пост ковид симптоми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/post-kovid-simptomi/ За подобро да се разбереме Sun, 31 Jul 2022 14:53:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пост ковид симптоми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/post-kovid-simptomi/ 32 32 Намалена желба за секс и губење на косата: Новооткриени симптоми на продолжен ковид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/namalena-zelba-za-seks-i-gubenje-na-kosata-novootkrieni-simptomi-na-prodolzen-kovid/ Sun, 31 Jul 2022 15:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=534013

Истражувачки тим од Универзитетот во Бирмингем откри и објави дека опаѓањето на косата и намалениот сексуален нагон се два нови симптоми на долгорочен ковид. Во исто време, канадските научници од Медицинскиот факултет во Алберта објавија податоци дека шест отсто од децата страдаат од т.н. продолжен ковид.

На листата на бројни симптоми кои остануваат како последица на долготрајниот ковид, најчести досега се губење мирис, отежнато дишење и болки во градите, но и амнезија, неможност за изведување одредени движења и халуцинации.

Експертите, во зависност од природата на симптомите, формираа три групи на проблеми со кои се соочуваат оние кои страдаат од Ковид – тоа се респираторни проблеми, ментално здравје и когнитивни проблеми.

Тим од Универзитетот во Бирмингем ги следеше електронските здравствени досиеја на 2,4 милиони луѓе во Велика Британија, собрани помеѓу јануари 2020 година и април 2021 година, и откри дека пациентите имале нови здравствени проблеми повеќе од три месеци откако се заразиле со Ковид.

Истражувачите пресметале дека оние кои имале Ковид имаат 6,5 пати поголема веројатност да го изгубат сетилото за мирис 12 недели откако биле заразени со вирусот во споредба со оние кои не биле заразени.

Нашата анализа на податоците за факторите на ризик е од особен интерес бидејќи ни помага да размислиме што потенцијално може да предизвика или да придонесе за долгорочен ковид - вели професор д-р Шамил Харун од Универзитетот во Бирмингем.

Од друга страна, студија на истражувачи од Медицинскиот факултет во Алберта го потврди присуството на долгорочен ковид и кај децата.

Најчести долгорочни симптоми кај децата се замор, слабост, кашлица, како и проблеми со дишењето, кои траат со месеци по инфекцијата. Оваа студија опфатила 1.884 деца од дури осум земји.

За жал, не постојат познати терапии за долгорочен ковид кај децата и потребни се повеќе истражувања во оваа област - вели д-р. Стивен Фридман, еден од авторите на студијата.

The post Намалена желба за секс и губење на косата: Новооткриени симптоми на продолжен ковид appeared first on Република.

]]>

Истражувачки тим од Универзитетот во Бирмингем откри и објави дека опаѓањето на косата и намалениот сексуален нагон се два нови симптоми на долгорочен ковид. Во исто време, канадските научници од Медицинскиот факултет во Алберта објавија податоци дека шест отсто од децата страдаат од т.н. продолжен ковид. На листата на бројни симптоми кои остануваат како последица на долготрајниот ковид, најчести досега се губење мирис, отежнато дишење и болки во градите, но и амнезија, неможност за изведување одредени движења и халуцинации. Експертите, во зависност од природата на симптомите, формираа три групи на проблеми со кои се соочуваат оние кои страдаат од Ковид – тоа се респираторни проблеми, ментално здравје и когнитивни проблеми. Тим од Универзитетот во Бирмингем ги следеше електронските здравствени досиеја на 2,4 милиони луѓе во Велика Британија, собрани помеѓу јануари 2020 година и април 2021 година, и откри дека пациентите имале нови здравствени проблеми повеќе од три месеци откако се заразиле со Ковид. Истражувачите пресметале дека оние кои имале Ковид имаат 6,5 пати поголема веројатност да го изгубат сетилото за мирис 12 недели откако биле заразени со вирусот во споредба со оние кои не биле заразени.
Нашата анализа на податоците за факторите на ризик е од особен интерес бидејќи ни помага да размислиме што потенцијално може да предизвика или да придонесе за долгорочен ковид - вели професор д-р Шамил Харун од Универзитетот во Бирмингем.
Од друга страна, студија на истражувачи од Медицинскиот факултет во Алберта го потврди присуството на долгорочен ковид и кај децата. Најчести долгорочни симптоми кај децата се замор, слабост, кашлица, како и проблеми со дишењето, кои траат со месеци по инфекцијата. Оваа студија опфатила 1.884 деца од дури осум земји.
За жал, не постојат познати терапии за долгорочен ковид кај децата и потребни се повеќе истражувања во оваа област - вели д-р. Стивен Фридман, еден од авторите на студијата.

The post Намалена желба за секс и губење на косата: Новооткриени симптоми на продолжен ковид appeared first on Република.

]]>
Многу луѓе се жалат на нови болести по прележување на корона вирус https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mnogu-lugje-se-zalat-na-novi-bolesti-po-prelezuvanje-na-korona-virus/ Fri, 11 Mar 2022 07:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=471049

Голем е бројот на пациенти кои што после прележаниот Ковид-19 се жалат на нови болести, истакна министерот за здравство, Беким Сали во гостувањето во Клан ТВ.

„Кај пациентите корона вирусот остава траги во организмот и тоа кај секој прележан има различен ефект. Работиме како да се справиме со постковид синдромот кај пациентите. Работиме и на план што после ковид-кризата, рече Сали.

The post Многу луѓе се жалат на нови болести по прележување на корона вирус appeared first on Република.

Ако после прележувањето на ковид се здебелите три килограми, веднаш јавете се на лекар https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ako-posle-prelezuvanjeto-na-kovid-se-zdebelite-tri-kilogrami-vednash-javete-se-na-lekar/ Thu, 17 Feb 2022 09:07:15 +0000 https://republika.mk/?p=459652

Раководителoт на Одделот за срцева слабост и помошник директор на Клиниката за кардиологија КЦС во Белград, проф. д-р Арсен Ристиќ, објаснува кои се сигналите кои телото ви ги праќа како аларм дека нешто не е во ред по прележувањето на ковид-19.

Според неговите податоци, Д-р Ристиќ предупредува дека 20 до 50 отсто од пациентите кои имале ковид потоа ќе се соочат и воспаление на срцевиот мускул, а симптомите кои се знак дека има прблем се зголемен замор, гушење, слаба толеранција на напор и стрес, отоци на нозете или неможност да се лежи на рамна површина без дишењето да се компромитира. Овие компикации може да доведат и до срцев удар, предупредува тој.

Посебно сме загрижени и посветуваме посебно внимание на компликациите кои ги предизвикува ковидот, како згрутчување на крвта во белодробната циркулација, за белодробна емболија, по што може да дојде до пулмонална хипертензија, посочи Ристиќ во утринската програма на Н1.

Според него, тежината на компликациите зависи од варијантата на вирусот која што сте ја прележале - омикрон дава малку поблаги кардиоваскуларни проблеми, а малку поретко предизвикува и пневмонија. Но, вакцинацијата е гаранција дека нема да има компликации, потенцира тој.

Комбинацијата на пневмонија со миокардитис е особено ризична за пациентите. Кога сте вакцинирани, ризикот од развој на воспаление на срцевиот мускул кај ковид е само 11 на сто илјади пациенти, покажаа статистиките од Израел, рече Арсиќ.

На прашањето кои се симптомите за кои треба итно да посетиме лекар, Арсиќ вели дека пациентите кои веќе имаат срцева слабост треба да пријават кога е намалена толеранцијата на напор, болка во градите, замор, отекување на нозете, а особено ако качат повеќе од три килограми во рок од една недела.

Ги советуваме нашите пациенти редовно да се мерат еднаш неделно, да го проверуваат притисокот и пулсот секој втор или трет ден. Било какви нагли промени, особено губење на свеста, се аларм дека треба да се се прегледате, вели докторот.

The post Ако после прележувањето на ковид се здебелите три килограми, веднаш јавете се на лекар appeared first on Република.

]]>

Раководителoт на Одделот за срцева слабост и помошник директор на Клиниката за кардиологија КЦС во Белград, проф. д-р Арсен Ристиќ, објаснува кои се сигналите кои телото ви ги праќа како аларм дека нешто не е во ред по прележувањето на ковид-19. Според неговите податоци, Д-р Ристиќ предупредува дека 20 до 50 отсто од пациентите кои имале ковид потоа ќе се соочат и воспаление на срцевиот мускул, а симптомите кои се знак дека има прблем се зголемен замор, гушење, слаба толеранција на напор и стрес, отоци на нозете или неможност да се лежи на рамна површина без дишењето да се компромитира. Овие компикации може да доведат и до срцев удар, предупредува тој.
Посебно сме загрижени и посветуваме посебно внимание на компликациите кои ги предизвикува ковидот, како згрутчување на крвта во белодробната циркулација, за белодробна емболија, по што може да дојде до пулмонална хипертензија, посочи Ристиќ во утринската програма на Н1.
Според него, тежината на компликациите зависи од варијантата на вирусот која што сте ја прележале - омикрон дава малку поблаги кардиоваскуларни проблеми, а малку поретко предизвикува и пневмонија. Но, вакцинацијата е гаранција дека нема да има компликации, потенцира тој.
Комбинацијата на пневмонија со миокардитис е особено ризична за пациентите. Кога сте вакцинирани, ризикот од развој на воспаление на срцевиот мускул кај ковид е само 11 на сто илјади пациенти, покажаа статистиките од Израел, рече Арсиќ.
На прашањето кои се симптомите за кои треба итно да посетиме лекар, Арсиќ вели дека пациентите кои веќе имаат срцева слабост треба да пријават кога е намалена толеранцијата на напор, болка во градите, замор, отекување на нозете, а особено ако качат повеќе од три килограми во рок од една недела.
Ги советуваме нашите пациенти редовно да се мерат еднаш неделно, да го проверуваат притисокот и пулсот секој втор или трет ден. Било какви нагли промени, особено губење на свеста, се аларм дека треба да се се прегледате, вели докторот.

The post Ако после прележувањето на ковид се здебелите три килограми, веднаш јавете се на лекар appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Ова се пост-ковид симптоми https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekjarovski-ova-se-post-kovid-simptomi/ Fri, 11 Feb 2022 17:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=457309

Токсикологот и член на Комисијата за заразни болести, д-р Нико Беќаровски предупредува дека по прележување на ковид-19, се повеќе пациенти развиваат пост ковид синдром кој има различни симптоми:

-Околу 10-20% од заболените со Ковид-19 развиваат среднорочно или долгорочно Post Covid-19 Sindrom со различна симптоматологија и тежина!!!

• Отежнато дишење

• Малаксалост

• Поспаност

• Срцева слабост

• Проблеми со меморија

• Паѓање на косата

• Влошување на дијабетот ….

Ова се само дел од манифестациите на овој синдром. Тежината и должината на овој синдром, не е секогаш пропорционална со тежината со која сте го прележале ковидот. Овој синдром скоро исклучиво се јавува кај прележаните +40 години, пишува Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Ова се пост-ковид симптоми appeared first on Република.

]]>

Токсикологот и член на Комисијата за заразни болести, д-р Нико Беќаровски предупредува дека по прележување на ковид-19, се повеќе пациенти развиваат пост ковид синдром кој има различни симптоми: -Околу 10-20% од заболените со Ковид-19 развиваат среднорочно или долгорочно Post Covid-19 Sindrom со различна симптоматологија и тежина!!! • Отежнато дишење • Малаксалост • Поспаност • Срцева слабост • Проблеми со меморија • Паѓање на косата • Влошување на дијабетот ….