потење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potenje/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 16:33:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/potenje/ 32 32 Пет јадења од кои повеќе се потите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pet-jadena-od-koi-poveke-se-potite/ Tue, 06 Aug 2024 16:13:00 +0000 https://republika.mk/?p=803927

Ако забележите прекумерно потење, топлината можеби не е единствениот виновник. Некои намирници предизвикуваат и зголемено потење поради нивното термогено дејство (кога таквата храна се разградува во телото, дел од неа се ослободува како топлина). Подолу ќе дознаете која храна е најдобро да ја избегнувате во најжешките летни денови доколку не сакате повеќе да се потите.

1. Солена храна

Кога јадете храна богата со натриум, вашето тело е принудено да се ослободи од вишокот сол преку потта. Затоа солената храна е на врвот на листата на намирници кои треба да се избегнуваат на жештините. Ова вклучува солени грицки како што се чипс или стапчиња, многу конзервирана храна (особено конзервирана риба и зеленчук), сосови итн.

2. Преработена храна

На преработената храна обично и недостасуваат влакна и ензими потребни за правилно варење. Оваа храна содржи и големи количества масти, што го отежнува варењето. И секој пат кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Најчестата преработена храна која предизвикува потење е брзата храна, масните печива (како што се пити или кроасани) и замрзната преработена храна.

3. Пијалоци кои содржат кофеин

Кофеинот влијае на централниот нервен систем, ги зголемува отчукувањата на срцето и крвниот притисок. После тоа, телото ги буди потните жлезди. Топлината на топлото кафе или чај исто така ја зголемува температурата на вашето тело, предизвикувајќи уште повеќе да се потите. Затоа е подобро да избегнувате пијалоци кои содржат многу кофеин на топло време. Ова вклучува кафе, чај (зелен и црн), енергетски пијалоци и многу видови газирани сокови.

4. Алкохолни пијалоци

Алкохолот исто така го зголемува пулсот и температурата на телото, што значи повеќе пот. Колку повеќе пиете, толку повеќе се потите (дури и ако се работи за коктел со мраз).

5. Слатки

Храната со висока содржина на шеќери и јаглени хидрати (што е речиси сите постоечки десерти) произведува значаен термички ефект бидејќи на телото му е доста тешко да ја разгради. Покрај тоа, слатката храна предизвикува остри скокови на шеќерот во крвта, што предизвикува и многу потење.

The post Пет јадења од кои повеќе се потите appeared first on Република.

]]>

Како да се ослободите од непријатниот мирис на телото https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/kako-da-se-oslobodite-od-neprijatniot-miris-na-teloto/ Mon, 01 May 2023 19:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=635813

Непријатниот мирис на телото е проблем со кој се соочуваат практично сите. За среќа, тоа може лесно да се поправи со помош на едноставни природни лекови што ги има во секој дом.

Експресно средство

На средината на денот, одеднаш сфаќате дека сте заборавиле да нанесете дезодоранс утрото. Не грижете се, сигурно при рака имате средство за дезинфекција на раце! Нанесете малку под пазувите. Бидејќи е антибактериски, ги убива микробите и непријатните мириси.

Сода бикарбона и оцет наместо дезодоранс

Обичната сода бикарбона може да биде алтернатива за дезодорансот – само нанесете ја под мишките по туширање. Сода бикарбона ја впива влагата што предизвикува непријатен мирис и ги убива бактериите. За да го подобрите ефектот, додајте неколку капки етерично масло од жалфија или лаванда пред нанесувањето.

Јаболковиот оцет исто така помага да се ослободите од непријатниот мирис на телото. Натопете памук во оцет и со тоа избришете се под мишките. Оцетот не само што ги убива микробите што предизвикуваат непријатен мирис туку и ја зголемува pH вредноста на кожата, спречувајќи наталожување на мириси во иднина. Наместо оцет, можете да користите алкохол или водород пероксид (хидроген).

Обрнете внимание на исхраната!

Одредена храна може да предизвика непријатен мирис на телото неколку часа по јадење. Еден начин да ги ублажите овие мириси е да го намалите количеството на месо во вашата исхрана.

Не мора целосно да го исклучувате месото, но со зголемување на внесувањето растителни производи, можете да ги неутрализирате лошите мириси. Зелениот зеленчук, како на пример спанаќ и кељ, е богат со хлорофил, природен дезодоранс.

Пијте чај од жалфија

Ако имате проблем со мирисот на телото, пијте чај од жалфија. Освен што содржи танини, кои го намалуваат прекумерното потење, има и смирувачко дејство. За најдобри резултати, пијте по малку од овој чај во текот на денот.

Извор: Убавина и здравје

The post Како да се ослободите од непријатниот мирис на телото appeared first on Република.

]]>

Непријатниот мирис на телото е проблем со кој се соочуваат практично сите. За среќа, тоа може лесно да се поправи со помош на едноставни природни лекови што ги има во секој дом. Експресно средство На средината на денот, одеднаш сфаќате дека сте заборавиле да нанесете дезодоранс утрото. Не грижете се, сигурно при рака имате средство за дезинфекција на раце! Нанесете малку под пазувите. Бидејќи е антибактериски, ги убива микробите и непријатните мириси. Сода бикарбона и оцет наместо дезодоранс Обичната сода бикарбона може да биде алтернатива за дезодорансот – само нанесете ја под мишките по туширање. Сода бикарбона ја впива влагата што предизвикува непријатен мирис и ги убива бактериите. За да го подобрите ефектот, додајте неколку капки етерично масло од жалфија или лаванда пред нанесувањето. Јаболковиот оцет исто така помага да се ослободите од непријатниот мирис на телото. Натопете памук во оцет и со тоа избришете се под мишките. Оцетот не само што ги убива микробите што предизвикуваат непријатен мирис туку и ја зголемува pH вредноста на кожата, спречувајќи наталожување на мириси во иднина. Наместо оцет, можете да користите алкохол или водород пероксид (хидроген). Обрнете внимание на исхраната! Одредена храна може да предизвика непријатен мирис на телото неколку часа по јадење. Еден начин да ги ублажите овие мириси е да го намалите количеството на месо во вашата исхрана. Не мора целосно да го исклучувате месото, но со зголемување на внесувањето растителни производи, можете да ги неутрализирате лошите мириси. Зелениот зеленчук, како на пример спанаќ и кељ, е богат со хлорофил, природен дезодоранс. Пијте чај од жалфија Ако имате проблем со мирисот на телото, пијте чај од жалфија. Освен што содржи танини, кои го намалуваат прекумерното потење, има и смирувачко дејство. За најдобри резултати, пијте по малку од овој чај во текот на денот.
Извор: Убавина и здравје

The post Како да се ослободите од непријатниот мирис на телото appeared first on Република.

]]>