постпородилна депресија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/postporodilna-depresija/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Sep 2023 08:51:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png постпородилна депресија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/postporodilna-depresija/ 32 32 Постпородилната депресија е сериозен проблем кај многу мајки во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/postporodilnata-depresija-e-seriozen-problem-kaj-mnogu-majki-vo-makedonija/ Sun, 03 Sep 2023 08:51:20 +0000 https://republika.mk/?p=678307

Од седум до 15 отсто од жените паѓаат во постпородилна депресија, а уште толку се непрепознаени и нелекувани од различни причини, покажуваат податоците од Кабинетот за третман на жени во бременост и по породување при Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје. Од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК), не водат евиденција за случаи на постпородилна депресија, од причина што нема едуциран кадар за таквата состојба, ниту пак мандат да се работи со тие пациентки. Оттаму велат дека има клинички психолог кој секогаш кога има потреба, разговара со таквите пациентки и дека психијатри од Клиниката за психијатрија доаѓаат еднаш неделно на ГАК.

Постнаталната депресија, како што појаснуваат експертите што ги контактираше МИА, е растројство што се јавува во периодот по породувањето, а се манифестира со намалено расположение, чувство на страв, немир, вознемиреност, нарушување на дневното функционирање, плачливост, чувство на вина, намалена самодоверба, силен страв за себе или своите блиски, неможност за грижа ниту за себе, ниту за бебето. Покрај овие потешкотии, доколку се тие силно изразени, се јавува и интензивно чувство на вина, несоница, неможност за поврзување со бебето, самоповредувачки мисли или самоубиствени идеи.

Пандемијата влијаеше на растот на депресивност во бременост и по породување и до 30 отсто

Професор доктор Славица Арсова, психијатар во Кабинетот за третман на жени во бременост и по породување при Клиниката за психијатрија во Скопје, во изјава за МИА појаснува дека во тек на постпородилниот период, нормално е кај некои мајки да се јави таканаречената постнатална тага, која трае околу две седмици, но, за разлика од постпородилната депресија, мајките можат да се грижат и за себе и за бебето, се јавува блага вознемиреност, плачливост и раздразливост која е минлива и не го нарушува нивното функционирање во улогата на мајка.

– Кај мајките кои се депресивни, сево ова е длабоко, следено со депресивни мисловни содржини и неможност за грижа за бебето, често со благ или изразен немир. Бројките се движат од 7 до 15 проценти, но на истите се додаваат уште толку, бидејќи се смета дека голем дел од жените се непрепознаени, нелекувани од различни причини. Постпородилната депресија најчесто се надоврзува на депресијата во текот на бременоста која доколку не се лекува е најголем ризик за продлабочување во постпородилниот период, посочува професорката Арсова.

Таа додава дека постојат повеќе ризик фактори, како минати депресивни или анксиозни епизоди, минати трауматски настани, семејно насилство, мајки без соодветна семејна подршка, малолетни мајки, постари прворотки, лекуван инфертилитет, низок степен на образование и неинформираност, други телесни болести….

– Во државата се направени повеќе истражувања на оваа тема, со посебен осврт на влијанието на пандемијата со Ковид-19, врз порастот на депресијата во бременост и по породувањето, кое беше направено на национално ниво и покажа раст на депресивноста до 30 проценти од испитаничките. Ковид пандемијата како кризна состојба имаше серозно влијание во нарушувањето на психичката состојба кај мајките. На Клиниката постои кабинет за третман на жени во тек на бременост и по породување со континуирана психијатриско-психолошка поддршка индивидуална и групна, а покрај тоа еднаш седмично има соработка со Универзитетската гинеколопшко-акушерска клиника со цел рано препознавање и третман на мајките со ризик, посочува Арсова.

Превентивното делување, според неа, е можно со подигање на свеста и будноста за психолошката состојба на жените во овој период, препознавање од страна на самите мајки и семејството, семејните доктори и гинеколози, како и со упатување на евентуален психијатриско-психолошки третман со комбинирана терапија.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) велат дека не водат евиденција за случаите на постпородилна депресија, од причина што нема едуциран кадар за таквата состојба, ниту пак мандат да се работи со тие пациентки.

– Пациентките, по породувањето, остануваат во просек од 24 до 72 часа на Клиниката за гинекологија, период во кој евентуално може да се појави сомнение дека станува збор за пациентка во таква состојба, по што се препраќа на стручна помош на Клиниката за психијатрија. Клиничкиот психолог од нашата Клиника секогаш кога постои потреба, разговара со овие пациентки, а психијатри од Клиниката за психијатрија доаѓаат еднаш неделно на ГАК, а кога за тоа се јавува потреба, доаѓаат секогаш кога конзилијарно ќе бидат повикани. Секако, гинеколозите-акушери на ГАК, добро е да бидат вклучени во превентивата, но, претходно мора да бидат едуцирани за ова, се наведува во писмениот одговор што МИА го доби од ГАК.

Постнаталната депресија најчесто се јавува кај мајките, но, не е исклучено да се појави и кај таткото

Лиценцираниот психолог, семеен и системски советник од Гаспар – Центар за психофизичко здравје, Соња Угриновска во изјава за МИА вели дека постнаталната депресија е психолошко нарушување што се јавува по раѓањето на новороденчето, најчесто кај мајките, но, не е исклучено да се јави и кај таткото.

Родителот со постнатална депресија може да чувствува низа непријатни чувства како вознемиреност, плачливост, тага и анксиозност.

– Почнува да чувствува тешкотии кога треба да се грижи за детето и поради тоа може да почувствува вина. Непријатни и негативни мисли може да се присутни кај родителот. Пад на мотивацијата и намален интерес за секојдневните обврски придружени со промени во исхраната и сонот и така натаму. Причините за појавата на постнатална депресија се бараат во различни фактори од кои може да ги наброиме историјата на психолошки заболувања во семејството, карактеристики на бременоста и породувањето и самиот темперамент на бебето, нарушени семејни и брачни односи или стресови, потиснати чувства околу бременоста и други останати фактори. Независно од причините, станува збор за честа појава и родителот кога се наоѓа во ова заболување најдобро може да си помогне доколку разбере дека може да се грижи за своето бебе, само доколку е тој подобар и побара стручна помош навремено. Менталните заболувања немаат видлива причина и затоа се често табу кај популацијата, исто и со постнаталната депресија, вели Угриновска.

Токму затоа, појаснува Угриновска, непријатните ставови од околината и поблиското семејство дека нема причина да се биде тажен и нерасположен, нема да ѝ помогнат на мајката која има потешкотии.

– Семејната поддршка е од важно значење, да се реагира навремено на овие симптоми и да се добие стручна помош, а секако во тие моменти блиските да бидат присутни со разбирање во кое би ја пружиле потребната помош околу детето. Исто така и групите за поддршка со други мајки кои поминуваат низ истото, може да помогне. За мајката е важно да почувствува дека повторно може да се радува на своето дете, категорична е Угриновска.

Во случај на постпородилна депресија, вели таа, потребен е комбиниран третман, кој се состои од психолошко советување и фармакотерапија.

– Грижата за менталното здравје уште во време на бременоста може да биде од корист превентивно за здравјето на родителите и нивното бебе. Континуираните прегледи би било добро да вклучуваат психолошка поддршка за бремените жени и нивните партнери, вклучувајќи дополнителна психолошка едукација за сите предизвици со кои може да се соочат, додава Угриновска.

Според Фики Гаспар, педагошки психолог и управител на Гаспар – Центар за психофизичко здравје, секоја мајка или татко, што ќе почувствува потешкиотии или било кои од симптомите, треба да се консултира со професионалец.

– Со навремено реагирање и отворена комуникација, како и барање помош од стручно лице, значително се подобрува состојбата, подвлекува Гаспар.

Од Министерството за здравство во изјава за МИА велат дека во тек се активности за воспоставување на програма за психолошко советување на жените низ целата бременост.

– Во однос на зајакнување на превенцијата, предвидена е посебна програма за психолошко советување на бремените жени и ова е тема на која поинтензивно ќе се фокусираме во периодот што следи. За бремените жени ќе направиме програма да имаат психолошко советување низ целата бременост, како мерка која планираме да ја спроведеме. Исто така, за оваа тема планирани се и кампањи со цел подигнување на свесноста, се наведува во одговорот од Министерството.

Постпородилната депресија претставува мајорна епизода на депресија што се јавува кај жените во првите четири до шест недели после породувањето, но може да се појави и до една година после раѓањето на бебето.

Извор: МИА

The post Постпородилната депресија е сериозен проблем кај многу мајки во Македонија appeared first on Република.

]]>

Од седум до 15 отсто од жените паѓаат во постпородилна депресија, а уште толку се непрепознаени и нелекувани од различни причини, покажуваат податоците од Кабинетот за третман на жени во бременост и по породување при Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје. Од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК), не водат евиденција за случаи на постпородилна депресија, од причина што нема едуциран кадар за таквата состојба, ниту пак мандат да се работи со тие пациентки. Оттаму велат дека има клинички психолог кој секогаш кога има потреба, разговара со таквите пациентки и дека психијатри од Клиниката за психијатрија доаѓаат еднаш неделно на ГАК. Постнаталната депресија, како што појаснуваат експертите што ги контактираше МИА, е растројство што се јавува во периодот по породувањето, а се манифестира со намалено расположение, чувство на страв, немир, вознемиреност, нарушување на дневното функционирање, плачливост, чувство на вина, намалена самодоверба, силен страв за себе или своите блиски, неможност за грижа ниту за себе, ниту за бебето. Покрај овие потешкотии, доколку се тие силно изразени, се јавува и интензивно чувство на вина, несоница, неможност за поврзување со бебето, самоповредувачки мисли или самоубиствени идеи. Пандемијата влијаеше на растот на депресивност во бременост и по породување и до 30 отсто Професор доктор Славица Арсова, психијатар во Кабинетот за третман на жени во бременост и по породување при Клиниката за психијатрија во Скопје, во изјава за МИА појаснува дека во тек на постпородилниот период, нормално е кај некои мајки да се јави таканаречената постнатална тага, која трае околу две седмици, но, за разлика од постпородилната депресија, мајките можат да се грижат и за себе и за бебето, се јавува блага вознемиреност, плачливост и раздразливост која е минлива и не го нарушува нивното функционирање во улогата на мајка.
– Кај мајките кои се депресивни, сево ова е длабоко, следено со депресивни мисловни содржини и неможност за грижа за бебето, често со благ или изразен немир. Бројките се движат од 7 до 15 проценти, но на истите се додаваат уште толку, бидејќи се смета дека голем дел од жените се непрепознаени, нелекувани од различни причини. Постпородилната депресија најчесто се надоврзува на депресијата во текот на бременоста која доколку не се лекува е најголем ризик за продлабочување во постпородилниот период, посочува професорката Арсова.
Таа додава дека постојат повеќе ризик фактори, како минати депресивни или анксиозни епизоди, минати трауматски настани, семејно насилство, мајки без соодветна семејна подршка, малолетни мајки, постари прворотки, лекуван инфертилитет, низок степен на образование и неинформираност, други телесни болести….
– Во државата се направени повеќе истражувања на оваа тема, со посебен осврт на влијанието на пандемијата со Ковид-19, врз порастот на депресијата во бременост и по породувањето, кое беше направено на национално ниво и покажа раст на депресивноста до 30 проценти од испитаничките. Ковид пандемијата како кризна состојба имаше серозно влијание во нарушувањето на психичката состојба кај мајките. На Клиниката постои кабинет за третман на жени во тек на бременост и по породување со континуирана психијатриско-психолошка поддршка индивидуална и групна, а покрај тоа еднаш седмично има соработка со Универзитетската гинеколопшко-акушерска клиника со цел рано препознавање и третман на мајките со ризик, посочува Арсова.
Превентивното делување, според неа, е можно со подигање на свеста и будноста за психолошката состојба на жените во овој период, препознавање од страна на самите мајки и семејството, семејните доктори и гинеколози, како и со упатување на евентуален психијатриско-психолошки третман со комбинирана терапија. Од Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) велат дека не водат евиденција за случаите на постпородилна депресија, од причина што нема едуциран кадар за таквата состојба, ниту пак мандат да се работи со тие пациентки.
– Пациентките, по породувањето, остануваат во просек од 24 до 72 часа на Клиниката за гинекологија, период во кој евентуално може да се појави сомнение дека станува збор за пациентка во таква состојба, по што се препраќа на стручна помош на Клиниката за психијатрија. Клиничкиот психолог од нашата Клиника секогаш кога постои потреба, разговара со овие пациентки, а психијатри од Клиниката за психијатрија доаѓаат еднаш неделно на ГАК, а кога за тоа се јавува потреба, доаѓаат секогаш кога конзилијарно ќе бидат повикани. Секако, гинеколозите-акушери на ГАК, добро е да бидат вклучени во превентивата, но, претходно мора да бидат едуцирани за ова, се наведува во писмениот одговор што МИА го доби од ГАК.
Постнаталната депресија најчесто се јавува кај мајките, но, не е исклучено да се појави и кај таткото Лиценцираниот психолог, семеен и системски советник од Гаспар – Центар за психофизичко здравје, Соња Угриновска во изјава за МИА вели дека постнаталната депресија е психолошко нарушување што се јавува по раѓањето на новороденчето, најчесто кај мајките, но, не е исклучено да се јави и кај таткото. Родителот со постнатална депресија може да чувствува низа непријатни чувства како вознемиреност, плачливост, тага и анксиозност.
– Почнува да чувствува тешкотии кога треба да се грижи за детето и поради тоа може да почувствува вина. Непријатни и негативни мисли може да се присутни кај родителот. Пад на мотивацијата и намален интерес за секојдневните обврски придружени со промени во исхраната и сонот и така натаму. Причините за појавата на постнатална депресија се бараат во различни фактори од кои може да ги наброиме историјата на психолошки заболувања во семејството, карактеристики на бременоста и породувањето и самиот темперамент на бебето, нарушени семејни и брачни односи или стресови, потиснати чувства околу бременоста и други останати фактори. Независно од причините, станува збор за честа појава и родителот кога се наоѓа во ова заболување најдобро може да си помогне доколку разбере дека може да се грижи за своето бебе, само доколку е тој подобар и побара стручна помош навремено. Менталните заболувања немаат видлива причина и затоа се често табу кај популацијата, исто и со постнаталната депресија, вели Угриновска.
Токму затоа, појаснува Угриновска, непријатните ставови од околината и поблиското семејство дека нема причина да се биде тажен и нерасположен, нема да ѝ помогнат на мајката која има потешкотии.
– Семејната поддршка е од важно значење, да се реагира навремено на овие симптоми и да се добие стручна помош, а секако во тие моменти блиските да бидат присутни со разбирање во кое би ја пружиле потребната помош околу детето. Исто така и групите за поддршка со други мајки кои поминуваат низ истото, може да помогне. За мајката е важно да почувствува дека повторно може да се радува на своето дете, категорична е Угриновска.
Во случај на постпородилна депресија, вели таа, потребен е комбиниран третман, кој се состои од психолошко советување и фармакотерапија.
– Грижата за менталното здравје уште во време на бременоста може да биде од корист превентивно за здравјето на родителите и нивното бебе. Континуираните прегледи би било добро да вклучуваат психолошка поддршка за бремените жени и нивните партнери, вклучувајќи дополнителна психолошка едукација за сите предизвици со кои може да се соочат, додава Угриновска.
Според Фики Гаспар, педагошки психолог и управител на Гаспар – Центар за психофизичко здравје, секоја мајка или татко, што ќе почувствува потешкиотии или било кои од симптомите, треба да се консултира со професионалец.
– Со навремено реагирање и отворена комуникација, како и барање помош од стручно лице, значително се подобрува состојбата, подвлекува Гаспар.
Од Министерството за здравство во изјава за МИА велат дека во тек се активности за воспоставување на програма за психолошко советување на жените низ целата бременост.
– Во однос на зајакнување на превенцијата, предвидена е посебна програма за психолошко советување на бремените жени и ова е тема на која поинтензивно ќе се фокусираме во периодот што следи. За бремените жени ќе направиме програма да имаат психолошко советување низ целата бременост, како мерка која планираме да ја спроведеме. Исто така, за оваа тема планирани се и кампањи со цел подигнување на свесноста, се наведува во одговорот од Министерството.
Постпородилната депресија претставува мајорна епизода на депресија што се јавува кај жените во првите четири до шест недели после породувањето, но може да се појави и до една година после раѓањето на бебето.
Извор: МИА

The post Постпородилната депресија е сериозен проблем кај многу мајки во Македонија appeared first on Република.

]]>
САД го одобри првиот орален лек за постпородилна депресија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sad-go-odobri-prviot-oralen-lek-za-postporodilna-depresija/ Mon, 07 Aug 2023 11:55:22 +0000 https://republika.mk/?p=669608

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот орален лек за третман на постпородилна депресија, под назив „Зурзува“ (Zurzuvae).

Ова е воедно и единствен орален третман за постпородилна депресија, којшто се зема еднаш дневно, за 14 дена и може да доведе до брзо подобрување. Досега, лекувањето на постпородилната депресија во САД беше можно само преку интравенска интервенција на лекот во здравствените установи. Според компанијата производител, лекот би требало да биде достапен во последното тримесечје од 2023 година.

Постпородилната депресија обично се јавува по пораѓањето, но може да почне и при крајот од бременоста. Исто како и другите видови депресија, и тука симптомите вклучуваат долготрајна тага, губење енергија, самоубиствени мисли и намалена способност за доживување задоволство. Се проценува дека една од седум жени искусуваат симптоми на постпородилна депресија само во САД, известува ФДА.

- Постпородилната депресија е можно опасна состојба по живот кога жената чувствува тага, вина, безвредност - во потешки случаи, може и да си наштети себеси или на бебето. И, бидејќи постпородилната депресија може да го наруши односот мајка - дете, може да има последици и врз физичкиот и емоционалниот развој на детето. Пристапот до орални лекови ќе биде корисен за многу жени кои се справуваат со екстремни и понекогаш опасни по живот чувства, појасни Тифани Фарчионе, психијатарка во Центарот за евалуација на лекови на ФДА.

Клиничките испитувања покажаа дека пилулата значително ги намалува симптомите на депресија во рок од три дена. Ефектот на лекот трае четири недели по последната доза, соопшти ФДА.

The post САД го одобри првиот орален лек за постпородилна депресија appeared first on Република.

]]>

Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот орален лек за третман на постпородилна депресија, под назив „Зурзува“ (Zurzuvae). Ова е воедно и единствен орален третман за постпородилна депресија, којшто се зема еднаш дневно, за 14 дена и може да доведе до брзо подобрување. Досега, лекувањето на постпородилната депресија во САД беше можно само преку интравенска интервенција на лекот во здравствените установи. Според компанијата производител, лекот би требало да биде достапен во последното тримесечје од 2023 година. Постпородилната депресија обично се јавува по пораѓањето, но може да почне и при крајот од бременоста. Исто како и другите видови депресија, и тука симптомите вклучуваат долготрајна тага, губење енергија, самоубиствени мисли и намалена способност за доживување задоволство. Се проценува дека една од седум жени искусуваат симптоми на постпородилна депресија само во САД, известува ФДА. - Постпородилната депресија е можно опасна состојба по живот кога жената чувствува тага, вина, безвредност - во потешки случаи, може и да си наштети себеси или на бебето. И, бидејќи постпородилната депресија може да го наруши односот мајка - дете, може да има последици и врз физичкиот и емоционалниот развој на детето. Пристапот до орални лекови ќе биде корисен за многу жени кои се справуваат со екстремни и понекогаш опасни по живот чувства, појасни Тифани Фарчионе, психијатарка во Центарот за евалуација на лекови на ФДА. Клиничките испитувања покажаа дека пилулата значително ги намалува симптомите на депресија во рок од три дена. Ефектот на лекот трае четири недели по последната доза, соопшти ФДА.

The post САД го одобри првиот орален лек за постпородилна депресија appeared first on Република.

]]>
САД го одобрија првиот орален лек за постпородилна депресија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-go-odobrija-prviot-oralen-lek-za-postporodilna-depresija/ Sun, 06 Aug 2023 09:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=669190

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот орален лек за третман на постпородилна депресија, објавија Sage Therapeutics и Biogen. Zurzuvae е првиот и единствен орален третман за постпородилна депресија, кој се зема еднаш дневно во тек на 14 дена и може да доведе до брзо подобрување, објавија компаниите.

Досега, лекувањето на постпородилната депресија во САД беше можно само преку интравенска администрација на лекот во здравствените установи. Според компанијата, Zurzuvae би требало да биде достапен во последниот квартал од 2023 година.

Постпарталната депресија е значајна депресивна епизода која обично се јавува по раѓањето на детето, но може да започне и во подоцнежните фази од бременоста.

Исто како и другите видови на депресија, симптомите на постпородилна депресија вклучуваат тага, губење на енергија, самоубиствени мисли и намалена способност за доживување задоволство, според ФДА. Се проценува дека една од седум жени искусуваат симптоми на постпородилна депресија само во САД.

„Постпородилната депресија е потенцијално опасна по живот состојба во која жената чувствува тага, вина, безвредност – во потешки случаи, мисли да си наштети себеси или на бебето“, рече Тифани Фарчионе, шеф на психијатрија во Центарот за евалуација на лекови на ФДА и Истражување.

„Бидејќи постпородилната депресија може да го наруши односот мајка-дете, може да има последици и врз физичкиот и емоционалниот развој на детето.

Пристапот до орални лекови ќе биде корисен за многу жени „кои се справуваат со екстремни и понекогаш опасни по живот чувства“, додаде таа.

Клиничките испитувања покажаа дека пилулата значително ги намалува симптомите на депресија во рок од три дена. Ефектот на лекот трае четири недели по последната доза, соопшти ФДА.

The post САД го одобрија првиот орален лек за постпородилна депресија appeared first on Република.

]]>

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот орален лек за третман на постпородилна депресија, објавија Sage Therapeutics и Biogen. Zurzuvae е првиот и единствен орален третман за постпородилна депресија, кој се зема еднаш дневно во тек на 14 дена и може да доведе до брзо подобрување, објавија компаниите. Досега, лекувањето на постпородилната депресија во САД беше можно само преку интравенска администрација на лекот во здравствените установи. Според компанијата, Zurzuvae би требало да биде достапен во последниот квартал од 2023 година. Постпарталната депресија е значајна депресивна епизода која обично се јавува по раѓањето на детето, но може да започне и во подоцнежните фази од бременоста. Исто како и другите видови на депресија, симптомите на постпородилна депресија вклучуваат тага, губење на енергија, самоубиствени мисли и намалена способност за доживување задоволство, според ФДА. Се проценува дека една од седум жени искусуваат симптоми на постпородилна депресија само во САД. „Постпородилната депресија е потенцијално опасна по живот состојба во која жената чувствува тага, вина, безвредност – во потешки случаи, мисли да си наштети себеси или на бебето“, рече Тифани Фарчионе, шеф на психијатрија во Центарот за евалуација на лекови на ФДА и Истражување. „Бидејќи постпородилната депресија може да го наруши односот мајка-дете, може да има последици и врз физичкиот и емоционалниот развој на детето. Пристапот до орални лекови ќе биде корисен за многу жени „кои се справуваат со екстремни и понекогаш опасни по живот чувства“, додаде таа. Клиничките испитувања покажаа дека пилулата значително ги намалува симптомите на депресија во рок од три дена. Ефектот на лекот трае четири недели по последната доза, соопшти ФДА.

The post САД го одобрија првиот орален лек за постпородилна депресија appeared first on Република.

]]>
Новопечен татко открива: И мажите доживуваат постпородилна депресија https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/novopechen-tatko-otkriva-i-mazite-dozivuvaat-postporodilna-depresija/ Fri, 09 Sep 2022 07:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=548926

Новопечен татко открива дека страдал од постпородилна депресија по раѓањето на своето прво дете. Тој тврди дека постојано плачел затоа што не можел емотивно да се поврзе со својот син.

Џек Пост (34) говореше за тоа на „Радиоемисијата на Кристијан О’Конел“, шест месеци откако неговата сопруга Бјанка го роди нивното прво бебе, Гордон.

Сѐ почна кога мојот син се роди во март. Бев толку возбуден. Се чувствував како да сум совршен сопруг до раѓањето, а потоа нешто се промени, откако тој се роди и беше навистина чудно - изјави Пост.

Новиот татко признава дека не ги имал чуствата што ги очекувал за малечкото веднаш по раѓањето. Поради тоа се засрамил и ноќите ги минувал „неконтролирано плачејќи“ и не можејќи да ги разбере сопствените емоции.

Чувствував вина и срам што го донесов ова мало момче на свет и требаше толку многу да го сакам, а не го почувствував тоа. Бјанка направи сè – мина низ бременоста, го донесе на свет, а јас сум оној депресивниот и плачам на подот. Чувствував толку голема вина, непријатност и срам поради тоа! - вели тој.

Три месеци по раѓањето на Гордон, Пост решил да побара помош од психотерапевт, кој му рекол дека боледува од постпородилна депресија.

Според „Журналот“ на Американското медицинско здружение, околу 10 отсто од татковците доживуваат депресија пред или веднаш по раѓањето на детето.

Психологот Скот Биа потврдува дека новите татковци, исто како и новите мајки, доживуваат вистински промени во нивото на нивните хормони по раѓањето на детето. Тој тврди дека овие биолошки фактори придонесуваат за постпородилна депресија кај мажите, како и промените во начинот на живот, промените во спиењето.

Советот, според него, гласи – „не бидете слабак и приберете се“.

Новопечениот татко открива дека набрзо сѐ се променило и почнал да се поврзува со бебето, кое сега има шест месеци.

Сега го сакам толку многу, нешто што не го чувствував во првите три месеци - вели Џек.

Тој исто така признава дека би сакал да се врати во времето и да си каже себеси дека сè е в ред и дека тие измешани чувства не траат засекогаш.

The post Новопечен татко открива: И мажите доживуваат постпородилна депресија appeared first on Република.

]]>

Новопечен татко открива дека страдал од постпородилна депресија по раѓањето на своето прво дете. Тој тврди дека постојано плачел затоа што не можел емотивно да се поврзе со својот син. Џек Пост (34) говореше за тоа на „Радиоемисијата на Кристијан О’Конел“, шест месеци откако неговата сопруга Бјанка го роди нивното прво бебе, Гордон.
Сѐ почна кога мојот син се роди во март. Бев толку возбуден. Се чувствував како да сум совршен сопруг до раѓањето, а потоа нешто се промени, откако тој се роди и беше навистина чудно - изјави Пост.
Новиот татко признава дека не ги имал чуствата што ги очекувал за малечкото веднаш по раѓањето. Поради тоа се засрамил и ноќите ги минувал „неконтролирано плачејќи“ и не можејќи да ги разбере сопствените емоции.
Чувствував вина и срам што го донесов ова мало момче на свет и требаше толку многу да го сакам, а не го почувствував тоа. Бјанка направи сè – мина низ бременоста, го донесе на свет, а јас сум оној депресивниот и плачам на подот. Чувствував толку голема вина, непријатност и срам поради тоа! - вели тој.
Три месеци по раѓањето на Гордон, Пост решил да побара помош од психотерапевт, кој му рекол дека боледува од постпородилна депресија. Според „Журналот“ на Американското медицинско здружение, околу 10 отсто од татковците доживуваат депресија пред или веднаш по раѓањето на детето. Психологот Скот Биа потврдува дека новите татковци, исто како и новите мајки, доживуваат вистински промени во нивото на нивните хормони по раѓањето на детето. Тој тврди дека овие биолошки фактори придонесуваат за постпородилна депресија кај мажите, како и промените во начинот на живот, промените во спиењето. Советот, според него, гласи – „не бидете слабак и приберете се“. Новопечениот татко открива дека набрзо сѐ се променило и почнал да се поврзува со бебето, кое сега има шест месеци.