поскапи цени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poskapi-ceni/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Sep 2022 20:49:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поскапи цени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poskapi-ceni/ 32 32 Бектеши за високите цени на храната: Сериозен сум во намерата да ги укинеме увозните давачки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-za-visokite-ceni-na-hranata-seriozen-sum-vo-namerata-da-gi-ukineme-uvoznite-davachki/ Fri, 30 Sep 2022 20:49:53 +0000 https://republika.mk/?p=556178

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека е повеќе од сериозен во намерата против нереално високите цени на одредени прехранбени производи да се бори и со укинување на увозните давачки.

„Јас сум повеќе од сериозен и таква одлука за одредени прехранбени производи веќе донесовме, за млеко и павлака, и сигурно може да се случи списокот на производи да се зголеми и што се однесува на укинување на даноците, но истовремено што се однесува на маржите или целосно замрзнување на некои од цените и со тоа компаниите да конкурираат меѓу нив, но и со производи кои доаѓаат од надвор“, рече Бектеши во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

На новинарската констатација дека тој, всушност, прстот го вперува кон домашни производители на храна, министерот одговориу дека е свесен дека ова е спротивно на заштитата на домашното производство, но смета дека сега главниот интерес е оној на граѓаните.

„Ако продолжи овој тренд, особено за домашните производи кои се произведуваат во Македонија, тогаш сигурно ќе донесеме одлука која ќе ги укине сите давачки кои се за увезените производи и тоа нема да се совпаѓа со заштитата на домашните производи, туку моментално главниот интерес е само заштитата на потрошувачите и граѓаните на Македонија“, вели тој.

The post Бектеши за високите цени на храната: Сериозен сум во намерата да ги укинеме увозните давачки appeared first on Република.

]]>

На секое литро бензин, Ви земаат по една векна леб! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/na-sekoe-litro-benzin-vi-zemaat-po-edna-vekna-leb/ Thu, 02 Jun 2022 08:50:43 +0000 https://republika.mk/?p=510043

На секое литро бензин, Ви земаат по една векна леб! И тоа по новата цена, по старата две векни!, aлармира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Вака "заокружено"
Бензин набавна 61,7 денари,
Бензин продажна 107 денари
Разлика 45 денари.
5 денари маржа за пумпите,
40 денари акцизи и даноци!
40 денари од литар, за да има за најнеспособната, а најбројна влада; за да има за 30.000 темелковци за пишување статуси и броење лајкови на Фб; за да има за нечии миленички да бидат конзулки, или ќерки да студираат во странство!
Ете затоа! 40 денари на секое литро оди за бандата, затоа се толкави цените!
И затоа се поскапува!
Премногу е!!
Молкот не е опција!!!
18ти, на Илинденска, пред Влада!!!, порача тој.

The post На секое литро бензин, Ви земаат по една векна леб! appeared first on Република.

]]>

На секое литро бензин, Ви земаат по една векна леб! И тоа по новата цена, по старата две векни!, aлармира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Вака "заокружено" Бензин набавна 61,7 денари, Бензин продажна 107 денари Разлика 45 денари. 5 денари маржа за пумпите, 40 денари акцизи и даноци! 40 денари од литар, за да има за најнеспособната, а најбројна влада; за да има за 30.000 темелковци за пишување статуси и броење лајкови на Фб; за да има за нечии миленички да бидат конзулки, или ќерки да студираат во странство! Ете затоа! 40 денари на секое литро оди за бандата, затоа се толкави цените! И затоа се поскапува! Премногу е!! Молкот не е опција!!! 18ти, на Илинденска, пред Влада!!!, порача тој.

The post На секое литро бензин, Ви земаат по една векна леб! appeared first on Република.

]]>
Слика вредна 500 денари https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/slika-vredna-500-denari/ Thu, 02 Jun 2022 07:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=510026

The post Слика вредна 500 денари appeared first on Република.

]]>

The post Слика вредна 500 денари appeared first on Република.

]]>
Влада: Продолжува грижата за граѓаните, во најкус рок антикризни мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlada-prodolzuva-grizata-za-gragjanite-vo-najkus-rok-antikrizni-merki/ Wed, 01 Jun 2022 13:32:29 +0000 https://republika.mk/?p=509816

Владата најавува антикризни мерки во најкраток рок кои ќе бидат потаргетирани и насочени кон ранливите категории на граѓани и кон стопанството.

Во соопштението, што попладнево беше испратено до јавноста, се наведува дека целта е да се заштитат оние на кои им е најпотребна поддршка, да се обезбеди праведна распределба на средствата и да се задржи постепената фискална консолидација.

Во тој дух и по тој принцип, Владата со новиот ребаланс на буџет, продолжува со силната грижа за граѓаните и во најкраток рок ќе излезе со антикризни мерки кои ќе бидат потаргетирани, како што всушност се и последните препораки на меѓународните финансиски институции – ММФ и Светска Банка, ЕУ и експертската јавност. Ова значи дека истите ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и стопанството, кон оние на кои им се најпотребни, се вели во соопштението.

Мерките што ќе следат, како што велат од Владата, се надоврзуваат на очекувањата на меѓународните финансиски институции дека ценовните притисоци на меѓународните пазари во текот на годинава постепено ќе се ублажуваат, за веќе следната година да се стабилизираат.

Од Владата посочуваат дека вкупното влијание на антикризните мерки што беа преземени во изминатиот период е речиси 615 милиони евра. Со овие антикризни мерки, како што велат, сметките на граѓаните се помали за околу 4.000 денари. Владата потсетува дека продолжува и поддршката за компаниите преку субвенционирање на договорна каматна стапка, директно кредитирање преку Развојната банка, бескаматни кредити за обртни средства, користење на гарантниот фонд, кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност ….

Со одговорно однесување на сите субјекти, ќе ја надминеме и оваа криза, како што ја надминавме најголемата економска криза предизвикана од КОВИД-19 пандемијата. Од посебна важност е да не се потклекнува на лажните информации кои предизвикуваат притисок на пазарот и на инфлаторните движења. Дезинформациите, без разлика од кого доаѓаат, вклучително и одредени политички партии, не користат никому, бидејќи само поттикнуваат дополнително продолжување на кризата, се наведува во владиното соопштение.

The post Влада: Продолжува грижата за граѓаните, во најкус рок антикризни мерки appeared first on Република.

]]>

Владата најавува антикризни мерки во најкраток рок кои ќе бидат потаргетирани и насочени кон ранливите категории на граѓани и кон стопанството. Во соопштението, што попладнево беше испратено до јавноста, се наведува дека целта е да се заштитат оние на кои им е најпотребна поддршка, да се обезбеди праведна распределба на средствата и да се задржи постепената фискална консолидација.
Во тој дух и по тој принцип, Владата со новиот ребаланс на буџет, продолжува со силната грижа за граѓаните и во најкраток рок ќе излезе со антикризни мерки кои ќе бидат потаргетирани, како што всушност се и последните препораки на меѓународните финансиски институции – ММФ и Светска Банка, ЕУ и експертската јавност. Ова значи дека истите ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и стопанството, кон оние на кои им се најпотребни, се вели во соопштението.
Мерките што ќе следат, како што велат од Владата, се надоврзуваат на очекувањата на меѓународните финансиски институции дека ценовните притисоци на меѓународните пазари во текот на годинава постепено ќе се ублажуваат, за веќе следната година да се стабилизираат. Од Владата посочуваат дека вкупното влијание на антикризните мерки што беа преземени во изминатиот период е речиси 615 милиони евра. Со овие антикризни мерки, како што велат, сметките на граѓаните се помали за околу 4.000 денари. Владата потсетува дека продолжува и поддршката за компаниите преку субвенционирање на договорна каматна стапка, директно кредитирање преку Развојната банка, бескаматни кредити за обртни средства, користење на гарантниот фонд, кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност ….