поштенска марка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poshtenska-marka/ За подобро да се разбереме Sat, 18 Nov 2023 07:43:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поштенска марка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poshtenska-marka/ 32 32 Османи ќе промовира поштенска марка во знак на Претседавањето со ОБСЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ke-promovira-poshtenska-marka-vo-znak-na-pretsedavaneto-so-obse-2/ Sat, 18 Nov 2023 07:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=702754

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе ја промовира специјалната поштенската марка издадена по повод Претседавањето на Македонија со регионалната безбедносна организација во Европа, ОБСЕ.

Промоцијата на специјалната поштенска марка ќе се одржи во просториите на Спортски центар „Борис Трајковски“, кој е во фаза на подготовка за одржување на претстојниот Министерски совет на ОБСЕ на 30 ноември и 1 декември.

Како што соопштија од МНР, на промоцијата ќе присуствува и претседателот Стево Пендаровски.

Промоцијата ќе ја отвори министерот Османи, а свое обраќање ќе има и директорката на А.Д. Пошта, Бујаре Абази.

The post Османи ќе промовира поштенска марка во знак на Претседавањето со ОБСЕ appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе ја промовира специјалната поштенската марка издадена по повод Претседавањето на Македонија со регионалната безбедносна организација во Европа, ОБСЕ. Промоцијата на специјалната поштенска марка ќе се одржи во просториите на Спортски центар „Борис Трајковски“, кој е во фаза на подготовка за одржување на претстојниот Министерски совет на ОБСЕ на 30 ноември и 1 декември. Како што соопштија од МНР, на промоцијата ќе присуствува и претседателот Стево Пендаровски. Промоцијата ќе ја отвори министерот Османи, а свое обраќање ќе има и директорката на А.Д. Пошта, Бујаре Абази.

The post Османи ќе промовира поштенска марка во знак на Претседавањето со ОБСЕ appeared first on Република.

]]>
Од септември нови цени на дел од поштенските услуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-septemvri-novi-tseni-na-del-od-poshtenskite-uslugi/ Fri, 18 Aug 2023 11:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=673405

Од први септември се воведуваат нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети.

За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка.

Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари.

За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга.

Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари.

За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари...

За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи)  за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката.

Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини - некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени.

Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.

The post Од септември нови цени на дел од поштенските услуги appeared first on Република.

]]>

Од први септември се воведуваат нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети.
За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка. Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари. За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга. Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари. За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари... За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи)  за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката. Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини - некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени. Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.

The post Од септември нови цени на дел од поштенските услуги appeared first on Република.

]]>
Промоција на поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/promotsija-na-poshtenska-marka-60-godini-od-skopskiot-zemjotres/ Thu, 27 Jul 2023 08:58:54 +0000 https://republika.mk/?p=665787

Во рамки на одбележувањето на 60-годишнината од скопскиот земјотрес, денеска ќе биде промовирана поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“.

Промоцијата ќе се одржи во просториите на УНДП во Скопје, а на неа ќе се обратат постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан и генералната директорка на АД Пошта на Македонија, Бујаре Абази.

Промоцијата се одржува во партнерство со АД Пошта на Македонија.

The post Промоција на поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на одбележувањето на 60-годишнината од скопскиот земјотрес, денеска ќе биде промовирана поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“. Промоцијата ќе се одржи во просториите на УНДП во Скопје, а на неа ќе се обратат постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан и генералната директорка на АД Пошта на Македонија, Бујаре Абази. Промоцијата се одржува во партнерство со АД Пошта на Македонија.

The post Промоција на поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“ appeared first on Република.

]]>
Поштенска марка со ликот на Тоше Проески во пресрет на неговиот роденден https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/poshtenska-marka-so-likot-na-toshe-proeski-vo-presret-na-negoviot-rodenden/ Fri, 21 Jan 2022 14:47:06 +0000 https://republika.mk/?p=447823

АД „Пошта на Македонија“ по повод роденденот на Тоше Проески, 25 јануари започнува акција – „Во чест и сеќавање на Тоше“ преку која може да се купи поштенска марка, посветена на легендарната музичка ѕвезда.

Филателистичките производи ќе може да се нарачаат онлајн, преку електронската продавница на Пошта www.postashop.mk .

Поштенските марки се вечен паметник. Таква е и поштенската марка посветена на Тоше Проески која Пошта ја издаде во чест на нашата најголема музичка ѕвезда. Марката (фотографија на Дарко Мораитов), за првпат во историјата на Македонија е испечатена во еден милион примероци, со номинална вредност од 12 денари. Оваа марка, која беше промовирана на 15.12.2007 година, патува низ светот како што патува и неговата музика и неговата песна – објавија од АД „Пошта на Македонија“ .

The post Поштенска марка со ликот на Тоше Проески во пресрет на неговиот роденден appeared first on Република.

]]>

АД „Пошта на Македонија“ по повод роденденот на Тоше Проески, 25 јануари започнува акција – „Во чест и сеќавање на Тоше“ преку која може да се купи поштенска марка, посветена на легендарната музичка ѕвезда. Филателистичките производи ќе може да се нарачаат онлајн, преку електронската продавница на Пошта www.postashop.mk .
Поштенските марки се вечен паметник. Таква е и поштенската марка посветена на Тоше Проески која Пошта ја издаде во чест на нашата најголема музичка ѕвезда. Марката (фотографија на Дарко Мораитов), за првпат во историјата на Македонија е испечатена во еден милион примероци, со номинална вредност од 12 денари. Оваа марка, која беше промовирана на 15.12.2007 година, патува низ светот како што патува и неговата музика и неговата песна – објавија од АД „Пошта на Македонија“ .

The post Поштенска марка со ликот на Тоше Проески во пресрет на неговиот роденден appeared first on Република.

]]>