посмртнина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/posmrtnina/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Mar 2022 19:46:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png посмртнина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/posmrtnina/ 32 32 Партијата на пензионерите ја осуди одлуката за скратената посмртнина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/partijata-na-penzionerite-ja-osudi-odlukata-za-skratenata-posmrtnina/ Wed, 09 Mar 2022 19:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=470289

Партијата на пензионерите се придружува кон јавно искажаните негодувања и осуди упатени кон Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија (СЗПМ), кој во својство на единствен претставник на регистрираната организација на сојузите на здруженијата на пензионерите на Македонија, донесе одлуки за зголемување на износот на членарината, а истовремено намалување на износот за исплата на посмртната помош на корисниците на пензија од средствата на солидарниот фонд.

Оттука велат дека одлуката да се намали износот на висината на средтсвата кои се исплаќаат како посмртна помош од солидарниот фонд, е донесена исклучиво и само преку органите на СЗПМ. Во истата нема никакво учество Партија на пензионери, ФПИОСМ, ниту друг орган или институција на Владата.

Партијата на пензионерите ги упати сите заинтересирани да побараат одговори и да го искажуваат своето незадоволство исклучиво кон раководствата и органите на СЗПМ или Здруженијата на пензионери кои учествувале со подршка при нивното носење.

Од Сојузот на пензионерите претходно денеска порачаа дека намалувањето на посмртната помош за пензионерите од 30 на 25 илјади денари е времена одлука.

The post Партијата на пензионерите ја осуди одлуката за скратената посмртнина appeared first on Република.

]]>

Партијата на пензионерите се придружува кон јавно искажаните негодувања и осуди упатени кон Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија (СЗПМ), кој во својство на единствен претставник на регистрираната организација на сојузите на здруженијата на пензионерите на Македонија, донесе одлуки за зголемување на износот на членарината, а истовремено намалување на износот за исплата на посмртната помош на корисниците на пензија од средствата на солидарниот фонд. Оттука велат дека одлуката да се намали износот на висината на средтсвата кои се исплаќаат како посмртна помош од солидарниот фонд, е донесена исклучиво и само преку органите на СЗПМ. Во истата нема никакво учество Партија на пензионери, ФПИОСМ, ниту друг орган или институција на Владата. Партијата на пензионерите ги упати сите заинтересирани да побараат одговори и да го искажуваат своето незадоволство исклучиво кон раководствата и органите на СЗПМ или Здруженијата на пензионери кои учествувале со подршка при нивното носење. Од Сојузот на пензионерите претходно денеска порачаа дека намалувањето на посмртната помош за пензионерите од 30 на 25 илјади денари е времена одлука.

The post Партијата на пензионерите ја осуди одлуката за скратената посмртнина appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Намалувањето на посмртната помош на 25.000 денари е одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите, а не на МТСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-namaluvanjeto-na-posmrtnata-pomosh-na-25-000-denari-e-odluka-na-sojuzot-na-zdruzenijata-na-penzionerite-a-ne-na-mtsp/ Wed, 09 Mar 2022 13:20:19 +0000 https://republika.mk/?p=470104

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска преку Фејсбук статус информира дека намалувањето на посмртната помош на 25.000 денари е одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, а не на МТСП.

Би сакала да ги демантирам дезинформациите дека намалувањето на висината на посмртната помош е направено за да може со тие средства да се покачат пензиите.

📌Намалувањето на висината на посмртната помош на 25.000 денари е извршено со Одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

📌Начинот на финансирање, начинот на распределба на средствата со кои располагаат здруженијата на пензионери се уредува со акти кои се донесени од органите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и не се никаква одлука на Владата или пак Владата влијаела на ова.

📌МТСП нема надлежност во однос на условите за членување во здружение на пензионери, финансирањето, начинот на распределба на средствата и контрола во финансиското работење на здруженијата на пензионери.

📌Пензиите се покачени како што беше објавено од буџет со кој располага ПИОМ без кратење од други ставки од било каде во буџетот на државата. Ова е резултат на доброто управување со фондот во изминатите години, пишува Тренчевска.

The post Тренчевска: Намалувањето на посмртната помош на 25.000 денари е одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите, а не на МТСП appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска преку Фејсбук статус информира дека намалувањето на посмртната помош на 25.000 денари е одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, а не на МТСП. Би сакала да ги демантирам дезинформациите дека намалувањето на висината на посмртната помош е направено за да може со тие средства да се покачат пензиите. 📌Намалувањето на висината на посмртната помош на 25.000 денари е извршено со Одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. 📌Начинот на финансирање, начинот на распределба на средствата со кои располагаат здруженијата на пензионери се уредува со акти кои се донесени од органите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и не се никаква одлука на Владата или пак Владата влијаела на ова. 📌МТСП нема надлежност во однос на условите за членување во здружение на пензионери, финансирањето, начинот на распределба на средствата и контрола во финансиското работење на здруженијата на пензионери. 📌Пензиите се покачени како што беше објавено од буџет со кој располага ПИОМ без кратење од други ставки од било каде во буџетот на државата. Ова е резултат на доброто управување со фондот во изминатите години, пишува Тренчевска.

The post Тренчевска: Намалувањето на посмртната помош на 25.000 денари е одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите, а не на МТСП appeared first on Република.

]]>
Пензионерите реагираат: Живееме на работ на егзистенцијата, Владата да го укине намалувањето на посмртнината од 30.000 на 25.000 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/penzionerite-reagiraat-ziveeme-na-rabot-na-egzistencijata-vladata-da-go-ukine-namaluvanjeto-na-posmrtninata-od-30-000-na-25-000/ Wed, 09 Mar 2022 11:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=470045

Да се укинат апанажите, премиите и бенефициите на пратениците, а не да се кратат 5000 денари од посмртнината што му следува семејството, бараат штипските пензионери.

Од Сојузот на здруженијата на пензионери побараа уште еднаш да ја преиспита одлуката што стапи на сила пред 9 дена, зашто 25 000 денари, ни од далеку не се доволни за пристоен погреб.

Апсолутно не ги покриваат, затоа што денес, по некоја слободна проценка, само сандакот е околу 20 000 денари, да не зборуваме за гробно место, крст и ред други работи. Денес, за погребување на еден пензионер, во најмала рака се потребни 100 000 денари, изјави Миланчо Маневски - Здружение на инвалидски пензионери - Штип.

Од Сојузот одлуката за намалување на посмртнината ја правдаат поради тоа што била зголемена смртноста на пензионерите во 2021 година и просечно во месец  умирале по 1800 лица, што довело до празнење на солидарниот фонд за оваа намена. Маневски не се согласува со ова нивно тврдење.

Манипулација направиле 5 лица од Сојузот, никој за тоа не одговара и никој не им бара одговорност, додаде Маневски.

Маневски се сомнева и во најавената мерка за зголемување на пензиите.

Сите велиме го решивме проблемот, а јас се прашувам, ако е така, ќе земем 3 месеци по 900 или 1000 денари, а што ќе земеме после, ако стопанството не го зголемиме за 5%? - прашува Маневски.

Од вкупно 10 000 пензионери во Штип, според нивната проценка околу 2/3 се на работ на егзистенција.

The post Пензионерите реагираат: Живееме на работ на егзистенцијата, Владата да го укине намалувањето на посмртнината од 30.000 на 25.000 appeared first on Република.