потрошувачка кошница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potroshuvachka-koshnica/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 11:22:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потрошувачка кошница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potroshuvachka-koshnica/ 32 32 Следната недела ќе биде објавена новогодишната потрошувачка кошничка, ќе содржи над 600 производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/slednata-nedela-ke-bide-objavena-novogodishnata-potroshuvachka-koshnichka-ke-sodrzhi-nad-600-proizvodi/ Wed, 27 Nov 2024 11:22:40 +0000 https://republika.mk/?p=842234

На почетокот на декември, односно наредната недела  ќе се знае кои производи ќе влезат во т.н. новогодишната потрошувачка кошничка, што ја подготвува министерството за економија.

Овој пат се очекува листата на производи со ограничена профитна маржа да биде подолга, односно на неа да се најдат над 600 прехранбени производи.

Цело време сме во контакт со стопанските комори, синдикалците, трговците и производителите. Идната недела ќе бидете известени. При крај е со подготовката за новогодишната кошничка, предвидени се над 600 производи кои ќе ги опфати оваа мерка, но повеќе детали ќе ви дадеме идната недела оти предвидено е некаде во четврток или петок да ја објавиме кошничката - рече Дурмиши, не откривајќи повеќе детали.

Министерот посочи дека и новогодишната кошничка, исто како есенската, ќе трае еден месец.

Претходно, беше донесена есенска потрошувачка кошничка која траеше до 31 октомври. Со неа беа опфатени околу 70 производи на кои им беа ограничени профитните маржи.

The post Следната недела ќе биде објавена новогодишната потрошувачка кошничка, ќе содржи над 600 производи appeared first on Република.

]]>

На почетокот на декември, односно наредната недела  ќе се знае кои производи ќе влезат во т.н. новогодишната потрошувачка кошничка, што ја подготвува министерството за економија. Овој пат се очекува листата на производи со ограничена профитна маржа да биде подолга, односно на неа да се најдат над 600 прехранбени производи.
Цело време сме во контакт со стопанските комори, синдикалците, трговците и производителите. Идната недела ќе бидете известени. При крај е со подготовката за новогодишната кошничка, предвидени се над 600 производи кои ќе ги опфати оваа мерка, но повеќе детали ќе ви дадеме идната недела оти предвидено е некаде во четврток или петок да ја објавиме кошничката - рече Дурмиши, не откривајќи повеќе детали.
Министерот посочи дека и новогодишната кошничка, исто како есенската, ќе трае еден месец. Претходно, беше донесена есенска потрошувачка кошничка која траеше до 31 октомври. Со неа беа опфатени околу 70 производи на кои им беа ограничени профитните маржи.

The post Следната недела ќе биде објавена новогодишната потрошувачка кошничка, ќе содржи над 600 производи appeared first on Република.

]]>
По долго време намалени се трошоците за живот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/po-dolgo-vreme-namaleni-se-troshotsite-za-zhivot/ Mon, 28 Oct 2024 08:31:16 +0000 https://republika.mk/?p=831539

Синдикалната кошничка намалена  за 1000 денари, конкретните мерки на Владата даваат решение.

Мерките кои ги презема Владата доведоа до намалување на трошоците за храна и пијалоци да се намалат за 1000 денари.

Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија, пресмета дека трошоците за храна и пијалоци на едно четири члено семејство се намалени за 1000 денари во октомври споредено со септември оваа година-обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Владата со преземање на реални мерки го зачувува и зголемува животниот стандард на граѓаните.

Граѓаните добиваат партнер во Владата. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата.

Инфлацијата сега е меѓу 2 и 2.5%, во време на владеење на СДС беше двоцифрена.

Македонија оди напред, а економијата се трансформира кон подобро.

The post По долго време намалени се трошоците за живот appeared first on Република.

]]>

Синдикалната кошничка намалена  за 1000 денари, конкретните мерки на Владата даваат решение. Мерките кои ги презема Владата доведоа до намалување на трошоците за храна и пијалоци да се намалат за 1000 денари.
Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија, пресмета дека трошоците за храна и пијалоци на едно четири члено семејство се намалени за 1000 денари во октомври споредено со септември оваа година-обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Владата со преземање на реални мерки го зачувува и зголемува животниот стандард на граѓаните. Граѓаните добиваат партнер во Владата. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата. Инфлацијата сега е меѓу 2 и 2.5%, во време на владеење на СДС беше двоцифрена. Македонија оди напред, а економијата се трансформира кон подобро.

The post По долго време намалени се трошоците за живот appeared first on Република.

]]>
Министерот за економија најави поригорозни мерки ако следниот месец драстично се зголемат цените во маркетите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerot-za-ekonomija-najavi-porigorozni-merki-ako-sledniot-mesets-drastichno-se-zgolemat-tsenite-vo-marketite/ Fri, 25 Oct 2024 09:27:59 +0000 https://republika.mk/?p=830850

Министерот за економија Бесар Дурмиши уверува дека есенската кошничка има ефект и дека цените на производите се намалени за пет до десет отсто. Сепак истакнува дека мерката истекува на крајот од овој месец, а ако има драстично покачување на цените, ќе бидат преземени поригорозни мерки.

Од 24 септември, Владата донесе мерка за намалување до 10 отсто на маржата на основните прехранбени производи. Станува збор за 73 производи, со што цените треба да бидат пониски за десет проценти.

Владата ги задолжи трговците за производите кои се вклучени во есенската кошница и се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Министерот Дурмиши потсети дека според синдикалната кошничка, цените на храната и пијалаците во октомври се пониски за преку 900 денари.

„Наредниот месец очекуваме повторно намалување на цените зашто е во сила Законот за нефер трговски практики. Ако видиме дека трговците ги зголемуваат цените, ќе преземеме поригорозни мерки“, најави министерот.

The post Министерот за економија најави поригорозни мерки ако следниот месец драстично се зголемат цените во маркетите appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Бесар Дурмиши уверува дека есенската кошничка има ефект и дека цените на производите се намалени за пет до десет отсто. Сепак истакнува дека мерката истекува на крајот од овој месец, а ако има драстично покачување на цените, ќе бидат преземени поригорозни мерки. Од 24 септември, Владата донесе мерка за намалување до 10 отсто на маржата на основните прехранбени производи. Станува збор за 73 производи, со што цените треба да бидат пониски за десет проценти. Владата ги задолжи трговците за производите кои се вклучени во есенската кошница и се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди јасно да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Министерот Дурмиши потсети дека според синдикалната кошничка, цените на храната и пијалаците во октомври се пониски за преку 900 денари.
„Наредниот месец очекуваме повторно намалување на цените зашто е во сила Законот за нефер трговски практики. Ако видиме дека трговците ги зголемуваат цените, ќе преземеме поригорозни мерки“, најави министерот.

The post Министерот за економија најави поригорозни мерки ако следниот месец драстично се зголемат цените во маркетите appeared first on Република.

]]>
Постигнат договор за есенската потрошувачка кошница, ќе се разгледа на следната владина седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/postignat-dogovor-za-esenskata-potroshuvachka-koshnitsa-ke-se-razgleda-na-slednata-vladina-sednitsa/ Wed, 18 Sep 2024 09:49:28 +0000 https://republika.mk/?p=817385

На следната владина седница треба да се најде предлогот за есенската потрошувачка кошница, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Во изјава за медиумите Мицкоски рече дека е постигнат договор и дека предлогот на Министерството за економија и труд вчера бил доставен до Владата.

Имаше вчера предлог од страна на министерот за економија, кој е резултат на средбата што ја имаа надлежните со производителите и со трговците. Рековме дека работите ќе ги решаваме преку дијалог, беше постигнат договор и истиот ќе биде веќе на следната владина седница. Вчера не беше поради определени технички причини, но сакаме да ги помине и оние филтри како што се Генерален колегиум и Комисија за економски систем. Очекувам на следната владина седница во вторник да биде на дневен ред - рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета во општина Аеродром.

За Законот за нефер трговски практики што треба да стапи во сила од 28-ти овој месец, рече дека доколку не добијат конечен став од бизнис секторот, ќе се оди според предвидената динамика.

До вторник треба да биде познато кои прехранбени производи ќе бидат опфатени со есенската потрошувачка кошница и дали ќе се оди со мерка за замрзнување на цените или за ограничување на маржите. На ова во изминатиот период работеше работна група со претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, пренесе МИА.

The post Постигнат договор за есенската потрошувачка кошница, ќе се разгледа на следната владина седница appeared first on Република.

]]>

На следната владина седница треба да се најде предлогот за есенската потрошувачка кошница, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Во изјава за медиумите Мицкоски рече дека е постигнат договор и дека предлогот на Министерството за економија и труд вчера бил доставен до Владата.
Имаше вчера предлог од страна на министерот за економија, кој е резултат на средбата што ја имаа надлежните со производителите и со трговците. Рековме дека работите ќе ги решаваме преку дијалог, беше постигнат договор и истиот ќе биде веќе на следната владина седница. Вчера не беше поради определени технички причини, но сакаме да ги помине и оние филтри како што се Генерален колегиум и Комисија за економски систем. Очекувам на следната владина седница во вторник да биде на дневен ред - рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета во општина Аеродром.
За Законот за нефер трговски практики што треба да стапи во сила од 28-ти овој месец, рече дека доколку не добијат конечен став од бизнис секторот, ќе се оди според предвидената динамика. До вторник треба да биде познато кои прехранбени производи ќе бидат опфатени со есенската потрошувачка кошница и дали ќе се оди со мерка за замрзнување на цените или за ограничување на маржите. На ова во изминатиот период работеше работна група со претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, пренесе МИА.  

The post Постигнат договор за есенската потрошувачка кошница, ќе се разгледа на следната владина седница appeared first on Република.

]]>
Кои производи ќе се најдат во есенската потрошувачка кошница? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/koi-proizvodi-ke-se-najdat-vo-esenskata-potroshuvachka-koshnitsa/ Tue, 17 Sep 2024 09:07:39 +0000 https://republika.mk/?p=817025

Се бара решение за есенската потрошувачка кошница со кое ќе им се помогне на граѓаните, но нема да бидат оштетени ниту производителите, ниту трговците. Од Министерството за економија велат дека министерот веќе имал средби и дека ќе бидат слушнати предлозите од сите страни.

Предлозите од Министерството за економија ќе бидат доставени до Владата и разгледани на некоја од наредните седници.

Вчера и премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не сакаат на сила да донесат ништо и ако е потребно за да се усогласат ставовите, можеби ќе се причека и една недела.

- Не сакаме на сила ништо да правиме, стојам позади тоа што сум го кажал, но некогаш имате моменти кога гледате како поединци реагираат како монопол, дуопол и вие тогаш ќе мора да интервенирате офанзивно, ова како што ние го правиме. Онаму каде што навистина пазарната економија и пазарните практики ги диктираат цените, таму ние не интервенираме, но има услови кога ќе ги видите увозните цени и кога ќе видите како хируршки прецизно е поделен пазарот, тогаш не ви останува ништо друго освен да им помогнете на граѓаните, бидејќи не може некој непристојно да се богати на грбот на граѓаните. Во секој случај јас сум за тоа пазарната економија да ги диктира цените и тоа го поддржувам и немам дилема, но има за жал поединци кои ја злоупотребуваат оваа позиција и тука мораме ние како влада да интервенираме, рече Мицкоски.

Со есенската потрошувачка кошница треба да бидат опфатени 100-тина прехранбени производи, а во Министерството за економија се прават анализи дали да се замрзнат цените или да се ограничат маржите. Од 28-ти овој месец треба да стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се очекува да има одредено намалување на цените

The post Кои производи ќе се најдат во есенската потрошувачка кошница? appeared first on Република.

]]>

Се бара решение за есенската потрошувачка кошница со кое ќе им се помогне на граѓаните, но нема да бидат оштетени ниту производителите, ниту трговците. Од Министерството за економија велат дека министерот веќе имал средби и дека ќе бидат слушнати предлозите од сите страни. Предлозите од Министерството за економија ќе бидат доставени до Владата и разгледани на некоја од наредните седници. Вчера и премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не сакаат на сила да донесат ништо и ако е потребно за да се усогласат ставовите, можеби ќе се причека и една недела.

Не може некој непристојно да се богати на грбот на граѓаните: Се бара решение за есенската потрошувачка кошница https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ne-mozhe-nekoj-nepristojno-da-se-bogati-na-grbot-na-graganite-se-bara-reshenie-za-esenskata-potroshuvachka-koshnitsa/ Tue, 17 Sep 2024 08:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=817006

Се бара решение за есенската потрошувачка кошница со кое ќе им се помогне на граѓаните, но нема да бидат оштетени ниту производителите, ниту трговците. Од Министерството за економија велат дека министерот веќе имал средби и дека ќе бидат слушнати предлозите од сите страни.

Предлозите од Министерството за економија ќе бидат доставени до Владата и разгледани на некоја од наредните седници.

Вчера и премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не сакаат на сила да донесат ништо и ако е потребно за да се усогласат ставовите, можеби ќе се причека и една недела.

Не сакаме на сила ништо да правиме, стојам позади тоа што сум го кажал, но некогаш имате моменти кога гледате како поединци реагираат како монопол, дуопол и вие тогаш ќе мора да интервенирате офанзивно, ова како што ние го правиме. Онаму каде што навистина пазарната економија и пазарните практики ги диктираат цените, таму ние не интервенираме, но има услови кога ќе ги видите увозните цени и кога ќе видите како хируршки прецизно е поделен пазарот, тогаш не ви останува ништо друго освен да им помогнете на граѓаните, бидејќи не може некој непристојно да се богати на грбот на граѓаните. Во секој случај јас сум за тоа пазарната економија да ги диктира цените и тоа го поддржувам и немам дилема, но има за жал поединци кои ја злоупотребуваат оваа позиција и тука мораме ние како влада да интервенираме - рече Мицкоски.

Со есенската потрошувачка кошница треба да бидат опфатени 100-тина прехранбени производи, а во Министерството за економија се прават анализи дали да се замрзнат цените или да се ограничат маржите. Од 28-ти овој месец треба да стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се очекува да има одредено намалување на цените.

The post Не може некој непристојно да се богати на грбот на граѓаните: Се бара решение за есенската потрошувачка кошница appeared first on Република.

]]>

Се бара решение за есенската потрошувачка кошница со кое ќе им се помогне на граѓаните, но нема да бидат оштетени ниту производителите, ниту трговците. Од Министерството за економија велат дека министерот веќе имал средби и дека ќе бидат слушнати предлозите од сите страни. Предлозите од Министерството за економија ќе бидат доставени до Владата и разгледани на некоја од наредните седници. Вчера и премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не сакаат на сила да донесат ништо и ако е потребно за да се усогласат ставовите, можеби ќе се причека и една недела.
Не сакаме на сила ништо да правиме, стојам позади тоа што сум го кажал, но некогаш имате моменти кога гледате како поединци реагираат како монопол, дуопол и вие тогаш ќе мора да интервенирате офанзивно, ова како што ние го правиме. Онаму каде што навистина пазарната економија и пазарните практики ги диктираат цените, таму ние не интервенираме, но има услови кога ќе ги видите увозните цени и кога ќе видите како хируршки прецизно е поделен пазарот, тогаш не ви останува ништо друго освен да им помогнете на граѓаните, бидејќи не може некој непристојно да се богати на грбот на граѓаните. Во секој случај јас сум за тоа пазарната економија да ги диктира цените и тоа го поддржувам и немам дилема, но има за жал поединци кои ја злоупотребуваат оваа позиција и тука мораме ние како влада да интервенираме - рече Мицкоски.
Со есенската потрошувачка кошница треба да бидат опфатени 100-тина прехранбени производи, а во Министерството за економија се прават анализи дали да се замрзнат цените или да се ограничат маржите. Од 28-ти овој месец треба да стапи на сила и Законот за нефер трговски практики со кој се очекува да има одредено намалување на цените.

The post Не може некој непристојно да се богати на грбот на граѓаните: Се бара решение за есенската потрошувачка кошница appeared first on Република.

]]>
Дурмиши: В понеделник одговор од работната група за есенската потрошувачка кошница https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-v-ponedelnik-odgovor-od-rabotnata-grupa-za-esenskata-potroshuvachka-koshnitsa/ Fri, 13 Sep 2024 11:16:12 +0000 https://republika.mk/?p=816031

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши очекува в понеделник да добие предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница, како и за ограничувањето на трговските маржи или замрзнување на цените. Предлогот потоа треба да помине на редовната седница на Владата во вторник.

Работната група со претставници на министерствата за економија, земјоделие и финансии уште работи. Како што знам тие и денес работат на оваа проблематика. На крајот на денот или поконкретно во понеделник ќе имаме јасен одговор од нив. Предлогот ќе биде доставен во вторник на Влада каде што ќе се усвои таа одлука и за тоа ќе бидете известени, рече министерот Дурмиши, на новинарско прашање при посетата на Гостивар.

Дурмиши претходно најави дека до денеска треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, врз основа на направена симулација треба да донесе предлог - одлука дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти.

Според министерот Дурмиши стабилизација на цените се очекува и со примената на Законот за нелојална трговија, кој треба да почне да се применува од 28 септември. Законот ќе стапи во сила до крајот на месецот, а компаниите ќе имаат рок од шест месеци да ги усогласат цените

The post Дурмиши: В понеделник одговор од работната група за есенската потрошувачка кошница appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши очекува в понеделник да добие предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница, како и за ограничувањето на трговските маржи или замрзнување на цените. Предлогот потоа треба да помине на редовната седница на Владата во вторник. Работната група со претставници на министерствата за економија, земјоделие и финансии уште работи. Како што знам тие и денес работат на оваа проблематика. На крајот на денот или поконкретно во понеделник ќе имаме јасен одговор од нив. Предлогот ќе биде доставен во вторник на Влада каде што ќе се усвои таа одлука и за тоа ќе бидете известени, рече министерот Дурмиши, на новинарско прашање при посетата на Гостивар. Дурмиши претходно најави дека до денеска треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, врз основа на направена симулација треба да донесе предлог - одлука дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти. Според министерот Дурмиши стабилизација на цените се очекува и со примената на Законот за нелојална трговија, кој треба да почне да се применува од 28 септември. Законот ќе стапи во сила до крајот на месецот, а компаниите ќе имаат рок од шест месеци да ги усогласат цените

The post Дурмиши: В понеделник одговор од работната група за есенската потрошувачка кошница appeared first on Република.

]]>
Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук, овошје: Што ќе се продава поевтино во есенската кошничка? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/oriz-grav-meso-pechurki-zelenchuk-ovoshje-shto-ke-se-prodava-poevtino-vo-esenskata-koshnichka/ Thu, 12 Sep 2024 18:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=815830

Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук и овошје се само дел од производите кои ќе бидат на листата од 100те основни прехрамбени и земјоделски производи на акциската кошничка, изјави министерот за економија Бесар Дурмиши.

Тој во изјавата за медиуми исто посочи дека ќе се прави ограничување на цените во одредено ниво или ограничување на маржата од пет до 15 проценти. Овие акциски кошнички ќе продолжат и во наредниот период. Оваа мерка ќе биде доставена следната недела до владата со цел да се усвои и како што изјави Дурмиши веднаш ќе се почне со процедура да се почитува таа мерка.

Овошни производи, храна, ориз, грав. Сите производи кои што им се потребни, побитни на граѓаните во есенскиот период. Сакам да најавам дека оваа акциска кошничка ќе ја продолжиме и во наредниот период, тоа ќе биде зимска кошничка, велигденска, рамазанска - рече Дурмиши.

The post Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук, овошје: Што ќе се продава поевтино во есенската кошничка? appeared first on Република.

]]>

Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук и овошје се само дел од производите кои ќе бидат на листата од 100те основни прехрамбени и земјоделски производи на акциската кошничка, изјави министерот за економија Бесар Дурмиши. Тој во изјавата за медиуми исто посочи дека ќе се прави ограничување на цените во одредено ниво или ограничување на маржата од пет до 15 проценти. Овие акциски кошнички ќе продолжат и во наредниот период. Оваа мерка ќе биде доставена следната недела до владата со цел да се усвои и како што изјави Дурмиши веднаш ќе се почне со процедура да се почитува таа мерка.
Овошни производи, храна, ориз, грав. Сите производи кои што им се потребни, побитни на граѓаните во есенскиот период. Сакам да најавам дека оваа акциска кошничка ќе ја продолжиме и во наредниот период, тоа ќе биде зимска кошничка, велигденска, рамазанска - рече Дурмиши.

The post Ориз, грав, месо, печурки, зеленчук, овошје: Што ќе се продава поевтино во есенската кошничка? appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го поскапеа животот во Македонија, потрошувачката кошница за март изнесува 59.000 денари или три минимални плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-sds-i-dui-go-poskapea-zhivotot-vo-makedonija-potroshuvachkata-koshnitsa-za-mart-iznesuva-59-000-denari-ili-tri-minimalni-plati/ Thu, 21 Mar 2024 08:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=756906

Се зголеми потрошувачката кошница за само еден месец со дополнителни 1500 денари, или за едно четиричлено семејство само за да се прехрани за еден месец му се потребни 59.000 денари. Владата на СДС и ДУИ го уништи животниот стандард на граѓаните. На едно семејство за да може да преживее од месец за месец му се потреби три минимални плати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Платите се многу пониски од тоа што изнесува една потрошувачка кошничка. Со катастрофалните политики на власта на СДС и ДУИ се зголемија цените на основните прехранбени производи, а граѓаните дополнително секојдневно се соочуваат со нови ценовни шокови. Устите им се полни со фалби дека ги зголемиле платите и пензиите, но реалната состојба е дека се намали куповната моќ. СДС и ДУИ го поскапеа животот во Македонија. Платите и пензиите на граѓаните се ниски споредбено со нивните месечни трошоци, се наведува во партиското соопштение.

„И додека СДС се фали со покачените плати над 600.000 наши сограѓани живеат со 150 денари на ден, а Ковачевски кој зема 2500 евра апанажа, дневно може да троши 83 евра.

Владата на СДС и ДУИ ја уништија Македонија.

Владата на СДС и ДУИ донесоа само порази на граѓаните. Затоа важно е да го поразиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го поскапеа животот во Македонија, потрошувачката кошница за март изнесува 59.000 денари или три минимални плати appeared first on Република.

]]>

Се зголеми потрошувачката кошница за само еден месец со дополнителни 1500 денари, или за едно четиричлено семејство само за да се прехрани за еден месец му се потребни 59.000 денари. Владата на СДС и ДУИ го уништи животниот стандард на граѓаните. На едно семејство за да може да преживее од месец за месец му се потреби три минимални плати, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Платите се многу пониски од тоа што изнесува една потрошувачка кошничка. Со катастрофалните политики на власта на СДС и ДУИ се зголемија цените на основните прехранбени производи, а граѓаните дополнително секојдневно се соочуваат со нови ценовни шокови. Устите им се полни со фалби дека ги зголемиле платите и пензиите, но реалната состојба е дека се намали куповната моќ. СДС и ДУИ го поскапеа животот во Македонија. Платите и пензиите на граѓаните се ниски споредбено со нивните месечни трошоци, се наведува во партиското соопштение. „И додека СДС се фали со покачените плати над 600.000 наши сограѓани живеат со 150 денари на ден, а Ковачевски кој зема 2500 евра апанажа, дневно може да троши 83 евра. Владата на СДС и ДУИ ја уништија Македонија. Владата на СДС и ДУИ донесоа само порази на граѓаните. Затоа важно е да го поразиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го поскапеа животот во Македонија, потрошувачката кошница за март изнесува 59.000 денари или три минимални плати appeared first on Република.

]]>
Потрошувачката кошничка е речиси 1.000 евра, за да се наполни потребни се 3 минимални плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/potroshuvachkata-koshnichka-e-rechisi-1-000-evra-za-da-se-napolni-potrebni-se-3-minimalni-plati/ Tue, 27 Feb 2024 08:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=748781

Со СДС и ДУИ Македонија има инфлација за 50% поголема од таа во еврозоната, пад на реалната плата и потрошувачка кошничка од 1.000 евра, пресмета ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на 2022 година има пад реалната плата за 5%, платите со години се обезвреднети, на хартија растат, а во реалноста куповната моќ на народот е се послаба.

Потрошувачката кошничка е речиси 1.000 евра, за да се наполни потребни се 3 минимални плати.

Економијата никогаш не била во толку лоша ситуација како денес со СДС и ДУИ.

Додека во Македонија растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 година изнесува само 20%, земјите од регионот како Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Косово имаат и над 50% раст.

Македонија заостанува зад сите земји во регионот. 7 години власт на СДС и ДУИ, 7 промашени години за економијата. Народот со право вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

The post Потрошувачката кошничка е речиси 1.000 евра, за да се наполни потребни се 3 минимални плати appeared first on Република.

]]>

Со СДС и ДУИ Македонија има инфлација за 50% поголема од таа во еврозоната, пад на реалната плата и потрошувачка кошничка од 1.000 евра, пресмета ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на 2022 година има пад реалната плата за 5%, платите со години се обезвреднети, на хартија растат, а во реалноста куповната моќ на народот е се послаба.
Потрошувачката кошничка е речиси 1.000 евра, за да се наполни потребни се 3 минимални плати.
Економијата никогаш не била во толку лоша ситуација како денес со СДС и ДУИ. Додека во Македонија растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 година изнесува само 20%, земјите од регионот како Србија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Косово имаат и над 50% раст. Македонија заостанува зад сите земји во регионот. 7 години власт на СДС и ДУИ, 7 промашени години за економијата. Народот со право вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.

The post Потрошувачката кошничка е речиси 1.000 евра, за да се наполни потребни се 3 минимални плати appeared first on Република.

]]>
ССМ пресмета: Минималната кошница за јануари 2024 година изнесува 57.163 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-presmeta-minimalnata-koshnitsa-za-januari-2024-godina-iznesuva-57-163-denari/ Mon, 22 Jan 2024 14:24:58 +0000 https://republika.mk/?p=735530

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари 2024 година изнесува 57 163 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Во однос на онаа од претходниот месец која изнесуваше 56 522 денари, јануарската кошница е зголемена за 641 денар.

Со изнајмен стан од 60 квадрати, минимална кошница за јануари изнесува 72 538 денари што е 566 денари повеќе споредено со декември 2023 година кога изнесуваше 71 972 денара.

Според ССМ, од кошницата, на храна и пијалаци отпаѓаат 21 007 денари или 36,7 отсто, на облека и обувки 4 803 денари или 8,4 проценти, на станарина, вода, електрична енергија и греење 6 014 денари или 10,5 отсто, на лична хигиена и оддржување хигиена во домот 1 797 денари или 3,1 отсто, на здравје 1 115 денари или 2 отсто, на транспорт 4 759 денари или 8,3 проценти, на комуникации 2 709 денари или 4,7 отсто, на рекреација и култура 4 205 денари или 7,4 проценти, на образование 7 022 денари или 12,3 отсто, на ресторани и хотели 3 733 денари или 6,5 отсто и на останати стоки и услуги 950 денари или 1,7 проценти.

The post ССМ пресмета: Минималната кошница за јануари 2024 година изнесува 57.163 денари appeared first on Република.

]]>

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари 2024 година изнесува 57 163 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Во однос на онаа од претходниот месец која изнесуваше 56 522 денари, јануарската кошница е зголемена за 641 денар. Со изнајмен стан од 60 квадрати, минимална кошница за јануари изнесува 72 538 денари што е 566 денари повеќе споредено со декември 2023 година кога изнесуваше 71 972 денара. Според ССМ, од кошницата, на храна и пијалаци отпаѓаат 21 007 денари или 36,7 отсто, на облека и обувки 4 803 денари или 8,4 проценти, на станарина, вода, електрична енергија и греење 6 014 денари или 10,5 отсто, на лична хигиена и оддржување хигиена во домот 1 797 денари или 3,1 отсто, на здравје 1 115 денари или 2 отсто, на транспорт 4 759 денари или 8,3 проценти, на комуникации 2 709 денари или 4,7 отсто, на рекреација и култура 4 205 денари или 7,4 проценти, на образование 7 022 денари или 12,3 отсто, на ресторани и хотели 3 733 денари или 6,5 отсто и на останати стоки и услуги 950 денари или 1,7 проценти.  

The post ССМ пресмета: Минималната кошница за јануари 2024 година изнесува 57.163 денари appeared first on Република.

]]>
Владата уво не ја боли – Синдикатите на улица, Ковачевски по кафани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-uvo-ne-ja-boli-sindikatite-na-ulitsa-kovachevski-po-kafani/ Fri, 24 Nov 2023 09:52:24 +0000 https://republika.mk/?p=715801

Македонија се наоѓа во тешка економска состојба со низок раст на стопанството и зголемени цени на производите и услугите. Од друга страна, македонските граѓани одвај успеваат да поминат месецот и да врзат крај со крај, платите им се ниски цените високи така што нивната куповна моќ е сериозно намалена. Тоа значи дека најголемиот процент од македонските граѓани со нивните пати не може да си ја дозволат синдикалната кошница со основни намирници услуги за нормално функционирање на нивните семејства.

Просечниот македонски граѓанин се повеќе осиромашува, и покрај тврдењата на властите дека ги покачува платите и дека ја зголемува нивата куповната моќ, а тоа може да се види секојдневно на улиците и според турканиците во нискобуџетните продажни места, односно маркетите. Ако некогаш тие продажни места беа резервирани само за пензионерите кои поради ниските износи на пензии можеа да си дозволат само таму да пазаруваат, сега таму може да се забележат и купувачи од таканаречената „средна класа“, за која прашање е и дали воопшто постои во Македонија.

Дека е тоа така, може да се види од секојдневните протести на разни синдикати и здруженија на граѓани кои изминатиов период го кренаа гласит и го изразија нивниот револт поради ниските примања.

Низ целиот летен период, наместо на имаат финансиски можности да одат на одмор, пензионерите во сите македонски градови го поминаа на улици протестирајќи, кои сеуште протестираат, барајќи линеарно покачување на пензиите за да можат да ги покријат основните месечни трошоци. Но, и покрај секојдневните барања и апели на пензионерите за повисоки пензии, нивните барања наидоа на глуви уши. Власта, како и за сите други кои бараат повисоки примања, се однесува како да не постојат.

Најтрагичен беше протестот на пензионерите во Штип, каде што тие со празни тегли го изразија својот револт, велејќи дека толку можеле да направат со пензиите кои ги добиле во септември месец.

Незадоволни од примањата се и вработените во судско обвинителската администрација, кои својот револт го изразуваат не само во форма на протест, туку сега веќе е во форма на штрајк, што значи дека ќе трпи целиот работен процес, а тие ќе обработуваат само итни предмети.

Протестираа и здравствените работници кои барат зголемување на платите за 30 проценти на докторите, медицинскиот персонал, јавната администрација во здравствените установи и на техничкиот персонал. Денеска пред Министерството за здравство пак, ќе протестира Независниот синдикат на здравствените работници со повторно барање за поголеми плати.

Административците бараат поголеми плати. Револтот кај нив се појави откако пролетва за 78% се зголемија платите на функционерите по одлуката на Уставниот суд, а дополнително ескалираше кога премиерот Ковачевски најави дека нема да се намалуваат функционерските плати, бидејќи според законот, примањата на судиите, обвинителите и правниците не смеат да се коригираат надолу.

Ако до сега протестирањата биле поединечни и секоја институција поединечно, преку своите синдикати, ги изразуваше нивното незадоволство и револт, како и барањата за покачување на платите, денеска тоа добива нова форма и денеска на голем протест пред Собранието излегуваат вработените од судската и обвинителската администрација, Фондот за здравство и Народниот правобранител.

Вработените во Народниот правобранител пак, прв пат излегоа на протест во вторникот со барање за поголеми плати. Истакнаа дека имаат голем обем на работа, а нивните месечни примања во моментов заостануваат во однос на останатите независни регулаторни тела.

И додека синдикатите се на улица, слободно може да се констатира дека владата уво не ја боли, а премиерот Димитар Ковачевски си шета по регионот и светот. И не само тоа, додека македонските граѓани мака мачат да го поминат месецот, Ковачевски се весели по кафеани во регионот и пеејќи, ги забавува гостите, како што беше примерот од пред недела дена во Србија, каде што видно расположен, без никаква грижа за состојбите во Македонија, со чаша вино во рацете им пееше на гостите во српската кафеана во друштво на српскиот премиер Александар Вучиќ.

The post Владата уво не ја боли – Синдикатите на улица, Ковачевски по кафани appeared first on Република.

]]>

Македонија се наоѓа во тешка економска состојба со низок раст на стопанството и зголемени цени на производите и услугите. Од друга страна, македонските граѓани одвај успеваат да поминат месецот и да врзат крај со крај, платите им се ниски цените високи така што нивната куповна моќ е сериозно намалена. Тоа значи дека најголемиот процент од македонските граѓани со нивните пати не може да си ја дозволат синдикалната кошница со основни намирници услуги за нормално функционирање на нивните семејства. Просечниот македонски граѓанин се повеќе осиромашува, и покрај тврдењата на властите дека ги покачува платите и дека ја зголемува нивата куповната моќ, а тоа може да се види секојдневно на улиците и според турканиците во нискобуџетните продажни места, односно маркетите. Ако некогаш тие продажни места беа резервирани само за пензионерите кои поради ниските износи на пензии можеа да си дозволат само таму да пазаруваат, сега таму може да се забележат и купувачи од таканаречената „средна класа“, за која прашање е и дали воопшто постои во Македонија. Дека е тоа така, може да се види од секојдневните протести на разни синдикати и здруженија на граѓани кои изминатиов период го кренаа гласит и го изразија нивниот револт поради ниските примања. Низ целиот летен период, наместо на имаат финансиски можности да одат на одмор, пензионерите во сите македонски градови го поминаа на улици протестирајќи, кои сеуште протестираат, барајќи линеарно покачување на пензиите за да можат да ги покријат основните месечни трошоци. Но, и покрај секојдневните барања и апели на пензионерите за повисоки пензии, нивните барања наидоа на глуви уши. Власта, како и за сите други кои бараат повисоки примања, се однесува како да не постојат. Најтрагичен беше протестот на пензионерите во Штип, каде што тие со празни тегли го изразија својот револт, велејќи дека толку можеле да направат со пензиите кои ги добиле во септември месец. Незадоволни од примањата се и вработените во судско обвинителската администрација, кои својот револт го изразуваат не само во форма на протест, туку сега веќе е во форма на штрајк, што значи дека ќе трпи целиот работен процес, а тие ќе обработуваат само итни предмети. Протестираа и здравствените работници кои барат зголемување на платите за 30 проценти на докторите, медицинскиот персонал, јавната администрација во здравствените установи и на техничкиот персонал. Денеска пред Министерството за здравство пак, ќе протестира Независниот синдикат на здравствените работници со повторно барање за поголеми плати. Административците бараат поголеми плати. Револтот кај нив се појави откако пролетва за 78% се зголемија платите на функционерите по одлуката на Уставниот суд, а дополнително ескалираше кога премиерот Ковачевски најави дека нема да се намалуваат функционерските плати, бидејќи според законот, примањата на судиите, обвинителите и правниците не смеат да се коригираат надолу. Ако до сега протестирањата биле поединечни и секоја институција поединечно, преку своите синдикати, ги изразуваше нивното незадоволство и револт, како и барањата за покачување на платите, денеска тоа добива нова форма и денеска на голем протест пред Собранието излегуваат вработените од судската и обвинителската администрација, Фондот за здравство и Народниот правобранител. Вработените во Народниот правобранител пак, прв пат излегоа на протест во вторникот со барање за поголеми плати. Истакнаа дека имаат голем обем на работа, а нивните месечни примања во моментов заостануваат во однос на останатите независни регулаторни тела. И додека синдикатите се на улица, слободно може да се констатира дека владата уво не ја боли, а премиерот Димитар Ковачевски си шета по регионот и светот. И не само тоа, додека македонските граѓани мака мачат да го поминат месецот, Ковачевски се весели по кафеани во регионот и пеејќи, ги забавува гостите, како што беше примерот од пред недела дена во Србија, каде што видно расположен, без никаква грижа за состојбите во Македонија, со чаша вино во рацете им пееше на гостите во српската кафеана во друштво на српскиот премиер Александар Вучиќ.

The post Владата уво не ја боли – Синдикатите на улица, Ковачевски по кафани appeared first on Република.

]]>
Mлеко, сирење, пелени, кафе, пилешко месо: Вучиќ вадеше од корпа кои производи ќе бидат намалени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mleko-sirene-peleni-kafe-pileshko-meso-vuchik-vadeshe-od-korpa-koi-proizvodi-ke-bidat-namaleni/ Fri, 08 Sep 2023 15:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=680006

Претседателот  Александар Вучиќ  им соопшти на граѓаните добри вести за пониски цени на основните производи и прехранбените производи на маркетите, но и околу 20.000 еднократна парична помош за сите пензионери покрај најавените поскапувања.

Вучиќ  ги наведе пониските цени на производите што ги донесе во корпа.

Претседателот на своето обраќање донесе корпа со дел од основните производи кои од среда ќе имаат пониски цени во супермаркетите, но и печат кој ќе го гарантира ова намалување.

Списокот на производи со попуст вклучува:

Млеко

Јогурт

Сирење

Компир

Пилешко месо

салама

Кафе

Чоколадо

Храна за бебиња и пелени

The post Mлеко, сирење, пелени, кафе, пилешко месо: Вучиќ вадеше од корпа кои производи ќе бидат намалени appeared first on Република.

]]>

Претседателот  Александар Вучиќ  им соопшти на граѓаните добри вести за пониски цени на основните производи и прехранбените производи на маркетите, но и околу 20.000 еднократна парична помош за сите пензионери покрај најавените поскапувања. Вучиќ  ги наведе пониските цени на производите што ги донесе во корпа. Претседателот на своето обраќање донесе корпа со дел од основните производи кои од среда ќе имаат пониски цени во супермаркетите, но и печат кој ќе го гарантира ова намалување. Списокот на производи со попуст вклучува: Млеко Јогурт Сирење Компир Пилешко месо салама Кафе Чоколадо Храна за бебиња и пелени

The post Mлеко, сирење, пелени, кафе, пилешко месо: Вучиќ вадеше од корпа кои производи ќе бидат намалени appeared first on Република.

]]>
Минималните месечни трошоци во март 50.070 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/minimalnite-mesechni-troshotsi-vo-mart-50-070-denari/ Fri, 07 Apr 2023 12:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=628340

Минималните трошоци на едно семејство во март изнесувале 50.070 денари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Според пресметките на синдикатот, 19.263 денари биле потребни за храна, а 13.417 денари за подмирување на режиските месечни трошоци. За превоз минимум биле потребни 3.679 денари, а за хигиенски потреби 3.186 денари.

The post Минималните месечни трошоци во март 50.070 денари appeared first on Република.

]]>

Минималните трошоци на едно семејство во март изнесувале 50.070 денари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Според пресметките на синдикатот, 19.263 денари биле потребни за храна, а 13.417 денари за подмирување на режиските месечни трошоци. За превоз минимум биле потребни 3.679 денари, а за хигиенски потреби 3.186 денари.

The post Минималните месечни трошоци во март 50.070 денари appeared first on Република.

]]>
Минималната потрошувачка кошничка во ноември 51.714 денари, повеќе од половина оди за храна и режиски трошоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/minimalnata-potroshuvachka-koshnichka-vo-noemvri-51-714-denari-povekje-od-polovina-odi-za-hrana-i-reziski-troshoci/ Wed, 07 Dec 2022 13:07:16 +0000 https://republika.mk/?p=582964

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во ноември изнесувале 51.714 денари и се за 200 денари зголемени во однос на октомври, а за 1.490 денари во споредба со септември.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, за храна во ноември биле потребни минимум 19.518 денари, а за режиски трошоци 12.983 денари што е повеќе од половина од синдикалната минимална кошничка.

Останатите средства, односно 3.668 денари се минимум потребни за превоз, 2.986 денари за хигиена и 2.250 денари за облека или обувки. За културни активности, според синдикалната минимална кошничка, остануваат 1.067 денари, а за здравствени услуги само 799 денари.

The post Минималната потрошувачка кошничка во ноември 51.714 денари, повеќе од половина оди за храна и режиски трошоци appeared first on Република.

]]>

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во ноември изнесувале 51.714 денари и се за 200 денари зголемени во однос на октомври, а за 1.490 денари во споредба со септември. Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, за храна во ноември биле потребни минимум 19.518 денари, а за режиски трошоци 12.983 денари што е повеќе од половина од синдикалната минимална кошничка. Останатите средства, односно 3.668 денари се минимум потребни за превоз, 2.986 денари за хигиена и 2.250 денари за облека или обувки. За културни активности, според синдикалната минимална кошничка, остануваат 1.067 денари, а за здравствени услуги само 799 денари.

The post Минималната потрошувачка кошничка во ноември 51.714 денари, повеќе од половина оди за храна и режиски трошоци appeared first on Република.

]]>