пошумување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poshumuvanje/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Dec 2023 14:38:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пошумување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poshumuvanje/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Акцијата за пошумување на СДСМ е копија на „Ден на дрвото“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-aktsijata-za-poshumuvane-na-sdsm-e-kopija-na-den-na-drvoto/ Sat, 16 Dec 2023 14:38:57 +0000 https://republika.mk/?p=723682

Со внимание ја проследивме акцијата за пошумување која ја правеше СДС. Штета е што како владејачка партија ја прекинаа и стопираа акцијата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Ден на дрвото“ преку која беа засадени милиони садници. Добро е што сега ја копираат истата акција, и тоа го поздравуваме. И добро е што „Повеќе садници“ стана копија на „Ден на дрвото“, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Но како што тие тогаш поставуваа прашања, ние овој пат ќе ги поставиме идентично нивните прашања:
1. Од каде се парите на СДС за акцијата повеќе зелено?
2. Каде се илјадниците садници кои денес ги засадија?
3. Дали акцијата на СДС не е пералница на пари?, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Акцијата за пошумување на СДСМ е копија на „Ден на дрвото“ appeared first on Република.

]]>

Со внимание ја проследивме акцијата за пошумување која ја правеше СДС. Штета е што како владејачка партија ја прекинаа и стопираа акцијата на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Ден на дрвото“ преку која беа засадени милиони садници. Добро е што сега ја копираат истата акција, и тоа го поздравуваме. И добро е што „Повеќе садници“ стана копија на „Ден на дрвото“, реагираат од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.
Но како што тие тогаш поставуваа прашања, ние овој пат ќе ги поставиме идентично нивните прашања: 1. Од каде се парите на СДС за акцијата повеќе зелено? 2. Каде се илјадниците садници кои денес ги засадија? 3. Дали акцијата на СДС не е пералница на пари?, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.
 
The post ВМРО-ДПМНЕ: Акцијата за пошумување на СДСМ е копија на „Ден на дрвото“ appeared first on Република.

]]>
Diageo ги здружува силите со Боренка во Проектот за пошумување во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/diageo-gi-zdruzhuva-silite-so-borenka-vo-proektot-za-poshumuvane-vo-makedonija/ Tue, 21 Nov 2023 11:18:45 +0000 https://republika.mk/?p=714719

Diageo и локалниот партнер Малиќи се приклучија на трансформативниот проект за пошумување Боренка за да придонесат за обновување и зачувување на виталниот екосистем во Македонија. Иницијативата е во согласност со сеопфатната програма за одржливост и одговорност на Diageo „Society 2030 – Spirit of Progress” која ја одразува посветеноста за позитивно влијание врз општеството и околината каде што работи.

Столбот за одржливост на десетгодишниот акционен план на Diageo севкупно вклучува пошумување, намалување на јаглеродот и отпадот, намалено и рециклирано пакување, зачувување на природните ресурси, зачувување и управување со водата, одговорни извори како клучни цели за создавање поодржлив бизнис и позелена иднина.

Нашата мисија е да ја заштитиме животната средина каде што работиме, да промовираме одржливи практики и да обезбедиме опипливи и значајни придонеси за нашите локални заедници. Затоа ние, заедно со нашиот локален партнер групацијата Малиќи, се приклучивме на Боренка како најголем европски волонтерски проект за пошумување на опожарени подрачја организиран во Македонија, изјави Димитар Вретенарски, комерцијален менаџер на Diageo заМакедонија, Бугарија, Косово и Албанија.

Ангажманот во пошумувањето не е само садење дрвја, туку и сеење на семето на одржлива иднина. Благодарност до организаторот, Сојузот на извидници на Македонија за спроведувањето на проектот во Македонија и на волонтерите кои ќе ни помогнат да ја постигнеме нашата цел за засадување на 2000 нови садници во Берово, додаде тој.

Откако 6 години по ред се организира во Хрватска, Боранка е најнаградуваната непрофитна кампања која се шири надвор од границите, а за првпат се одржува во Македонија како Боренка. Кампањата е насочена кон обновување на областите опустошени од пожари и подигање на свеста кај граѓаните за потребата од зачувување на шумите кои се клучни за заштита на биолошката разновидност и помагаат во намалување на емисиите на стакленички гасови.

Ни претставуваше огромно задоволство и чест што меѓународната компанија Diageo денеска беше дел од проектот Боренка и заедно со волонтерите од Сојузот на извидници и шумарите - експерти од националните шуми, успеавме да пошумиме речиси еден хектар опожарена површина во Беровско со околу 2000 нови садници дрвја. Покрај садењето, мора да се споменат и едукативните работилници кои се дел од Боренка, преку кои директно влијаеме на едукацијата на најмладите на тема животна средина со акцент на шумските пожари. Се надевам дека сите волонтери имаа прекрасен ден и дека во иднина заедно со Diageo ќе засадиме повеќе дрвја под чија сенка ќе уживаат идните генерации, рече Снежана Јаначковиќ, национален координатор на Боренка.

Поддршката на Diageo за проектот Боренка е доказ за посветеноста на компанијата за заштита на животната средина и клучен чекор напред за обновување, надополнување и заштита на планетата за генерациите што доаѓаат.

The post Diageo ги здружува силите со Боренка во Проектот за пошумување во Македонија appeared first on Република.

]]>

Diageo и локалниот партнер Малиќи се приклучија на трансформативниот проект за пошумување Боренка за да придонесат за обновување и зачувување на виталниот екосистем во Македонија. Иницијативата е во согласност со сеопфатната програма за одржливост и одговорност на Diageo „Society 2030 – Spirit of Progress” која ја одразува посветеноста за позитивно влијание врз општеството и околината каде што работи. Столбот за одржливост на десетгодишниот акционен план на Diageo севкупно вклучува пошумување, намалување на јаглеродот и отпадот, намалено и рециклирано пакување, зачувување на природните ресурси, зачувување и управување со водата, одговорни извори како клучни цели за создавање поодржлив бизнис и позелена иднина.
Нашата мисија е да ја заштитиме животната средина каде што работиме, да промовираме одржливи практики и да обезбедиме опипливи и значајни придонеси за нашите локални заедници. Затоа ние, заедно со нашиот локален партнер групацијата Малиќи, се приклучивме на Боренка како најголем европски волонтерски проект за пошумување на опожарени подрачја организиран во Македонија, изјави Димитар Вретенарски, комерцијален менаџер на Diageo заМакедонија, Бугарија, Косово и Албанија.
Ангажманот во пошумувањето не е само садење дрвја, туку и сеење на семето на одржлива иднина. Благодарност до организаторот, Сојузот на извидници на Македонија за спроведувањето на проектот во Македонија и на волонтерите кои ќе ни помогнат да ја постигнеме нашата цел за засадување на 2000 нови садници во Берово, додаде тој.
Откако 6 години по ред се организира во Хрватска, Боранка е најнаградуваната непрофитна кампања која се шири надвор од границите, а за првпат се одржува во Македонија како Боренка. Кампањата е насочена кон обновување на областите опустошени од пожари и подигање на свеста кај граѓаните за потребата од зачувување на шумите кои се клучни за заштита на биолошката разновидност и помагаат во намалување на емисиите на стакленички гасови.
Ни претставуваше огромно задоволство и чест што меѓународната компанија Diageo денеска беше дел од проектот Боренка и заедно со волонтерите од Сојузот на извидници и шумарите - експерти од националните шуми, успеавме да пошумиме речиси еден хектар опожарена површина во Беровско со околу 2000 нови садници дрвја. Покрај садењето, мора да се споменат и едукативните работилници кои се дел од Боренка, преку кои директно влијаеме на едукацијата на најмладите на тема животна средина со акцент на шумските пожари. Се надевам дека сите волонтери имаа прекрасен ден и дека во иднина заедно со Diageo ќе засадиме повеќе дрвја под чија сенка ќе уживаат идните генерации, рече Снежана Јаначковиќ, национален координатор на Боренка.
Поддршката на Diageo за проектот Боренка е доказ за посветеноста на компанијата за заштита на животната средина и клучен чекор напред за обновување, надополнување и заштита на планетата за генерациите што доаѓаат.

The post Diageo ги здружува силите со Боренка во Проектот за пошумување во Македонија appeared first on Република.

]]>
Со над милион садници ќе се пошумиваат 36 локации низ државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-nad-milion-sadnitsi-ke-se-poshumivaat-36-lokatsii-niz-drzhavata/ Sat, 04 Nov 2023 17:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=698213

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, деканот на факултетот за шумарски науки пејзажна архитектура и екоинжирнг Кирил Сотировски, директорот на ЈП Национални шуми Валентин Груевски и претставници на општествено одговорни комапнии и граѓански организации ја најавија акцијата „Пошумуваме заедно 2023“ со засадување на 1.200.000 садници.

Еден милион и двеста илјади садници ги предвидуваме за пошумување во годинешната голема акција за пошумување во 19 региони, на 36 локации низ државата. Годинешната акција, која започнува од овој месец и ќе трае се до март 2024 година, опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела, истакна Николовски.

Шукова најави дека како подршка на годинашното пошумување и зазеленување на нашата држава Министерството за животна средина и просторно планирање во партнерство со УНЕП ќе спроведе мерки за реставрација или уредување на деградирани земјишта и голини преку пошумување на површина од 400ха и преку спроведување на мерки за одржливо управување со земјиште и одржливо управување со шуми на повеќе од 15.000хектари.

Решавањето на проблемите со глобалното затоплување и секвестрација на јаглеродот, ефектот на стаклена градина е значаен фактор за сегашната климатска криза. На почетокот на 21 век интересот за пошумување израсна над неговиот потенцијал. Видот на садниците со кои ќе се пошумува на површините е одреден од нашите стручни лица земајќи ги во предвид природните, почвените и еколошките карактеристики на површините, истакна директорот Груевски.

Министерот додаде дека за голема почит фактот што многу општествено одговорни компании и граѓански организации се приклучиле кон оваа акција за пошумување.

The post Со над милион садници ќе се пошумиваат 36 локации низ државата appeared first on Република.

Почнува акцијата за пошумување „Пошумуваме заедно 2023“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pochnuva-aktsijata-za-poshumuvane-poshumuvame-zaedno-2023/ Sat, 04 Nov 2023 07:56:06 +0000 https://republika.mk/?p=698010

Во Скопје ќе се одржи најавна прес-конференција за отпочнување на годинешната акцијата за пошумување „Пошумуваме заедно 2023“.

Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), оваа година со планот за пошумување предвидено е пошумување во 19 региони со засадување на 1.200.000 садници. Акцијата ја спроведува МЗШВ заедно со ЈП „Национални шуми“ во соработка со општествено одговорни компании и граѓански здруженија.

На најавната прес-конференција свои излагања ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, деканот на Факултетот за шумарски науки пејзажна архитектура и екоинжирнг Ханес Ем Кирил Сотировски, директорот на ЈП „Национални шуми“ Валентин Груевски, како и пртставници на партнерските општествено одговорни комапнии и граѓански организации.

The post Почнува акцијата за пошумување „Пошумуваме заедно 2023“ appeared first on Република.

]]>

Во Скопје ќе се одржи најавна прес-конференција за отпочнување на годинешната акцијата за пошумување „Пошумуваме заедно 2023“. Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), оваа година со планот за пошумување предвидено е пошумување во 19 региони со засадување на 1.200.000 садници. Акцијата ја спроведува МЗШВ заедно со ЈП „Национални шуми“ во соработка со општествено одговорни компании и граѓански здруженија. На најавната прес-конференција свои излагања ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, деканот на Факултетот за шумарски науки пејзажна архитектура и екоинжирнг Ханес Ем Кирил Сотировски, директорот на ЈП „Национални шуми“ Валентин Груевски, како и пртставници на партнерските општествено одговорни комапнии и граѓански организации.

The post Почнува акцијата за пошумување „Пошумуваме заедно 2023“ appeared first on Република.

]]>
УМС на ВМРО-ДПМНЕ пошумуваше на локации низ цела Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ums-na-vmro-dpmne-poshumuvashe-na-lokatsii-niz-tsela-makedonija/ Sat, 11 Mar 2023 14:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=618512

Под мотото ,,Чиста околина – зелена иднина”, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа еколошка акција за пошумување на локации низ цела Македонија.

Целта на оваа акција е да се подигне свеста, но и директно да се придонесе кон зачувувањето на животната средина. Со садењето на илјадници садници низ државата, се докажува заложбата за носење одговорни одлуки, кои ќе придонесат кон креирање иднина што е чиста и зелена.

Во најавата за оваа акција, од УМС ја критикуваа пасивноста на властите и истакнаа дека тие ја преземаат одговорноста за подобрувањето на состојбите со екологијата.

,Во време кога програмите за збогатување на околината со нови садници се вистинска реткост, кога грижата за екологијата е само декларативна и Македонија се повеќе се гуши, ние младите ја преземаме одговорноста да бидеме носители на идејата за подобрување на состојбите со животната средина, наведоа од УМС во поканата.

The post УМС на ВМРО-ДПМНЕ пошумуваше на локации низ цела Македонија appeared first on Република.

]]>

Под мотото ,,Чиста околина – зелена иднина”, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа еколошка акција за пошумување на локации низ цела Македонија. Целта на оваа акција е да се подигне свеста, но и директно да се придонесе кон зачувувањето на животната средина. Со садењето на илјадници садници низ државата, се докажува заложбата за носење одговорни одлуки, кои ќе придонесат кон креирање иднина што е чиста и зелена. Во најавата за оваа акција, од УМС ја критикуваа пасивноста на властите и истакнаа дека тие ја преземаат одговорноста за подобрувањето на состојбите со екологијата.