потпорен ѕид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potporen-dzid/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 12:15:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потпорен ѕид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potporen-dzid/ 32 32 Министерството за здравство треба да го поправи потпорниот ѕид кај Клиниката за детски болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-treba-da-go-popravi-potporniot-zid-kaj-klinikata-za-detski-bolesti/ Thu, 31 Oct 2024 12:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=832771

Министерството за здравство, согласно решението и заклучокот од градежниот инспектор на Општина Центар треба да започне со изградба на ограден/потпорен ѕид како привремено решение зад Клиниката за детски болести, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Денеска во ЦУК се одржала координативна средба на тема „Загрозување по животот и здравјето на луѓето и по материјалните добра од подземните води, одрон и рушење на потпорниот/оградниот ѕид на улица Бeлградска кај Детска клиника“.

Дел од потпорниот ѕид се урна на 10 јуни, а институциите Министерство за здравство, Град Скопје и Општина Центар си ги префрлуваа надлежностите кој е одговорен.

На денешната седница бил донесен заклучок дека Град Скопје треба да изработи динамика и да започне активности за изработка на нов сообраќаен проект во координација со СВР Скопје со којшто би се редуцирало движењето на тешки товарни возила

На средбата присуствуваа претставници од;Министерство за здравство, Град Скопје, Општина Центар, Инспекциски совет, Министерство за внатрешни работи и вработените од ЦУК, конкретно - државниот советник Драги Тарчуговски и колеги од Секторот за операции и координација на ЦУК, коишто непосредно се ангажирани за конкретната проблематика за координација за решавање на опасноста.

Град Скопје ќе пристапи кон пресадување на дрвјата на трасата на улица „Белградска“ истовремено при активностите за изградбата на потпорниот/ограден ѕид од страна на Министерството за здравство

ЦУК да побара извештај од Министерството за животна средина и просторно планирање – водостопански инспектор за намената и состојбата на руиниран канал, каналски систем, на улицата, се вели во соопштението испратено до медиумите.

 За трајно, долгорочно, решавање на проблемот, Град Скопје е потребно, во координација со останатите надлежни институции, да изготви нова хидролошка студија и студија за заштита на подземните води на падините на Водно, врз основа на којашто би се преземале трајни мерки за изградба на нова улица со потребната каналска мрежа и нејзино асфалтирање, се додава во соопштението.

The post Министерството за здравство треба да го поправи потпорниот ѕид кај Клиниката за детски болести appeared first on Република.

]]>

ЦУК ги собра институциите за да најдат решение за паднатиот потпорен ѕид кај Детската клиника во Клиничкиот центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/tsuk-gi-sobra-institutsiite-za-da-najdat-reshenie-za-padnatiot-potporen-zid-kaj-detskata-klinika-vo-klinichkiot-tsentar/ Fri, 27 Sep 2024 13:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=820331

Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов одржа координативен состанок за проблемот со одронот и рушењето на потпорниот ѕид на улица „Белградска“ кај ЈЗУ УК Клиника за детски болести – Скопје, според налогот за вршење заеднички вонреден инспекциски надзор, со високи претставници на Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и со Државен инспекторат за градежништво и урбанизам. На координативниот состанок зедоа учество и претставници на одделението за инспекциски надѕор на ЦУК. Заедничкиот координативен состанок, согласно Законот за инспекциски надзор беше организиран по задолжение на Инспекцискиот совет, а во организација на ЦУК, според задолжувањето на субјектите да се спроведе заеднички вонреден инспекциски надѕор над наводите за загрозување по животот и здравјето на луѓето и по материјалните добра што се предизвикани од подземните води, одрон и рушење на потпорниот ѕид, како и отворени подземни кабли под напон под конкретната улица.

На координативниот состанок беа донесени неколку заклучока по коишто ќе постапуваат дел од присутните субјекти: да се провери состојбата и реализацијата на Решението издадено од градежниот инспекторат од Општина Центар; Државниот инспекторат за енергетика да ја провери и констатира опасноста од подземните кабли што се под напон, а сега се гледаат (во соработка со ЕВН) и одделението за инспекциски надѕор од ЦУК да оствари дополнителна средба со Државниот комунален инспекторат, бидејќи не беа присутни на состанокот, за да изврши координација на темата „одржување на постојниот канал со шахти што се руинирани и не се функционални, а истиот не е предмет на одржување на ЈП „Водовод и Канализација„ на Град Скопје.

Инаку, ваквите координативни состаноци во ЦУК за отстранување опасности се во прилог на праксата и превенцијата дека кога ќе седнат од повеќе институции на координативен состанок, како во случајов во ЦУК, решенијата ги опфаќаат повеќеслојните проблеми што и не се веднаш видливи, а формално и неформално од повеќе агли има можност за изнаоѓање конкретно решение за отстранување опасности од проблем „стар“ околу 50 години.

The post ЦУК ги собра институциите за да најдат решение за паднатиот потпорен ѕид кај Детската клиника во Клиничкиот центар appeared first on Република.

]]>

Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов одржа координативен состанок за проблемот со одронот и рушењето на потпорниот ѕид на улица „Белградска“ кај ЈЗУ УК Клиника за детски болести – Скопје, според налогот за вршење заеднички вонреден инспекциски надзор, со високи претставници на Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и со Државен инспекторат за градежништво и урбанизам. На координативниот состанок зедоа учество и претставници на одделението за инспекциски надѕор на ЦУК. Заедничкиот координативен состанок, согласно Законот за инспекциски надзор беше организиран по задолжение на Инспекцискиот совет, а во организација на ЦУК, според задолжувањето на субјектите да се спроведе заеднички вонреден инспекциски надѕор над наводите за загрозување по животот и здравјето на луѓето и по материјалните добра што се предизвикани од подземните води, одрон и рушење на потпорниот ѕид, како и отворени подземни кабли под напон под конкретната улица. На координативниот состанок беа донесени неколку заклучока по коишто ќе постапуваат дел од присутните субјекти: да се провери состојбата и реализацијата на Решението издадено од градежниот инспекторат од Општина Центар; Државниот инспекторат за енергетика да ја провери и констатира опасноста од подземните кабли што се под напон, а сега се гледаат (во соработка со ЕВН) и одделението за инспекциски надѕор од ЦУК да оствари дополнителна средба со Државниот комунален инспекторат, бидејќи не беа присутни на состанокот, за да изврши координација на темата „одржување на постојниот канал со шахти што се руинирани и не се функционални, а истиот не е предмет на одржување на ЈП „Водовод и Канализација„ на Град Скопје. Инаку, ваквите координативни состаноци во ЦУК за отстранување опасности се во прилог на праксата и превенцијата дека кога ќе седнат од повеќе институции на координативен состанок, како во случајов во ЦУК, решенијата ги опфаќаат повеќеслојните проблеми што и не се веднаш видливи, а формално и неформално од повеќе агли има можност за изнаоѓање конкретно решение за отстранување опасности од проблем „стар“ околу 50 години.

The post ЦУК ги собра институциите за да најдат решение за паднатиот потпорен ѕид кај Детската клиника во Клиничкиот центар appeared first on Република.

]]>
Драги Тарчуговски, државен советник во ЦУК: Поправката на оградата е во надлежност на Министерството за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dragi-tarchugovski-drzhaven-sovetnik-vo-tsuk-popravkata-na-ogradata-e-vo-nadlezhnost-na-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Mon, 17 Jun 2024 12:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=788409

Што можеме да направиме акутно и веднаш? Тоа е поправка на оградата која е во надлежност на Министерството за здравство, бидејќи е ограда за еден објект од комплексот универзитетски клиники. И тоа ќе се реши во наредниот период од Министерството, кажа денеска Драги Тарчуговски, државен советник во Центарот за управување со кризи (ЦУК) каде што се одржа координативен состанок на кој се разговараше за опасноста од урнатиот потпорен ѕид зад Клиниката за детски болести во Скопје.

На состанокот беа претставници од Град Скопје и Општина Центар. Беа поканети и од Министерството за здравство, но тие не присустуваа, но ним ќе им биде испратен записник, кажа државниот советник во ЦУК.

Минатата недела се урна дел од потпорниот ѕид зад Клиниката за детски болести за што известија од ЦУК, а трите институции - Град Скопје, Општина Центар и Министерството за здравство не преземаа одговорност кој е надлежен.

[caption id="attachment_788421" align="alignnone" width="980"] Драги Тарчуговски, државен советник во ЦУК / Фото: Принтскрин од видео[/caption]

Долгорочно, проблемот е многу посериозен и поголем доколку опфаќа целосно зафаќање на подземните води, затоа што дел од каналската мрежа е изградена во 1950-тите години на минатиот век и е уништена, затрпана, а дел се одржуваат. Целосно одржување на тој систем во моментов не е можен, поради што е потребна реконструкција и изградба на целосно нов систем, што е долгорочно решение, кое би траело со години, можеби и цела деценија. Но тоа е државен проблем кој ќе се решава во иднина, изјави денеска Тарчуговски.

Според него, може да се бара итно решение и за подземните води, кои се веќе површински води на улицата „Белградска“.

Ќе се разгледа прашањето меѓу Градот Скопје и Општината Центар за каптирање на таа вода што е само на улицата „Белградска“ и нејзино вметнување во постојната атмосферска канализација. За тоа очекувам во наредните денови да се одржи кооридативна средба меѓу Општината и Градот Скопје да се види што може да се направи како итно решение, кажа тој.

Тарчуговски вели дека ако се говори за сеопфатно решение за целокупната каналска мрежа тоа е сигурно десетина повеќе милиони евра.

Тој ѕид не се ппорава за три дена, можеби ќе се поправа цело лето, додаде Тарчуговски.

На новинарско прашање што ако Министерството не сака да го поправи ѕидот, тој рече дека веќе имаат задолжение од инспекциските служби на Општина Центар.

Градоначалничката Данела Арсовска кажа дека Градот нема документација и прво треба да се одржи состанок со Општина Центар.

Не можеме напамет да зборуваме, не знаеме какви би биле финансиските импликациии, ниту што треба да се прави, каков е каналскиот систем. Тоа е див каналски систем, кај никого не е на одржување, проблемот е поголем од аспект на тоа дека најверојатно за целосно решение, базирано на градењето што се одвивало наназад веќе децении целиот тој систем е уништен на повеќе стотици метри. Така што проблемот е многу сериозен, такви средства ниту има Општината, ниту Градот и тоа е нешто како стратешка инвестиција што треба да се направи базирано на она што го видовме дека „Водостопанство“ како акционерско друштво од државна сопственост веќе извршило студија во минатата година. Таа е сериозен, голем, стратешки проект којшто ги опфаќа сите места каде што потенцијално има канали коишто во овој момент се уништени и би требало да се ревидираат, изјави Арсовска.

Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски апелира надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

https://republika.mk/vesti/skopje/dekanot-na-gradezhen-fakultet-apelira-nadlezhnite-institutsii-shto-poskoro-da-go-reshat-problemot-so-padnatiot-potporen-zid-vo-klinichki-tsentar/

The post Драги Тарчуговски, државен советник во ЦУК: Поправката на оградата е во надлежност на Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Што можеме да направиме акутно и веднаш? Тоа е поправка на оградата која е во надлежност на Министерството за здравство, бидејќи е ограда за еден објект од комплексот универзитетски клиники. И тоа ќе се реши во наредниот период од Министерството, кажа денеска Драги Тарчуговски, државен советник во Центарот за управување со кризи (ЦУК) каде што се одржа координативен состанок на кој се разговараше за опасноста од урнатиот потпорен ѕид зад Клиниката за детски болести во Скопје. На состанокот беа претставници од Град Скопје и Општина Центар. Беа поканети и од Министерството за здравство, но тие не присустуваа, но ним ќе им биде испратен записник, кажа државниот советник во ЦУК. Минатата недела се урна дел од потпорниот ѕид зад Клиниката за детски болести за што известија од ЦУК, а трите институции - Град Скопје, Општина Центар и Министерството за здравство не преземаа одговорност кој е надлежен. [caption id="attachment_788421" align="alignnone" width="980"] Драги Тарчуговски, државен советник во ЦУК / Фото: Принтскрин од видео[/caption]
Долгорочно, проблемот е многу посериозен и поголем доколку опфаќа целосно зафаќање на подземните води, затоа што дел од каналската мрежа е изградена во 1950-тите години на минатиот век и е уништена, затрпана, а дел се одржуваат. Целосно одржување на тој систем во моментов не е можен, поради што е потребна реконструкција и изградба на целосно нов систем, што е долгорочно решение, кое би траело со години, можеби и цела деценија. Но тоа е државен проблем кој ќе се решава во иднина, изјави денеска Тарчуговски.
Според него, може да се бара итно решение и за подземните води, кои се веќе површински води на улицата „Белградска“.
Ќе се разгледа прашањето меѓу Градот Скопје и Општината Центар за каптирање на таа вода што е само на улицата „Белградска“ и нејзино вметнување во постојната атмосферска канализација. За тоа очекувам во наредните денови да се одржи кооридативна средба меѓу Општината и Градот Скопје да се види што може да се направи како итно решение, кажа тој.
Тарчуговски вели дека ако се говори за сеопфатно решение за целокупната каналска мрежа тоа е сигурно десетина повеќе милиони евра.
Тој ѕид не се ппорава за три дена, можеби ќе се поправа цело лето, додаде Тарчуговски.
На новинарско прашање што ако Министерството не сака да го поправи ѕидот, тој рече дека веќе имаат задолжение од инспекциските служби на Општина Центар. Градоначалничката Данела Арсовска кажа дека Градот нема документација и прво треба да се одржи состанок со Општина Центар.
Не можеме напамет да зборуваме, не знаеме какви би биле финансиските импликациии, ниту што треба да се прави, каков е каналскиот систем. Тоа е див каналски систем, кај никого не е на одржување, проблемот е поголем од аспект на тоа дека најверојатно за целосно решение, базирано на градењето што се одвивало наназад веќе децении целиот тој систем е уништен на повеќе стотици метри. Така што проблемот е многу сериозен, такви средства ниту има Општината, ниту Градот и тоа е нешто како стратешка инвестиција што треба да се направи базирано на она што го видовме дека „Водостопанство“ како акционерско друштво од државна сопственост веќе извршило студија во минатата година. Таа е сериозен, голем, стратешки проект којшто ги опфаќа сите места каде што потенцијално има канали коишто во овој момент се уништени и би требало да се ревидираат, изјави Арсовска.
Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски апелира надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. https://republika.mk/vesti/skopje/dekanot-na-gradezhen-fakultet-apelira-nadlezhnite-institutsii-shto-poskoro-da-go-reshat-problemot-so-padnatiot-potporen-zid-vo-klinichki-tsentar/

The post Драги Тарчуговски, државен советник во ЦУК: Поправката на оградата е во надлежност на Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>
Деканот на Градежен факултет апелира надлежните институции што поскоро да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клинички центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dekanot-na-gradezhen-fakultet-apelira-nadlezhnite-institutsii-shto-poskoro-da-go-reshat-problemot-so-padnatiot-potporen-zid-vo-klinichki-tsentar/ Mon, 17 Jun 2024 11:15:02 +0000 https://republika.mk/?p=788397

Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски апелира надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Не знам чија е надлежноста за ѕидот, но сметам дека е на сите оние кои се инволвирани во процесот. Треба да седнат заедно и да го решат овој проблем што побрзо, изјави Марковски во одговор на новинарско прашање во Стопанската комора.

Порача дека не е запознаен со конкретната состојба на ѕидот за да оцени дали треба да се урне и да се гради наново, но посочи дека во секој случај треба да се реагира брзо.

Уште пред 15-тина години, како што кажа, испратил лично писмо како загрижен за она што се случува во тој дел од градот и за стабилноста на објектите кои таму се градат во кое посочил дека голем дел од потпорните ѕидови не се испроектирани за да можат да носат таков зголемен товар.

За жал тоа помина со молк од оние што беа надлежни, потенцира Марковски.

The post Деканот на Градежен факултет апелира надлежните институции што поскоро да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клинички центар appeared first on Република.

]]>

Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски апелира надлежните институции што побрзо да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Не знам чија е надлежноста за ѕидот, но сметам дека е на сите оние кои се инволвирани во процесот. Треба да седнат заедно и да го решат овој проблем што побрзо, изјави Марковски во одговор на новинарско прашање во Стопанската комора.
Порача дека не е запознаен со конкретната состојба на ѕидот за да оцени дали треба да се урне и да се гради наново, но посочи дека во секој случај треба да се реагира брзо. Уште пред 15-тина години, како што кажа, испратил лично писмо како загрижен за она што се случува во тој дел од градот и за стабилноста на објектите кои таму се градат во кое посочил дека голем дел од потпорните ѕидови не се испроектирани за да можат да носат таков зголемен товар.
За жал тоа помина со молк од оние што беа надлежни, потенцира Марковски.
 
The post Деканот на Градежен факултет апелира надлежните институции што поскоро да го решат проблемот со паднатиот потпорен ѕид во Клинички центар appeared first on Република.

]]>
Министерството за здравство бара Град Скопје и општина Центар да го решат проблемот со урнатиот ѕид зад Клиниката за детски болести https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ministerstvoto-za-zdravstvo-bara-grad-skopje-i-opshtina-tsentar-da-go-reshat-problemot-so-urnatiot-zid-zad-klinikata-za-detski-bolesti/ Tue, 11 Jun 2024 15:26:08 +0000 https://republika.mk/?p=786622

Во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести, истиот е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште, информираат од Министерството за здравство.

Реакцијата следува откако пред неколку дена, се урна дел од потпорниот ѕид на улицата „Белградска“, веднаш над Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Секој од објектите во Клиничкиот центар има право на користење на објектите, но нема доделено право на трајно користење на земјиштето околу клиниките. Во интерес на граѓаните, потребно е да се изнајде итно решение во заеднички напори со надлежните институции Градот Скопје и Општина Центар кои треба да бидат иницијатори за решавање на проблемот, поради тоа што се работи за улица, а надлежните инспекциски служби да дадат мислење за моменталната безбедност“, се наведува во соопштението.

Во видео-обраќање, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, изјави дека ЦУК добил неколку пријави дека ѕидот е накосен и во лоша состојба, почнувајќи дури од ноември 2022 година. Според Ангелов, по првите пријави ЦУК веднаш ги известиле надлежните институции, односно Министерството за здравство (МЗ), Град Скопје, Општина Центар, Министерството за внатрешни работи (МВР), за кои мерки може да се преземат за да се осигури безбедноста на граѓаните.

The post Министерството за здравство бара Град Скопје и општина Центар да го решат проблемот со урнатиот ѕид зад Клиниката за детски болести appeared first on Република.

Герасимовски контра Арсовска: Постои договор според кој санацијата на ѕидот кај Детската клиника е во надлежност на Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-kontra-arsovska-postoi-dogovor-spored-koj-sanatsijata-na-zidot-kaj-detskata-klinika-e-vo-nadlezhnost-na-grad-skopje/ Tue, 11 Jun 2024 10:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=786541

Општина Центар остро ги демантира наводите и шпекулациите дека санацијата на потпорниот ѕид на Клинички Центар и улица „Белградска“ се во надлежност на општината.

Овој проблем се провлекува со години и постојано одговорот е ист, безбедноста и функционалноста на „Белградска” не е наша надлежност. ЦУК и пред две години алармираше за состојбата со потпорниот ѕид кај Универзитетската клиника за детски болести и безбедноста на улицата „Белградска”. На нивна иницијатива, Министерството за здравство посочи дека за санацијата е потребна координирана активност на јавните претпријатија на Град Скопје. И тогаш, Општина Центар, на 30.12.2022, децидно одговори дека безбедноста и одржувањето на „Белградска” согласно Договорот од 05.08.2019, е обврска на Град Скопје. Да беше до нас, проблемот одамна ќе се решеше - дециден е Герасимовски.

Согласно договорот за меѓуопштинска соработка меѓу Градот и Општината, сите обврски за одржување на функционалноста на улица „Белградска”, што подразбира и градежни активности ако е потребно, е одговорност и обврска на Град Скопје, а Општина Центар не смее да презема активности во тој домен.

Во договорот децидно стои: „Општина Центар се обврзува да не презема активности кои би ги попречиле или нарушиле проектирањето, изградбата, користењето, заштитата и одржувањето на наведените сообраќајници во Општината.

Вчера се урна дел од потпорен ѕид на оградата кај Детската клиника на Клиничкиот центар во Скопје. Граѓани пријавиле на бројот 112. Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов бара веднаш да се реши проблемот со потпорниот ѕид за да се спречи поголема катастрофа.

Но не е првпат да биде пријавено, вели Ангелов, а дописи се испратени и до Министерството за здравство, Град Скопје и Општина Центар.

Од Град Скопје се изземаа од одговорност и посочија дека Општина Центар и Министерството за здравство се одговорни за овој проблем.

The post Герасимовски контра Арсовска: Постои договор според кој санацијата на ѕидот кај Детската клиника е во надлежност на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Општина Центар остро ги демантира наводите и шпекулациите дека санацијата на потпорниот ѕид на Клинички Центар и улица „Белградска“ се во надлежност на општината.
Овој проблем се провлекува со години и постојано одговорот е ист, безбедноста и функционалноста на „Белградска” не е наша надлежност. ЦУК и пред две години алармираше за состојбата со потпорниот ѕид кај Универзитетската клиника за детски болести и безбедноста на улицата „Белградска”. На нивна иницијатива, Министерството за здравство посочи дека за санацијата е потребна координирана активност на јавните претпријатија на Град Скопје. И тогаш, Општина Центар, на 30.12.2022, децидно одговори дека безбедноста и одржувањето на „Белградска” согласно Договорот од 05.08.2019, е обврска на Град Скопје. Да беше до нас, проблемот одамна ќе се решеше - дециден е Герасимовски.
Согласно договорот за меѓуопштинска соработка меѓу Градот и Општината, сите обврски за одржување на функционалноста на улица „Белградска”, што подразбира и градежни активности ако е потребно, е одговорност и обврска на Град Скопје, а Општина Центар не смее да презема активности во тој домен. Во договорот децидно стои: „Општина Центар се обврзува да не презема активности кои би ги попречиле или нарушиле проектирањето, изградбата, користењето, заштитата и одржувањето на наведените сообраќајници во Општината. Вчера се урна дел од потпорен ѕид на оградата кај Детската клиника на Клиничкиот центар во Скопје. Граѓани пријавиле на бројот 112. Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов бара веднаш да се реши проблемот со потпорниот ѕид за да се спречи поголема катастрофа. Но не е првпат да биде пријавено, вели Ангелов, а дописи се испратени и до Министерството за здравство, Град Скопје и Општина Центар. Од Град Скопје се изземаа од одговорност и посочија дека Општина Центар и Министерството за здравство се одговорни за овој проблем.

The post Герасимовски контра Арсовска: Постои договор според кој санацијата на ѕидот кај Детската клиника е во надлежност на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника во Клинички центар https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/padna-potporniot-zid-kaj-detskata-klinika-vo-klinichki-tsentar-2/ Mon, 10 Jun 2024 11:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=786200

Се сруши потпорниот ѕид над Детската Клиника, на улицата која поминува над Клиничкиот центар, потврди Центарот за управување со кризи, ЦУК.

Неколку граѓани пријавија дека потпорниот ѕид над Клиниката за Детски болести е во лоша состојба. Од наша страна беа известени сите надлежни институции, за преземање на потребните мерки. После 1,5 година не е преземено ништо и утрово добивме пријава дека дел од овој ѕид е паднат, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот. Затоа апелираме до сите да се зафатат со решавање на оваа опасност за граѓаните. Може да дојде и до рушење на дел од улициата, по што е можна поголема трагедија. Од ЦУК во повеќе наврати е интервенирано, односно се испратени дописи, но и во низа други јавни претпеијатија. Затоа апелираме за итна координација и итно надминување на оваа опасност - рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

The post Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника во Клинички центар appeared first on Република.

Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника во Клинички центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/padna-potporniot-zid-kaj-detskata-klinika-vo-klinichki-tsentar/ Mon, 10 Jun 2024 11:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=786189

Во ноември 2022 до ЦУК стигнале пријави од неколку граѓани кои пријавиле дека потпорниот ѕид на улицата што минува веднаш до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, над Клиниката за детски болести е во лоша состојба, истиот е накосен и постои опасност да падне.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кажа дека од нивна страна веднаш биле известени Министерството за здравство, Градот Скопје и општината Центар, како и МВР за да преземат мерки за да се заштитат животот и здравјето на граѓаните.

„За жал една и пол година подоцна не е преземено ништо. Состојбата со ѕидот е уште повеќе влошена. Рано наутро добивме пријава дека дел од ѕидот е урнат, но прашање на ден, можеби и на час кога ќе се сруши останатиот дел од ѕидот, каде се паркираат и возила, а се движат и лица кои што влегуваат во болницата“, рече Ангелов.

Тој апелира до Министерството за здравство, Градот Скопје и општината Центар итно да се зафатат со надминување на опасноста.

The post Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника во Клинички центар appeared first on Република.

]]>

Во ноември 2022 до ЦУК стигнале пријави од неколку граѓани кои пријавиле дека потпорниот ѕид на улицата што минува веднаш до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, над Клиниката за детски болести е во лоша состојба, истиот е накосен и постои опасност да падне. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кажа дека од нивна страна веднаш биле известени Министерството за здравство, Градот Скопје и општината Центар, како и МВР за да преземат мерки за да се заштитат животот и здравјето на граѓаните. „За жал една и пол година подоцна не е преземено ништо. Состојбата со ѕидот е уште повеќе влошена. Рано наутро добивме пријава дека дел од ѕидот е урнат, но прашање на ден, можеби и на час кога ќе се сруши останатиот дел од ѕидот, каде се паркираат и возила, а се движат и лица кои што влегуваат во болницата“, рече Ангелов. Тој апелира до Министерството за здравство, Градот Скопје и општината Центар итно да се зафатат со надминување на опасноста.

The post Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника во Клинички центар appeared first on Република.

]]>
Ќе се гради нов потпорен ѕид во Пинтија https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kje-se-gradi-nov-potporen-dzid-vo-pintija/ Fri, 26 Aug 2022 16:02:09 +0000 https://republika.mk/?p=544516

Екипите на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје деновиве ги започнаа активностите за изведба на нов потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ кај семафорите во населбата Пинтија.

Целосно се отстранува стариот и оштетен бетонски потпорен ѕид кој беше паднат заради временските неприлики.

По изработката на проектното решение ЈП Улици и патишта во координација со службите од Градот Скопје започна со подготвителни работи за изведба на потпорниот ѕид, првенствено со обележување и заградување на просторот на градилиштето, а по овие фази следува ископ на земја на потпорната конструкција. Потпорниот ѕид на бул. Борис Трајковски има променлива висина, а вкупната должина е 152.45 метри.

Откако ќе бидат изведени армирачко бетонските работи на потпорниот ѕид ќе се постави дренажниот систем кој се состои од дренажна цевка, филтерски материјал и барбакани.

ЈП Улици и патишта заедно со службите од Градот Скопје изведбата на потпорниот ѕид ќе ја вршат по сите стандарди за долгорочно решавање на проблеми

The post Ќе се гради нов потпорен ѕид во Пинтија appeared first on Република.

]]>

Екипите на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје деновиве ги започнаа активностите за изведба на нов потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ кај семафорите во населбата Пинтија.

Целосно се отстранува стариот и оштетен бетонски потпорен ѕид кој беше паднат заради временските неприлики.

По изработката на проектното решение ЈП Улици и патишта во координација со службите од Градот Скопје започна со подготвителни работи за изведба на потпорниот ѕид, првенствено со обележување и заградување на просторот на градилиштето, а по овие фази следува ископ на земја на потпорната конструкција. Потпорниот ѕид на бул. Борис Трајковски има променлива висина, а вкупната должина е 152.45 метри.

Откако ќе бидат изведени армирачко бетонските работи на потпорниот ѕид ќе се постави дренажниот систем кој се состои од дренажна цевка, филтерски материјал и барбакани. ЈП Улици и патишта заедно со службите од Градот Скопје изведбата на потпорниот ѕид ќе ја вршат по сите стандарди за долгорочно решавање на проблеми

The post Ќе се гради нов потпорен ѕид во Пинтија appeared first on Република.

]]>