потег Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poteg/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Dec 2023 19:18:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png потег Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poteg/ 32 32 Новиот потег на Виктор Орбан ќе ги натера Бугарите да коленичат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/noviot-poteg-na-viktor-orban-ke-gi-natera-bugarite-da-kolenichat/ Sat, 16 Dec 2023 16:42:56 +0000 https://republika.mk/?p=723713

Унгарија ќе го блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната се додека е во сила данокот за транзит на руски гас, соопшти денеска унгарското Министерство за надворешни работи.

Унгарија јасно и стави до знаење на Бугарија дека ќе стави вето на влезот на земјата во зоната на слободно движење доколку остане на сила данокот на главната унгарска маршрута за увоз на гас, се наведува во соопштението на унгарското МНР, цитирајќи го шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

На Бугарите јасно им ставивме до знаење дека, доколку нивната одлука потрае, односно доколку долго време ја загрозува безбедноста на унгарското снабдување со енергенси, ние ќе ставиме вето на нивниот влез во Шенген, рече Сијарто.

Западноевропските земји вложија големи напори да се осамостојат од рускиот гас, а Унгарија, земја без море, годишно купува 4,5 милијарди кубни метри гас од Русија, главно преку Бугарија и Србија, според договорот потпишан во 2021 година.

Бугарија и Романија, кои се приклучија на ЕУ во 2007 година, сепак, досега не успеаја да се приклучат на Шенген зоната и покрај нивните напори.

The post Новиот потег на Виктор Орбан ќе ги натера Бугарите да коленичат appeared first on Република.

]]>

Унгарија ќе го блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната се додека е во сила данокот за транзит на руски гас, соопшти денеска унгарското Министерство за надворешни работи. Унгарија јасно и стави до знаење на Бугарија дека ќе стави вето на влезот на земјата во зоната на слободно движење доколку остане на сила данокот на главната унгарска маршрута за увоз на гас, се наведува во соопштението на унгарското МНР, цитирајќи го шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
На Бугарите јасно им ставивме до знаење дека, доколку нивната одлука потрае, односно доколку долго време ја загрозува безбедноста на унгарското снабдување со енергенси, ние ќе ставиме вето на нивниот влез во Шенген, рече Сијарто.
Западноевропските земји вложија големи напори да се осамостојат од рускиот гас, а Унгарија, земја без море, годишно купува 4,5 милијарди кубни метри гас од Русија, главно преку Бугарија и Србија, според договорот потпишан во 2021 година. Бугарија и Романија, кои се приклучија на ЕУ во 2007 година, сепак, досега не успеаја да се приклучат на Шенген зоната и покрај нивните напори.

The post Новиот потег на Виктор Орбан ќе ги натера Бугарите да коленичат appeared first on Република.

]]>