потписи за кандидат за претседател на државата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potpisi-za-kandidat-za-pretsedatel-na-drzhavata/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Mar 2024 15:47:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потписи за кандидат за претседател на државата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potpisi-za-kandidat-za-pretsedatel-na-drzhavata/ 32 32 Седум кандидати во претседателската трка: Најмногу потписи од граѓаните доби Силјановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sedum-kandidati-vo-pretsedatelskata-trka-najmnogu-potpisi-od-graganite-dobi-siljanovska-davkova/ Sat, 09 Mar 2024 15:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=753057

Заврши собирањето потписи за претседателските кандидати. Во битката за претседател на Македонија влегуваат седум кандидати.

Неуспешен обид да влезат во претседателската трка имаа Мерсиха Смаиловиќ, Вело Марковски, Ѓорѓи Манасков, Зорица Цветковска, Господин Попоски, Драган Николовски и Гоце Ристов. Тие не добија поддршка за кандидатура. Томе Николовски се откажа од собирање на потписи.

Според податоците од ДИК, од 15-те пријавени кандидати за собирање потписи за претседателските избори, најмногу има Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ – 28.086.

Стево Пендаровски поддржан од СДСМ кој има 22.412 потписи, , Бујар Османи од ДУИ – 11.085, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди – 10.710, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски – 11.290, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија – 11.605 и Билјана Ванковска Цветковска од Левица – 10.559 потписи.

Сите останати кандидати имаат помалку потписи – кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 2.778, Вело Марковски – 1.634 потписи, Ѓорѓи Манасков – 488, Зорица Цветковска – 284, Господин Попоски 145, Гоце Ристов – 6 и Драган Николовски 6 потписи. Досега, според ДИК, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.

Собирањето потписи се одвиваше во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

Во четвртокот, без расправа, беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чија цел, како што претходно образложи пратеникот Мартин Костовски, е да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите.

Меѓу другото, се допрецизираат одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со цел сите гласачи кои ги исполнуваат условите да бидат запишани во избирачките списоци, со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, како и со разјаснување на процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга.

Со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

 

The post Седум кандидати во претседателската трка: Најмногу потписи од граѓаните доби Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Заврши собирањето потписи за претседателските кандидати. Во битката за претседател на Македонија влегуваат седум кандидати. Неуспешен обид да влезат во претседателската трка имаа Мерсиха Смаиловиќ, Вело Марковски, Ѓорѓи Манасков, Зорица Цветковска, Господин Попоски, Драган Николовски и Гоце Ристов. Тие не добија поддршка за кандидатура. Томе Николовски се откажа од собирање на потписи. Според податоците од ДИК, од 15-те пријавени кандидати за собирање потписи за претседателските избори, најмногу има Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ – 28.086. Стево Пендаровски поддржан од СДСМ кој има 22.412 потписи, , Бујар Османи од ДУИ – 11.085, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди – 10.710, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски – 11.290, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија – 11.605 и Билјана Ванковска Цветковска од Левица – 10.559 потписи. Сите останати кандидати имаат помалку потписи – кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 2.778, Вело Марковски – 1.634 потписи, Ѓорѓи Манасков – 488, Зорица Цветковска – 284, Господин Попоски 145, Гоце Ристов – 6 и Драган Николовски 6 потписи. Досега, според ДИК, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски. Собирањето потписи се одвиваше во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари. Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците. Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Во четвртокот, без расправа, беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чија цел, како што претходно образложи пратеникот Мартин Костовски, е да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите. Меѓу другото, се допрецизираат одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со цел сите гласачи кои ги исполнуваат условите да бидат запишани во избирачките списоци, со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, како и со разјаснување на процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга. Со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.  

The post Седум кандидати во претседателската трка: Најмногу потписи од граѓаните доби Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>
За четири часа собрани 15.000 потписи за Гордана Силјановска-Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-chetiri-chasa-sobrani-15-000-potpisi-za-gordana-siljanovska-davkova/ Sun, 03 Mar 2024 11:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=750721

Интересот на граѓаните за поддршка на кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова е голема.За само четири часа денеска собрани се 15.000 потписи во цела Македонија. Иако бројката е веќе надмината  граѓаните продолжуваат да доаѓаат во подрачните канцеларии на ДИК да изразат поддршка.Во 14 часот тоа ќе го направи и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prepolni-koloni-narod-za-potpis-za-gordana-siljanovska-davkova/

 

The post За четири часа собрани 15.000 потписи за Гордана Силјановска-Давкова appeared first on Република.

]]>

Интересот на граѓаните за поддршка на кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова е голема.За само четири часа денеска собрани се 15.000 потписи во цела Македонија. Иако бројката е веќе надмината  граѓаните продолжуваат да доаѓаат во подрачните канцеларии на ДИК да изразат поддршка.Во 14 часот тоа ќе го направи и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. https://republika.mk/vesti/makedonija/prepolni-koloni-narod-za-potpis-za-gordana-siljanovska-davkova/  

The post За четири часа собрани 15.000 потписи за Гордана Силјановска-Давкова appeared first on Република.

]]>
Maричиќ: Претседател на држава треба да се бира на избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-pretsedatel-na-drzhava-treba-da-se-bira-na-izbori/ Tue, 27 Feb 2024 08:01:18 +0000 https://republika.mk/?p=748694

ДПМНЕ нема план ниту намера за решавање на стратешките прашања и членство во ЕУ, време е опозицијата да заземе посериозен однос, не поради СДСМ, туку поради граѓаните. Скапо сме ги платиле заблудите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните тврдења дека постои шанса да се испреговара подобар договор со Грција, се чекаше некаков подобар договор, кој никогаш не дојде на маса, па 10 години подоцна се реши проблемот под полоши услови.

-Тие немаат ниту јасна намера за решавање, ниту план. Знаеме која беше нивната намера. Сигурен сум дека се спремни да влезат во повторни преговори, кои што ќе траат уште 15 год. Кои што во меѓувреме ќе ги направат и Албанија и Црна Гора членки на ЕУ, за Србија и Косово ќе видиме, рече Маричиќ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-najavi-novi-300-000-obrastsi/

СДСМ смета дека претседател на државата треба да се бира на избори и сигурен сум дека ќе избереме претседател, додава Маричиќ.

Досега не се избрало претседател на државата без консензус од сите етнички заедници и верувам дека во вториот круг тоа ќе се случи, имаме простор и време дотогаш да ги завршиме сите разговори затоа што ако го следиме интересот на граѓаните сигурен сум дека ќе избереме претседател и тоа ќе биде Стево Пендаровски, додаде Маричиќ.

-Секоја партија има одговорност за своите постапки, ние сметаме дека во овој момент во којшто се наоѓа државата, е одговорно да биде избран претседател за да имаме една стабилна институција којашто ќе го гарантира патот на државата во вистински правец. Ние знаеме колку е битно во услови на војна во Украина, повеќекратни кризи, знаеме дека претседателот имаше исто така клучна улога во онаа институционална криза со ковидот кога Собранието беше распуштено, кога мораше да се распише вонредна состојба, за да може Владата да одлучува и да носи клучни одлуки на дневна основа. Затоа мислам дека би било одговорно во вториот круг да се поддржи оној кандидат кој има најдобри шанси да победи и да ја носи државата кон продолжување на европските интеграции. Тоа е Стево Пендаровски. Да дојдеме до една точка по изборите да разговараме, секоја партија има право да отвори прашање, тоа е нивно право, меѓутоа сметам дека со иднината на државата, со развојот на понатамошниот правец и насока на државата никој нема да си поигрува, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ.

The post Maричиќ: Претседател на држава треба да се бира на избори appeared first on Република.

]]>

ДПМНЕ нема план ниту намера за решавање на стратешките прашања и членство во ЕУ, време е опозицијата да заземе посериозен однос, не поради СДСМ, туку поради граѓаните. Скапо сме ги платиле заблудите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните тврдења дека постои шанса да се испреговара подобар договор со Грција, се чекаше некаков подобар договор, кој никогаш не дојде на маса, па 10 години подоцна се реши проблемот под полоши услови.
-Тие немаат ниту јасна намера за решавање, ниту план. Знаеме која беше нивната намера. Сигурен сум дека се спремни да влезат во повторни преговори, кои што ќе траат уште 15 год. Кои што во меѓувреме ќе ги направат и Албанија и Црна Гора членки на ЕУ, за Србија и Косово ќе видиме, рече Маричиќ.
https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-najavi-novi-300-000-obrastsi/ СДСМ смета дека претседател на државата треба да се бира на избори и сигурен сум дека ќе избереме претседател, додава Маричиќ. Досега не се избрало претседател на државата без консензус од сите етнички заедници и верувам дека во вториот круг тоа ќе се случи, имаме простор и време дотогаш да ги завршиме сите разговори затоа што ако го следиме интересот на граѓаните сигурен сум дека ќе избереме претседател и тоа ќе биде Стево Пендаровски, додаде Маричиќ.
-Секоја партија има одговорност за своите постапки, ние сметаме дека во овој момент во којшто се наоѓа државата, е одговорно да биде избран претседател за да имаме една стабилна институција којашто ќе го гарантира патот на државата во вистински правец. Ние знаеме колку е битно во услови на војна во Украина, повеќекратни кризи, знаеме дека претседателот имаше исто така клучна улога во онаа институционална криза со ковидот кога Собранието беше распуштено, кога мораше да се распише вонредна состојба, за да може Владата да одлучува и да носи клучни одлуки на дневна основа. Затоа мислам дека би било одговорно во вториот круг да се поддржи оној кандидат кој има најдобри шанси да победи и да ја носи државата кон продолжување на европските интеграции. Тоа е Стево Пендаровски. Да дојдеме до една точка по изборите да разговараме, секоја партија има право да отвори прашање, тоа е нивно право, меѓутоа сметам дека со иднината на државата, со развојот на понатамошниот правец и насока на државата никој нема да си поигрува, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ.

The post Maричиќ: Претседател на држава треба да се бира на избори appeared first on Република.

]]>
ДИК од утре еднаш дневно ќе известува за собраните потписи за кандидатите за претседател на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-od-utre-ednash-dnevno-ke-izvestuva-za-sobranite-potpisi-za-kandidatite-za-pretsedatel-na-drzhavata/ Sat, 24 Feb 2024 17:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=747922

Од утре, 25 февруари 2024 година, Државната изборна комисија на својата веб страна, секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Македонија.

„Државната изборна комисија еднаш дневно прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно се ажурира“, информира ДИК.

Моментално, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, единаесет подносители на иницијативи за кандидирање за претседател на државата собираат потписи за кандидати.

Заклучно со 23 февруари 2024 година, бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат е следен:

1. Вело Марковски 98
2. Билјана Ванковска Цветковска 1105
3. Томе Николоски 0
4. Бујар Османи 3261
5. Господин Поповски 0
6. Максим Димитриевски 1594
7. Стевчо Јакимовски 658
8. Ѓорѓи Манасков 21
9. Арбен Таравари 1
10. Мерсиха Смаиловиќ 0
11. Зорица Цветковска 0

The post ДИК од утре еднаш дневно ќе известува за собраните потписи за кандидатите за претседател на државата appeared first on Република.

]]>

Од утре, 25 февруари 2024 година, Државната изборна комисија на својата веб страна, секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Македонија.
„Државната изборна комисија еднаш дневно прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно се ажурира“, информира ДИК.
Моментално, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, единаесет подносители на иницијативи за кандидирање за претседател на државата собираат потписи за кандидати. Заклучно со 23 февруари 2024 година, бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат е следен: 1. Вело Марковски 98 2. Билјана Ванковска Цветковска 1105 3. Томе Николоски 0 4. Бујар Османи 3261 5. Господин Поповски 0 6. Максим Димитриевски 1594 7. Стевчо Јакимовски 658 8. Ѓорѓи Манасков 21 9. Арбен Таравари 1 10. Мерсиха Смаиловиќ 0 11. Зорица Цветковска 0

The post ДИК од утре еднаш дневно ќе известува за собраните потписи за кандидатите за претседател на државата appeared first on Република.

]]>