посни кремасти салати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/posni-kremasti-salati/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Dec 2023 18:06:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png посни кремасти салати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/posni-kremasti-salati/ 32 32 Рецепти за три најубави кремасти посни салати https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/retsepti-za-tri-najubavi-kremasti-posni-salati/ Sun, 31 Dec 2023 13:59:10 +0000 https://republika.mk/?p=728285

Доколку сте љубители на кремасти салати и сакате на вашата посна трпеза да сервирате руска салата, мимоза и други слични на нив, слободно можете да ги направите. Отсега можете да ги правите омилените салати во посна варијанта и да уживате во нивниот вкус дури и ако постите. Ви предлагаме да пробате некои од овие рецепти за овогодинешната прослава и сигурни сме дека ќе бидете одушевени.

Посна руска салата
Состојки:
– 2 конзерви сардина
– посен мајонез
– 4 помали моркови
– 4 кисели краставици
– 1 поголем компир
– 300 г грашок
– сол, црн пипер

Подготовка:
Компирот, морковите и грашокот сварете ги и исечкајте ги на коцки, а потоа ситно исечкани додадете ги и киселите краставици и сардините. Посолете и ставете црн пипер по желба, а потоа додадете го и посниот мајонез откако салатата добро ќе се излади. Салатата, по желба, можете да ја правите и без сардина.

Посна сенф салата со компири
Состојки:
– 3 моркови
– 4 компири со средна големина
– 10 кисели краставици
– 1 полна лажица сенф
– 2 лажици масло
– 1 лажица оцет
– малку шеќер
– сол, црн пипер

Подготовка:
Сварете ги морковите и компирите во солена вода, потоа исцедете ги и исечкајте ги на ситни коцки. Краставиците, исто така, исечкајте ги и додадете ги во компирите и морковите. Претходно добро измешајте ги оцетот, шеќерот, маслото и сенфот и додадете ги откако варените компири и моркови добро ќе се изладат.

Посна салата мимоза
Доколку постите или подготвувате посна слава, а една од омилените ви е салатата мимоза, не грижете се. Салатата мимоза може да се подготви и како посна и да биде неизоставна на вашата трпеза, на денот на вашата слава или во текот на постот.

Состојки:
– 2 големи варени компири
– 300 г посен мајонез
– 3 варени моркови
– 1 прстофат сечкан праз
– 300 г зелка
– 1 чешне лук
– оцет
– сол, бибер
– масло

Подготовка:
Подгответе три садови, бидејќи мора да направите три дела од салатата. Во првиот сад исечете ги компирите на коцки, празот на мали кругови и сето заедно измешајте го и зачинете со оцет, масло, сол и бибер. Потоа земете уште еден сад во кој ќе го исечкате и изгмечите лукот, исечете го морковот на кругови и сето тоа зачинете со сол и масло. За третиот сад подгответе свежа зелка како салата и задолжително додајте сол и оцет. На самиот крај земете голем сад и наредете ги компирите, додадете 100 грама посен мајонез, па морковите, потоа повторно 100 грама мајонез, зелката и на крајот уште 100 грама мајонез.

 

The post Рецепти за три најубави кремасти посни салати appeared first on Република.

]]>

Доколку сте љубители на кремасти салати и сакате на вашата посна трпеза да сервирате руска салата, мимоза и други слични на нив, слободно можете да ги направите. Отсега можете да ги правите омилените салати во посна варијанта и да уживате во нивниот вкус дури и ако постите. Ви предлагаме да пробате некои од овие рецепти за овогодинешната прослава и сигурни сме дека ќе бидете одушевени. Посна руска салата Состојки: – 2 конзерви сардина – посен мајонез – 4 помали моркови – 4 кисели краставици – 1 поголем компир – 300 г грашок – сол, црн пипер Подготовка: Компирот, морковите и грашокот сварете ги и исечкајте ги на коцки, а потоа ситно исечкани додадете ги и киселите краставици и сардините. Посолете и ставете црн пипер по желба, а потоа додадете го и посниот мајонез откако салатата добро ќе се излади. Салатата, по желба, можете да ја правите и без сардина. Посна сенф салата со компири Состојки: – 3 моркови – 4 компири со средна големина – 10 кисели краставици – 1 полна лажица сенф – 2 лажици масло – 1 лажица оцет – малку шеќер – сол, црн пипер Подготовка: Сварете ги морковите и компирите во солена вода, потоа исцедете ги и исечкајте ги на ситни коцки. Краставиците, исто така, исечкајте ги и додадете ги во компирите и морковите. Претходно добро измешајте ги оцетот, шеќерот, маслото и сенфот и додадете ги откако варените компири и моркови добро ќе се изладат. Посна салата мимоза Доколку постите или подготвувате посна слава, а една од омилените ви е салатата мимоза, не грижете се. Салатата мимоза може да се подготви и како посна и да биде неизоставна на вашата трпеза, на денот на вашата слава или во текот на постот. Состојки: – 2 големи варени компири – 300 г посен мајонез – 3 варени моркови – 1 прстофат сечкан праз – 300 г зелка – 1 чешне лук – оцет – сол, бибер – масло Подготовка: Подгответе три садови, бидејќи мора да направите три дела од салатата. Во првиот сад исечете ги компирите на коцки, празот на мали кругови и сето заедно измешајте го и зачинете со оцет, масло, сол и бибер. Потоа земете уште еден сад во кој ќе го исечкате и изгмечите лукот, исечете го морковот на кругови и сето тоа зачинете со сол и масло. За третиот сад подгответе свежа зелка како салата и задолжително додајте сол и оцет. На самиот крај земете голем сад и наредете ги компирите, додадете 100 грама посен мајонез, па морковите, потоа повторно 100 грама мајонез, зелката и на крајот уште 100 грама мајонез.  

The post Рецепти за три најубави кремасти посни салати appeared first on Република.

]]>