постковид компликации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/postkovid-komplikacii/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Dec 2022 21:38:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png постковид компликации Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/postkovid-komplikacii/ 32 32 Главоболка, вртоглавица, срцебиење, епилептични напади – кои се најчестите постковид симптоми кај Македонците https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/glavobolka-vrtoglavica-srcebienje-epileptichni-napadi-koi-se-najchestite-postkovid-simptomi-kaj-makedoncite/ Fri, 02 Dec 2022 21:38:02 +0000 https://republika.mk/?p=581166

Иако се чини дека состојбата со пандемијата на КОВИД-19 е стабилна, здравствените работници укажуваат дека се повеќе фокусот на вниманието се поместува на последиците по прележан ковид. Најчести пост-ковид симптоми се јавуваат во делот на кардиоваскуларните болести, како и невролошките нарушувања.

На денешниот брифинг со медиуми во организација на Македонскиот институт за медиуми, на кој присуствуваа д-р Александар Петличковски, специјалист по клиничка генетика и претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Гордана Китева-Тренчевска, специјалист невролог и научен соработник и Валентина Андова, специјалист кардиолог се дискутираше околу актуелните прашања поврзани со КОВИД-19, хроничните болести и вакцинацијата.

– Разговаравме за најчестите симптоми што се јавуваат по прележан КОВИД, а можат да траат со месеци, па веројатно и години и потенциравме на значењето на вакцинацијата во намалување на шансите на вакви симптоми, бидејќи во сите сериозни студии е јасно дека оние кои се вакцинираат поретко имаат долг ковид и симптоми што го отежнуваат животот по прележување. Помеѓу главните ризик фактори што можат да доведат до долготраен ковид се набројуваат тешка форма на КОВИД, понапредната возраст, женски пол и невакцинираност, вели д-р Петличковски.

Д-р Андонова, специјалист кардиолог вели дека на Универзитетска клиника за кардиологија е зголемен бројот на пациенти во амбулантите. На дневна основа во амбулантите за преглед доаѓаат околу 400 пациенти, додека на дијагностичките методи се прават и до 150 прегледи дневно. Старосната граница, како што посочи станува се пониска и периодов доаѓаат и пациенти од 25 до 30 години, со сериозни кардиоваскуларни заболувања.

Додаде дека најчесто пациентите доаѓаат поради симптоми на замор, малаксаност, градна болка, отежнато дишење или пак срцебиење, а како пост-ковид синдроми најчесто се јавуваат дилатативна кардиомиопатија, лева и десна срцева слабост, аритмија, венски тромбоемболизам и воспалителни промени на срцето што се многу почести во однос на пред пандемијата.

КОВИДОТ и постковидот се ризични, но исто така ризик се и нездравите навики на живеење, тоа значи дека нивните навики на пушачи, дебелина, неправилен начин на живот, без физичка активност се голем ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања на коишто нормално ние можеме да делуваме, апелираше д-р Андонова.

Д-р Китева-Тренчевска од Клиниката за неврологија вели дека најчести пост-ковид што пациентите ги пријавуваат кај нив се главоболка, вртоглавица, епилептични напади, промени во функционирање на централниот нервен систем, деменција, проблеми со периферниот нервен систем.

Овие пост-ковид заболувања ќе ги имаме зачестено бидејќи КОВИДОТ покажа дека ја менува хомеостазата, менувајќи ја циркулацијата, правејќи состојба на зголемена тромбоза, зголемување на мозочни удари, менувајќи го имунолошкиот одговор кога тој наместо да се сврти против вирусот се врти против сопствените структури во нервниот систем. Потребно е симптомите да се следат уште на почетокот за да може да се реагира на време, со цел последиците да бидат што помали од овие сериозни невролошки болести, вели д-р Китева-Тренчевска.

Д-р Петличковски вели дека Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со зачестените респираторни болести и вели дека е очекувано по олеснување на рестриктивните мерки.

– Апсолутно е причина за ново сретнување со малку подзаборавени вируси и од тоа што го гледаме тоа е очекувано. Во моментов навистина се исполнети педијатриските капацитети со пациенти со потешка клиничка слика. Не е загрижувачки, туку нормален тек по олабавување на мерките по ковид-пандемијата, додаде тој. 

 

The post Главоболка, вртоглавица, срцебиење, епилептични напади – кои се најчестите постковид симптоми кај Македонците appeared first on Република.

]]>

Иако се чини дека состојбата со пандемијата на КОВИД-19 е стабилна, здравствените работници укажуваат дека се повеќе фокусот на вниманието се поместува на последиците по прележан ковид. Најчести пост-ковид симптоми се јавуваат во делот на кардиоваскуларните болести, како и невролошките нарушувања. На денешниот брифинг со медиуми во организација на Македонскиот институт за медиуми, на кој присуствуваа д-р Александар Петличковски, специјалист по клиничка генетика и претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Гордана Китева-Тренчевска, специјалист невролог и научен соработник и Валентина Андова, специјалист кардиолог се дискутираше околу актуелните прашања поврзани со КОВИД-19, хроничните болести и вакцинацијата.
– Разговаравме за најчестите симптоми што се јавуваат по прележан КОВИД, а можат да траат со месеци, па веројатно и години и потенциравме на значењето на вакцинацијата во намалување на шансите на вакви симптоми, бидејќи во сите сериозни студии е јасно дека оние кои се вакцинираат поретко имаат долг ковид и симптоми што го отежнуваат животот по прележување. Помеѓу главните ризик фактори што можат да доведат до долготраен ковид се набројуваат тешка форма на КОВИД, понапредната возраст, женски пол и невакцинираност, вели д-р Петличковски.
Д-р Андонова, специјалист кардиолог вели дека на Универзитетска клиника за кардиологија е зголемен бројот на пациенти во амбулантите. На дневна основа во амбулантите за преглед доаѓаат околу 400 пациенти, додека на дијагностичките методи се прават и до 150 прегледи дневно. Старосната граница, како што посочи станува се пониска и периодов доаѓаат и пациенти од 25 до 30 години, со сериозни кардиоваскуларни заболувања. Додаде дека најчесто пациентите доаѓаат поради симптоми на замор, малаксаност, градна болка, отежнато дишење или пак срцебиење, а како пост-ковид синдроми најчесто се јавуваат дилатативна кардиомиопатија, лева и десна срцева слабост, аритмија, венски тромбоемболизам и воспалителни промени на срцето што се многу почести во однос на пред пандемијата.
КОВИДОТ и постковидот се ризични, но исто така ризик се и нездравите навики на живеење, тоа значи дека нивните навики на пушачи, дебелина, неправилен начин на живот, без физичка активност се голем ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања на коишто нормално ние можеме да делуваме, апелираше д-р Андонова.
Д-р Китева-Тренчевска од Клиниката за неврологија вели дека најчести пост-ковид што пациентите ги пријавуваат кај нив се главоболка, вртоглавица, епилептични напади, промени во функционирање на централниот нервен систем, деменција, проблеми со периферниот нервен систем.
Овие пост-ковид заболувања ќе ги имаме зачестено бидејќи КОВИДОТ покажа дека ја менува хомеостазата, менувајќи ја циркулацијата, правејќи состојба на зголемена тромбоза, зголемување на мозочни удари, менувајќи го имунолошкиот одговор кога тој наместо да се сврти против вирусот се врти против сопствените структури во нервниот систем. Потребно е симптомите да се следат уште на почетокот за да може да се реагира на време, со цел последиците да бидат што помали од овие сериозни невролошки болести, вели д-р Китева-Тренчевска.
Д-р Петличковски вели дека Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со зачестените респираторни болести и вели дека е очекувано по олеснување на рестриктивните мерки.
– Апсолутно е причина за ново сретнување со малку подзаборавени вируси и од тоа што го гледаме тоа е очекувано. Во моментов навистина се исполнети педијатриските капацитети со пациенти со потешка клиничка слика. Не е загрижувачки, туку нормален тек по олабавување на мерките по ковид-пандемијата, додаде тој. 
 

The post Главоболка, вртоглавица, срцебиење, епилептични напади – кои се најчестите постковид симптоми кај Македонците appeared first on Република.

]]>
Се бара лек за пролонгираниот ковид-19 – постковид состојба која ја имаат многу пациенти https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/se-bara-lek-za-prolongiraniot-kovid-19-postkovid-sostojba-koja-ja-imaat-mnogu-pacienti/ Mon, 28 Mar 2022 14:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=479938

Пролонгиран ковид-19 е состојба кога пациентот има негативен тест за коронавирус, но уште има симптоми или последици од болеста.

Всушност, се работи за голем спектар на симптоми, повеќе од сто, кои веќе погодиле милиони луѓе низ светот. Многу од фармацевтските компании веќе работат на лекови за да ги смират овие симптоми, особено оние кои произведоа орална терапија или инјектирачки моноклонски антитела против ковид-19.

Целта е сега да се третираат постковид симптомите, кои за жал, ги има кај речиси секој кој ја прележал болеста, без разлика дали имале симптоми или не.

Всушност, околу 20 лекови се во фаза на клинички испитувања, од кои сосема мал дел ја поминале првичната фаза. Состојбата ја отежнува тоа што пролонгираниот ковид не е дијагноза која се опишува со ограничен број на симптоми, туку може да се каже дека се манифестира индивидуално кај секого.

Потрагата по лекот сигурно ќе биде долга, но она што дава надеж е фактот дека сепак некои препарати успеале да дојдат до фазата на клиничко испитување.

The post Се бара лек за пролонгираниот ковид-19 – постковид состојба која ја имаат многу пациенти appeared first on Република.

]]>

Пролонгиран ковид-19 е состојба кога пациентот има негативен тест за коронавирус, но уште има симптоми или последици од болеста. Всушност, се работи за голем спектар на симптоми, повеќе од сто, кои веќе погодиле милиони луѓе низ светот. Многу од фармацевтските компании веќе работат на лекови за да ги смират овие симптоми, особено оние кои произведоа орална терапија или инјектирачки моноклонски антитела против ковид-19. Целта е сега да се третираат постковид симптомите, кои за жал, ги има кај речиси секој кој ја прележал болеста, без разлика дали имале симптоми или не. Всушност, околу 20 лекови се во фаза на клинички испитувања, од кои сосема мал дел ја поминале првичната фаза. Состојбата ја отежнува тоа што пролонгираниот ковид не е дијагноза која се опишува со ограничен број на симптоми, туку може да се каже дека се манифестира индивидуално кај секого. Потрагата по лекот сигурно ќе биде долга, но она што дава надеж е фактот дека сепак некои препарати успеале да дојдат до фазата на клиничко испитување.

The post Се бара лек за пролонгираниот ковид-19 – постковид состојба која ја имаат многу пациенти appeared first on Република.

]]>