потона Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potona/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jan 2024 13:44:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потона Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potona/ 32 32 Потона брод со туристи кај Канкун, најмалку четворица се мртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/potona-brod-so-turisti-kaj-kankun-najmalku-chetvoritsa-se-mrtvi/ Tue, 30 Jan 2024 13:44:23 +0000 https://republika.mk/?p=738625

Најмалку четворица загинаа при потонување на брод со туристи во близина на мексиканскиот град Канкун.

Бродот кој патувал од Исла Мухереш до Пуерто Хуарез, бил погоден од силни бранови, а водата навлегла во внатрешноста, поради што бродот почнал да тоне.

Со бродот се превезувале 16 и тројца членови на екипажот, соопштија надлежните.

Помеѓу загинатите двајца се мажи, една е жена и една е девојка, а седум лица се водат како исчезнати. Сè уште не е соопштен идентитетот на загинатите.

Во тек е а акцијата за спасување, при што досега спасени се осум луѓе.

The post Потона брод со туристи кај Канкун, најмалку четворица се мртви appeared first on Република.

]]>

Најмалку четворица загинаа при потонување на брод со туристи во близина на мексиканскиот град Канкун. Бродот кој патувал од Исла Мухереш до Пуерто Хуарез, бил погоден од силни бранови, а водата навлегла во внатрешноста, поради што бродот почнал да тоне. Со бродот се превезувале 16 и тројца членови на екипажот, соопштија надлежните. Помеѓу загинатите двајца се мажи, една е жена и една е девојка, а седум лица се водат како исчезнати. Сè уште не е соопштен идентитетот на загинатите. Во тек е а акцијата за спасување, при што досега спасени се осум луѓе.

The post Потона брод со туристи кај Канкун, најмалку четворица се мртви appeared first on Република.

]]>
Брод со мигранти потона во Ла Манш, најмалку шестмина загинати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brod-so-migranti-potona-vo-la-mansh-najmalku-shestmina-zaginati/ Sat, 12 Aug 2023 12:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=671388

Најмалку шестмина мигранти се удавија денеска кога нивниот чамец потона во Ла Манш, според новиот официјален извештај за несреќата.

Портпаролот на француската поморска полиција изјави дека петмина до 10 патници се водат за исчезнати и по нив се трага.

Брзата помош згрижила 55 мигранти.

Во спасувачката акција биле ангажирани пет бродови и еден француски хеликоптер, како и два британски брода.

Повеќе од 100.000 мигранти илегално го преминале Ла Манш со мали чамци од 2018 година.

The post Брод со мигранти потона во Ла Манш, најмалку шестмина загинати appeared first on Република.

]]>

Најмалку шестмина мигранти се удавија денеска кога нивниот чамец потона во Ла Манш, според новиот официјален извештај за несреќата. Портпаролот на француската поморска полиција изјави дека петмина до 10 патници се водат за исчезнати и по нив се трага. Брзата помош згрижила 55 мигранти. Во спасувачката акција биле ангажирани пет бродови и еден француски хеликоптер, како и два британски брода. Повеќе од 100.000 мигранти илегално го преминале Ла Манш со мали чамци од 2018 година.

The post Брод со мигранти потона во Ла Манш, најмалку шестмина загинати appeared first on Република.

]]>
Најмалку 59 мигранти се удавија кога потона брод кај Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-59-migranti-se-udavija-koga-potona-brod-kaj-grtsija/ Wed, 14 Jun 2023 12:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=651358

Бројот на загинати од најсмртоносниот бродолом со мигранти кај Грција оваа година се зголеми, а официјални лица соопштија дека најмалку 59 луѓе ги загубиле животите, а голем број сѐ уште се водат како исчезнати.

Жртвите, речиси сите мажи од Авганистан и Пакистан, се удавија кога бродот со кој патуваа се преврте кај јужниот дел на Пелопонез. Бродот, за кој се претпоставува дека превезувал неколку стотици луѓе, тргнал од источна Либија кон Италија. Не е јасно дали се работи за рибарски или товарен брод.

Има драматичен пораст на бројот на смртни случаи кој се зголемува од час во час“, рече еден висок функционер. „Големите се шпекулациите дека на бродот имало дури 600 луѓе, но тоа не е потврдено. Бродот е под вода. Потона.

Околу 104 патници биле спасени до средата попладне, рече тој.

Грчкиот јавен радиодифузер, ЕРТ, објави сцени без преседан во Каламата, градот на Пелопонез, каде што беа однесени мртвите и повредените.

 

The post Најмалку 59 мигранти се удавија кога потона брод кај Грција appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати од најсмртоносниот бродолом со мигранти кај Грција оваа година се зголеми, а официјални лица соопштија дека најмалку 59 луѓе ги загубиле животите, а голем број сѐ уште се водат како исчезнати. Жртвите, речиси сите мажи од Авганистан и Пакистан, се удавија кога бродот со кој патуваа се преврте кај јужниот дел на Пелопонез. Бродот, за кој се претпоставува дека превезувал неколку стотици луѓе, тргнал од источна Либија кон Италија. Не е јасно дали се работи за рибарски или товарен брод.
Има драматичен пораст на бројот на смртни случаи кој се зголемува од час во час“, рече еден висок функционер. „Големите се шпекулациите дека на бродот имало дури 600 луѓе, но тоа не е потврдено. Бродот е под вода. Потона.
Околу 104 патници биле спасени до средата попладне, рече тој. Грчкиот јавен радиодифузер, ЕРТ, објави сцени без преседан во Каламата, градот на Пелопонез, каде што беа однесени мртвите и повредените.  

The post Најмалку 59 мигранти се удавија кога потона брод кај Грција appeared first on Република.

]]>
10 патници се пронајдени мртви, а 16 се исчезнати, откако потона туристички брод во Јапонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/10-patnici-se-pronajdeni-mrtvi-a-16-se-ischeznati-otkako-potona-turistichki-brod-vo-japonija/ Sun, 24 Apr 2022 10:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=493014

Во Јапонија пронајдени се десет од вкупно 26 лица кои исчезнаа вчера откако туристичкиот брод КАЗУ 1 испрати сигнали за потонување.

Лицата се пронајдени во близина на брегот на северниот остров Хокаидо област каде се случи и исчезнувањето на бројот, а повикувајќи се на потврда од јапонската крајбрежна стража ТВ каналот НХК објави дека десетте лица кои беа пронајдени се мртви.

Според информациите кои се објавени, три од пронајдените тела се жени, а седуммина мажи. Претходно беше соопштено дека пронајдените се во бессознание. КАЗУ 1 во саботата попладне испратил сигнал дека почнува да тоне, по што била прекината комуникацијата со бродот.

На бродот имало 24 туристи, меѓу кои и две деца, како и двајца членови на екипажот – капетанот и неговиот помошник.

Во потрагата по останатите 16 лица се вклучени и крајбрежната стража и војската,а како што пишуваат медиумите, шансите некој да преживеал се мали со оглед на студените води со дневни температури од 2-3 степени.

The post 10 патници се пронајдени мртви, а 16 се исчезнати, откако потона туристички брод во Јапонија appeared first on Република.

]]>

Во Јапонија пронајдени се десет од вкупно 26 лица кои исчезнаа вчера откако туристичкиот брод КАЗУ 1 испрати сигнали за потонување. Лицата се пронајдени во близина на брегот на северниот остров Хокаидо област каде се случи и исчезнувањето на бројот, а повикувајќи се на потврда од јапонската крајбрежна стража ТВ каналот НХК објави дека десетте лица кои беа пронајдени се мртви. Според информациите кои се објавени, три од пронајдените тела се жени, а седуммина мажи. Претходно беше соопштено дека пронајдените се во бессознание. КАЗУ 1 во саботата попладне испратил сигнал дека почнува да тоне, по што била прекината комуникацијата со бродот. На бродот имало 24 туристи, меѓу кои и две деца, како и двајца членови на екипажот – капетанот и неговиот помошник. Во потрагата по останатите 16 лица се вклучени и крајбрежната стража и војската,а како што пишуваат медиумите, шансите некој да преживеал се мали со оглед на студените води со дневни температури од 2-3 степени.

The post 10 патници се пронајдени мртви, а 16 се исчезнати, откако потона туристички брод во Јапонија appeared first on Република.

]]>