пост ковид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/post-kovid/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Feb 2022 10:03:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пост ковид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/post-kovid/ 32 32 Вакцинираните имаат помал ризик од продолжен ковид, покажа британска студија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vakciniranite-imaat-pomal-rizik-od-prodolzen-kovid-pokaza-britanska-studija/ Fri, 18 Feb 2022 10:03:21 +0000 https://republika.mk/?p=460324

Вакцинираните имаат помал ризик да развијат продолжен ковид ако се заразат со коронавирус, покажа британската анализа.

Експертите анализирале докази и податоци од 15 студии спроведени низ целиот свет.

Резултатите покажале дека вакцините значително го намалуваат ризикот од инфекции и тешки болести, вклучително и симптоми како што се замор.

Анализата, исто така, покажала дека невакцинираните лица кои се инфицираат со коронавирус и добиваат продолжен ковид, имаат многу подобри резултати ако потоа се вакцинираат.

Делови од студијата се фокусираат на ефектите од вакцинацијата пред и по инфекцијата и го откриле следново:

Луѓето заболени од ковид кои примиле две дози од „Фајзер“, „Астра Зенека“ или „Модерна“ или една доза од вакцината „Џонсон и Џонсон“, имаат двојно поголема веројатност да развијат симптоми на продолжен ковид кој трае повеќе од 28 дена, отколку луѓето кои примиле само една доза вакцина или воопшто не биле вакцинирани.

Вакцината беше најефикасна против продолжен ковид кај лица постари од 60 години.

Кај лицата кои се вакцинирани откако веќе се заразиле со ковид, се забележува дека вакцината ги ублажила и не ги влошила симптомите на ковид, ниту веднаш, ниту по неколку недели.

Луѓето кои страдаат од продолжен ковид најчесто наведуваат замор, отежнато дишење и болки во мускулите и зглобовите, пишува Би-би-си.

Ваквите симптоми може да траат повеќе од четири недели.

The post Вакцинираните имаат помал ризик од продолжен ковид, покажа британска студија appeared first on Република.

]]>

Вакцинираните имаат помал ризик да развијат продолжен ковид ако се заразат со коронавирус, покажа британската анализа. Експертите анализирале докази и податоци од 15 студии спроведени низ целиот свет. Резултатите покажале дека вакцините значително го намалуваат ризикот од инфекции и тешки болести, вклучително и симптоми како што се замор. Анализата, исто така, покажала дека невакцинираните лица кои се инфицираат со коронавирус и добиваат продолжен ковид, имаат многу подобри резултати ако потоа се вакцинираат. Делови од студијата се фокусираат на ефектите од вакцинацијата пред и по инфекцијата и го откриле следново:
Луѓето заболени од ковид кои примиле две дози од „Фајзер“, „Астра Зенека“ или „Модерна“ или една доза од вакцината „Џонсон и Џонсон“, имаат двојно поголема веројатност да развијат симптоми на продолжен ковид кој трае повеќе од 28 дена, отколку луѓето кои примиле само една доза вакцина или воопшто не биле вакцинирани. Вакцината беше најефикасна против продолжен ковид кај лица постари од 60 години. Кај лицата кои се вакцинирани откако веќе се заразиле со ковид, се забележува дека вакцината ги ублажила и не ги влошила симптомите на ковид, ниту веднаш, ниту по неколку недели. Луѓето кои страдаат од продолжен ковид најчесто наведуваат замор, отежнато дишење и болки во мускулите и зглобовите, пишува Би-би-си.
Ваквите симптоми може да траат повеќе од четири недели.

The post Вакцинираните имаат помал ризик од продолжен ковид, покажа британска студија appeared first on Република.

]]>