потрага Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potraga/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 09:29:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потрага Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potraga/ 32 32 Потрага по изгубена жена во Маврово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/potraga-po-izgubena-zhena-vo-mavrovo/ Mon, 18 Nov 2024 09:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=839045

Регионалниот ЦУК Тетово соопшти дека вчера во 17.58 часот на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за изгубено лице над Галичките терени во Маврово (Општина Маврово - Ростуше).

Од страна на РЦУК Тетово веднаш е остварен контакт со пријавителката како и со ПС Маврово од каде добиле информација дека екипи од ПС Маврово, ПС Ростуше и од Национален парк „Маврово“ се упатени на терен, односно на локацијата каде што е евидентиран последниот телефонски повик од изгубеното лице. По кратко време, односно околу 18:45 часот во Регионалниот ЦУК Тетово е добиена информација дека лицето е пронајдено и дека е во добра општа состојба, соопшти утрово ЦУК.

The post Потрага по изгубена жена во Маврово appeared first on Република.

]]>

Опсадна состојба кај Бело поље: Лоциран двојниот убиецот, шест дена се трага по Алија Балијагиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/opsadna-sostojba-kaj-belo-pole-lotsiran-dvojniot-ubietsot-shest-dena-se-traga-po-alija-balijagik/ Thu, 31 Oct 2024 10:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=832721

Двојниот убиец Алија Балијагиќ, по кого црногорската полиција трага шест дена, бил лоциран во селото Ораховица во општина Бело Поле, неофицијално дознава „Новости“.

Според дојавата, очигледно тој бил виден таму, а на тоа место тргнале бројни полициски сили.

По Алија Балијагиќ, кој е осомничен дека во петокот вечерта го извршил двојното убиство во селото Соколац кај Бело Поле, е распишана меѓународна потерница.По убиството во целиот крај владееше вознемиреност, а мештаните побараа оставка од полициските службеници.

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ, истакна дека МВР е во постојана комуникација со полициите на Босна и Херцеговина и Србија.

Сарановиќ, вчера не сакаше да зборува за случајот кој ја потресе цела Црна Гора, но во неформален разговор на новинарите им порача дека убиството е расветлено, дека е завршена форензичката постапка.

The post Опсадна состојба кај Бело поље: Лоциран двојниот убиецот, шест дена се трага по Алија Балијагиќ appeared first on Република.

]]>

Двојниот убиец Алија Балијагиќ, по кого црногорската полиција трага шест дена, бил лоциран во селото Ораховица во општина Бело Поле, неофицијално дознава „Новости“. Според дојавата, очигледно тој бил виден таму, а на тоа место тргнале бројни полициски сили. По Алија Балијагиќ, кој е осомничен дека во петокот вечерта го извршил двојното убиство во селото Соколац кај Бело Поле, е распишана меѓународна потерница.По убиството во целиот крај владееше вознемиреност, а мештаните побараа оставка од полициските службеници. Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Сарановиќ, истакна дека МВР е во постојана комуникација со полициите на Босна и Херцеговина и Србија. Сарановиќ, вчера не сакаше да зборува за случајот кој ја потресе цела Црна Гора, но во неформален разговор на новинарите им порача дека убиството е расветлено, дека е завршена форензичката постапка.

The post Опсадна состојба кај Бело поље: Лоциран двојниот убиецот, шест дена се трага по Алија Балијагиќ appeared first on Република.

]]>
Полицијата трага по 35-годишен скопјанец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-traga-po-35-godishen-skopjanets/ Wed, 23 Oct 2024 16:15:49 +0000 https://republika.mk/?p=830266

На 22.10.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Чаир, А.А.(64) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син А.А.(35).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР.

The post Полицијата трага по 35-годишен скопјанец appeared first on Република.

]]>

На 22.10.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Чаир, А.А.(64) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син А.А.(35). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР.

The post Полицијата трага по 35-годишен скопјанец appeared first on Република.

]]>
Осум тела се извлечени од Дрина откако се превртел чамец полн со мигранти, се трага по бебе https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osum-tela-se-izvlecheni-od-drina-otkako-se-prevrtel-chamets-poln-so-migranti-se-traga-po-bebe/ Thu, 22 Aug 2024 13:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=809115

Припадниците на Управата за цивилна заштита на Република Српска пронашле осум тела во реката Дрина кај Братунац, каде рано утринава се превртел чамец со триесетина мигранти, изјави Влада Ранкиќ, водач на спасувачката екипа на Управата за цивилна заштита на РС.

„Околу 6 часот утринава при нелегално преминување на границата чамецот се превртел. Не ги знаеме точните информации, во моментов се пронајдени осум лица. За жал, мислиме дека бараат едно бебе и една мајка. Тоа е нешто што сега го имаме на располагање“, изјави Ранчиќ за новинарите.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полицијата и пожарникарите-спасувачи продолжуваат со понатамошната потрага на реката Дрина и теренот околу неа.

Од вкупно 18 преживеани нерегуларни мигранти, 16 се од Сирија, а двајца од Египет. Исто така, од таа бројка, осум се полнолетни, а 10 се малолетни, а во тек е идентификацијата на телата – рече министерот Дачиќ и додаде дека Министерството за внатрешни работи на Србија соработува со Министерството за внатрешни работи на Република Српска во врска со овој настан.

The post Осум тела се извлечени од Дрина откако се превртел чамец полн со мигранти, се трага по бебе appeared first on Република.

]]>

Припадниците на Управата за цивилна заштита на Република Српска пронашле осум тела во реката Дрина кај Братунац, каде рано утринава се превртел чамец со триесетина мигранти, изјави Влада Ранкиќ, водач на спасувачката екипа на Управата за цивилна заштита на РС. „Околу 6 часот утринава при нелегално преминување на границата чамецот се превртел. Не ги знаеме точните информации, во моментов се пронајдени осум лица. За жал, мислиме дека бараат едно бебе и една мајка. Тоа е нешто што сега го имаме на располагање“, изјави Ранчиќ за новинарите. Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полицијата и пожарникарите-спасувачи продолжуваат со понатамошната потрага на реката Дрина и теренот околу неа.
Од вкупно 18 преживеани нерегуларни мигранти, 16 се од Сирија, а двајца од Египет. Исто така, од таа бројка, осум се полнолетни, а 10 се малолетни, а во тек е идентификацијата на телата – рече министерот Дачиќ и додаде дека Министерството за внатрешни работи на Србија соработува со Министерството за внатрешни работи на Република Српска во врска со овој настан.
 
The post Осум тела се извлечени од Дрина откако се превртел чамец полн со мигранти, се трага по бебе appeared first on Република.

]]>
Сè уште се трага по исчезнатите од јахтата во која се наоѓаше и „британскиот Бил Гејтс“, Мајк Линч https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-ushte-se-traga-po-ischeznatite-od-jahtata-vo-koja-se-naogashe-i-britanskiot-bil-gejts-majk-linch/ Tue, 20 Aug 2024 06:57:25 +0000 https://republika.mk/?p=808100

По потонувањето на луксузната јахта вчера во бура кај Сицилија се трага по шестмина исчезнати меѓу кои се британскиот технолошки претприемач Мајк Линч (59) и неговата ќерка Хана (18), претседателот на банката Morgan Stanley International Џонатан Блумер и адвокатот Крис Морвило.

Ова го соопшти цивилната заштита на Сицилија додавајќи дека на луксузната 56-метарска едрилица имало 22 лица, државјани на САД, Велика Британија и Канада. Спасени се 15 лица, а потврдено е дека е пронајдено телото на готвачот.

Сведоци за италијанската новинска агенција Анса изјавиле дека сидрото на едрилицата било спуштено кога ја погодило невремето, поради што јарболот се скршил, а бродот изгубил рамнотежа и потонал. Потонатиот брод лежи на морското дно на длабочина од 50 метри, а нуркачите се подготвуваат да ја продолжат потрагата по исчезнатите.

Мајк Линч, еден од исчезнатите патници „е британскиот Бил Гејтс“. Тој е коосновач на софтверската компанија Autonomy, а во 2011 година ја продаде на американскиот компјутерски гигант Hewlett-Packard (HP) за 11 милијарди долари. Во јуни, тој беше ослободен во САД од повеќе обвиненија за измама, поради кои му се закануваше казна од 20 години затвор.

Јахтата потона истиот ден кога Стивен Чембрлен кој беше обвинет со Линч во случајот со измама, почина откако го удри автомобил.

Луксузната едрилица може да прими до 12 гости во шест апартмани. Сопственичката е Анџела Бакарес, сопругата на Линч, која е една од 15-те спасени луѓе. Преживеале и мајка и нејзиното едногодишно бебе од Велика Британија. Жената раскажала дека го држела своето бебе над површината на морето за да го спаси од давење.

Таа за италијанскиот весник „Ла Република“ изјави дека нејзиното семејство преживеало бидејќи биле на палубата кога потонала јахтата.

- Не разбудија громови, молњи и бранови. Се чувствувавме како да доаѓа крајот на светот. На две секунди ја изгубив ќерка ми во морето, а потоа брзо ја прегрнав, ја цитира весникот. Преживеаните раскажуваат дека патувањето го организирал Линч за неговите колеги од работа.

Брод кој пловел под холандско знаме во близина ги спасил преживеаните додека не пристигнала итната помош. Откако невремето поминало, капетанот Карстен Борнер рече дека неговиот екипаж забележал дека јахтата зад нив исчезнала.

„Видовме црвен факел, па јас и мојот прв офицер отидовме на позицијата и најдовме чамец за спасување со 15 преживеани, од кои тројца беа тешко повредени, изјави тој.

Осуммина од спасените се пренесени во болница, соопшти италијанската крајбрежна стража.

The post Сè уште се трага по исчезнатите од јахтата во која се наоѓаше и „британскиот Бил Гејтс“, Мајк Линч appeared first on Република.

]]>

По потонувањето на луксузната јахта вчера во бура кај Сицилија се трага по шестмина исчезнати меѓу кои се британскиот технолошки претприемач Мајк Линч (59) и неговата ќерка Хана (18), претседателот на банката Morgan Stanley International Џонатан Блумер и адвокатот Крис Морвило. Ова го соопшти цивилната заштита на Сицилија додавајќи дека на луксузната 56-метарска едрилица имало 22 лица, државјани на САД, Велика Британија и Канада. Спасени се 15 лица, а потврдено е дека е пронајдено телото на готвачот. Сведоци за италијанската новинска агенција Анса изјавиле дека сидрото на едрилицата било спуштено кога ја погодило невремето, поради што јарболот се скршил, а бродот изгубил рамнотежа и потонал. Потонатиот брод лежи на морското дно на длабочина од 50 метри, а нуркачите се подготвуваат да ја продолжат потрагата по исчезнатите. Мајк Линч, еден од исчезнатите патници „е британскиот Бил Гејтс“. Тој е коосновач на софтверската компанија Autonomy, а во 2011 година ја продаде на американскиот компјутерски гигант Hewlett-Packard (HP) за 11 милијарди долари. Во јуни, тој беше ослободен во САД од повеќе обвиненија за измама, поради кои му се закануваше казна од 20 години затвор. Јахтата потона истиот ден кога Стивен Чембрлен кој беше обвинет со Линч во случајот со измама, почина откако го удри автомобил. Луксузната едрилица може да прими до 12 гости во шест апартмани. Сопственичката е Анџела Бакарес, сопругата на Линч, која е една од 15-те спасени луѓе. Преживеале и мајка и нејзиното едногодишно бебе од Велика Британија. Жената раскажала дека го држела своето бебе над површината на морето за да го спаси од давење. Таа за италијанскиот весник „Ла Република“ изјави дека нејзиното семејство преживеало бидејќи биле на палубата кога потонала јахтата. - Не разбудија громови, молњи и бранови. Се чувствувавме како да доаѓа крајот на светот. На две секунди ја изгубив ќерка ми во морето, а потоа брзо ја прегрнав, ја цитира весникот. Преживеаните раскажуваат дека патувањето го организирал Линч за неговите колеги од работа. Брод кој пловел под холандско знаме во близина ги спасил преживеаните додека не пристигнала итната помош. Откако невремето поминало, капетанот Карстен Борнер рече дека неговиот екипаж забележал дека јахтата зад нив исчезнала. „Видовме црвен факел, па јас и мојот прв офицер отидовме на позицијата и најдовме чамец за спасување со 15 преживеани, од кои тројца беа тешко повредени, изјави тој. Осуммина од спасените се пренесени во болница, соопшти италијанската крајбрежна стража.

The post Сè уште се трага по исчезнатите од јахтата во која се наоѓаше и „британскиот Бил Гејтс“, Мајк Линч appeared first on Република.

]]>
Два дена се трага по маж од Лозово, најдена му е торбата https://arhiva3.republika.mk/zivot/dva-dena-se-traga-po-mazh-od-lozovo-najdena-mu-e-torbata/ Sun, 11 Aug 2024 13:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=805459

Речиси 48 часа е исчезнат граѓанин од општина Лозово, на кој му се губи секаков траг, информира градоначалникот на општината, Бошко Цветковски.

Станува збор за Исмаил Муратов кој последен пат бил виден во близина на базенот кој служи за водоснабдителниот систем за питка вода во населено место Дорфулија.

-Во организираните потраги темелно беше пребаран теренот кој се наоѓа во близина каде беше пронајдена торба со храна и вода за која се претпоставува дека е негова, но за жал не успеавме да го пронајдеме…, информира Цветковски.

The post Два дена се трага по маж од Лозово, најдена му е торбата appeared first on Република.

]]>

Речиси 48 часа е исчезнат граѓанин од општина Лозово, на кој му се губи секаков траг, информира градоначалникот на општината, Бошко Цветковски. Станува збор за Исмаил Муратов кој последен пат бил виден во близина на базенот кој служи за водоснабдителниот систем за питка вода во населено место Дорфулија.
-Во организираните потраги темелно беше пребаран теренот кој се наоѓа во близина каде беше пронајдена торба со храна и вода за која се претпоставува дека е негова, но за жал не успеавме да го пронајдеме…, информира Цветковски.

The post Два дена се трага по маж од Лозово, најдена му е торбата appeared first on Република.

]]>
Пронајдена трага на исчезнатиот маж на Сува Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdena-traga-na-ischeznatiot-mazh-na-suva-planina/ Wed, 12 Jun 2024 10:54:52 +0000 https://republika.mk/?p=786889

На Сува Планина, недалеку од палубата за набљудување кај Бојанини Води, утрово е пронајдена првата трага на Милан Ѓорѓевиќ (41), кој исчезна во понеделникот попладне. Станува збор за кутија цигари и запалка.

Полицајката нашла цигари и запалка недалеку од кривината за набљудувачката станица. Семејството на Милан потврди дека тоа се неговата запалка и цигарите што ги пушел. Потрагата сега е насочена кон набљудувачката кула и ридот под неа, вели еден од учесниците во потрагата.

Потрагата ја отежнува и тоа што се работи за многу стрмен и непристапен терен.

The post Пронајдена трага на исчезнатиот маж на Сува Планина appeared first on Република.

]]>

На Сува Планина, недалеку од палубата за набљудување кај Бојанини Води, утрово е пронајдена првата трага на Милан Ѓорѓевиќ (41), кој исчезна во понеделникот попладне. Станува збор за кутија цигари и запалка. Полицајката нашла цигари и запалка недалеку од кривината за набљудувачката станица. Семејството на Милан потврди дека тоа се неговата запалка и цигарите што ги пушел. Потрагата сега е насочена кон набљудувачката кула и ридот под неа, вели еден од учесниците во потрагата. Потрагата ја отежнува и тоа што се работи за многу стрмен и непристапен терен.

The post Пронајдена трага на исчезнатиот маж на Сува Планина appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 18 часа се трага по двегодишната Данка од Бор, вклучени хеликоптери и дронови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poveke-od-18-chasa-se-traga-po-dvegodishnata-danka-od-bor-vklucheni-helikopteri-i-dronovi/ Wed, 27 Mar 2024 08:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=759178

Повеќе од 18 часа се трага по двегодишното девојче Данка Илиќ, кое вчера попладне исчезнало во околината на градот Бор во Србија. Потрагата продолжува и денеска. На терен се полицајци, пожарникари спасувачи, припадници на планинарската спасувачка служба, припадници на жандармеријата. Во потрагата се вклучени и кучиња трагачи, ловџии и многубројни граѓани, а се користат и хеликоптери и дронови со камери.

Полицијата оди од зграда до зграда за да најде некаква трага која ќе помогне во потрагата по исчезнатата Данка, а проверени се и сите напуштени објекти во приградската населба Бањско Поле во околината на Бор.

На приодот кон Бањско Поле има пунктови каде што полицијата врши увид на возила, а како што јавуваат српските медиуми, се истражуваат и сите лица од безбедносен интерес кои претходно биле во судир со законот.

Исчезнувањето на двегодишната Данка по првпат го активира системот „Најди ме“ (Amber Alert) во Србија со помош на кој јавноста веднаш се известува за исчезнатото дете.

The post Повеќе од 18 часа се трага по двегодишната Данка од Бор, вклучени хеликоптери и дронови appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 18 часа се трага по двегодишното девојче Данка Илиќ, кое вчера попладне исчезнало во околината на градот Бор во Србија. Потрагата продолжува и денеска. На терен се полицајци, пожарникари спасувачи, припадници на планинарската спасувачка служба, припадници на жандармеријата. Во потрагата се вклучени и кучиња трагачи, ловџии и многубројни граѓани, а се користат и хеликоптери и дронови со камери. Полицијата оди од зграда до зграда за да најде некаква трага која ќе помогне во потрагата по исчезнатата Данка, а проверени се и сите напуштени објекти во приградската населба Бањско Поле во околината на Бор. На приодот кон Бањско Поле има пунктови каде што полицијата врши увид на возила, а како што јавуваат српските медиуми, се истражуваат и сите лица од безбедносен интерес кои претходно биле во судир со законот. Исчезнувањето на двегодишната Данка по првпат го активира системот „Најди ме“ (Amber Alert) во Србија со помош на кој јавноста веднаш се известува за исчезнатото дете.  

The post Повеќе од 18 часа се трага по двегодишната Данка од Бор, вклучени хеликоптери и дронови appeared first on Република.

]]>
Србија првпат го активираше системот „Најди ме“: Интензивно се трага по две годишната Данка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-prvpat-go-aktivirashe-sistemot-najdi-me-intenzivno-se-traga-po-dve-godishnata-danka/ Tue, 26 Mar 2024 20:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=759083

Првпат по воведување во октомври минатата година, Србија денеска го активираше системот „Најди ме“, кој служи за итно известување на јавноста, што треба да помогне во пронаоѓање на исчезнатите деца.

Денеска околу 13 часот во околината на Бор е исчезната две годишната Данка Илиќ.

Како што е наведено на веб-страницата „pronadjime.mup.gov.rs“, девојчето има кафена коса, кафена очи и е висок околу 85 сантиметри.

Претседателот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца (ЦНЗД), Игор Јуриќ, ги повика сите граѓани кои имаат какви било информации за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ во околината на Бор да се обратат до надлежните органи.

Како што беше посочено при промоција на системот, во случај на активирање, граѓаните ќе бидат известени со СМС порака, ќе се запрат телевизиските и радио преноси заради известувањето, а информацијата ќе се објави и на автопати, аеродроми, автобуски и железнички станици.

The post Србија првпат го активираше системот „Најди ме“: Интензивно се трага по две годишната Данка appeared first on Република.

]]>

Првпат по воведување во октомври минатата година, Србија денеска го активираше системот „Најди ме“, кој служи за итно известување на јавноста, што треба да помогне во пронаоѓање на исчезнатите деца. Денеска околу 13 часот во околината на Бор е исчезната две годишната Данка Илиќ. Како што е наведено на веб-страницата „pronadjime.mup.gov.rs“, девојчето има кафена коса, кафена очи и е висок околу 85 сантиметри. Претседателот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца (ЦНЗД), Игор Јуриќ, ги повика сите граѓани кои имаат какви било информации за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ во околината на Бор да се обратат до надлежните органи. Како што беше посочено при промоција на системот, во случај на активирање, граѓаните ќе бидат известени со СМС порака, ќе се запрат телевизиските и радио преноси заради известувањето, а информацијата ќе се објави и на автопати, аеродроми, автобуски и железнички станици.

The post Србија првпат го активираше системот „Најди ме“: Интензивно се трага по две годишната Данка appeared first on Република.

]]>
Татко ѝ студирал во Скопје, а неа ја посвоиле во Прилеп – Ана од Рума ги бара своите вистински родители и семејство https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/tatko-studiral-vo-skopje-a-nea-ja-posvoile-vo-prilep-ana-od-ruma-gi-bara-svoite-vistinski-roditeli-i-semejstvo/ Wed, 13 Dec 2023 08:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=722416

Педесетгодишната Ана Пејиќ од Рума, Војводина преку социјалните мрежи бара било каква информација за нејзините биолошки родители, кои се труди да ги најде веќе 25 години.

Сакам да знам која сум и чија, дали сум оставена или украдена, вели таа, додавајќи дека никој во семејството не сака да ѝ каже.

Таа била посвоена во Прилеп, и тоа е сè што дознала од документите за посвојување, но кога направила ДНК анализа преку MyHeritage, од каде ја поврзале со прва братучетка од татковата страна. Таа му открила дека таткото на Ана во 70тите години студирал во Скопје. Се вика Суад Мохамед Манаа и живее во Дубаи, но не сакала да ја открива и неговата адреса.

Ве молам погледнете го овој човек, можеби некој ќе го препознае од факултет. Посебно луѓето кои живеат во Дубаи и оние кои студирале во Скопје. Ако во Македонија бил студент во 73-та, значи е роден околу 1950 година, вели Ана.

Таа апелира да се сподели овој нејзин пост, бидејќи интернетот е чудо и можеби некој ќе го препознае нејзиниот татко и би ја знаел девојката со која тој се забавувал во тоа време.

Мислам дека тие не знаат дека постојам. Татко ми нема виткана коса, па мојата веројатно е наследена од мајка ми. Ви благодарам добри луѓе на помошта, пишува таа.

The post Татко ѝ студирал во Скопје, а неа ја посвоиле во Прилеп – Ана од Рума ги бара своите вистински родители и семејство appeared first on Република.

Вреќи со облека во Вардар налик човечко тело за момент ги измамија нуркачите, потрагата по исчезнатиот продолжува https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vreki-so-obleka-vo-vardar-nalik-chovechko-telo-za-moment-gi-izmamija-nurkachite-potragata-po-ischeznatiot-prodolzhuva/ Wed, 16 Aug 2023 07:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=672561

Центарот за управување со кризи инфрормира дека и во текот на вчерашниот ден се одвивала потрагата по исчезнатото лице од село Теново, Општина Брвеница пријавено пред десет дена.

Во координација на раководителот на РЦУК Тетово беа вклучени 25 полициски службеници кои ги пребаруваат нивите, а и коритото покрај реката Вардар.

Припадници на Армијата со едно куче од армискиот Центар за обука и дресура за кучиња (ЦОДК) го пребаруваа планинскиот дел на село Теново од 09:00 до 12:10 часот, заедно со еден вработен од ДЗС Тетово и еден вработен од Општина Брвеница.

Фрлени вреќи со облека во облик на човечко тело во водата на Вардар за момент дадоа надеж дека исчезнатиот е пронајден. Конкретно, во 10 часот се препоставуваше дека исчезнатиот е пронајден во реката Вардар во с. Радиовце, но тоа беше лажна трага, бидејќи по влегувње на нуркачите од ТППЕ Тетово беше утврдено дека не е исчезнатиот, туку дека биле вреќи со алишта коишто во водата изгледале како човечко тело во облека, информира ЦУК.

Инаку, веќе подолго време трае потрагата по Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница кој излегол од дома во периодот помеѓу 4 и 5 август и оттогаш не се вратил дома.

Случајот бил пријавен на 6 август по што е започната потрагата во која учествуваат Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Брвеница како и граѓани.

Исчезнатиот сè уште не е пронајден, а се планира потрагата да продолжи и во наредните денови.

The post Вреќи со облека во Вардар налик човечко тело за момент ги измамија нуркачите, потрагата по исчезнатиот продолжува appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи инфрормира дека и во текот на вчерашниот ден се одвивала потрагата по исчезнатото лице од село Теново, Општина Брвеница пријавено пред десет дена. Во координација на раководителот на РЦУК Тетово беа вклучени 25 полициски службеници кои ги пребаруваат нивите, а и коритото покрај реката Вардар. Припадници на Армијата со едно куче од армискиот Центар за обука и дресура за кучиња (ЦОДК) го пребаруваа планинскиот дел на село Теново од 09:00 до 12:10 часот, заедно со еден вработен од ДЗС Тетово и еден вработен од Општина Брвеница.
Фрлени вреќи со облека во облик на човечко тело во водата на Вардар за момент дадоа надеж дека исчезнатиот е пронајден. Конкретно, во 10 часот се препоставуваше дека исчезнатиот е пронајден во реката Вардар во с. Радиовце, но тоа беше лажна трага, бидејќи по влегувње на нуркачите од ТППЕ Тетово беше утврдено дека не е исчезнатиот, туку дека биле вреќи со алишта коишто во водата изгледале како човечко тело во облека, информира ЦУК.
Инаку, веќе подолго време трае потрагата по Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница кој излегол од дома во периодот помеѓу 4 и 5 август и оттогаш не се вратил дома. Случајот бил пријавен на 6 август по што е започната потрагата во која учествуваат Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Брвеница како и граѓани. Исчезнатиот сè уште не е пронајден, а се планира потрагата да продолжи и во наредните денови.

The post Вреќи со облека во Вардар налик човечко тело за момент ги измамија нуркачите, потрагата по исчезнатиот продолжува appeared first on Република.

]]>
Потрага по Иса Рушити: 70 полицајци пребаруваат во село Теново https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/potraga-po-isa-rushiti-70-politsajtsi-prebaruvaat-vo-selo-tenovo/ Sat, 12 Aug 2023 13:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=671404

Веќе седум дена трае потрагата по Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница кој излегол од дома во периодот помеѓу 4 и 5 август и оттогаш не се вратил дома.

Случајот бил пријавен на 6 август по што е започната потрагата во која учествуваат Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Брвеница како и граѓани.

Денес од 10 часот во потрагата се вклучени 70 полициски службеници кои ќе го пребаруваат теренот кај нивите и шумата во атарот на село Теново. Во случај и денес ако нема траги од исчезнатото лице и не биде пронајдено, од 14.08.2023 година понеделник Регионалниот Центар за управување со кризи ќе бара до ХЕЦ Маврово да го намали испуштањето на водата, а со тоа и да се намали нивото водата на реката Вардар каде што ќе пребарува речното корито што поминува покрај самото село. Ситуацијата се координира и се следи од РЦУК Тетово и благовремено ќе известува за подетални информации, согласно развојот на потрагата, информираат денес од Центарот за управување со кризи.

– Општина Брвеница ги повикува сите граѓани кои можеби имаат информации или сознание за евентуалното место на исчезнатото лице, да ги известат полициските органи во најблиската полициска станица, семејството Рушити или општината, се вели во известието на Општина Брвеница.

The post Потрага по Иса Рушити: 70 полицајци пребаруваат во село Теново appeared first on Република.

]]>

Веќе седум дена трае потрагата по Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница кој излегол од дома во периодот помеѓу 4 и 5 август и оттогаш не се вратил дома. Случајот бил пријавен на 6 август по што е започната потрагата во која учествуваат Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, МВР, Општина Брвеница како и граѓани.
Денес од 10 часот во потрагата се вклучени 70 полициски службеници кои ќе го пребаруваат теренот кај нивите и шумата во атарот на село Теново. Во случај и денес ако нема траги од исчезнатото лице и не биде пронајдено, од 14.08.2023 година понеделник Регионалниот Центар за управување со кризи ќе бара до ХЕЦ Маврово да го намали испуштањето на водата, а со тоа и да се намали нивото водата на реката Вардар каде што ќе пребарува речното корито што поминува покрај самото село. Ситуацијата се координира и се следи од РЦУК Тетово и благовремено ќе известува за подетални информации, согласно развојот на потрагата, информираат денес од Центарот за управување со кризи.
– Општина Брвеница ги повикува сите граѓани кои можеби имаат информации или сознание за евентуалното место на исчезнатото лице, да ги известат полициските органи во најблиската полициска станица, семејството Рушити или општината, се вели во известието на Општина Брвеница.  

The post Потрага по Иса Рушити: 70 полицајци пребаруваат во село Теново appeared first on Република.

]]>
Трескавична потрагата по исчезнатото лице од село Теново во Брвеница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/treskavichna-potragata-po-ischeznatoto-litse-od-selo-tenovo-vo-brvenitsa/ Thu, 10 Aug 2023 18:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=670897

Регионалниот ЦУК Тетово и денеска спроведува активности за потрага по исчезнатото лице од село Теново, Општина Брвеница, кое за исчезнато беше пријавено во неделата.

Како што информираа оттаму, на терен биле двајца вработени во РЦУК Тетово, пет лица од ДЗС Тетово, три полицајци од ПС Жеровјане, три лица од Општина Брвеница како и градоначалникот, и едно лице-нуркач од ТППЕ Тетово.

За расчистување на дрвјата, што беа паднати во речното корито на река Вардар, беше ангажиран еден багер што е во приватна сопственост. Паднатите дрвјата беа отстранети од реката кај селото Теново, а беше интервенирано и кај браната во село Радиовце каде што е испустот за водата што беше заглавен од наноси на паднати дрвја. Два нуркача од ДЗС пребаруваа детално во реката на местото каде што беа паднатите дрвјата. Согласно досегашните податоци и информации денеска до 16.00 часот не е пронајдено исчезнатото лице, соопштија од ЦУК.

Оттаму информираат дека потрагата би требало да продолжи во наредните денови, при што на терен, покрај досегашните ангажирани луѓе, треба да излезат и околу 50 полицајци

The post Трескавична потрагата по исчезнатото лице од село Теново во Брвеница appeared first on Република.

]]>

Регионалниот ЦУК Тетово и денеска спроведува активности за потрага по исчезнатото лице од село Теново, Општина Брвеница, кое за исчезнато беше пријавено во неделата. Како што информираа оттаму, на терен биле двајца вработени во РЦУК Тетово, пет лица од ДЗС Тетово, три полицајци од ПС Жеровјане, три лица од Општина Брвеница како и градоначалникот, и едно лице-нуркач од ТППЕ Тетово.
За расчистување на дрвјата, што беа паднати во речното корито на река Вардар, беше ангажиран еден багер што е во приватна сопственост. Паднатите дрвјата беа отстранети од реката кај селото Теново, а беше интервенирано и кај браната во село Радиовце каде што е испустот за водата што беше заглавен од наноси на паднати дрвја. Два нуркача од ДЗС пребаруваа детално во реката на местото каде што беа паднатите дрвјата. Согласно досегашните податоци и информации денеска до 16.00 часот не е пронајдено исчезнатото лице, соопштија од ЦУК.
Оттаму информираат дека потрагата би требало да продолжи во наредните денови, при што на терен, покрај досегашните ангажирани луѓе, треба да излезат и околу 50 полицајци

The post Трескавична потрагата по исчезнатото лице од село Теново во Брвеница appeared first on Република.

]]>
Продолжува потрагата по телото на исчезнатото лице во водите на Глажња, на терен директорите на ЦУК и ДЗС https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prodolzhuva-potragata-po-teloto-na-ischeznatoto-litse-vo-vodite-na-glazhna-na-teren-direktorite-na-tsuk-i-dzs/ Thu, 03 Aug 2023 12:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=668284

Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов и Беким Максути, денеска беа на терен кај вештачкото езеро Глажња во општина Липково каде веќе неколку дена екипи трагаат по телото на 29-годишен локален жител кој влегол во водите на езерото по што му се губи трагата.

Потрагата по 29-годишното момче кое минатата недела исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња продолжува и денес. Шест нуркачи од Тигрите  и осум нуркачи од Волците го пребаруваат езерското дно, а истовремено има неколку тимови на ДЗС, како и нуркачи на ДЗС. Се пребарува и под вода, но се пребарува и брегот на езерото - изјави директорот на ЦУК, Ангелов.

Тој нагласи дека полицајци од СВР Куманово асистираат при потрагата на брегот.

За жал условите и денеска се лоши, видливоста е многу слаба. На само неколку метри од брегот длабочината доаѓа до повеќе од 10 метри за на неколку метри од брегот да има длабочина поголема од 20 метри. Нашите нуркачи се обучени и нуркаат до максимум 40 метри длабочина - прецизира Ангелов.

Директорот на ДЗС Максути, пак, порача дека заедничките тимови на ДЗС и на Министерството за внатрешни работи, како и доброволни друштва и тимовите кои се дел на Дирекцијата веќе неколку дена се во потрага по исчезнатото лице.

Ќе продолжиме со потрагата с е до моментот додека не го најдеме телото. Се надевам дека денешниот ден и двата последователни денови се критични за да бидеме успешни, односно да го пронајдеме лицето кое исчезна во водите на езерото минатата недела и со тоа да ја заокружиме една хумана мисија за која сите ние сме тука за да им помогнеме на нашите граѓани - изјави Максути.

The post Продолжува потрагата по телото на исчезнатото лице во водите на Глажња, на терен директорите на ЦУК и ДЗС appeared first on Република.

Четврти ден се трага по исчезнатиот во езерото Глажња https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chetvrti-den-se-traga-po-ischeznatiot-vo-ezeroto-glazhna/ Wed, 02 Aug 2023 11:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=667889

Осум нуркачи од армиските специјалци „Волци“ денеска ја продолжуваат потрагата по 29-годишното лице, кое во попладневните часови на 29 јули оваа година исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во Липковскиот регион.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), условите за потрага се многу тешки, брегот е исклучително стрмен, а длабочината на водата е повеќе од 20 метри на само неколку метри одалеченост од брегот.

Според ЦУК, видливоста е исто така лоша, особено на поголема длабочина. Посочуваат дека постојано се пребарува и брегот на езерото.

Полицајци од СВР Куманово го обезбедуваат местото на несреќата.

The post Четврти ден се трага по исчезнатиот во езерото Глажња appeared first on Република.

]]>

Осум нуркачи од армиските специјалци „Волци“ денеска ја продолжуваат потрагата по 29-годишното лице, кое во попладневните часови на 29 јули оваа година исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во Липковскиот регион. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), условите за потрага се многу тешки, брегот е исклучително стрмен, а длабочината на водата е повеќе од 20 метри на само неколку метри одалеченост од брегот. Според ЦУК, видливоста е исто така лоша, особено на поголема длабочина. Посочуваат дека постојано се пребарува и брегот на езерото. Полицајци од СВР Куманово го обезбедуваат местото на несреќата.

The post Четврти ден се трага по исчезнатиот во езерото Глажња appeared first on Република.

]]>
И нуркачи од армиските „Волци“ се вклучуваат во потрагата по исчезнатиот во езерото Глажња https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/i-nurkachi-od-armiskite-voltsi-se-vkluchuvaat-vo-potragata-po-ischeznatiot-vo-ezeroto-glazhna/ Tue, 01 Aug 2023 14:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=667689

Потрагата по 29 годишниот маж кој исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња трае трет ден.

Поради тешкиот терен за пребарување, многу косиот брег и голема длабочина која започнува веднаш по влегувањето во водата, а на петнаесетина метри оддалеченост од брегот достигнува 40 метри, трет ден се ангажирани 10 нуркачи од САЕ Тигар кои се обучени да нуркаат до 40 метри длабочина, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Тим за спасување на ДЗС од Велес врши површинска потрага по брегот на езерото, а екипи на СВР Куманово го обезбедуваат местото на несреќата.

Во текот на денешната потрага повторно е употребен подводен дрон на здружението Еко Турист Охрид, со кој се пребарува езерското дно, а неколку можни места се бележени и се пребаруваат од нуркачите на Тигрите.

Во секој момент треба да пристигнат и 8 нуркачи од армиските специјалци Волци кои ќе се приклучат на потрагата.

The post И нуркачи од армиските „Волци“ се вклучуваат во потрагата по исчезнатиот во езерото Глажња appeared first on Република.

]]>

Потрагата по 29 годишниот маж кој исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња трае трет ден. Поради тешкиот терен за пребарување, многу косиот брег и голема длабочина која започнува веднаш по влегувањето во водата, а на петнаесетина метри оддалеченост од брегот достигнува 40 метри, трет ден се ангажирани 10 нуркачи од САЕ Тигар кои се обучени да нуркаат до 40 метри длабочина, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Тим за спасување на ДЗС од Велес врши површинска потрага по брегот на езерото, а екипи на СВР Куманово го обезбедуваат местото на несреќата. Во текот на денешната потрага повторно е употребен подводен дрон на здружението Еко Турист Охрид, со кој се пребарува езерското дно, а неколку можни места се бележени и се пребаруваат од нуркачите на Тигрите. Во секој момент треба да пристигнат и 8 нуркачи од армиските специјалци Волци кои ќе се приклучат на потрагата.

The post И нуркачи од армиските „Волци“ се вклучуваат во потрагата по исчезнатиот во езерото Глажња appeared first on Република.

]]>
Сè уште се трага по исчезнатото момче во езерото Глажња https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-ushte-se-traga-po-ischeznatoto-momche-vo-ezeroto-glazhna/ Tue, 01 Aug 2023 10:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=667566

Продолжува потрагата по исчезнатото лице од липковското село Никуштак во езерото Глажња, информираа денеска надлежните. Пет тимови нуркачи ги пребаруваат водите на езерото, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Потрагата продолжува и денеска. Вчера по иницијатива на роднините на исчезнатото лице, беше ангажирано лице кое дојде со т.н „аквадрон“. Потрагата продолжува со пет нуркачки тима. Да нагласам дека длабочината на браната на местото каде последен пат е видено лицето нагло е зголемена и доаѓа до 40 метри. Покрај „Тигрите“ во потрагата учествуваат и екипи на ДЗС, еден нуркачки тим и тим кој со чамец го пребарува брегот на езерото со асистенција на полицијата од СВР Куманово, изјави Ангелов.

Водата во вештачкото езеро е матна, видливоста е околу 40 сантиметри што го отежнува пребарувањето, но Ангелов вели дека „Тигрите“ имаат искуство во вакви пребарувања.

Вчера и од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ информираа дека е стопиран темелниот испуст за да им се помогне на екипите во пребарувањето и да не се создаваат струи во езерото.

Потрагата по исчезнатиот млад жител на липковското Никуштак трае од завчера кога тој во попладневните часови влегол во водите на Глажња и не излегол.

The post Сè уште се трага по исчезнатото момче во езерото Глажња appeared first on Република.

]]>

Продолжува потрагата по исчезнатото лице од липковското село Никуштак во езерото Глажња, информираа денеска надлежните. Пет тимови нуркачи ги пребаруваат водите на езерото, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Потрагата продолжува и денеска. Вчера по иницијатива на роднините на исчезнатото лице, беше ангажирано лице кое дојде со т.н „аквадрон“. Потрагата продолжува со пет нуркачки тима. Да нагласам дека длабочината на браната на местото каде последен пат е видено лицето нагло е зголемена и доаѓа до 40 метри. Покрај „Тигрите“ во потрагата учествуваат и екипи на ДЗС, еден нуркачки тим и тим кој со чамец го пребарува брегот на езерото со асистенција на полицијата од СВР Куманово, изјави Ангелов.
Водата во вештачкото езеро е матна, видливоста е околу 40 сантиметри што го отежнува пребарувањето, но Ангелов вели дека „Тигрите“ имаат искуство во вакви пребарувања. Вчера и од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ информираа дека е стопиран темелниот испуст за да им се помогне на екипите во пребарувањето и да не се создаваат струи во езерото. Потрагата по исчезнатиот млад жител на липковското Никуштак трае од завчера кога тој во попладневните часови влегол во водите на Глажња и не излегол.

The post Сè уште се трага по исчезнатото момче во езерото Глажња appeared first on Република.

]]>
И снемува време на подморницата што се спушташе до „Титаник“: Покрај милијардерот, се трага и по бизнисменот поврзан со НАСА и неговиот син https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-snemuva-vreme-na-podmornitsata-shto-se-spushtashe-do-titanik-pokraj-milijarderot-se-traga-i-po-biznismenot-povrzan-so-nasa-i-negoviot-sin/ Tue, 20 Jun 2023 09:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=653292

Во тек е голема операција за пребарување и спасување во Атлантскиот Океан, откако исчезна туристичка подморница со пет лица, која требаше да нурне до потонатиот брод „Титаник“.

Американската и канадската крајбрежна стража бараат мала туристичка подморница со пет лица во неа. Контактот бил изгубен 1 час и 45 минути по нејзиното нурнување, соопшти американската крајбрежна стража. Операцијата се води од Бостон.

Билетите за осумдневно патување кое вклучува возење со брод до местото на потонувањето на „Титаник“ и нуркање со подморница на длабочина од 3.800 метри чинат 250 илјади долари.

Меѓу петте лица во подморницата е и богатиот британски милијардер, бизнисменот Хамиш Хардинг, директор на компанијата „Екшн Авиеишн“ (Action Aviation), пренесуваат агенциите. Хардинг неодамна на социјалните мрежи објави дека ќе биде дел од тимот.

-Екипажот на подморницата се состои од неколку легендарни истражувачи, од кои некои направиле повеќе од 30 нуркања до РМС „Титаник“ од 1980-тите, напиша Хардинг во објавата.

Во подморницата Титан, се наоѓа и пакистанскиот бизнисмен Шахзад Давуд, член на управниот одбор на познатиот СЕТИ институт, но и неговиот син Сулејман.

Американската крајбрежна стража соопшти дека трага по пет лица откако канадскиот истражувачки брод „Полар Принц“ (Polar Prince) изгубил контакт со подморницата за време на неговото нуркање.

Подморницата со која беше изгубен контакт во неделата треба да има четиридневно снабдување со кислород. „На подморницата можеби и останале помалку од 70 часа кислород, изјави адмирал Џон Маугер, командант на округот на Првата крајбрежна стража.

Компанијата што го организира патувањето, „Оушн Гејт Експедишнс“ (OceanGate Expeditions) посочи дека ги истражува и ги мобилизира сите опции за да обезбеди безбедно враќање на екипажот.

На својата веб-страница „Оушн Гејт Експедишнс“ наведува дека мисијата за посета на „Титаник“ е во тек од 12 до 20 јуни. Подморницата е дизајнирана да може да однесе пет лица на длабочина од четири илјади метри, а под вода може да останат 96 часа.

The post И снемува време на подморницата што се спушташе до „Титаник“: Покрај милијардерот, се трага и по бизнисменот поврзан со НАСА и неговиот син appeared first on Република.

]]>

Во тек е голема операција за пребарување и спасување во Атлантскиот Океан, откако исчезна туристичка подморница со пет лица, која требаше да нурне до потонатиот брод „Титаник“. Американската и канадската крајбрежна стража бараат мала туристичка подморница со пет лица во неа. Контактот бил изгубен 1 час и 45 минути по нејзиното нурнување, соопшти американската крајбрежна стража. Операцијата се води од Бостон. Билетите за осумдневно патување кое вклучува возење со брод до местото на потонувањето на „Титаник“ и нуркање со подморница на длабочина од 3.800 метри чинат 250 илјади долари. Меѓу петте лица во подморницата е и богатиот британски милијардер, бизнисменот Хамиш Хардинг, директор на компанијата „Екшн Авиеишн“ (Action Aviation), пренесуваат агенциите. Хардинг неодамна на социјалните мрежи објави дека ќе биде дел од тимот. -Екипажот на подморницата се состои од неколку легендарни истражувачи, од кои некои направиле повеќе од 30 нуркања до РМС „Титаник“ од 1980-тите, напиша Хардинг во објавата. Во подморницата Титан, се наоѓа и пакистанскиот бизнисмен Шахзад Давуд, член на управниот одбор на познатиот СЕТИ институт, но и неговиот син Сулејман. Американската крајбрежна стража соопшти дека трага по пет лица откако канадскиот истражувачки брод „Полар Принц“ (Polar Prince) изгубил контакт со подморницата за време на неговото нуркање. Подморницата со која беше изгубен контакт во неделата треба да има четиридневно снабдување со кислород. „На подморницата можеби и останале помалку од 70 часа кислород, изјави адмирал Џон Маугер, командант на округот на Првата крајбрежна стража. Компанијата што го организира патувањето, „Оушн Гејт Експедишнс“ (OceanGate Expeditions) посочи дека ги истражува и ги мобилизира сите опции за да обезбеди безбедно враќање на екипажот. На својата веб-страница „Оушн Гејт Експедишнс“ наведува дека мисијата за посета на „Титаник“ е во тек од 12 до 20 јуни. Подморницата е дизајнирана да може да однесе пет лица на длабочина од четири илјади метри, а под вода може да останат 96 часа.

The post И снемува време на подморницата што се спушташе до „Титаник“: Покрај милијардерот, се трага и по бизнисменот поврзан со НАСА и неговиот син appeared first on Република.

]]>
Сѐ уште се трага по исчезнатите во реката Лепенец, лошите временски услови ја отежнуваат потрагата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/s-ushte-se-traga-po-ischeznatite-vo-rekata-lepenets-loshite-vremenski-uslovi-ja-otezhnuvaat-potragata/ Sun, 18 Jun 2023 09:22:45 +0000 https://republika.mk/?p=652699

Сѐ уште се трага по исчезнатите лица во реката Лепенец, информира за МИА, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Ангелов вели дека се трага во исклучително тешки услови.

Реката е длабока и многу брза и носи предмети со неа кои претставуваат опасност на нуркачите, вели Ангелов.

Станува збор за лицата кои со возило со косовски регистарски таблички при сообраќајна несреќа паднаа во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце. Во возилото, покрај возачот, имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozilo-so-kosovski-tablichki-padnalo-vo-rekata-lepenets-se-traga-po-tri-litsa-edno-e-spaseno/

Според првичните информации од Основно Јавно обвинителство, до несреќата дошло кога автомобил „Фолксваген туран“ со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили.

Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил со „БМВ“ косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец, стои во соопштението од ЈО.

Дополнуваат дека причините за сударот сѐ уште се утврдуваат.

The post Сѐ уште се трага по исчезнатите во реката Лепенец, лошите временски услови ја отежнуваат потрагата appeared first on Република.

]]>

Сѐ уште се трага по исчезнатите лица во реката Лепенец, информира за МИА, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Ангелов вели дека се трага во исклучително тешки услови.
Реката е длабока и многу брза и носи предмети со неа кои претставуваат опасност на нуркачите, вели Ангелов.
Станува збор за лицата кои со возило со косовски регистарски таблички при сообраќајна несреќа паднаа во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце. Во возилото, покрај возачот, имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozilo-so-kosovski-tablichki-padnalo-vo-rekata-lepenets-se-traga-po-tri-litsa-edno-e-spaseno/ Според првичните информации од Основно Јавно обвинителство, до несреќата дошло кога автомобил „Фолксваген туран“ со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили.
Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил со „БМВ“ косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец, стои во соопштението од ЈО.
Дополнуваат дека причините за сударот сѐ уште се утврдуваат.

The post Сѐ уште се трага по исчезнатите во реката Лепенец, лошите временски услови ја отежнуваат потрагата appeared first on Република.

]]>
Пронајдени четири деца живи во џунгла 15 дена по авионска несреќа, меѓу нив и бебе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pronajdeni-chetiri-detsa-zhivi-vo-dhungla-15-dena-po-avionska-nesreka-megu-niv-i-bebe/ Thu, 18 May 2023 08:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=642144

Четири деца, меѓу кои и 11-месечно бебе, се пронајдени живи повеќе од две недели откако авионот со кој патувале се урнал во густа џунгла во колумбиската провинција Какета. Децата биле спасени од припадници на војската, пожарникари и претставници на цивилната авијација по двонеделна потрага.

Спасувачите, поддржани од кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје кое децата го јаделе за да преживеат, како и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунглата.

Несреќата се случила на почетокот на мај, кога автомобилот „Цесна 206“, во кој се превезувале седум лица меѓу Аракуара, провинцијата Амазонас и Сан Хозе дел Гуавијаре, град во провинцијата Гуавијаре, се урнал во џунглата. Тројца возрасни лица, меѓу кои и пилотот, загинале како последица на падот, а нивните тела биле пронајдени во авионот. Четири деца на возраст од 13, девет и четири години, како и едно 11-месечно бебе, кои припаѓаат на домородното население Уитото, ја преживеале авионската несреќа.

„По макотрпна потрага на нашата војска, ги најдовме живи четирите деца кои исчезнаа по авионската несреќа во Гуавијаре“, објави колумбискиот претседател Густаво Петро во објава на Твитер.

Причините за несреќата се уште не се утврдени. Според цивилната заштита, пилотот пријавил проблеми со моторот на авионот пред да исчезне од радарот. Џунглата е многу густа и опасна во таа крајно оддалечена област, а потрагата била отежната поради присуството на диви животни, дрвја високи до 40 метри и обилниот дожд.

The post Пронајдени четири деца живи во џунгла 15 дена по авионска несреќа, меѓу нив и бебе appeared first on Република.

]]>

Четири деца, меѓу кои и 11-месечно бебе, се пронајдени живи повеќе од две недели откако авионот со кој патувале се урнал во густа џунгла во колумбиската провинција Какета. Децата биле спасени од припадници на војската, пожарникари и претставници на цивилната авијација по двонеделна потрага. Спасувачите, поддржани од кучиња трагачи, претходно пронашле фрлено овошје кое децата го јаделе за да преживеат, како и импровизирани засолништа направени од вегетација од џунглата. Несреќата се случила на почетокот на мај, кога автомобилот „Цесна 206“, во кој се превезувале седум лица меѓу Аракуара, провинцијата Амазонас и Сан Хозе дел Гуавијаре, град во провинцијата Гуавијаре, се урнал во џунглата. Тројца возрасни лица, меѓу кои и пилотот, загинале како последица на падот, а нивните тела биле пронајдени во авионот. Четири деца на возраст од 13, девет и четири години, како и едно 11-месечно бебе, кои припаѓаат на домородното население Уитото, ја преживеале авионската несреќа. „По макотрпна потрага на нашата војска, ги најдовме живи четирите деца кои исчезнаа по авионската несреќа во Гуавијаре“, објави колумбискиот претседател Густаво Петро во објава на Твитер. Причините за несреќата се уште не се утврдени. Според цивилната заштита, пилотот пријавил проблеми со моторот на авионот пред да исчезне од радарот. Џунглата е многу густа и опасна во таа крајно оддалечена област, а потрагата била отежната поради присуството на диви животни, дрвја високи до 40 метри и обилниот дожд.

The post Пронајдени четири деца живи во џунгла 15 дена по авионска несреќа, меѓу нив и бебе appeared first on Република.

]]>