поткаст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potkast/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 07:53:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поткаст Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potkast/ 32 32 Трамп гостува на поткасти и игра луди танци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-gostuva-na-potkasti-i-igra-ludi-tantsi/ Fri, 09 Aug 2024 07:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=804828

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како дел од својата изборна кампања, гостуваше во подкастот на популарниот стример Адин Рос на платформата Кик.

Во еден момент, интервјуто имаше 583.000 прегледи и со тоа стана најгледаното интервју на стримерот, а Трамп на Тикток се пофали дека тоа е најгледаниот стрим во историјата и објави клип во кој танцува со Рос покрај Тесла Сајбертрук.

 

Видеото од неговиот танц го погледнале повеќе од 26 милиони луѓе и собра 4,3 милиони лајкови, а многумина ги коментираа потези на Трамп. „Танцувањето е нешто посебно“, „Сигурно го болат рацете“ и „Ова е лудо“, се дел од коментарите.

Инаку, Трамп танцуваше на песната YMCA од Village People, која често ја пушта на предизборните собири каде знае и да танцува користејќи ги истите потези како во видеото.

The post Трамп гостува на поткасти и игра луди танци appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како дел од својата изборна кампања, гостуваше во подкастот на популарниот стример Адин Рос на платформата Кик.

Во еден момент, интервјуто имаше 583.000 прегледи и со тоа стана најгледаното интервју на стримерот, а Трамп на Тикток се пофали дека тоа е најгледаниот стрим во историјата и објави клип во кој танцува со Рос покрај Тесла Сајбертрук.
  Видеото од неговиот танц го погледнале повеќе од 26 милиони луѓе и собра 4,3 милиони лајкови, а многумина ги коментираа потези на Трамп. „Танцувањето е нешто посебно“, „Сигурно го болат рацете“ и „Ова е лудо“, се дел од коментарите. Инаку, Трамп танцуваше на песната YMCA од Village People, која често ја пушта на предизборните собири каде знае и да танцува користејќи ги истите потези како во видеото.

The post Трамп гостува на поткасти и игра луди танци appeared first on Република.

]]>
Театарски поткасти на „Самоглас“ посветени на историјата на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teatarski-potkasti-na-samoglas-posveteni-na-istorijata-na-festivalot-vojdan-chernodrinski/ Wed, 03 May 2023 08:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=636317

Аудиобиблиотеката „Самоглас“ го најавува својот нов проект, што го реализира во соработка со МТФ „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Станува збор за театарски поткасти чија реализација е поддржана од Министерството за култура и „Јуроп хаус“ и предвидени се две поткаст сезони.

Во првата епизода „Почетоците на фестивалот“, што e објавена денеска, гостинка е проф. д-р Јелена Лужина, една од најдобрите познавачи на фестивалот, личност која ги знае сите значајни информации и факти за неговите почетоци, раст и развој. Таа има креирано неколку монографии директно поврзани со фестивалот, меѓу кои е и јубилејната монографија во чест на 50. роденден на фестивалот, монографијата за Илија Милчин и за Кирил Ристоски, како и креирање на зборници од четирите симпозиуми.

Поткастите ги водат актерките Сара Анастасовска и Ангела Стојановска. Тие зборуваат за минатото на театарскиот фестивал во вкупно шест епизоди: Почетоците на фестивалот; Чување на фестивалската меморија; Сите награди на фестивалот; Награда за животно дело; Коле Чашуле и фестивалот; Војдан Чернодрински на фестивалот.

Во наредните епизоди на „Самоглас“, што ќе се објавуваат секоја среда, гости ќе бидат: Ана Стојаноска, Петар Темелковски, Стојан Дамчески, Сотир Трајков, Лилјана Мазова, Каролина Мицевска, Иван Додовски, Зоја Бузалковска, Бајруш Мјаку, Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Лидија Иваноска, Александар Степанулески, Исидор Јованоски, Сара Спиркоска, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Дејан Лилиќ, Сашко Насев, Дарја Ризова, Ѓорги Јолевски, Хакан Даци, Гентијана Рамадани, Наташа Петровиќ, Слаѓана Вујошевиќ, Сабина Мемиши, Александар Михајловски, Марко Трајковиќ, Ќендрим Ријани, Нела Витошевиќ, Љупчо Ѓоргиевски, Дејан Дуковски, Благица Секуловска и Бранислав Николов.

Втората сезона на театарските поткасти ќе се снима и емитува за време на одржувањето на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, од 9 до 16 јуни.

Аудиомонтажер и продуцент е Христијан Поп-Симонов, а Петар Антевски е задолжен за изработка на промотивните материјали.

Секој може бесплатно да ужива во аудиобиблиотеката преку креирање на кориснички профил на www.samoglas.mk или преку користење на мобилните апликации на „Самоглас“, достапни на: AppStore, PlayStore и AppGallery.

Сите нови содржини на „Самоглас“, можете да ги следите на официјалните профили на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

 

 

 

The post Театарски поткасти на „Самоглас“ посветени на историјата на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Аудиобиблиотеката „Самоглас“ го најавува својот нов проект, што го реализира во соработка со МТФ „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Станува збор за театарски поткасти чија реализација е поддржана од Министерството за култура и „Јуроп хаус“ и предвидени се две поткаст сезони. Во првата епизода „Почетоците на фестивалот“, што e објавена денеска, гостинка е проф. д-р Јелена Лужина, една од најдобрите познавачи на фестивалот, личност која ги знае сите значајни информации и факти за неговите почетоци, раст и развој. Таа има креирано неколку монографии директно поврзани со фестивалот, меѓу кои е и јубилејната монографија во чест на 50. роденден на фестивалот, монографијата за Илија Милчин и за Кирил Ристоски, како и креирање на зборници од четирите симпозиуми. Поткастите ги водат актерките Сара Анастасовска и Ангела Стојановска. Тие зборуваат за минатото на театарскиот фестивал во вкупно шест епизоди: Почетоците на фестивалот; Чување на фестивалската меморија; Сите награди на фестивалот; Награда за животно дело; Коле Чашуле и фестивалот; Војдан Чернодрински на фестивалот. Во наредните епизоди на „Самоглас“, што ќе се објавуваат секоја среда, гости ќе бидат: Ана Стојаноска, Петар Темелковски, Стојан Дамчески, Сотир Трајков, Лилјана Мазова, Каролина Мицевска, Иван Додовски, Зоја Бузалковска, Бајруш Мјаку, Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Лидија Иваноска, Александар Степанулески, Исидор Јованоски, Сара Спиркоска, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Дејан Лилиќ, Сашко Насев, Дарја Ризова, Ѓорги Јолевски, Хакан Даци, Гентијана Рамадани, Наташа Петровиќ, Слаѓана Вујошевиќ, Сабина Мемиши, Александар Михајловски, Марко Трајковиќ, Ќендрим Ријани, Нела Витошевиќ, Љупчо Ѓоргиевски, Дејан Дуковски, Благица Секуловска и Бранислав Николов. Втората сезона на театарските поткасти ќе се снима и емитува за време на одржувањето на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, од 9 до 16 јуни. Аудиомонтажер и продуцент е Христијан Поп-Симонов, а Петар Антевски е задолжен за изработка на промотивните материјали. Секој може бесплатно да ужива во аудиобиблиотеката преку креирање на кориснички профил на www.samoglas.mk или преку користење на мобилните апликации на „Самоглас“, достапни на: AppStore, PlayStore и AppGallery. Сите нови содржини на „Самоглас“, можете да ги следите на официјалните профили на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“.      

The post Театарски поткасти на „Самоглас“ посветени на историјата на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Oткако загубија 2 милијарди за три дена, „Спотифај“ воведува предупредувања за спорните вести за ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/otkako-zagubija-2-milijardi-za-tri-dena-spotifaj-voveduva-predupreduvanja-za-spornite-vesti-za-kovid-19/ Mon, 31 Jan 2022 10:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=451853

Музичката стрим-платформа „Спотифај“ соопшти дека за слушателите на интернет-емисијата на Џо Роган кои разговараат за Ковид-19, ќе воведе насочување до точни информации за пандемијата. Ова следи по укажувањата на група музичари, предводени од Нил Јанг, кој и ја отстрани својата музика од платформата во знак на протест, што доведе до тоа „Спотифај“ да загуби околу 2,1 милијарди долари во период од три дена оваа недела.

Работиме на додавање предупредувања на секоја емисија што вклучува дискусија за Ковид-19. Овие предупредувања ќе ги насочуваат слушателите кон нашиот информативен центар за Ковид-19… Нови напори за борба против дезинформациите ќе бидат почнати следните неколку дена, изјави извршниот директор на „Спотифај“, Даниел Ек.

Принцот Хари и Меган Маркл исто така изразија загриженост за дезинформациите на платформата.

Роган (54) ги охрабрува младите да не се вакцинираат и ја поттикнува употребата на лекот против паразити – „Ивермектин“, што не е официјално одобрен за употреба против коронавирусот. Водителот има повеќегодишен договор со платформата вреден 100 милиони долари.

Последниве години, гигантите во интернет-просторот, како Фејсбук и Јутјуб, беа на удар на критичарите затоа што им дозволуваат на тн. „теоретичари на заговор“ да ги шират своите ставови, кои честопати содржат и непроверени и неточни податоци

The post Oткако загубија 2 милијарди за три дена, „Спотифај“ воведува предупредувања за спорните вести за ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Музичката стрим-платформа „Спотифај“ соопшти дека за слушателите на интернет-емисијата на Џо Роган кои разговараат за Ковид-19, ќе воведе насочување до точни информации за пандемијата. Ова следи по укажувањата на група музичари, предводени од Нил Јанг, кој и ја отстрани својата музика од платформата во знак на протест, што доведе до тоа „Спотифај“ да загуби околу 2,1 милијарди долари во период од три дена оваа недела.
Работиме на додавање предупредувања на секоја емисија што вклучува дискусија за Ковид-19. Овие предупредувања ќе ги насочуваат слушателите кон нашиот информативен центар за Ковид-19… Нови напори за борба против дезинформациите ќе бидат почнати следните неколку дена, изјави извршниот директор на „Спотифај“, Даниел Ек.
Принцот Хари и Меган Маркл исто така изразија загриженост за дезинформациите на платформата. Роган (54) ги охрабрува младите да не се вакцинираат и ја поттикнува употребата на лекот против паразити – „Ивермектин“, што не е официјално одобрен за употреба против коронавирусот. Водителот има повеќегодишен договор со платформата вреден 100 милиони долари. Последниве години, гигантите во интернет-просторот, како Фејсбук и Јутјуб, беа на удар на критичарите затоа што им дозволуваат на тн. „теоретичари на заговор“ да ги шират своите ставови, кои честопати содржат и непроверени и неточни податоци

The post Oткако загубија 2 милијарди за три дена, „Спотифај“ воведува предупредувања за спорните вести за ковид-19 appeared first on Република.

]]>