потрошувачка кочница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potroshuvachka-kochnica/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 08:43:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потрошувачка кочница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potroshuvachka-kochnica/ 32 32 Се подготвуваат производите за есенската кошничка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-podgotvuvaat-proizvodite-za-esenskata-koshnichka/ Thu, 12 Sep 2024 08:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=815583

Владата подготвува есенска кошничка со производи кои граѓаните највеќе ги употребуваат. Кошничката со околу 100 прехранбени производи треба да биде изготвена до петок.

Како што најави премиерот Христијан Мицкоски, граѓаните може да очекуваат и пролетна кошничка.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-80-dena-imame-pokacheni-penzii-isplata-na-zaostanati-plati-subventsii-novi-investitsii/

Според Министерството за економија, Работната група во која има членови од министерствата за економија, земјоделство и финансии, ќе направи симулација за ограничување на цените или на маржите. Министерот за економија Бесар Дурмиши за МИА информира дека ќе се направат пресметки со намалување на маржите на 5, 10 или 15 проценти на трговија на мало или замрзнување на цените на одредено ниво. Симулацијата, рече, треба да даде информација кое ќе биде најповолното решение за крајните цени за потрошувачите и какви ќе бидат фискалните импликации од оваа мерка.

Предлогот и симулацијата на есенската потрошувачка кошничка ќе биде доставена до Владата на следната седница и ќе се донесе одлука за намалување на цените на овие основни прехранбени производи.

Нашата цел е да им излеземе во пресрет на граѓаните се со цел да има подобрување на животниот стандард. Исто така сакам да кажам дека оваа есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе продолжи да се применува во вид на божиќна потрошувачка кошница, рамазанска потрошувачка кошница, велигденска потрошувачка кошница со измена на листата на производи кои ќе бидат опфатени во зависност од периодот во кој ќе се применува, изјави Дурмиши.

Премиерот е дециден дека Владата нема да дозволи повторно висока стапка на инфлација.

 

Ќе имаме предновогодишна кошничка, есенска кошничка во која ќе има своевиден избор на производи што се најупотребувани во тој период од годината, ќе имаме пролетна, итн. Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, во зависност од тоа што најмногу се троши ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи повторно висока стапка на инфлација со што ќе се влијае негативно на стандардот на граѓаните. Исклучително сум задоволен што стапката на инфлација во август на годишно ниво е 2,2 процента во однос на август минатата година што претставува навистина добар резултат, имајќи го предвид регионот и е меѓу првите во регионот, односно првите според ниска стапка на инфлација, би рекол и компетитивен во Европа и е понизок во рамки на еврозоната, што е добро. Значи, полека, но сигурно цените се стабилизираа и сакам да кажам дека во периодот што следи ќе продолжиме да се грижиме за стандардот на граѓаните, потенцира премиерот.

Во однос на Законот за нефер трговски практики, Мицкоски напомена дека Владата ќе му излезе во пресрет на стопанството доколку тоа побара одреден период за прилагодување. Истакна и дека се уште не ги добил писмата од коморите во однос на Законот за нефер трговски практики.

Писмата, за жал, се уште ги немам добиено. Од она што можам да го добијам како информација од Стопанската комора е дека таму има, би рекол, своевидно разногласие меѓу трговските ланци, трговците и производителите. Инаку, Законот е тој. Доколку Стопанската комора побара официјално од нас како Влада недела, две, три, пет, колку им се потребни за усогласување, не гледам причина зошто тоа да не се случи. Ние работиме во интерес на бизнисот, интересот на економијата, во интересот на граѓаните и мислам дека тоа го правиме добро досега. Ќе видиме како ќе биде во иднина. Немаме намера да бидеме тврдоглави, ниту на сила да правиме некои работи. Доколку е потребно усогласување што се чекало со години, сега дополнителни две, три, четири недели не гледам причина зошто да не се случи, рече Мицкоски.

Според министерот Дурмиши, Законот за нефер трговски практики останува во сила. Рабатот и дополнителните трошоци од листата на 2 548 тарифни броеви на земјоделски и прехранбени производи во трговија на мало и трговија на големо ќе бидат ограничени на 10 проценти, почнувајќи од 28 септември

The post Се подготвуваат производите за есенската кошничка appeared first on Република.

]]>

Владата подготвува есенска кошничка со производи кои граѓаните највеќе ги употребуваат. Кошничката со околу 100 прехранбени производи треба да биде изготвена до петок. Како што најави премиерот Христијан Мицкоски, граѓаните може да очекуваат и пролетна кошничка. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-80-dena-imame-pokacheni-penzii-isplata-na-zaostanati-plati-subventsii-novi-investitsii/ Според Министерството за економија, Работната група во која има членови од министерствата за економија, земјоделство и финансии, ќе направи симулација за ограничување на цените или на маржите. Министерот за економија Бесар Дурмиши за МИА информира дека ќе се направат пресметки со намалување на маржите на 5, 10 или 15 проценти на трговија на мало или замрзнување на цените на одредено ниво. Симулацијата, рече, треба да даде информација кое ќе биде најповолното решение за крајните цени за потрошувачите и какви ќе бидат фискалните импликации од оваа мерка. Предлогот и симулацијата на есенската потрошувачка кошничка ќе биде доставена до Владата на следната седница и ќе се донесе одлука за намалување на цените на овие основни прехранбени производи.
Нашата цел е да им излеземе во пресрет на граѓаните се со цел да има подобрување на животниот стандард. Исто така сакам да кажам дека оваа есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе продолжи да се применува во вид на божиќна потрошувачка кошница, рамазанска потрошувачка кошница, велигденска потрошувачка кошница со измена на листата на производи кои ќе бидат опфатени во зависност од периодот во кој ќе се применува, изјави Дурмиши.
Премиерот е дециден дека Владата нема да дозволи повторно висока стапка на инфлација.  
Ќе имаме предновогодишна кошничка, есенска кошничка во која ќе има своевиден избор на производи што се најупотребувани во тој период од годината, ќе имаме пролетна, итн. Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, во зависност од тоа што најмногу се троши ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи повторно висока стапка на инфлација со што ќе се влијае негативно на стандардот на граѓаните. Исклучително сум задоволен што стапката на инфлација во август на годишно ниво е 2,2 процента во однос на август минатата година што претставува навистина добар резултат, имајќи го предвид регионот и е меѓу првите во регионот, односно првите според ниска стапка на инфлација, би рекол и компетитивен во Европа и е понизок во рамки на еврозоната, што е добро. Значи, полека, но сигурно цените се стабилизираа и сакам да кажам дека во периодот што следи ќе продолжиме да се грижиме за стандардот на граѓаните, потенцира премиерот.
Во однос на Законот за нефер трговски практики, Мицкоски напомена дека Владата ќе му излезе во пресрет на стопанството доколку тоа побара одреден период за прилагодување. Истакна и дека се уште не ги добил писмата од коморите во однос на Законот за нефер трговски практики.
Писмата, за жал, се уште ги немам добиено. Од она што можам да го добијам како информација од Стопанската комора е дека таму има, би рекол, своевидно разногласие меѓу трговските ланци, трговците и производителите. Инаку, Законот е тој. Доколку Стопанската комора побара официјално од нас како Влада недела, две, три, пет, колку им се потребни за усогласување, не гледам причина зошто тоа да не се случи. Ние работиме во интерес на бизнисот, интересот на економијата, во интересот на граѓаните и мислам дека тоа го правиме добро досега. Ќе видиме како ќе биде во иднина. Немаме намера да бидеме тврдоглави, ниту на сила да правиме некои работи. Доколку е потребно усогласување што се чекало со години, сега дополнителни две, три, четири недели не гледам причина зошто да не се случи, рече Мицкоски.
Според министерот Дурмиши, Законот за нефер трговски практики останува во сила. Рабатот и дополнителните трошоци од листата на 2 548 тарифни броеви на земјоделски и прехранбени производи во трговија на мало и трговија на големо ќе бидат ограничени на 10 проценти, почнувајќи од 28 септември

The post Се подготвуваат производите за есенската кошничка appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ потрошувачката кошничка за 7 години е двојно поголема од 500 евра во 2017 на скоро 1.000 евра денес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-so-sds-i-dui-potroshuvachkata-koshnichka-za-7-godini-e-dvojno-pogolema-od-500-evra-vo-2017-na-skoro-1-000-evra-denes/ Wed, 28 Feb 2024 07:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=749103

Со СДС и ДУИ потрошувачката кошничка за 7 години е двојно поголема од 500 евра во 2017 на скоро 1.000 евра денес, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

За 7 години животот на граѓаните е двојно поскап. Заради лошото владеење на СДС и ДУИ за тоа што во 2017 година требало да се одвојат 500 денари, сега за да се купи треба да се одвојат 1.000 денари. За 7 години животот на народот стана неподносливо тежок и за сиот овој период, раст на БДП по глава на жител е само 20%, додека во регионот е повеќе од 50%. Кој може да си дозволи да наполни една потрошувачка кошничка? 600.000 луѓе кои живеат со 150 денари на ден сигурно не, но милионерите како Каевски, Ковачевски, Зечевиќ сигурно да. Со милиони, кои самите си ги пријавиле во анкетните листови Каевски и Ковачевски маките на народот се неразбирливи. Оваа власт е целосно одлепена од реалноста. Народот не може да си дозволи основни работи за живот. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, порачуваат од опозициската партија.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ потрошувачката кошничка за 7 години е двојно поголема од 500 евра во 2017 на скоро 1.000 евра денес appeared first on Република.

]]>

Со СДС и ДУИ потрошувачката кошничка за 7 години е двојно поголема од 500 евра во 2017 на скоро 1.000 евра денес, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За 7 години животот на граѓаните е двојно поскап. Заради лошото владеење на СДС и ДУИ за тоа што во 2017 година требало да се одвојат 500 денари, сега за да се купи треба да се одвојат 1.000 денари. За 7 години животот на народот стана неподносливо тежок и за сиот овој период, раст на БДП по глава на жител е само 20%, додека во регионот е повеќе од 50%. Кој може да си дозволи да наполни една потрошувачка кошничка? 600.000 луѓе кои живеат со 150 денари на ден сигурно не, но милионерите како Каевски, Ковачевски, Зечевиќ сигурно да. Со милиони, кои самите си ги пријавиле во анкетните листови Каевски и Ковачевски маките на народот се неразбирливи. Оваа власт е целосно одлепена од реалноста. Народот не може да си дозволи основни работи за живот. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, порачуваат од опозициската партија.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ потрошувачката кошничка за 7 години е двојно поголема од 500 евра во 2017 на скоро 1.000 евра денес appeared first on Република.

]]>
ССМ: Инфлација 18,7 отсто, синдикалната кошничка 50.244,00 денари, Владата доцни со мерките https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-inflacija-18-7-otsto-sindikalnata-koshnichka-50-244-00-denari-vladata-docni-so-merkite/ Fri, 07 Oct 2022 13:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=558432

Инфлацијата излезе надвор од контрола и таа според п оследните пресметки достигна високи 18,7 проценти, а Владата не презема ништо во изминатиот период да се спречи ваквиот галопирачки раст. Трендот на осиромашување на работниците и граѓаните никој не го спречува, туку напротив газдите се закануваат со откази, реагираат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ, за септември, потенцираат оттаму, достигна 50.224,00 денари.

Владата и работодавачите го честитаа 07 октомври, Меѓународниот ден за пристојна работа со непристојни плати и непристојна работа, со сиромашни работници и граѓани кои веќе не можат да си ги дозволат основните потреби за егзистенција. Поради се поевидентното зголемувањето на цените, имаме тренд на осиромашување на работниците и граѓаните и итно е потребно зголемување на платите со кој ние работниците без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница, се вели во денешното соопштение од ССМ.

Според синдикатот, бизнисот и газдите и во време на економска и енергетска криза направиле милионски добивки, додека работниците едвај преживуваат и го чувствуваат на сопствена кожа најголемото зголемување на трошоците за живот од 18.7 отсто.

Тоа што им е потребно на работниците е едноставно, поголеми пристојни плати и пристојни услови за работа. Не може да се справувате со зголемените трошоци за живот без зголемување на платите на работниците, поради тоа ССМ инсистира платите во државата да го следат порастот на инфлацијата од 18,7 проценти, но и порастот на синдикалната кошница која ја изработува ССМ, велат од Синдикатот.

Затоа бараат доследна примена на одредбите од колективните договори за усогласување на платите согласно порастот на инфлацијата, продолжување на важењето на досегашни анти-кризни мерки со замрзнување на маржата кај досега определените продукти, како и проширување на повеќе прехрамбени продукти, но и бесплатен градски превоз до и од работа.

Исто така, ССМ бара да се воведе повторно мерката за право на платежна картичка за купување домашни производи и плаќање на сметките за електричната енергија за одредена категорија на работници и граѓани кои се најзагрозени и најпогодени од економската криза односно да се поделат вредносни картички за купување храна и плаќање на сметките за електрична енергија на одредена категорија на семејства, особено на оние чиј вкупен приход е во износ под просечна плата (31.812,00 денари) во едно четиричлено семејство во висина до разликата од синдикалната минимална кошница (50.224,00 денари).

Од ССМ апелираат на одговорно однесување на Владата и бизнис секторот, и велат дека е време за солидарност и поддршка пред се за ранливите категории на работници и граѓани. Во спротивно, нагласуваат од ССМ, социјалните немири нема да може да ги спречи никој.

The post ССМ: Инфлација 18,7 отсто, синдикалната кошничка 50.244,00 денари, Владата доцни со мерките appeared first on Република.

]]>

Инфлацијата излезе надвор од контрола и таа според п оследните пресметки достигна високи 18,7 проценти, а Владата не презема ништо во изминатиот период да се спречи ваквиот галопирачки раст. Трендот на осиромашување на работниците и граѓаните никој не го спречува, туку напротив газдите се закануваат со откази, реагираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ, за септември, потенцираат оттаму, достигна 50.224,00 денари. Владата и работодавачите го честитаа 07 октомври, Меѓународниот ден за пристојна работа со непристојни плати и непристојна работа, со сиромашни работници и граѓани кои веќе не можат да си ги дозволат основните потреби за егзистенција. Поради се поевидентното зголемувањето на цените, имаме тренд на осиромашување на работниците и граѓаните и итно е потребно зголемување на платите со кој ние работниците без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница, се вели во денешното соопштение од ССМ. Според синдикатот, бизнисот и газдите и во време на економска и енергетска криза направиле милионски добивки, додека работниците едвај преживуваат и го чувствуваат на сопствена кожа најголемото зголемување на трошоците за живот од 18.7 отсто. Тоа што им е потребно на работниците е едноставно, поголеми пристојни плати и пристојни услови за работа. Не може да се справувате со зголемените трошоци за живот без зголемување на платите на работниците, поради тоа ССМ инсистира платите во државата да го следат порастот на инфлацијата од 18,7 проценти, но и порастот на синдикалната кошница која ја изработува ССМ, велат од Синдикатот. Затоа бараат доследна примена на одредбите од колективните договори за усогласување на платите согласно порастот на инфлацијата, продолжување на важењето на досегашни анти-кризни мерки со замрзнување на маржата кај досега определените продукти, како и проширување на повеќе прехрамбени продукти, но и бесплатен градски превоз до и од работа. Исто така, ССМ бара да се воведе повторно мерката за право на платежна картичка за купување домашни производи и плаќање на сметките за електричната енергија за одредена категорија на работници и граѓани кои се најзагрозени и најпогодени од економската криза односно да се поделат вредносни картички за купување храна и плаќање на сметките за електрична енергија на одредена категорија на семејства, особено на оние чиј вкупен приход е во износ под просечна плата (31.812,00 денари) во едно четиричлено семејство во висина до разликата од синдикалната минимална кошница (50.224,00 денари). Од ССМ апелираат на одговорно однесување на Владата и бизнис секторот, и велат дека е време за солидарност и поддршка пред се за ранливите категории на работници и граѓани. Во спротивно, нагласуваат од ССМ, социјалните немири нема да може да ги спречи никој.

The post ССМ: Инфлација 18,7 отсто, синдикалната кошничка 50.244,00 денари, Владата доцни со мерките appeared first on Република.

]]>