поскапи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poskapi/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 12:15:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поскапи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poskapi/ 32 32 Од утре поскап бензинот „Супер 95“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-utre-poskap-benzinot-super-95/ Mon, 01 Jul 2024 12:15:27 +0000 https://republika.mk/?p=792427

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 од вечерва на полноќ се зголемува за 0,5 денари, и ќе изнесува 83 денари по литар.

Цената на ЕУРОСУПЕР 98 останува непроменета, односно 85 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто е непроменета, и ќе се продава по 76,5 денари по литар.

Цената на екстралесното место останува иста (75 денари), додека незначително поскапување на мазутот од 0,1 денар, и ќе изнесува 48 денари по килограм.

 

The post Од утре поскап бензинот „Супер 95“ appeared first on Република.

]]>

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 од вечерва на полноќ се зголемува за 0,5 денари, и ќе изнесува 83 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 останува непроменета, односно 85 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто е непроменета, и ќе се продава по 76,5 денари по литар. Цената на екстралесното место останува иста (75 денари), додека незначително поскапување на мазутот од 0,1 денар, и ќе изнесува 48 денари по килограм.  

The post Од утре поскап бензинот „Супер 95“ appeared first on Република.

]]>
Чоколадото веројатно ќе поскапи: Африка ја запира преработката на какао https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/chokoladoto-verojatno-ke-poskapi-afrika-ja-zapira-prerabotkata-na-kakao/ Fri, 15 Mar 2024 10:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=755083

Главните африкански фабрики во Брегот на Слоновата Коска и Гана кои преработуваат какао прекинуваат со работа, бидејќи не можат да си дозволат купување на сировата билка во облик на зрно, наведуваат извори од индустријата.

Тоа значи дека чоколадото веројатно ќе поскапи низ целиот свет, а произведувачите веќе ги креваат цените за потрошувачите, пренесува Ројтерс.

Ваквата ситуација е резултат на трите години лоши берби на какаото, а се очекува и четврта во споменатите две африкански земји, кои произведуваат речиси 60 отсто од светските количества на таа билка.

Какаото во минатата година повеќе од двојно поскапе, па произведувачите на чоколадо не можат да си го дозволат и зависат од преработувачите кои можат да ги претворат зрната во путер и ликер, од што можат да прават чоколадо.

Преработувачите истакнуваат дека не можат да ги купуваат зрната поради високата цена.

Како што наведуваат изворите, наскоро би можеле да се затворат уште државни фабрики во Брегот на Слоновата Коска, во која е сместено речиси половина од светското производство на какао.

Повеќето од осумте големи фабрики на вториот голем произведувач Гана, вклучувајќи ја и државната фабрика за преработка, повеќе пати ја прекинуваат работата, од почетокот на сезоната во октомври, пишува Ројтерс.

 

The post Чоколадото веројатно ќе поскапи: Африка ја запира преработката на какао appeared first on Република.

]]>

Главните африкански фабрики во Брегот на Слоновата Коска и Гана кои преработуваат какао прекинуваат со работа, бидејќи не можат да си дозволат купување на сировата билка во облик на зрно, наведуваат извори од индустријата. Тоа значи дека чоколадото веројатно ќе поскапи низ целиот свет, а произведувачите веќе ги креваат цените за потрошувачите, пренесува Ројтерс. Ваквата ситуација е резултат на трите години лоши берби на какаото, а се очекува и четврта во споменатите две африкански земји, кои произведуваат речиси 60 отсто од светските количества на таа билка. Какаото во минатата година повеќе од двојно поскапе, па произведувачите на чоколадо не можат да си го дозволат и зависат од преработувачите кои можат да ги претворат зрната во путер и ликер, од што можат да прават чоколадо. Преработувачите истакнуваат дека не можат да ги купуваат зрната поради високата цена. Како што наведуваат изворите, наскоро би можеле да се затворат уште државни фабрики во Брегот на Слоновата Коска, во која е сместено речиси половина од светското производство на какао. Повеќето од осумте големи фабрики на вториот голем произведувач Гана, вклучувајќи ја и државната фабрика за преработка, повеќе пати ја прекинуваат работата, од почетокот на сезоната во октомври, пишува Ројтерс.  

The post Чоколадото веројатно ќе поскапи: Африка ја запира преработката на какао appeared first on Република.

]]>
Новите автомобили во ЕУ ќе поскапат во просек за 600 евра поради данокот на јаглерод https://arhiva3.republika.mk/zivot/tehnologija/novite-avtomobili-vo-eu-ke-poskapat-vo-prosek-za-600-evra-poradi-danokot-na-jaglerod/ Fri, 13 Oct 2023 09:52:52 +0000 https://republika.mk/?p=690833

Новата гранична такса за јаглерод во Европската унија, според проценката на американската консултантска компанија Boston Consulting Group, ќе предизвика поскапување на новите автомобили за речиси 600 евра.

Регулативата на Европската унија за прекуграничниот механизам за прилагодување на цената на јаглеродот (CBAM) ги обврзува увозниците надвор од ЕУ да ѝ плаќаат данок на јаглерод што го испуштаат за време на производството, како што се челикот и цементот.

Бостон Консалтинг групацијата посочи дека просечниот автомобил со четири врати содржи седум тони јаглерод диоксид (CO2), од кои нешто помалку од половина се однесуваат на челикот и алуминиумот што се користат за производство на автомобили, објави порталот Енергија Балкан.

Имајќи предвид дека данокот на тон јаглерод во моментов е 82,90 евра, просечната цена на новиот автомобил се очекува да се зголеми за 580,30 евра.

Производителите веќе мораа да го откупат правото да испуштаат јаглерод диоксид (ETS) за да можат да го увезат она што им е потребно за производство.

The post Новите автомобили во ЕУ ќе поскапат во просек за 600 евра поради данокот на јаглерод appeared first on Република.

]]>

Новата гранична такса за јаглерод во Европската унија, според проценката на американската консултантска компанија Boston Consulting Group, ќе предизвика поскапување на новите автомобили за речиси 600 евра. Регулативата на Европската унија за прекуграничниот механизам за прилагодување на цената на јаглеродот (CBAM) ги обврзува увозниците надвор од ЕУ да ѝ плаќаат данок на јаглерод што го испуштаат за време на производството, како што се челикот и цементот. Бостон Консалтинг групацијата посочи дека просечниот автомобил со четири врати содржи седум тони јаглерод диоксид (CO2), од кои нешто помалку од половина се однесуваат на челикот и алуминиумот што се користат за производство на автомобили, објави порталот Енергија Балкан. Имајќи предвид дека данокот на тон јаглерод во моментов е 82,90 евра, просечната цена на новиот автомобил се очекува да се зголеми за 580,30 евра. Производителите веќе мораа да го откупат правото да испуштаат јаглерод диоксид (ETS) за да можат да го увезат она што им е потребно за производство.

The post Новите автомобили во ЕУ ќе поскапат во просек за 600 евра поради данокот на јаглерод appeared first on Република.

]]>
Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари за литар https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gorivata-poskapuvaat-od-1-5-do-dva-denari-za-litar/ Mon, 10 Apr 2023 10:44:53 +0000 https://republika.mk/?p=629414

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари за литар, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за два денариа за литар. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 84,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 87, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 73 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,505 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,079 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,946 отсто, кај дизелот за 4,784, кај екстра лесното масло за 4,793 и кај мазутот за 1,892 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,224 отсто.

The post Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари за литар appeared first on Република.

]]>

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари за литар, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за два денариа за литар. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 84,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 87, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 73 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,505 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,079 денари. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,946 отсто, кај дизелот за 4,784, кај екстра лесното масло за 4,793 и кај мазутот за 1,892 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,224 отсто.

The post Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари за литар appeared first on Република.

]]>
И кафето ќе поскапи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/i-kafeto-kje-poskapi/ Tue, 23 Aug 2022 07:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=543112

Намалените приноси на кафе во Бразил, најголемиот светски производител, би можеле да предизвикаат нагло зголемување на цените на кафето ширум светот во наредните месеци.
Фјучерсите на кафе се зголемија за речиси 90 отсто минатата година, откако сушата и мразот го погодија производството во Бразил, покажуваат податоците за тргувањето.

Цените на кафето скокнаа на 10-годишен максимум од 2,59 долари за фунта (1 фунта = 453,5 грама) во февруари и остануваат повисоки од претходните години, со зголемување од 18,06 отсто на годишно ниво.

Аналитичарите очекуваат дополнителен раст на цените поради специфичноста на бербата на кафето во Бразил.

Традиционално, тоа се одвива во циклус од две години, а земјоделците берат поголеми количини Арабика во парните години.

Сепак, поради екстремните временски услови во 2021 година, очекувањата за годинешната реколта се мали, особено со оглед на зголемувањето на трошоците за ѓубриво и транспорт.

Заедно со Бразил, плантажите во Колумбија, уште еден голем извозник на кафе, исто така беа погодени од повлажни временски услови од нормалното.

Според некои проценки, според Волстрит журнал, овогодинешните приноси на некои фарми би можеле да бидат и до 50 отсто помали.

 

The post И кафето ќе поскапи appeared first on Република.

]]>

Намалените приноси на кафе во Бразил, најголемиот светски производител, би можеле да предизвикаат нагло зголемување на цените на кафето ширум светот во наредните месеци. Фјучерсите на кафе се зголемија за речиси 90 отсто минатата година, откако сушата и мразот го погодија производството во Бразил, покажуваат податоците за тргувањето. Цените на кафето скокнаа на 10-годишен максимум од 2,59 долари за фунта (1 фунта = 453,5 грама) во февруари и остануваат повисоки од претходните години, со зголемување од 18,06 отсто на годишно ниво. Аналитичарите очекуваат дополнителен раст на цените поради специфичноста на бербата на кафето во Бразил. Традиционално, тоа се одвива во циклус од две години, а земјоделците берат поголеми количини Арабика во парните години. Сепак, поради екстремните временски услови во 2021 година, очекувањата за годинешната реколта се мали, особено со оглед на зголемувањето на трошоците за ѓубриво и транспорт. Заедно со Бразил, плантажите во Колумбија, уште еден голем извозник на кафе, исто така беа погодени од повлажни временски услови од нормалното. Според некои проценки, според Волстрит журнал, овогодинешните приноси на некои фарми би можеле да бидат и до 50 отсто помали.  

The post И кафето ќе поскапи appeared first on Република.

]]>
Ќе поскапи евтината струја? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kje-poskapi-evtinata-struja/ Tue, 28 Jun 2022 17:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=520872

Можно е поскапување и на евтината струја, објави „Телма“.

Какви точно ќе се знае утре, но според информациите можно е и цената за евтината тарифа која граѓаните најчесто ја користат да се зголеми. Исто така РКЕ наместо една просечна, утре ќе објави четири цени, за секој тарифен блок посебно.

Она што се знае е дека цените за потрошувачката на киловатите, во сите блокови ќе бидат зголемени. Но најголемо поскапување ќе има за последниот, четвртиот блок кое се очекува да биде и повеќе од 140 отсто. На овие граѓани електрична енергија ќе им се фактуира по цени, слични како на отворен пазар.

Регулаторна ги прави последните пресметки за новите цени на струјата кои треба да ги објави утре. Речиси сите енергетски компании прикажаа зголемени трошоци и побараа поскапување на својата услуга и тоа од 60 до 80 отсто.

 

The post Ќе поскапи евтината струја? appeared first on Република.

]]>

Можно е поскапување и на евтината струја, објави „Телма“. Какви точно ќе се знае утре, но според информациите можно е и цената за евтината тарифа која граѓаните најчесто ја користат да се зголеми. Исто така РКЕ наместо една просечна, утре ќе објави четири цени, за секој тарифен блок посебно. Она што се знае е дека цените за потрошувачката на киловатите, во сите блокови ќе бидат зголемени. Но најголемо поскапување ќе има за последниот, четвртиот блок кое се очекува да биде и повеќе од 140 отсто. На овие граѓани електрична енергија ќе им се фактуира по цени, слични како на отворен пазар. Регулаторна ги прави последните пресметки за новите цени на струјата кои треба да ги објави утре. Речиси сите енергетски компании прикажаа зголемени трошоци и побараа поскапување на својата услуга и тоа од 60 до 80 отсто.  

The post Ќе поскапи евтината струја? appeared first on Република.

]]>
Михајловиќ: Струјата во Србија мора да поскапи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mihajlovikj-strujata-vo-srbija-mora-da-poskapi/ Tue, 10 May 2022 11:27:35 +0000 https://republika.mk/?p=500402

Српската министерка за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, денеска изјави дека цената на струјата во Србија мора да се зголеми, но сè уште не се знае кога ќе се случи тоа и колку ќе биде поскапувањето.

Во пресрет на меѓународната конференција „Енергијата и Балканот: Транзиција кон обновливи извори и подобрување на енергетските врски“, таа за „Танјуг“ изјави дека мислењето на министерството што го предводи е дека поскапувањето треба да следи што е можно поскоро.

Кога станува збор за процентуалното зголемување, српската министерката наведува дека тоа не го одредува Министерството за рударство и енергетика, туку Агенцијата за енергетика, но покачувањето, како што кажа, секако мора да биде одржливо.

 

The post Михајловиќ: Струјата во Србија мора да поскапи appeared first on Република.

]]>

Српската министерка за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, денеска изјави дека цената на струјата во Србија мора да се зголеми, но сè уште не се знае кога ќе се случи тоа и колку ќе биде поскапувањето. Во пресрет на меѓународната конференција „Енергијата и Балканот: Транзиција кон обновливи извори и подобрување на енергетските врски“, таа за „Танјуг“ изјави дека мислењето на министерството што го предводи е дека поскапувањето треба да следи што е можно поскоро. Кога станува збор за процентуалното зголемување, српската министерката наведува дека тоа не го одредува Министерството за рударство и енергетика, туку Агенцијата за енергетика, но покачувањето, како што кажа, секако мора да биде одржливо.  

The post Михајловиќ: Струјата во Србија мора да поскапи appeared first on Република.

]]>