последици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/posledici/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Nov 2023 09:33:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png последици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/posledici/ 32 32 Затворањата и ограничувањето во ковид-пандемијата имаа трајни последици врз мозокот на луѓето над 50 години, покажа најновото истражување https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zatvoranata-i-ogranichuvaneto-vo-kovid-pandemijata-imaa-trajni-posleditsi-vrz-mozokot-na-lugeto-nad-50-godini-pokazha-najnovoto-istrazhuvane/ Thu, 02 Nov 2023 09:33:07 +0000 https://republika.mk/?p=697324

Затворањата и ограничувањата наметнати за време на пандемијата од коронавирус имаа трајни последици врз здравјето на мозокот на луѓето над 50 години, сугерира најновото истражување.

Студијата покажа дека когнитивните функции и работната меморија кај постарите луѓе брзо се намалувале за време на пандемијата, без разлика дали биле заразени со коронавирус. Истражувачите велат дека ова може да се должи на фактори влошени од пандемијата, како што се недоволно вежбање и пиење премногу алкохол, како и осаменост и депресија.

Тим составен од истражувачи од Универзитетот во Ексетер во Обединетото Кралство и Институтот за психијатрија, психологија и невронаука (IoPPN) на Кралскиот колеџ во Лондон, анализираа тестови за функцијата на мозокот на 3.142 луѓе кои учествуваа во студијата Protect, која првично беше лансирана во 2014 година, за да добие увид во мозочните функции на луѓето над 40 години во период од 25 години. Луѓето опфатени со истражувањето се на возраст меѓу 50 и 90 години и живеат во Обединетото Кралство.

Тимот ги разгледа податоците од март 2019 и февруари 2020 година, споредувајќи ги со податоците собрани во текот на првата (март 2020 до февруари 2021 година) и втората (март 2021 до февруари 2022 година) години на пандемијата.

Анализата покажа дека стапката на когнитивно опаѓање се забрза во првата година од пандемијата и беше поголема кај оние кои веќе покажуваа знаци на благ когнитивен пад пред избувнувањето на коронавирусот. Моделот продолжи и во втората година од пандемијата, за која истражувачите велат дека сугерира ефект по првичните национални исклучувања во 2020 и 2021 година.

Ен Корбет, професор по истражување за деменција и водач на студијата Protect на Универзитетот во Ексетер, рече:

Нашите наоди сугерираат дека заклучувањето и другите ограничувања што ги доживеавме за време на пандемијата навистина имаа долгорочен ефект врз здравјето на мозокот врз луѓе на возраст од 50 и повеќе години, дури и по завршувањето на затворањето. Ова го покренува важното прашање, дали луѓето се потенцијално изложени на поголем ризик од когнитивно опаѓање што може да доведе до деменција.

 

The post Затворањата и ограничувањето во ковид-пандемијата имаа трајни последици врз мозокот на луѓето над 50 години, покажа најновото истражување appeared first on Република.

]]>

Затворањата и ограничувањата наметнати за време на пандемијата од коронавирус имаа трајни последици врз здравјето на мозокот на луѓето над 50 години, сугерира најновото истражување. Студијата покажа дека когнитивните функции и работната меморија кај постарите луѓе брзо се намалувале за време на пандемијата, без разлика дали биле заразени со коронавирус. Истражувачите велат дека ова може да се должи на фактори влошени од пандемијата, како што се недоволно вежбање и пиење премногу алкохол, како и осаменост и депресија. Тим составен од истражувачи од Универзитетот во Ексетер во Обединетото Кралство и Институтот за психијатрија, психологија и невронаука (IoPPN) на Кралскиот колеџ во Лондон, анализираа тестови за функцијата на мозокот на 3.142 луѓе кои учествуваа во студијата Protect, која првично беше лансирана во 2014 година, за да добие увид во мозочните функции на луѓето над 40 години во период од 25 години. Луѓето опфатени со истражувањето се на возраст меѓу 50 и 90 години и живеат во Обединетото Кралство. Тимот ги разгледа податоците од март 2019 и февруари 2020 година, споредувајќи ги со податоците собрани во текот на првата (март 2020 до февруари 2021 година) и втората (март 2021 до февруари 2022 година) години на пандемијата. Анализата покажа дека стапката на когнитивно опаѓање се забрза во првата година од пандемијата и беше поголема кај оние кои веќе покажуваа знаци на благ когнитивен пад пред избувнувањето на коронавирусот. Моделот продолжи и во втората година од пандемијата, за која истражувачите велат дека сугерира ефект по првичните национални исклучувања во 2020 и 2021 година. Ен Корбет, професор по истражување за деменција и водач на студијата Protect на Универзитетот во Ексетер, рече:
Нашите наоди сугерираат дека заклучувањето и другите ограничувања што ги доживеавме за време на пандемијата навистина имаа долгорочен ефект врз здравјето на мозокот врз луѓе на возраст од 50 и повеќе години, дури и по завршувањето на затворањето. Ова го покренува важното прашање, дали луѓето се потенцијално изложени на поголем ризик од когнитивно опаѓање што може да доведе до деменција.
 

The post Затворањата и ограничувањето во ковид-пандемијата имаа трајни последици врз мозокот на луѓето над 50 години, покажа најновото истражување appeared first on Република.

]]>
Последиците од мутациите на ковид-19 уште не се познати https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/posleditsite-od-mutatsiite-na-kovid-19-ushte-ne-se-poznati/ Fri, 18 Aug 2023 09:35:06 +0000 https://republika.mk/?p=673282

Светската здравствена организација (СЗО) и СAД ја следат новата варијанта на коронавирусот САРС-КоВ-2. Моментално е непознато потенцијалното значење на бројните мутации.

СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) генски мутации што ги носи, пишува организацијата во епидемиолошкиот билтен.

Досега новата верзија е пронајдена во Израел, Данска и САД.

Можните последици од мутациите BA.2.86 сè уште не се познати и се предмет на темелна анализа, велат од организацијата, предупредувајќи уште еднаш дека е важно да се продолжи со следење и информирање за да се добие точна и сеопфатна слика од пандемијата со Ковид-19.

 

The post Последиците од мутациите на ковид-19 уште не се познати appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) и СAД ја следат новата варијанта на коронавирусот САРС-КоВ-2. Моментално е непознато потенцијалното значење на бројните мутации. СЗО одлучи да ја класифицира новата варијанта во групата варијанти под надзор, поради многу големиот број (повеќе од 30) генски мутации што ги носи, пишува организацијата во епидемиолошкиот билтен. Досега новата верзија е пронајдена во Израел, Данска и САД. Можните последици од мутациите BA.2.86 сè уште не се познати и се предмет на темелна анализа, велат од организацијата, предупредувајќи уште еднаш дека е важно да се продолжи со следење и информирање за да се добие точна и сеопфатна слика од пандемијата со Ковид-19.  

The post Последиците од мутациите на ковид-19 уште не се познати appeared first on Република.

]]>
Во исчезнатата подморница имаат воздух до петок: Ова се ужасните последици со кои се соочуваат заробените патници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-ischeznatata-podmornitsa-imaat-vozduh-do-petok-ova-se-uzhasnite-posleditsi-so-koi-se-soochuvaat-zarobenite-patnitsi/ Wed, 21 Jun 2023 08:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=653575

Само неколку недели пред исчезнувањето на туристичката подморница Титан, ветеран на американската морнарица предупреди на ужасните здравствени ефекти од заробувањето во таков брод.

Во научен труд објавен во медицинско списание минатиот месец, д-р Дејл Моле детално ја опиша „непријателската“ средина на комерцијалните подморници. Во длабочините, патниците се соочуваат со ограничени резерви на кислород, токсични нивоа на јаглерод диоксид и опаѓање на температурите.

Подморницата Титан треба да има прочистувач на јаглерод диоксид за да го отстрани вишокот токсичен гас што се акумулира кога патниците издишуваат во затворени простории, но повеќето бродови имаат ограничен капацитет од овој прочистувач.

Постои и ризик од хипотермија поради ниските температури во длабочините на океаните, како и хипервентилација предизвикана од напади на паника, која може да потроши уште повеќе скапоцен кислород.

Научен труд објавен помалку од еден месец пред инцидентот на Титан
Трудот на д-р Моле беше објавен во научно списание на 29 мај, само 20 дена пред Титан да изгуби контакт со својот мајчин брод, оставајќи пет патници заробени на дното на океанот. На подморницата и останаа 40 часа кислород во вторникот, околу 13 часот по локално време, објави американската крајбрежна стража.

д-р. Моле изјави за DailyMail дека се води трка со времето во обидат за спасување на патниците.

Подморницата нурнала во неделата и изгубила контакт со матичниот брод час и 45 минути по почетокот на патувањето. Постои можност Титан да се наоѓа на површината на океанот, но бидејќи патниците се затворени во главната капсула која може да се отвори само однадвор, тие се заробени и се уште можат да се задушат доколку не ги најдат наскоро.

- Заробениот екипаж на потонат брод или подморница се соочува со многу физиолошки предизвици, вклучувајќи токсични гасови, изложеност на зголемен притисок од околината и хипотермија - напиша д-р Моле во својот труд, објавен во списанието Ciottone's Disaster Medicine.

Поголема грижа од кислородот е јаглерод диоксидот

Секогаш кога луѓето се во херметички затворен простор, повеќето помислуваат прво на кислородот, но јаглерод диоксидот всушност е поголема грижа. Сигурно ќе има некој систем за чистење на јаглерод диоксид во подморницата, но во случај на губење на изворот на енергија тој систем повеќе не би функционирал.

На луѓето внатре ќе им биде тешко да дишат, ќе им се зголеми длабочината на дишењето. Ќе започне главоболка и постепено ќе ја губат свеста. Зголеменото ниво на јаглерод диоксид е она што прво ги убива луѓето кога се во затворена средина, а не нивото на кислород - додава тој.

Што ако не ја најдат подморницата на време?

Штом ќе ја изгубат способноста да го отстранат јаглеродниот диоксид од таа внатрешна атмосфера, тоа е она што ќе доведе до смрт.Тоа е како да ставите кеса преку глава. Ќе има чувство на „глад за воздух“, а потоа ќе следи несвестица – објаснува тој.

Хипотермијата е уште еден значаен ризик за екипажот.

Внатре во ваква мала подморница, електронската опрема на бродот ќе генерира малку внатрешна топлина, а луѓето исто така ќе генерираат топлина бидејќи тоа е мал простор. Сепак, брзо ќе стане прилично студено.

После тоа, тие ќе ја изгубат способноста да ги користат рацете и „тогаш постепено ќе паднат во несвест“, вели д-р Моле.

Треба да се трудите да останете максимално смирени и да исклучувате што е можно повеќе електрична опрема за да ја зачувате батеријата.

Друга можност е пенетрација на вода во кабината, изјави д-р Моле.

Се случува толку брзо што навистина не би знаеле што се случило.

Да беше така, оние во подморницата ќе загинаа веднаш, додаде тој. Доколку е сè уште недопрена, патниците сè уште не треба да имаат никакви негативни здравствени ефекти, рече тој.

Заглавени во сè постресна ситуација, патниците на подморницата најверојатно ќе ги фати паника. Симптомите на напад на паника вклучуваат забрзано чукање на срцето, отежнато дишење и мускулна напнатост. Луѓето може да чувствуваат вртоглавица, гадење и да чувствуваат тремор и препотување.

Тие може да почнат да дишат брзо и длабоко, што може да предизвика премногу јаглерод диоксид да се издишува додека нема доволно кислород за да се вдише. Сето ова може да доведе до хипервентилација.

д-р. Моле го доставил својот труд до списанието пред две години, а бил објавен неколку недели пред инцидентот на Титан.

The post Во исчезнатата подморница имаат воздух до петок: Ова се ужасните последици со кои се соочуваат заробените патници appeared first on Република.

]]>

Само неколку недели пред исчезнувањето на туристичката подморница Титан, ветеран на американската морнарица предупреди на ужасните здравствени ефекти од заробувањето во таков брод. Во научен труд објавен во медицинско списание минатиот месец, д-р Дејл Моле детално ја опиша „непријателската“ средина на комерцијалните подморници. Во длабочините, патниците се соочуваат со ограничени резерви на кислород, токсични нивоа на јаглерод диоксид и опаѓање на температурите. Подморницата Титан треба да има прочистувач на јаглерод диоксид за да го отстрани вишокот токсичен гас што се акумулира кога патниците издишуваат во затворени простории, но повеќето бродови имаат ограничен капацитет од овој прочистувач. Постои и ризик од хипотермија поради ниските температури во длабочините на океаните, како и хипервентилација предизвикана од напади на паника, која може да потроши уште повеќе скапоцен кислород. Научен труд објавен помалку од еден месец пред инцидентот на Титан Трудот на д-р Моле беше објавен во научно списание на 29 мај, само 20 дена пред Титан да изгуби контакт со својот мајчин брод, оставајќи пет патници заробени на дното на океанот. На подморницата и останаа 40 часа кислород во вторникот, околу 13 часот по локално време, објави американската крајбрежна стража. д-р. Моле изјави за DailyMail дека се води трка со времето во обидат за спасување на патниците. Подморницата нурнала во неделата и изгубила контакт со матичниот брод час и 45 минути по почетокот на патувањето. Постои можност Титан да се наоѓа на површината на океанот, но бидејќи патниците се затворени во главната капсула која може да се отвори само однадвор, тие се заробени и се уште можат да се задушат доколку не ги најдат наскоро.
- Заробениот екипаж на потонат брод или подморница се соочува со многу физиолошки предизвици, вклучувајќи токсични гасови, изложеност на зголемен притисок од околината и хипотермија - напиша д-р Моле во својот труд, објавен во списанието Ciottone's Disaster Medicine.
Поголема грижа од кислородот е јаглерод диоксидот
Секогаш кога луѓето се во херметички затворен простор, повеќето помислуваат прво на кислородот, но јаглерод диоксидот всушност е поголема грижа. Сигурно ќе има некој систем за чистење на јаглерод диоксид во подморницата, но во случај на губење на изворот на енергија тој систем повеќе не би функционирал. На луѓето внатре ќе им биде тешко да дишат, ќе им се зголеми длабочината на дишењето. Ќе започне главоболка и постепено ќе ја губат свеста. Зголеменото ниво на јаглерод диоксид е она што прво ги убива луѓето кога се во затворена средина, а не нивото на кислород - додава тој.
Што ако не ја најдат подморницата на време?
Штом ќе ја изгубат способноста да го отстранат јаглеродниот диоксид од таа внатрешна атмосфера, тоа е она што ќе доведе до смрт.Тоа е како да ставите кеса преку глава. Ќе има чувство на „глад за воздух“, а потоа ќе следи несвестица – објаснува тој.
Хипотермијата е уште еден значаен ризик за екипажот.
Внатре во ваква мала подморница, електронската опрема на бродот ќе генерира малку внатрешна топлина, а луѓето исто така ќе генерираат топлина бидејќи тоа е мал простор. Сепак, брзо ќе стане прилично студено.
После тоа, тие ќе ја изгубат способноста да ги користат рацете и „тогаш постепено ќе паднат во несвест“, вели д-р Моле.
Треба да се трудите да останете максимално смирени и да исклучувате што е можно повеќе електрична опрема за да ја зачувате батеријата.
Друга можност е пенетрација на вода во кабината, изјави д-р Моле.
Се случува толку брзо што навистина не би знаеле што се случило.
Да беше така, оние во подморницата ќе загинаа веднаш, додаде тој. Доколку е сè уште недопрена, патниците сè уште не треба да имаат никакви негативни здравствени ефекти, рече тој. Заглавени во сè постресна ситуација, патниците на подморницата најверојатно ќе ги фати паника. Симптомите на напад на паника вклучуваат забрзано чукање на срцето, отежнато дишење и мускулна напнатост. Луѓето може да чувствуваат вртоглавица, гадење и да чувствуваат тремор и препотување. Тие може да почнат да дишат брзо и длабоко, што може да предизвика премногу јаглерод диоксид да се издишува додека нема доволно кислород за да се вдише. Сето ова може да доведе до хипервентилација. д-р. Моле го доставил својот труд до списанието пред две години, а бил објавен неколку недели пред инцидентот на Титан.

The post Во исчезнатата подморница имаат воздух до петок: Ова се ужасните последици со кои се соочуваат заробените патници appeared first on Република.

]]>
Невролозите укажуваат на „облак“ во меморијата и автоимуни болести како последица на Омикрон https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nevrolozite-ukazuvaat-na-oblak-vo-memorijata-i-avtoimuni-bolesti-kako-posledica-na-omikron/ Wed, 03 Aug 2022 08:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=536331

Најчестите компликации се автоимуните болести - од воспаление на мозокот до мултиплекс склероза. Како пост-ковид симптоми се јавуваат и вртоглавици, главоболки и проблеми со меморијата, пишува Дојче веле.

Колку е потешка клиничката состојба кај заразените, толку се поголеми и пост-ковид компликациите коишто се појавуваат по прележувањето на болеста. Најчестите компликации се автоимуните болести - од воспаление на мозокот до мултиплекс склероза. Како пост-ковид симптоми се јавуваат и вртоглавици, главоболки и проблеми со меморијата.

Вирусот може ја влоши состојбата кај веќе постоечките автоимуни болести, или пак да доведе до нови автоимуни заболувања. Проблеми може да имаат и постарите, но и помладите пациенти. Кај помладите лица ковидот може да го нападне автономниот нервен систем и да предизвика тахикардии, аритмии и во ретки случаи престанок на работата на срцето.

Целиот текст овде.

The post Невролозите укажуваат на „облак“ во меморијата и автоимуни болести како последица на Омикрон appeared first on Република.

]]>

Најчестите компликации се автоимуните болести - од воспаление на мозокот до мултиплекс склероза. Како пост-ковид симптоми се јавуваат и вртоглавици, главоболки и проблеми со меморијата, пишува Дојче веле. Колку е потешка клиничката состојба кај заразените, толку се поголеми и пост-ковид компликациите коишто се појавуваат по прележувањето на болеста. Најчестите компликации се автоимуните болести - од воспаление на мозокот до мултиплекс склероза. Како пост-ковид симптоми се јавуваат и вртоглавици, главоболки и проблеми со меморијата. Вирусот може ја влоши состојбата кај веќе постоечките автоимуни болести, или пак да доведе до нови автоимуни заболувања. Проблеми може да имаат и постарите, но и помладите пациенти. Кај помладите лица ковидот може да го нападне автономниот нервен систем и да предизвика тахикардии, аритмии и во ретки случаи престанок на работата на срцето. Целиот текст овде.

The post Невролозите укажуваат на „облак“ во меморијата и автоимуни болести како последица на Омикрон appeared first on Република.

]]>