поскапе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poskape/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 17:20:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поскапе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poskape/ 32 32 Поскапе лебот во Македонија: Со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poskape-lebot-vo-makedonija-so-pochetokot-na-zhetvata-se-ochekuva-tsenata-da-se-stabilizira/ Wed, 12 Jun 2024 17:20:02 +0000 https://republika.mk/?p=787006

Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, велат мелничарите. Тоа, според нив, е импликација на зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај за исто толку проценти.

Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ, во наредниот период, со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира и да се намали, односно да се врати на истото ниво како што беше досега.

– Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто зашто цените на брашното се зголемија за десетина проценти. Останатие пекарски производи остануваат на истото ниво. Очекуваме цената на лебот да се стабилизира со почетокот на жетвата, изјави Малишиќ.

Тој напомена дека се уште не се знае каков ќе биде квалитетот и квантитетот на пченицата.

-Тоа ќе се дознае со почетокот на жетвата. Како Групација очекуваме владата да остане на ланските мерки за субвенционирање на земјоделците во однос на пченицата и јачменот – три денара за килограм предадена пченица и 100 евра по хектар за принос од најмалку три тона јачмен, истакна Малишиќ.

Минатиот месец некои од пекарите тврдеа дека лебот нема да поскапи следните два месеца, како и дека неговата цена е стабилна.

– Има промени во цените на житото на светските берзи, но засега, барем најмалку 1,5 до два месеца, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени. По месец-два повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите на Блискиот Исток, како и поради поскапувањето на нафтата кое може да значи потенцијална повисока цена на суровините во прехранбената и општо, во целата индустрија. Стигнаа информации од големите производители како Украина и Русија дека таму не се знае како ќе се одвиваат жетвите поради воените дејства, што влијае врз берзата. ФАО истакна некој процент на зголемување на цената на житото. Тоа, сепак, е незначително и ние, како Агробизнис комора, тврдиме дека во наредниот период ќе има стабилност на цената на прехранбените производи, барем во сегментот на основни производи како житото и пекарските производи, реќе тогаш Горан Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комората на Сојузот на стопански комори (ССК).

The post Поскапе лебот во Македонија: Со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира appeared first on Република.

]]>

Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, велат мелничарите. Тоа, според нив, е импликација на зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај за исто толку проценти. Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ, во наредниот период, со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира и да се намали, односно да се врати на истото ниво како што беше досега. – Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто зашто цените на брашното се зголемија за десетина проценти. Останатие пекарски производи остануваат на истото ниво. Очекуваме цената на лебот да се стабилизира со почетокот на жетвата, изјави Малишиќ. Тој напомена дека се уште не се знае каков ќе биде квалитетот и квантитетот на пченицата. -Тоа ќе се дознае со почетокот на жетвата. Како Групација очекуваме владата да остане на ланските мерки за субвенционирање на земјоделците во однос на пченицата и јачменот – три денара за килограм предадена пченица и 100 евра по хектар за принос од најмалку три тона јачмен, истакна Малишиќ. Минатиот месец некои од пекарите тврдеа дека лебот нема да поскапи следните два месеца, како и дека неговата цена е стабилна. – Има промени во цените на житото на светските берзи, но засега, барем најмалку 1,5 до два месеца, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени. По месец-два повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите на Блискиот Исток, како и поради поскапувањето на нафтата кое може да значи потенцијална повисока цена на суровините во прехранбената и општо, во целата индустрија. Стигнаа информации од големите производители како Украина и Русија дека таму не се знае како ќе се одвиваат жетвите поради воените дејства, што влијае врз берзата. ФАО истакна некој процент на зголемување на цената на житото. Тоа, сепак, е незначително и ние, како Агробизнис комора, тврдиме дека во наредниот период ќе има стабилност на цената на прехранбените производи, барем во сегментот на основни производи како житото и пекарските производи, реќе тогаш Горан Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комората на Сојузот на стопански комори (ССК).

The post Поскапе лебот во Македонија: Со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира appeared first on Република.

]]>
Поскапе парното https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poskape-parnoto/ Tue, 31 Oct 2023 12:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=696666

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски информира дека за најголемиот систем од кој се снабдуваат 57 илјади потрошувачи во градот Скопје, цената на парното се зголемува за 4,51%.

Тоа на сметка од 1000 денари, значи зголемување од 45 денари, а на просечна сметка од 1800 денари колку што е во Скопје, зголемувањето е 80 денари.

Оваа одлука не ја носевме се додека не добивме цврсто уверување за поставувањето на цевководот под мостот „Беласица“, информира Бислимовски на денешната прес-конференција.

Како што рече првиот човек на РКЕ, со оваа одлука требаше да се врати позајмицата на Владата од 6 милиони евра, дадена во јануари 2022 година.

Бислимовски изрази благодарност до Владата да не се вратат одеднаш 6 милиони евра, туку само 35% .

Со оваа одлука се водиме пред се кон интересите на потрошувачите. Успеавме да одржиме ценовна стабилност во делот на топлинската енергија. Во однос на железарското греење кое го прави ЕСМ Енергетика, цената е незначително намалена, како и во Скопје-Север. Сето ова обезбедува услови за сигурно и стабилно функционирање на системот за топлинска енергија во Скопје, кажа Бислимовски.

 

The post Поскапе парното appeared first on Република.

]]>

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски информира дека за најголемиот систем од кој се снабдуваат 57 илјади потрошувачи во градот Скопје, цената на парното се зголемува за 4,51%. Тоа на сметка од 1000 денари, значи зголемување од 45 денари, а на просечна сметка од 1800 денари колку што е во Скопје, зголемувањето е 80 денари.
Оваа одлука не ја носевме се додека не добивме цврсто уверување за поставувањето на цевководот под мостот „Беласица“, информира Бислимовски на денешната прес-конференција.
Како што рече првиот човек на РКЕ, со оваа одлука требаше да се врати позајмицата на Владата од 6 милиони евра, дадена во јануари 2022 година. Бислимовски изрази благодарност до Владата да не се вратат одеднаш 6 милиони евра, туку само 35% .
Со оваа одлука се водиме пред се кон интересите на потрошувачите. Успеавме да одржиме ценовна стабилност во делот на топлинската енергија. Во однос на железарското греење кое го прави ЕСМ Енергетика, цената е незначително намалена, како и во Скопје-Север. Сето ова обезбедува услови за сигурно и стабилно функционирање на системот за топлинска енергија во Скопје, кажа Бислимовски.
 

The post Поскапе парното appeared first on Република.

]]>
Идната недела ќе се знае колку ќе поскапи струјата од Нова година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/idnata-nedela-kje-se-znae-kolku-kje-poskapi-strujata-od-nova-godina/ Sat, 17 Dec 2022 09:36:31 +0000 https://republika.mk/?p=586776

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) следната недела треба да ја донесе одлуката за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи од 1 јануари до 30 јуни идната година. АД ЕСМ вчера и завчера ги достави понудите на тендерите за цената на електричната енергија по која „ЕВН Електродистрибуција” ќе ги покрива загубите во дистрибутивниот систем и за цената за „ЕВН Хоум” за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи, а в понеделник треба да ја достави понудата за цената за покривање на загубите во преносниот систем на МЕПСО.

ЕСМ вчера понуди 56, место досегашните 48 евра за мегават час за набавка на електрична енергија за регулираниот пазар на повикот на „ЕВН Хоум”, а завчера 110 евра за мегават час, место досегашните 143 евра на повикот за набавка на електрична енергија за потребите за техничките загуби во системот на „ЕВН Електродистрибуција”.

ЕСМ дневно обезбедува околу 10.000 мегават часови електрична енергија за потребите на „ЕВН Хоум”, 4.500 мегават часови за потребите на „ЕВН Електродистрибуција”, 350 до 400 мегавати за потребите на МЕПСО и околу 500 мегавати преку „ЕСМ Продажба” за училиштата, водоводните претпријатија и прехранбената индустрија.

Во меѓувреме одговорните велат дека заложба на Владата е да нема значително зголемување на цените на електричната енергија по 1 јануари идната година, иако трендот на поскапување на енергентите за производство на електрична енергија и растот на берзанските цени укажуваат дека треба да има поголемо зголемување на цените.

 

The post Идната недела ќе се знае колку ќе поскапи струјата од Нова година appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) следната недела треба да ја донесе одлуката за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи од 1 јануари до 30 јуни идната година. АД ЕСМ вчера и завчера ги достави понудите на тендерите за цената на електричната енергија по која „ЕВН Електродистрибуција” ќе ги покрива загубите во дистрибутивниот систем и за цената за „ЕВН Хоум” за снабдување на домаќинствата и малите потрошувачи, а в понеделник треба да ја достави понудата за цената за покривање на загубите во преносниот систем на МЕПСО. ЕСМ вчера понуди 56, место досегашните 48 евра за мегават час за набавка на електрична енергија за регулираниот пазар на повикот на „ЕВН Хоум”, а завчера 110 евра за мегават час, место досегашните 143 евра на повикот за набавка на електрична енергија за потребите за техничките загуби во системот на „ЕВН Електродистрибуција”. ЕСМ дневно обезбедува околу 10.000 мегават часови електрична енергија за потребите на „ЕВН Хоум”, 4.500 мегават часови за потребите на „ЕВН Електродистрибуција”, 350 до 400 мегавати за потребите на МЕПСО и околу 500 мегавати преку „ЕСМ Продажба” за училиштата, водоводните претпријатија и прехранбената индустрија. Во меѓувреме одговорните велат дека заложба на Владата е да нема значително зголемување на цените на електричната енергија по 1 јануари идната година, иако трендот на поскапување на енергентите за производство на електрична енергија и растот на берзанските цени укажуваат дека треба да има поголемо зголемување на цените.  

The post Идната недела ќе се знае колку ќе поскапи струјата од Нова година appeared first on Република.

]]>
Бектеши тврди дека нема да поскапе струјата од први јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-tvrdi-deka-nema-da-poskape-strujata-od-prvi-januari/ Thu, 24 Nov 2022 14:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=577883

Што и да се случи со производството на електрична енергија на ЕСМ и што и да се случи во енергетскиот систем граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе од тоа што моментално го плаќаат, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

ЕСМ доставува предлог до Владата за производната цена на електричната енергија, а Владата на затворена седница одлучува за тоа. Цената на ЕСМ кон универзалниот снабдувач ја носи Владата. Ги имам приближните пресметки во делот на тоа колку би можела да биде цената на струјата по 1 јануари и согласно нашите проекции и дискусијата што ќе ја имаме на Економскиот совет од денеска можам да кажам дека кризата нема да биде на товар на граѓаните, на домаќинствата и на малите потрошувачи – рече Бектеши.

 

The post Бектеши тврди дека нема да поскапе струјата од први јануари appeared first on Република.

]]>

Што и да се случи со производството на електрична енергија на ЕСМ и што и да се случи во енергетскиот систем граѓаните никогаш нема да плаќаат повеќе од тоа што моментално го плаќаат, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
ЕСМ доставува предлог до Владата за производната цена на електричната енергија, а Владата на затворена седница одлучува за тоа. Цената на ЕСМ кон универзалниот снабдувач ја носи Владата. Ги имам приближните пресметки во делот на тоа колку би можела да биде цената на струјата по 1 јануари и согласно нашите проекции и дискусијата што ќе ја имаме на Економскиот совет од денеска можам да кажам дека кризата нема да биде на товар на граѓаните, на домаќинствата и на малите потрошувачи – рече Бектеши.
 

The post Бектеши тврди дека нема да поскапе струјата од први јануари appeared first on Република.

]]>