поштар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poshtar/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Dec 2022 17:21:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поштар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poshtar/ 32 32 Очите и устата залепени со трака: Потресна објава посветена на младиот поштар од Даниловград го крена регионот на нозе https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ochite-i-ustata-zalepeni-so-traka-potresna-objava-posvetena-na-mladiot-poshtar-od-danilovgrad-go-krena-regionot-na-noze/ Wed, 21 Dec 2022 16:26:52 +0000 https://republika.mk/?p=588497

Веста за пронајденото тело на исчезнатиот поштар од Даниловград, Милош Стаматовиќ(25), го потресе целиот регион, откако црногорската полиција соопшти дека телото на младиот поштар е пронајдено со врзани раце на брегот на реката Морача во населбата Ботун.

Посебно потресителен е фактот дека Милош имал само 25 години и дека целиот живот бил пред него. Многу луѓе со објави на социјалните мрежи се простуваат од младиот човек.

Една порака посебно привлече внимание, а ја објави извесен Никола Грдиниќ од Подгорица.

Никола на својот Фејсбук објави фотографија од Милош Стаматовиќ, а во опис на објавата напишал стихови на кои никој не остана рамнодушен.

Не ти се тебе момче, врзани рацете

 

Туку нам

 

А и очите

 

Устата залепена со трака

 

И не нема нас

 

Бидејќи да не имаше, поради тебе ќе бевме на улица

 

Црна и гора!

https://republika.mk/vesti/balkan/so-vrzani-race-vo-provalija-pronajden-mlad-poshtar-vo-crna-gora-nosel-15-000-evra-za-penzii/

The post Очите и устата залепени со трака: Потресна објава посветена на младиот поштар од Даниловград го крена регионот на нозе appeared first on Република.

]]>

Веста за пронајденото тело на исчезнатиот поштар од Даниловград, Милош Стаматовиќ(25), го потресе целиот регион, откако црногорската полиција соопшти дека телото на младиот поштар е пронајдено со врзани раце на брегот на реката Морача во населбата Ботун. Посебно потресителен е фактот дека Милош имал само 25 години и дека целиот живот бил пред него. Многу луѓе со објави на социјалните мрежи се простуваат од младиот човек. Една порака посебно привлече внимание, а ја објави извесен Никола Грдиниќ од Подгорица. Никола на својот Фејсбук објави фотографија од Милош Стаматовиќ, а во опис на објавата напишал стихови на кои никој не остана рамнодушен.
Не ти се тебе момче, врзани рацете   Туку нам   А и очите   Устата залепена со трака   И не нема нас   Бидејќи да не имаше, поради тебе ќе бевме на улица   Црна и гора!
https://republika.mk/vesti/balkan/so-vrzani-race-vo-provalija-pronajden-mlad-poshtar-vo-crna-gora-nosel-15-000-evra-za-penzii/

The post Очите и устата залепени со трака: Потресна објава посветена на младиот поштар од Даниловград го крена регионот на нозе appeared first on Република.

]]>
Со врзани раце во провалија пронајден млад поштар во Црна Гора, носел 15.000 евра за пензии https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/so-vrzani-race-vo-provalija-pronajden-mlad-poshtar-vo-crna-gora-nosel-15-000-evra-za-penzii/ Wed, 21 Dec 2022 14:13:00 +0000 https://republika.mk/?p=588455

Телото на млад поштар од Црна Гора вчера е пронајдено со врзани раце на брегот на реката Морача во населбата Ботун.

25-годишниот Милош Стаматовиќ во саботата излегол на терен и со себе имал 15.000 евра кои требало да им ги подели на пензионерите. Откако не се вратил по завршетокот на смената, колегите го пријавиле за исчезнат. Набргу по исчезнувањето на Стаматовиќ, пронајдено е возилото во кое младиот човек превезувал пари. Во возилото се пронајдени меѓу 2.000 и 3.000 евра.

Полициската управа и Поштата на Црна Гора сега ја потврдија информацијата дека младиот поштар бил пронајден во вода со врзани раце за порталот Прес.

Јавноста реагира што во 2022 година поштари со толку пари на себе се пуштаат сами, без обезбедување на терен.

The post Со врзани раце во провалија пронајден млад поштар во Црна Гора, носел 15.000 евра за пензии appeared first on Република.

]]>

Телото на млад поштар од Црна Гора вчера е пронајдено со врзани раце на брегот на реката Морача во населбата Ботун. 25-годишниот Милош Стаматовиќ во саботата излегол на терен и со себе имал 15.000 евра кои требало да им ги подели на пензионерите. Откако не се вратил по завршетокот на смената, колегите го пријавиле за исчезнат. Набргу по исчезнувањето на Стаматовиќ, пронајдено е возилото во кое младиот човек превезувал пари. Во возилото се пронајдени меѓу 2.000 и 3.000 евра. Полициската управа и Поштата на Црна Гора сега ја потврдија информацијата дека младиот поштар бил пронајден во вода со врзани раце за порталот Прес. Јавноста реагира што во 2022 година поштари со толку пари на себе се пуштаат сами, без обезбедување на терен.

The post Со врзани раце во провалија пронајден млад поштар во Црна Гора, носел 15.000 евра за пензии appeared first on Република.

]]>
„Поштарот“ премиерно на сцената во штипскиот Дом на млади https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poshtarot-premierno-na-scenata-vo-shtipskiot-dom-na-mladi/ Tue, 17 May 2022 12:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=503366

Вечерва, во Домот на млади во Штип премиерно ќе биде изведена пиесата „Поштарот“ од Трајче Кацаров.

Во претставата играат Благој Чоревски – Чоре како Поштарот, Марија Кондовска во ликот на Даница и Игор Ѓеорѓиев како Дојденецот.

Приказната е семејна и таа зборува за аленацијата, за брачната отуѓеност. Зборува за тоа колку се познаваме иако со децении делиме иста брачна постела. Виновен за тоа е тајниот живот, живот кој можеби го живееме под диктат на неостварените соништа, вели Кацаров.

Кацаров го цитира филозофот Карл Јесперс кој запишал: „Каде има тајна нешто не е токму“.

-Има ли нешто што не е токму во животот на поштарот? Тоа е прашање за неговата жена и за дојденецот. А по се изгледа дека е и за поштарот, посочува Кацаров.

Актерот Чоревски истакна дека секогаш ги поддржува македонските автори, а процесот за оваа претстава бил убав и за паметење.

Претставата говори за едно патријахално семејство кое живее убаво, се сакаат и мажот и жената имаат два сина, значи имаат прекрасен брак. Тој работи како поштар, жената му била на разбојот на машината во текстилната фабрика и поштарот доаѓа точно на денот кога се пензионира. И доаѓа еден човек кој им растура скоро сѐ, вели Чоревски.

Актерската екипа истакна дека претставата ја подготвувале во Скопје, а премиерно ќе ја играаат токму на сцената на Дом на млади во Штип.

Претставата финансиски е помогната преку Програмата на Министерството за култура. Ќе се игра во 20 часот во Дом на млади-Штип, а влезницата е 100 денари.

 

 

The post „Поштарот“ премиерно на сцената во штипскиот Дом на млади appeared first on Република.

]]>

Вечерва, во Домот на млади во Штип премиерно ќе биде изведена пиесата „Поштарот“ од Трајче Кацаров. Во претставата играат Благој Чоревски – Чоре како Поштарот, Марија Кондовска во ликот на Даница и Игор Ѓеорѓиев како Дојденецот.
Приказната е семејна и таа зборува за аленацијата, за брачната отуѓеност. Зборува за тоа колку се познаваме иако со децении делиме иста брачна постела. Виновен за тоа е тајниот живот, живот кој можеби го живееме под диктат на неостварените соништа, вели Кацаров.
Кацаров го цитира филозофот Карл Јесперс кој запишал: „Каде има тајна нешто не е токму“. -Има ли нешто што не е токму во животот на поштарот? Тоа е прашање за неговата жена и за дојденецот. А по се изгледа дека е и за поштарот, посочува Кацаров. Актерот Чоревски истакна дека секогаш ги поддржува македонските автори, а процесот за оваа претстава бил убав и за паметење.
Претставата говори за едно патријахално семејство кое живее убаво, се сакаат и мажот и жената имаат два сина, значи имаат прекрасен брак. Тој работи како поштар, жената му била на разбојот на машината во текстилната фабрика и поштарот доаѓа точно на денот кога се пензионира. И доаѓа еден човек кој им растура скоро сѐ, вели Чоревски.
Актерската екипа истакна дека претставата ја подготвувале во Скопје, а премиерно ќе ја играаат токму на сцената на Дом на млади во Штип. Претставата финансиски е помогната преку Програмата на Министерството за култура. Ќе се игра во 20 часот во Дом на млади-Штип, а влезницата е 100 денари.    

The post „Поштарот“ премиерно на сцената во штипскиот Дом на млади appeared first on Република.

]]>
Поштарите повторно ќе носат пензии до врата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poshtarite-povtorno-kje-nosat-penzii-do-vrata/ Wed, 26 Jan 2022 10:18:15 +0000 https://republika.mk/?p=449633

Од АД Пошта информираат дека повторно ќе почне на пензионерите да им ги доставува своите пензии до дома.

Ова услуга ќе биде достапна за сите пензионери кои пензијата ја примаат на сметка во Халк банка или во НЛБ банка.

Како што објави Пошта, секој пензионер кој сака пензијата да ја добива дома треба да пополни формулар во банката.

Од денеска почнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. Јануарските пензии ќе бидат зголемени за 2.9 отсто, согласно законското усогласување кое се врши двапати годишно во јануари и јули.

Усогласувањето се врши според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика.

The post Поштарите повторно ќе носат пензии до врата appeared first on Република.

]]>

Од АД Пошта информираат дека повторно ќе почне на пензионерите да им ги доставува своите пензии до дома. Ова услуга ќе биде достапна за сите пензионери кои пензијата ја примаат на сметка во Халк банка или во НЛБ банка. Како што објави Пошта, секој пензионер кој сака пензијата да ја добива дома треба да пополни формулар во банката. Од денеска почнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. Јануарските пензии ќе бидат зголемени за 2.9 отсто, согласно законското усогласување кое се врши двапати годишно во јануари и јули. Усогласувањето се врши според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи објавени од Државниот завод за статистика.

The post Поштарите повторно ќе носат пензии до врата appeared first on Република.

]]>