потерница за путин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poternitsa-za-putin/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Mar 2023 17:45:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потерница за путин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poternitsa-za-putin/ 32 32 Порака за судот во Хаг: Путин возеше автомобил низ Крим https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraka-za-sudot-vo-hag-putin-vozeshe-avtomobil-niz-krim/ Sat, 18 Mar 2023 17:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=621069

Рускиот претседател Владимир Путин со авион патуваше 1.821 километар од Москва до Севастопол, најголемиот град во регионот. Таму возеше автомобил низ градот, рече регионалниот лидер на Крим, Михаил Развозаев.

„ Нашиот претседател знае да изненади на добар начин. Денеска требаше да отвориме детско уметничко училиште во Херсонес. Се беше подготвено за видео конференција и извештај до претседателот преку специјална врска за комуникација, но претседателот дојде лично со автомобил. Тој беше зад воланот“, напиша Развозаев на „Телеграм“.

Тој додаде дека претседателот на Русија е секогаш со Севастопол и жителите на Севастопол на овој историски ден, пренесува ТАСС.

„ Нашата земја има неверојатен лидер“, напиша Развозаев.

Руската државна телевизија прикажа кратка снимка, на која се гледа Путин лежерно облечен, како шета со група официјални лица.

Руската државна новинска агенција РИА Новости објави дека Путин посетил уметничко училиште и детски центар. Се чини дека локациите се избрани како одговор на налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, објави „Гардијан“, цитирајќи ги извештаите на АП.

МКС повика на апсење на Путин под сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.

Вчера, Кремљ ја прогласи наредбата на МКС за срамота, но и бесмислена за Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го прогласи обвинението за „безобразно и неприфатливо“ и додаде дека Русија, како и многу други земји, не ја признава јурисдикцијата на МКС.

The post Порака за судот во Хаг: Путин возеше автомобил низ Крим appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин со авион патуваше 1.821 километар од Москва до Севастопол, најголемиот град во регионот. Таму возеше автомобил низ градот, рече регионалниот лидер на Крим, Михаил Развозаев.
„ Нашиот претседател знае да изненади на добар начин. Денеска требаше да отвориме детско уметничко училиште во Херсонес. Се беше подготвено за видео конференција и извештај до претседателот преку специјална врска за комуникација, но претседателот дојде лично со автомобил. Тој беше зад воланот“, напиша Развозаев на „Телеграм“.
Тој додаде дека претседателот на Русија е секогаш со Севастопол и жителите на Севастопол на овој историски ден, пренесува ТАСС.
„ Нашата земја има неверојатен лидер“, напиша Развозаев.
Руската државна телевизија прикажа кратка снимка, на која се гледа Путин лежерно облечен, како шета со група официјални лица. Руската државна новинска агенција РИА Новости објави дека Путин посетил уметничко училиште и детски центар. Се чини дека локациите се избрани како одговор на налогот за апсење издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, објави „Гардијан“, цитирајќи ги извештаите на АП. МКС повика на апсење на Путин под сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација. Вчера, Кремљ ја прогласи наредбата на МКС за срамота, но и бесмислена за Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го прогласи обвинението за „безобразно и неприфатливо“ и додаде дека Русија, како и многу други земји, не ја признава јурисдикцијата на МКС.

The post Порака за судот во Хаг: Путин возеше автомобил низ Крим appeared first on Република.

]]>
Вучиќ за потерницата за Путин – Многу работи се комплицирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-poternitsata-za-putin-mnogu-raboti-se-komplitsirani/ Sat, 18 Mar 2023 17:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=621055

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со веста дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин за воени злосторства во Украина, изјави дека „многу работи се комплицирани“.

„Светот си оди, само ние да не одиме со него. Сега гледам дека многу работи се комплицираат, треба да избегнеме многу од тоа“, рече Вучиќ за време на посетата на областа Срем.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска соопшти дека издал налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин, под обвинение за воени злосторства поради неговата можна вмешаност во киднапирањето деца од Украина.

The post Вучиќ за потерницата за Путин – Многу работи се комплицирани appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со веста дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин за воени злосторства во Украина, изјави дека „многу работи се комплицирани“. „Светот си оди, само ние да не одиме со него. Сега гледам дека многу работи се комплицираат, треба да избегнеме многу од тоа“, рече Вучиќ за време на посетата на областа Срем. Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска соопшти дека издал налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин, под обвинение за воени злосторства поради неговата можна вмешаност во киднапирањето деца од Украина.

The post Вучиќ за потерницата за Путин – Многу работи се комплицирани appeared first on Република.

]]>