потпис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potpis/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 17:48:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потпис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potpis/ 32 32 Претседателот на Владата Мицкоски и сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел ќе потпишат два договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pretsedatelot-na-vladata-mitskoski-i-sopstvenikot-i-menadher-na-breinchajld-ralf-hening-grosel-ke-potpishat-dva-dogovori-za-drzhavna-pomosh-za-dva-oddelni-investitsiski-proekti/ Mon, 11 Nov 2024 21:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=836491

Утре 12.11.2024 година (вторник) во 11:15 часот во Свечената сала во Владата претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел ќе потпишат два договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти кои ќе бидат реализирани паралелно од двата правни субјекти.

Бреинчајлд е компанија формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија кои креираат глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер. Производите вклучуваат крила, едра и дополнителна опрема за летање и сурфање на вода.

Бреинчајлд е иновативна компанија која комбинира техничко знаење и практично искуство во целокупниот процес на производство, притоа посветувајќи сериозно време и фокус на одржливи производни практики и циркуларна економија во комплетниот производен циклус.

Брендот Бреинчајлд во Македонија има формирано две компании и тоа:

• Бреинчајлд Продукција во 2020 година и

• Бреинчајлд Производство во 2022 година.

Се потпишуваат два независни договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти кои ќе бидат реализирани паралелно од двата правни субјекти.

Бреинчајлд Продукција е компанија која се занимава во активности за истражување и развој на новите производи, преку користење на уникатни репроматеријали, а со цел добивање на специфичен материјал кој е потребен за производство на опремата за спортови на ветер и вода. Инвестицијата е лоцирана во Битола, во постоечки објект со големина од 1500м2.

Бреинчајлд Продукција поднесе писмо за намери и деловен план за реализација на инвестициски проект за индустриско истражување на почетокот на 2024 година.

Инвестицискиот план вклучува вложувања во адаптирање на лабораторија за истражување и развој и набавка на нова современа опрема и машини. Согласно деловниот план и договорот за државна помош, предвидено е компанијата да инвестира вкупен износ од најмалку 2.500.000 евра во период од 5 години, при се планирани околу 40-тина висококвалификувани нови работни места.

Бреинчајлд Производство од друга страна е компанијата која се занимава со сериското производство на опремата и елементите. Планот на сопствениците е да изградат целосно нов објект со големина од 3000м2 во индустриската зона Жабени кај Битола и да вработат околу 200 лица. Според инвестицискиот планови, почетокот на градбата се очекува да биде во 2025 година, а во текот на следните 5 години да се заокружи инвестициски циклус од околу 8.500.000 евра.

И покрај изградбата на новиот сопствен објект, целта на компанијата е да ја зачува и надградува постоечката лабораторија за развој на нови производи и производни процеси, како и за испитување и создавање на одржливи материјали.

Како дел од активностите за поврзување со локалната заедница, Бреинчајлд отвори специјализирана школа за шиење на напредни материјали која служи како своевиден тренинг центар за планираните активности на компанијата. Покрај тоа, брендот Бреинчајлд е силно посветен на одржлив и еколошки процес преку користење на рециклирани материјали како суровини и процеси кои елиминираат некои стандардни производни пракси штетни за околината.

Предвидена е во 11:30 часот заедничка прес- конференција за медиуми да дадат претседателот Мицкоски и сопственикот и менаџерот на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел во Медија центарот на Владата.

The post Претседателот на Владата Мицкоски и сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел ќе потпишат два договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти appeared first on Република.

]]>

Утре 12.11.2024 година (вторник) во 11:15 часот во Свечената сала во Владата претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски заедно со сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел ќе потпишат два договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти кои ќе бидат реализирани паралелно од двата правни субјекти. Бреинчајлд е компанија формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија кои креираат глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер. Производите вклучуваат крила, едра и дополнителна опрема за летање и сурфање на вода. Бреинчајлд е иновативна компанија која комбинира техничко знаење и практично искуство во целокупниот процес на производство, притоа посветувајќи сериозно време и фокус на одржливи производни практики и циркуларна економија во комплетниот производен циклус. Брендот Бреинчајлд во Македонија има формирано две компании и тоа: • Бреинчајлд Продукција во 2020 година и • Бреинчајлд Производство во 2022 година. Се потпишуваат два независни договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти кои ќе бидат реализирани паралелно од двата правни субјекти. Бреинчајлд Продукција е компанија која се занимава во активности за истражување и развој на новите производи, преку користење на уникатни репроматеријали, а со цел добивање на специфичен материјал кој е потребен за производство на опремата за спортови на ветер и вода. Инвестицијата е лоцирана во Битола, во постоечки објект со големина од 1500м2. Бреинчајлд Продукција поднесе писмо за намери и деловен план за реализација на инвестициски проект за индустриско истражување на почетокот на 2024 година. Инвестицискиот план вклучува вложувања во адаптирање на лабораторија за истражување и развој и набавка на нова современа опрема и машини. Согласно деловниот план и договорот за државна помош, предвидено е компанијата да инвестира вкупен износ од најмалку 2.500.000 евра во период од 5 години, при се планирани околу 40-тина висококвалификувани нови работни места. Бреинчајлд Производство од друга страна е компанијата која се занимава со сериското производство на опремата и елементите. Планот на сопствениците е да изградат целосно нов објект со големина од 3000м2 во индустриската зона Жабени кај Битола и да вработат околу 200 лица. Според инвестицискиот планови, почетокот на градбата се очекува да биде во 2025 година, а во текот на следните 5 години да се заокружи инвестициски циклус од околу 8.500.000 евра. И покрај изградбата на новиот сопствен објект, целта на компанијата е да ја зачува и надградува постоечката лабораторија за развој на нови производи и производни процеси, како и за испитување и создавање на одржливи материјали. Како дел од активностите за поврзување со локалната заедница, Бреинчајлд отвори специјализирана школа за шиење на напредни материјали која служи како своевиден тренинг центар за планираните активности на компанијата. Покрај тоа, брендот Бреинчајлд е силно посветен на одржлив и еколошки процес преку користење на рециклирани материјали како суровини и процеси кои елиминираат некои стандардни производни пракси штетни за околината. Предвидена е во 11:30 часот заедничка прес- конференција за медиуми да дадат претседателот Мицкоски и сопственикот и менаџерот на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел во Медија центарот на Владата.

The post Претседателот на Владата Мицкоски и сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел ќе потпишат два договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти appeared first on Република.

]]>
Мицкоски и другите премиери од Западен Балкан го потпишаа Акциониот план за заеднички регионален пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-i-drugite-premieri-od-zapaden-balkan-go-potpishaa-aktsioniot-plan-za-zaednichki-regionalen-pazar/ Mon, 14 Oct 2024 14:15:08 +0000 https://republika.mk/?p=826693

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денес заедно со останатите премиери на држави од земјите на Западен Балкан вклучени во Берлинскиот процес, го потпиша Акциониот план за заеднички регионален пазар за 2025-2028 година.

Со ова отвораме нови можности, за нови капацитети и потенцијали за македонските компании и субјекти. Отвораме врати за зголемен развој, истакна Мицкоски.

 

The post Мицкоски и другите премиери од Западен Балкан го потпишаа Акциониот план за заеднички регионален пазар appeared first on Република.

]]>

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денес заедно со останатите премиери на држави од земјите на Западен Балкан вклучени во Берлинскиот процес, го потпиша Акциониот план за заеднички регионален пазар за 2025-2028 година.
Со ова отвораме нови можности, за нови капацитети и потенцијали за македонските компании и субјекти. Отвораме врати за зголемен развој, истакна Мицкоски.
 

The post Мицкоски и другите премиери од Западен Балкан го потпишаа Акциониот план за заеднички регионален пазар appeared first on Република.

]]>
Преполни колони народ за потпис за Гордана Силјановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prepolni-koloni-narod-za-potpis-za-gordana-siljanovska-davkova/ Sun, 03 Mar 2024 10:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=750698

Денеска сите места назначени за собирање потписи за претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова, се преполни со народ. Кисела Вода, Бутел, Зелениково, Крива Паланка, Илинден, Битола,Шуто Оризари, Свети Николе, Крушево, Демир Хисар, но и сите останати места се преплавени од граѓани дојдени да ја дадат својата поддршка за Силјановска Давкова.

The post Преполни колони народ за потпис за Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Денеска сите места назначени за собирање потписи за претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова, се преполни со народ. Кисела Вода, Бутел, Зелениково, Крива Паланка, Илинден, Битола,Шуто Оризари, Свети Николе, Крушево, Демир Хисар, но и сите останати места се преплавени од граѓани дојдени да ја дадат својата поддршка за Силјановска Давкова.

The post Преполни колони народ за потпис за Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>
Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sindikati-baraat-noviot-minister-za-zdravstvo-da-gi-potpishe-aneksite-usvoeni-od-vlada/ Mon, 12 Feb 2024 13:29:44 +0000 https://republika.mk/?p=743243

Синдикатот на Клинички и Гранковиот синдикат денеска на прес-конференција побараа новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Владата.

Претседателите на овие синдикати, Предраг Серафимовски и Љубиша Каранфиловски појаснија дека целта е да се информираат вработените во јавното здравство за активностите по потпишување на последниот анекс од 10 октомври, а по најавеното покачување на минималната плата од страна на Владата од месец март на 22.700 денари.

Во договор, ние формиравме тим заедно со Министерство за здравство за изработка на анекси за корекција на коефициентите на сите профили во здравството, динамика на исплата на истите. По неколку состаноци постигнавме договор со министерот за здравство, рече Серафимовски.

Како што беше кажано на прес-конференцијата, анекси се уште не се потпишани и тоа не е прифатливо за синдикатите.

Иако лицата кои работат со договор не се дел од синдикатот, како што рече Серафимовски, синдикатот ги поддржува. Правната служба на синдикатот, како што додаде, им стои на располагање за правна помош.

Бараме покачување на платите на сите профили. Бараме прием кај техничкиот премиер за трансформација на договорците од определено на неопределено време, разрешница со хаосот во паркирањето во кампус „Мајка Тереза”, наброја меѓу другото, Серафимовски.

 

The post Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Клинички и Гранковиот синдикат денеска на прес-конференција побараа новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Владата. Претседателите на овие синдикати, Предраг Серафимовски и Љубиша Каранфиловски појаснија дека целта е да се информираат вработените во јавното здравство за активностите по потпишување на последниот анекс од 10 октомври, а по најавеното покачување на минималната плата од страна на Владата од месец март на 22.700 денари.
Во договор, ние формиравме тим заедно со Министерство за здравство за изработка на анекси за корекција на коефициентите на сите профили во здравството, динамика на исплата на истите. По неколку состаноци постигнавме договор со министерот за здравство, рече Серафимовски.
Како што беше кажано на прес-конференцијата, анекси се уште не се потпишани и тоа не е прифатливо за синдикатите. Иако лицата кои работат со договор не се дел од синдикатот, како што рече Серафимовски, синдикатот ги поддржува. Правната служба на синдикатот, како што додаде, им стои на располагање за правна помош.
Бараме покачување на платите на сите профили. Бараме прием кај техничкиот премиер за трансформација на договорците од определено на неопределено време, разрешница со хаосот во паркирањето во кампус „Мајка Тереза”, наброја меѓу другото, Серафимовски.
 

The post Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада appeared first on Република.

]]>
Ѓоковиќ потпиша македонско знаме по историскиот пласман во полуфиналето https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-potpisha-makedonsko-zname-po-istoriskiot-plasman-vo-polufinaleto/ Wed, 06 Sep 2023 08:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=679218

Македонец во Њујорк ќе го памети вчерашниот ден откако доби автограм од најтрофејниот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, после победата за полуфинале на српската тениска ѕвезда на „Флашинг Медиуз“, на УС-опен.

Ѓоковиќ во три сета го мина Тејлор Фриц, па после победата застана да подели некој автограм, па излезе во фокус македонското знаме на кое се потпиша Ѓоковиќ, по што нашиот навивач не можеше да ја скрие среќата.

Почна да го бакнува знамето со автограмот, па „лебдеше од радост“ додека ги напушташе трибините.

The post Ѓоковиќ потпиша македонско знаме по историскиот пласман во полуфиналето appeared first on Република.

]]>

Македонец во Њујорк ќе го памети вчерашниот ден откако доби автограм од најтрофејниот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, после победата за полуфинале на српската тениска ѕвезда на „Флашинг Медиуз“, на УС-опен. Ѓоковиќ во три сета го мина Тејлор Фриц, па после победата застана да подели некој автограм, па излезе во фокус македонското знаме на кое се потпиша Ѓоковиќ, по што нашиот навивач не можеше да ја скрие среќата. Почна да го бакнува знамето со автограмот, па „лебдеше од радост“ додека ги напушташе трибините.

The post Ѓоковиќ потпиша македонско знаме по историскиот пласман во полуфиналето appeared first on Република.

]]>
Граѓаните не можат да извадат никаков документ: Министерот за правда три месеци нема депонирано потпис во судот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/graganite-ne-mozhat-da-izvadat-nikakov-dokument-ministerot-za-pravda-tri-mesetsi-nema-deponirano-potpis-vo-sudot/ Mon, 29 May 2023 10:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=645706

Цели три месеци по изборот, министерот за правда, Кренар Лога, нема депонирано потпис во Граѓанскиот суд. Со ова, граѓанските судови во државата не можат да ставаат апостил на документи, што им се неопходни на граѓаните за испраќање во странство, дознава „Пресинг ТВ“.

Лога беше избран за министер на 28 февруари годинава, по одлуката на Алијанса на Албанците да стане составен дел од владината коалиција.

Во граѓанските судови апостилот за става за докажување на автентичноста на оригиналните документи издадени од надлежните институции.

Најчесто станува збор за докажување на оригиналните уверенија за завршени различни степени на студии, дипломи, положен правосуден испит, изводи од матични книги на родени… На годишно ниво, бројот на овие неопходни документи, пред се, за во странство е огромен и прашање е дали воопшто за нив се води некаква евиденција.

Којзнае колкав е бројот на граѓани, на кои во изминатите три месеци им бил потребен документ со апостил од грашанските судови! Но, немарноста на министерот најмалку е важна од финансиски аспект. Во прашање е неодговорност, што значи запирање на илјадници македонски државјани, кои во државите на нивниот актуелен престој не можат да завршат обврски, што им го отежнуваат животот, но и амбициите главно на младите, кои не можат да продолжат со својот образовен процес, а сето тоа ги чини губење драгоцено време, здравје и парични средства.

Извор „Пресинг ТВ“

The post Граѓаните не можат да извадат никаков документ: Министерот за правда три месеци нема депонирано потпис во судот appeared first on Република.

]]>

Цели три месеци по изборот, министерот за правда, Кренар Лога, нема депонирано потпис во Граѓанскиот суд. Со ова, граѓанските судови во државата не можат да ставаат апостил на документи, што им се неопходни на граѓаните за испраќање во странство, дознава „Пресинг ТВ“. Лога беше избран за министер на 28 февруари годинава, по одлуката на Алијанса на Албанците да стане составен дел од владината коалиција. Во граѓанските судови апостилот за става за докажување на автентичноста на оригиналните документи издадени од надлежните институции. Најчесто станува збор за докажување на оригиналните уверенија за завршени различни степени на студии, дипломи, положен правосуден испит, изводи од матични книги на родени… На годишно ниво, бројот на овие неопходни документи, пред се, за во странство е огромен и прашање е дали воопшто за нив се води некаква евиденција. Којзнае колкав е бројот на граѓани, на кои во изминатите три месеци им бил потребен документ со апостил од грашанските судови! Но, немарноста на министерот најмалку е важна од финансиски аспект. Во прашање е неодговорност, што значи запирање на илјадници македонски државјани, кои во државите на нивниот актуелен престој не можат да завршат обврски, што им го отежнуваат животот, но и амбициите главно на младите, кои не можат да продолжат со својот образовен процес, а сето тоа ги чини губење драгоцено време, здравје и парични средства. Извор „Пресинг ТВ“

The post Граѓаните не можат да извадат никаков документ: Министерот за правда три месеци нема депонирано потпис во судот appeared first on Република.

]]>