, а за услуги за култура и рекреација – 652 денари.

Од Државниот завод за статистика, посочуваат дека податоците се добиени врз основа на статистичкото истражување „Анкета за потрошувачката на домаќинствата”, спроведено во текот на 2021 година. Изборот на 5 040 домаќинства е извршен преку двоетапен стратифициран примерок, при што во првата етапа е извршен избор на пописни кругови од Пописот на населението во 2002 година, а во втората етапа е извршен избор на домаќинствата за анкетирање.

Просечен број членови на анкетираните домаќинства е 3,64, додека во просек вработени биле 1,33 член. Во просек вкупно расположливите средства по анкетирано домаќинство во 2021 година изнесувале – 503 442 денари или 8 120 евра. Најмногу имале мешовитите домаќинства – 667 939 или 10 773 евра, потоа земјоделските – 498 887 или 8 046 евра, а најмалку неземјоделските 483 067 денари или 7 791 евро годишно.

The post Најголем дел од домашниот буџет годинава се трошеше на храна и пијалаци, а најмалку на здравје, култура и образование appeared first on Република.

]]>

Домаќинствата во 2021 година најмногу од домашниот буџет – 47 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб – 255 килограми, компир – 92,2 кг и месо 58,9 кг. Домаќинствата во просек испиле 226 литри безалкохолни пијалаци и 50,9 литри алкохолни. Изеле и 29,5 килограми чоколади и кекс и испиле 10,2 килограми кафе и какао. За превоз оделе 5,5 проценти од домашниот буџет, што е повеќе од тоа што домаќинствата трошеле за здравје, рекреација, култура и образование заедно, покажува Статистичкиот годишник на Македонија за 2022 на Државниот завод за статистика. Домаќинствата во 2021 година најголем дел од домашниот буџет во просек трошеле на лична потрошувачка – 331 544 денари или 94,6 проценти, потоа за штедење – 11 569 денари или 3,3 отсто, па за отплата на кредити и заеми – 3 228 денари или 0,9 проценти, потоа за издатоци за стан, куќа и имот – 2 804 денари или 0,8 отсто, за загуби, подароци и слично – 900 денари или 0,3 проценти, и за членарина, даноци, царини и слично – 507 денари или 0,1 отсто од домашниот буџет. Во делот на личната потрошувачка, најмногу средства во просек домаќинствата трошеле на храна и безалкохолни пијалаци – 164 974 денари или 47,1 процент, потоа за станарина и режиски трошоци – 38 176 денари или 10,9 отсто, останати стоки и услуги – 20 435 денари или 5,8 проценти, за сообраќај – 19 132 денари или 5,5 отсто, за алкохолни пијалаци и тутун – 18 221 денар или 5,2 проценти, за покуќнина и одржување на домот – 17 952 денари или 5,1 отсто, за облека и обувки – 14 368 денари или 4,1 проценти, за комуникации – 12 955 денари или 3,7 отсто, за здравје – 10 573 денари или 3 проценти, за ресторани и хотели – 9 772 денари или 2,8 отсто, за рекреација и култура – 4 914 денари или 1,4 проценти и за образование – 72 денари или 0 отсто од средствата за лична потрошувачка. Само за храна, домаќинствата во 2021 година во просек трошеле 146 713 денари, од кои најмногу за месо – 34 908 денари, потоа за млеко, млечни производи и јајца – 29 236 денари, за производи од жито – 24 466 денари, за зеленчук – 22 122 денари, за овошје – 10 111 денар, за шеќер и чоколади – 7 572 денари, за масло – 6 719 денари, други прехранбени производи – 6 535 денари, и за риба – 5 045 денари. Најмногу во домаќинствата се јадело леб – 255,6 кг, потоа компир – 97,2 кг и јужно овошје – 86,7 кг, додека од месо најмногу се јадело живина – 53,4 кг, потоа преработки од месо – 50,2 кг, па свинско – 35,1 кг и говедско, телешко и јунешко – 23,8 кг. Свежа и замрзната риба – 24 килограми, а преработки од риба – 3,1 кг. Од овошје, освен јужно овошје, најмногу се јаделе јаболка – 45,5 кг и бостан – 41,5 кг, а најмалку се јаделе цреши и вишни – 2,5 кг и круши – 3 кг. Од зеленчук, освен компир, најмногу се јаделе пипер – 67,6 кг и домати – 44,8 кг, а најмалку грашок и боранија – 2 кг. Кај млечните производи, домаќинствата најмногу пиеле млеко – 110,9 литри, потоа кисело млеко и јогурт – 88,6, а сирења 47,6 кг и други млечни производи – 12,1 килограм. Од тутун и пијалаци, домаќинствата најмногу од домашниот буџет трошеле на тутун – 13 712 денари, потоа на други безалкохолни пијалаци – 6 236 денари, за кафе, чај и какао по 4 686 денари и најмалку на алкохолни пијалаци – по 4 509 денари. Домаќинствата во просек испиле 226 литри безалкохолни пијалаци, додека од алкохол најмногу пиво – 42,5 литри, потоа вино – 5,7 литри и жестоки пијалаци – 2,7 литри. Од домашниот буџет повеќе пари се трошеле на облека – 8 533 денари, додека на обувки – 5 835 денари. Домаќинствата трошеле 30 645 денари на огрев и осветлување на домот, потоа за комунално-станбени услуги – 4 995 денари, за одржување и поправки на домот – 1 582 денари и за станарини – 21 денар. Околу домот и негово одржување, домаќинствата најмногу трошеле на производи и услуги за одржување – 9 410 денари, потоа за апарати за домаќинство и поправки – 4 298 денари, за текстил за домаќинство – 1 421 денар, за мебел – 1 240 денари, за садови и прибор – 1 144 денари, и за алати за куќа и градина – 439 денари. Најмногу од домашниот буџет за здравје бил потрошен на лекови и помагала – 9 763 денари, додека на здравствени – 753 денари и на болнички услуги – 50 денари. Во делот на сообраќај, најмногу од домашниот буџет бил за делови и гориво за сообраќајни средства – 17 142 денари, додека 1 418 денари за сообраќајни услуги и 572 денари за сообраќајни средства. Од комуникациите, најмногу домаќинствата трошеле на телефонски услуги – 11 350 денари, потоа за телефони и факс-апарати – 1 602 денари, а најмалку за поштенски услуги – три денари. Од делот за култура и рекреација, најмногу од домашниот буџет се трошел на аудиовизуелна и информатичка опрема – 1 660 денари, потоа 1 458 денари за опрема за градина, миленици и други средства за рекреација, додека за весници и книги – 684 денари, а за услуги за култура и рекреација – 652 денари. Од Државниот завод за статистика, посочуваат дека податоците се добиени врз основа на статистичкото истражување „Анкета за потрошувачката на домаќинствата”, спроведено во текот на 2021 година. Изборот на 5 040 домаќинства е извршен преку двоетапен стратифициран примерок, при што во првата етапа е извршен избор на пописни кругови од Пописот на населението во 2002 година, а во втората етапа е извршен избор на домаќинствата за анкетирање. Просечен број членови на анкетираните домаќинства е 3,64, додека во просек вработени биле 1,33 член. Во просек вкупно расположливите средства по анкетирано домаќинство во 2021 година изнесувале – 503 442 денари или 8 120 евра. Најмногу имале мешовитите домаќинства – 667 939 или 10 773 евра, потоа земјоделските – 498 887 или 8 046 евра, а најмалку неземјоделските 483 067 денари или 7 791 евро годишно.

The post Најголем дел од домашниот буџет годинава се трошеше на храна и пијалаци, а најмалку на здравје, култура и образование appeared first on Република.

]]>
Загреб на четврто место во Европа според потрошувачката на канабис https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zagreb-na-chetvrto-mesto-vo-evropa-spored-potroshuvachkata-na-kanabis/ Wed, 23 Mar 2022 10:13:00 +0000 https://republika.mk/?p=477049

Загреб е на четврто место во Европа според дневната потрошувачка на канабис, 11-ти по потрошувачка на кокаин, 12-ти по потрошувачка на амфетамин и 14-ти град по дневна потрошувачка на МДМА, покажаа резултатите од европскиот научен проект за анализа на отпадни води.

Резултатите од најголемото европско истражување за отпадни води од 2021 година, спроведено од страна на епидемиолошката организација за отпадни води SCORE и Агенцијата за лекови на ЕУ, беа објавени на Фејсбук профилот на психијатарот во Психијатриската клиника Врапче, Иван Ќелиќ.

Проектот ги анализираше отпадните води во 75 европски градови од 23 земји на Европската унија и Турција и Норвешка за да го истражи однесувањето на корисниците на дрога, пренесува Хина. Ова е најголемиот број земји што учествувале досега, и покрај континуираниот проблем со пандемијата на коронавирусот во периодот на истражување.

Најновите податоци покажуваат дека кокаинот, иако се уште е најзастапен во градовите на Западна и Јужна Европа (особено во Белгија, Холандија и Шпанија), се повеќе се наоѓа во источноевропските градови, каде што е забележан пораст.

Дневната потрошувачка на кокаин во Загреб е 548,62 mg на 1000 жители, што го става на11-то место во Европа.

Метамфетаминот традиционално се концентрира во Чешка и Словачка, а сега дрогата е присутна во Белгија, Кипар, Источна Германија, Шпанија, Турција и неколку северноевропски земји. Што се однесува до канабисот, најголеми количини се пронајдени во градовите во Хрватска, Чешка, Шпанија, Холандија, Словенија и Португалија.

Загреб дневно консумира 132,9 мг канабис на 1.000 жители, што го прави четврти по големина град во Европа, јави Хина. МДМА е единствената дрога чии метаболити се пониски во повеќето испитувани градови бидејќи скоро две третини од градовите пријавиле намалување на обемот во 2021 година, веројатно поради затворањето на ноќниот живот за време на пандемијата. Загреб е рангиран на 14-то место во Европа со 28,26 mg MDMA консумирана на 1.000 жители дневно, покажа студијата.

The post Загреб на четврто место во Европа според потрошувачката на канабис appeared first on Република.

]]>

Загреб е на четврто место во Европа според дневната потрошувачка на канабис, 11-ти по потрошувачка на кокаин, 12-ти по потрошувачка на амфетамин и 14-ти град по дневна потрошувачка на МДМА, покажаа резултатите од европскиот научен проект за анализа на отпадни води. Резултатите од најголемото европско истражување за отпадни води од 2021 година, спроведено од страна на епидемиолошката организација за отпадни води SCORE и Агенцијата за лекови на ЕУ, беа објавени на Фејсбук профилот на психијатарот во Психијатриската клиника Врапче, Иван Ќелиќ. Проектот ги анализираше отпадните води во 75 европски градови од 23 земји на Европската унија и Турција и Норвешка за да го истражи однесувањето на корисниците на дрога, пренесува Хина. Ова е најголемиот број земји што учествувале досега, и покрај континуираниот проблем со пандемијата на коронавирусот во периодот на истражување. Најновите податоци покажуваат дека кокаинот, иако се уште е најзастапен во градовите на Западна и Јужна Европа (особено во Белгија, Холандија и Шпанија), се повеќе се наоѓа во источноевропските градови, каде што е забележан пораст. Дневната потрошувачка на кокаин во Загреб е 548,62 mg на 1000 жители, што го става на11-то место во Европа. Метамфетаминот традиционално се концентрира во Чешка и Словачка, а сега дрогата е присутна во Белгија, Кипар, Источна Германија, Шпанија, Турција и неколку северноевропски земји. Што се однесува до канабисот, најголеми количини се пронајдени во градовите во Хрватска, Чешка, Шпанија, Холандија, Словенија и Португалија. Загреб дневно консумира 132,9 мг канабис на 1.000 жители, што го прави четврти по големина град во Европа, јави Хина. МДМА е единствената дрога чии метаболити се пониски во повеќето испитувани градови бидејќи скоро две третини од градовите пријавиле намалување на обемот во 2021 година, веројатно поради затворањето на ноќниот живот за време на пандемијата. Загреб е рангиран на 14-то место во Европа со 28,26 mg MDMA консумирана на 1.000 жители дневно, покажа студијата.

The post Загреб на четврто место во Европа според потрошувачката на канабис appeared first on Република.

]]>