поскапување струја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poskapuvanje-struja/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Dec 2022 07:42:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поскапување струја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poskapuvanje-struja/ 32 32 Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи струјата од 1 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-ke-znaeme-kolku-ke-poskapi-strujata-od-1-januari/ Wed, 28 Dec 2022 07:42:14 +0000 https://republika.mk/?p=590755

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари.

Трите енергетски компании ги доставија своите барања до Регулаторната комисија за енергетика и доколку се прифатат нивните барања, цената на струјата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, но во крајниот трошок ќе влезе и зголемувањето на данокот на додадена вредност од 5 на 10 проценти.

Доколку се прифатат барањата како што се наведени, просечната цена за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, а зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто ќе има влијание од 4,72 проценти на крајниот трошок, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во понеделникот.

АД МЕПСО бара зголемување на цената за пренос на електрична енергија за 29,75 проценти, „ЕВН Електродистрибуција“ бара намалување на услугата за дистрибуција на електрична енергија за 2,8 проценти, а универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ бара зголемување за пет отсто на цената за снабдување со електрична енергија.

The post Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи струјата од 1 јануари appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари. Трите енергетски компании ги доставија своите барања до Регулаторната комисија за енергетика и доколку се прифатат нивните барања, цената на струјата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, но во крајниот трошок ќе влезе и зголемувањето на данокот на додадена вредност од 5 на 10 проценти.
Доколку се прифатат барањата како што се наведени, просечната цена за снабдување на малите потрошувачи и домаќинствата би се зголемила за 3,5 до 4 проценти, а зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто ќе има влијание од 4,72 проценти на крајниот трошок, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во понеделникот.
АД МЕПСО бара зголемување на цената за пренос на електрична енергија за 29,75 проценти, „ЕВН Електродистрибуција“ бара намалување на услугата за дистрибуција на електрична енергија за 2,8 проценти, а универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ бара зголемување за пет отсто на цената за снабдување со електрична енергија.

The post Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи струјата од 1 јануари appeared first on Република.

]]>
Тортевски: Не ви беше чудно што ЕВН редовно на многу високи позиции прима најблиски луѓе од врвот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tortevski-ne-vi-beshe-chudno-shto-evn-redovno-na-mnogu-visoki-pozicii-prima-najbliski-lugje-od-vrvot/ Fri, 02 Sep 2022 08:02:16 +0000 https://republika.mk/?p=546632

Не ви беше чудно што ЕВН редовно на многу високи позиции прима најблиски луѓе од врвот на владеачките партии, прашува адвокатот Александар Тортевски, според кој токму тоа довело сега да плаќаме висока цена за транспортот на електричната енергија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zitel-na-kochani-ja-objavi-smetkata-71-000-denari-za-struja-a-5-000-evra-za-prenos-i-distribucija/

Не ви беше чудно што ЕВН редовно на многу високи позиции прима најблиски луѓе од врвот на владеачките партии. Им дава огромни плати и привилегии. Сега ќе се чудиме како струјата чини 1.500 денари а транспортот 3.000, вели тој.

The post Тортевски: Не ви беше чудно што ЕВН редовно на многу високи позиции прима најблиски луѓе од врвот? appeared first on Република.

]]>

Не ви беше чудно што ЕВН редовно на многу високи позиции прима најблиски луѓе од врвот на владеачките партии, прашува адвокатот Александар Тортевски, според кој токму тоа довело сега да плаќаме висока цена за транспортот на електричната енергија. https://republika.mk/vesti/makedonija/zitel-na-kochani-ja-objavi-smetkata-71-000-denari-za-struja-a-5-000-evra-za-prenos-i-distribucija/
Не ви беше чудно што ЕВН редовно на многу високи позиции прима најблиски луѓе од врвот на владеачките партии. Им дава огромни плати и привилегии. Сега ќе се чудиме како струјата чини 1.500 денари а транспортот 3.000, вели тој.

The post Тортевски: Не ви беше чудно што ЕВН редовно на многу високи позиции прима најблиски луѓе од врвот? appeared first on Република.

]]>
Ново поскапување на струјата од најмалку 10% од 1 јули? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/novo-poskapuvanje-na-strujata-od-najmalku-10-od-1-juli/ Fri, 27 May 2022 15:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=507729

Ново поскапување од најмалку 10 отсто на цената на струјата им се заканува на домаќинствата од јули. Наместо вината да ја гледа кај себе, директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски вели дека ова е резултат на малверзации на дел од општините.

Од РКЕ обвинуваат дека за само 3 месеци општините за да си ги скусат трошоците за струја формирале јавни претпријатија преку кои си обезбедувале струја по цена за домаќинствата и за само 3 месеци направиле долг од 30 милиони евра.

Тврдат дека бараат начин како овој трошок од општините да не падне на товар на граѓаните и да не им се пресмета во крајната цена на домаќинствата.

Верувам дека ќе се објават кои се тие општини и граѓаните да знаат дека општините не се грижат за нив измислуваат разни финти за да се вратат на регулиран пазар и заради тоа овој трошок од 30 милиони евра, значи 10 отсто зголемување на цената за граѓаните и тој трошок РКЕ ќе го префрли назад кај сите тие општини и на крај на памет не ми е тој товар повторно да го преземе РКЕ, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимовски

Во овие 10 посто раст кои ги најавува Регулаторна комисија за енергетика, не се пресметани трошоците од енергетските компании и цената од ЕСМ од која најмногу зависи крајната цена за граѓаните. Дел од компаниите веќе доставиле барање до РКЕ, се чека уште од МЕПСО.

Општините пак подолг период се жалат дека нивните сметки се за струја се пораснати 5 до 6 пати.

Во меѓувреме Регулаторна крои тарифник со кој цената на струјата во скапата тарифа ќе зависи од потрошувачката. Бислимовски открива дека се разгледува опцијата над 250 киловати потрошена струја на граѓаните да им се тарифира по повисока цена.

Според Билимовски, единствен спас за голем пораст на крајната цена ќе биде ЕСМ да обезбеди 100 посто од потребите на ЕВН.

The post Ново поскапување на струјата од најмалку 10% од 1 јули? appeared first on Република.

]]>

Ново поскапување од најмалку 10 отсто на цената на струјата им се заканува на домаќинствата од јули. Наместо вината да ја гледа кај себе, директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски вели дека ова е резултат на малверзации на дел од општините. Од РКЕ обвинуваат дека за само 3 месеци општините за да си ги скусат трошоците за струја формирале јавни претпријатија преку кои си обезбедувале струја по цена за домаќинствата и за само 3 месеци направиле долг од 30 милиони евра. Тврдат дека бараат начин како овој трошок од општините да не падне на товар на граѓаните и да не им се пресмета во крајната цена на домаќинствата.
Верувам дека ќе се објават кои се тие општини и граѓаните да знаат дека општините не се грижат за нив измислуваат разни финти за да се вратат на регулиран пазар и заради тоа овој трошок од 30 милиони евра, значи 10 отсто зголемување на цената за граѓаните и тој трошок РКЕ ќе го префрли назад кај сите тие општини и на крај на памет не ми е тој товар повторно да го преземе РКЕ, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимовски
Во овие 10 посто раст кои ги најавува Регулаторна комисија за енергетика, не се пресметани трошоците од енергетските компании и цената од ЕСМ од која најмногу зависи крајната цена за граѓаните. Дел од компаниите веќе доставиле барање до РКЕ, се чека уште од МЕПСО. Општините пак подолг период се жалат дека нивните сметки се за струја се пораснати 5 до 6 пати. Во меѓувреме Регулаторна крои тарифник со кој цената на струјата во скапата тарифа ќе зависи од потрошувачката. Бислимовски открива дека се разгледува опцијата над 250 киловати потрошена струја на граѓаните да им се тарифира по повисока цена. Според Билимовски, единствен спас за голем пораст на крајната цена ќе биде ЕСМ да обезбеди 100 посто од потребите на ЕВН.

The post Ново поскапување на струјата од најмалку 10% од 1 јули? appeared first on Република.

]]>
Лани ова време струјата чинеше 60 евра за мегават, сега е 350 – цените уште ќе растат! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/lani-ova-vreme-strujata-chineshe-60-evra-za-megavat-sega-e-350-cenite-ushte-kje-rastat/ Wed, 11 May 2022 20:58:08 +0000 https://republika.mk/?p=501227

Трендот на пораст на цените ќе продолжи, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат директорот во Макстил, Петар Јаневски. Тој од денешен аспект не може да предвиди до кога ќе се случуваат таквите нагорни трендови, но очекува дека тие ќе продолжат.

Многу е неблагодарно да се каже до кога и како може да се менаџира оваа состојба којашто ја имаме денеска бидејќи лани овој дел од годината имавме цена на струјата по 60 евра за мегават, денеска е 350. Веројатно во текот на целата година, ако не и во следната, 2023-та, овие високи нивоа ќе продолжат, а тоа значи само едно – повисоки трошоци за производство, не само на големите капацитети, туку и на малите бизниси. Многу е неблагодарно да се каже до каде ќе оди, но може да се каже дека сигурно ќе продолжи, вели Јаневски.

The post Лани ова време струјата чинеше 60 евра за мегават, сега е 350 – цените уште ќе растат! appeared first on Република.

Протест на 25 февруари поради хаосот со високите сметки и долговите за струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/protest-na-25-fevruari-poradi-haosot-so-visokite-smetki-i-dolgovite-za-struja/ Tue, 15 Feb 2022 10:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=458752

Стопанската комора за енергетика и компаниите, на 25 февруари, ќе излезат на протест пред Владата, каде што ќе ги повторат своите барања и решенија за состојбата со енергетската криза. Од Комората, на 24 јануари, доставија барања до Владата. Едно од барањата е разрешување на економските министри, одредени директори и претседатели на компании и поставување стручни кадри на нивните места. Според нив, со своите решенија ќе успеат да ја спасат државата од кризата.

Од Комората велат дека државата мора да издвои пари од Буџетот и за компаниите за да им се помогне да ја надминат енергетската криза. Со проблеми се соочуваат и компаниите од текстилната, пекарската индустрија, а и од другите индустрии. Оттаму велат дека е потребно итно субвенционирање на електричната енергија.

Претседателот на Комората, Ѓорѓи Манасков, појаснува дека државата може да отиде во банкрот, бидејќи вкупните долгови на енергетските компании се над една милијарда евра.

Ако Владата и ЕСМ нè послушаа и уште во август набавеа електрична енергија по 90 евра за мегават-час, ќе потрошеа 350 милиони евра, ќе ги спасеа од загуби и долгови енергетските компании и немаше да има енергетска криза. Сега, вкупните загуби на енергетските компании се над една милијада евра и дополнително ќе се зголемуваат бидејќи енергетската криза нема да заврши утре, изјави Манасков за ВЕЧЕР.

Но, според министерот за економија Крешник Бектеши, државата досега потрошила 170 милиони евра за енергетската криза, додека државите во соседството дале многу повеќе.

Моментално, нема рестрикции во Македонија, нема ценовни шокови за домаќинствата и за малите потрошувачи. Горд сум на сето она што досега сме го постигнале, а не сме трошеле од Буџетот. Ако се споредиме со Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина или со другите држави во соседството, кои потрошиле милијарди само за овие месеци, ние целосно не сме потрошиле ни 170 милиони евра, истакна Бектеши.

На високи сметки за струја, освен граѓаните и компаниите, се жалат и државните институции, јавните претпријатија и општините, кои должат над 20 милиони евра за струја. Долгот е направен во последната година, откако цена на струјата имаше огромен раст од над 100 отсто на светските берзи.

Според информациите, меѓу најголемите должници се Министерството за здравство, неколку јавни претпријатија и општините. Сепак, од Владата не попуштаат и велат буџетските корисници од централната власт, единиците на локалната самоуправа и институциите во најкраток временски рок да ги намират заостанатите обврски за потрошена струја и да ги плаќаат фактурите во утврдените рокови.

The post Протест на 25 февруари поради хаосот со високите сметки и долговите за струја appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора за енергетика и компаниите, на 25 февруари, ќе излезат на протест пред Владата, каде што ќе ги повторат своите барања и решенија за состојбата со енергетската криза. Од Комората, на 24 јануари, доставија барања до Владата. Едно од барањата е разрешување на економските министри, одредени директори и претседатели на компании и поставување стручни кадри на нивните места. Според нив, со своите решенија ќе успеат да ја спасат државата од кризата. Од Комората велат дека државата мора да издвои пари од Буџетот и за компаниите за да им се помогне да ја надминат енергетската криза. Со проблеми се соочуваат и компаниите од текстилната, пекарската индустрија, а и од другите индустрии. Оттаму велат дека е потребно итно субвенционирање на електричната енергија. Претседателот на Комората, Ѓорѓи Манасков, појаснува дека државата може да отиде во банкрот, бидејќи вкупните долгови на енергетските компании се над една милијарда евра.
Ако Владата и ЕСМ нè послушаа и уште во август набавеа електрична енергија по 90 евра за мегават-час, ќе потрошеа 350 милиони евра, ќе ги спасеа од загуби и долгови енергетските компании и немаше да има енергетска криза. Сега, вкупните загуби на енергетските компании се над една милијада евра и дополнително ќе се зголемуваат бидејќи енергетската криза нема да заврши утре, изјави Манасков за ВЕЧЕР.
Но, според министерот за економија Крешник Бектеши, државата досега потрошила 170 милиони евра за енергетската криза, додека државите во соседството дале многу повеќе.
Моментално, нема рестрикции во Македонија, нема ценовни шокови за домаќинствата и за малите потрошувачи. Горд сум на сето она што досега сме го постигнале, а не сме трошеле од Буџетот. Ако се споредиме со Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина или со другите држави во соседството, кои потрошиле милијарди само за овие месеци, ние целосно не сме потрошиле ни 170 милиони евра, истакна Бектеши.
На високи сметки за струја, освен граѓаните и компаниите, се жалат и државните институции, јавните претпријатија и општините, кои должат над 20 милиони евра за струја. Долгот е направен во последната година, откако цена на струјата имаше огромен раст од над 100 отсто на светските берзи. Според информациите, меѓу најголемите должници се Министерството за здравство, неколку јавни претпријатија и општините. Сепак, од Владата не попуштаат и велат буџетските корисници од централната власт, единиците на локалната самоуправа и институциите во најкраток временски рок да ги намират заостанатите обврски за потрошена струја и да ги плаќаат фактурите во утврдените рокови.

The post Протест на 25 февруари поради хаосот со високите сметки и долговите за струја appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Поскапувањето на струјата директно ќе удри на стандардот на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-poskapuvanjeto-na-strujata-direktno-kje-udri-na-standardot-na-gragjanite/ Wed, 19 Jan 2022 11:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=446683

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес од Охрид одговарајќи на новинарско прашање во однос на поскапувањето на струјата и финансиската поддршка од владата за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања и заштита на ранливи потрошувачи на енергија како и тоа дали субвенциите за електрична енергија на владата ќе им помогнат на граѓаните истакна дека поскапувањето на струјата директно ќе удри врз стандардот на граѓаните и дополнително ќе ги осиромаши.

„Видете сме го коментирале тоа многу пати до сега, дека тоа ќе удри директно врз стандардот на граѓаните, и дека практично тоа е уште еден чекор кон осиромашување на граѓаните“, нагласи Мицкоски

The post Мицкоски: Поскапувањето на струјата директно ќе удри на стандардот на граѓаните appeared first on Република.