пошта на србија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poshta-na-srbija/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 21:20:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пошта на србија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poshta-na-srbija/ 32 32 Амбасадата на САД во Приштина: Длабоко сме разочарани поради едностраните акции на косовската влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ambasadata-na-sad-vo-prishtina-dlaboko-sme-razocharani-poradi-ednostranite-aktsii-na-kosovskata-vlada/ Wed, 07 Aug 2024 05:17:03 +0000 https://republika.mk/?p=804086

Американската амбасада во Приштина соопшти дека владата на Соединетите Американски Држави е „длабоко разочарана“ од едностраните, некоординирани акции кои ги презема владата во Приштина против Поштата на Србија на северот на Косово.

„Косовските некоординирани акции ги ставаат граѓаните на Косово и војниците на Кфор во поголем ризик, непотребна ескалација на регионалните тензии и ја поткопуваат репутацијата на Косово како доверлив партнер“, се наведува во соопштението објавено на социјалната мрежа Икс.

Амбасадата на САД апелира до приштинските власти да „прекинат со понатамошни еднострани акции и да се вратат на конструктивно учество во дијалогот под покровителство на ЕУ за да се решат прашањата поврзани со нормализацијата на односите на Белград и Приштина“.

Полицијата на Косово вчера затвори девет објекти на Поштата на Србија во четирите српски општини на северот на Косово.

The post Амбасадата на САД во Приштина: Длабоко сме разочарани поради едностраните акции на косовската влада appeared first on Република.

]]>

Американската амбасада во Приштина соопшти дека владата на Соединетите Американски Држави е „длабоко разочарана“ од едностраните, некоординирани акции кои ги презема владата во Приштина против Поштата на Србија на северот на Косово.
„Косовските некоординирани акции ги ставаат граѓаните на Косово и војниците на Кфор во поголем ризик, непотребна ескалација на регионалните тензии и ја поткопуваат репутацијата на Косово како доверлив партнер“, се наведува во соопштението објавено на социјалната мрежа Икс.
Амбасадата на САД апелира до приштинските власти да „прекинат со понатамошни еднострани акции и да се вратат на конструктивно учество во дијалогот под покровителство на ЕУ за да се решат прашањата поврзани со нормализацијата на односите на Белград и Приштина“. Полицијата на Косово вчера затвори девет објекти на Поштата на Србија во четирите српски општини на северот на Косово.

The post Амбасадата на САД во Приштина: Длабоко сме разочарани поради едностраните акции на косовската влада appeared first on Република.

]]>
Косовската полиција ги запечати сите експозитури на Поштата на Србија во северно Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovskata-politsija-gi-zapechati-site-ekspozituri-na-poshtata-na-srbija-vo-severno-kosovo/ Mon, 05 Aug 2024 16:23:38 +0000 https://republika.mk/?p=803640

Припадниците на косовската полиција попладнево влегле во сите девет објекти на Поштата на Србија во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, објави косовскиот портал на српски јазик „КоССев“.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, информацијата дека се работи за синхрона акција во сите експозитури на српската пошта, во изјава за медиумите ја потврдил и заменик началникот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, кој рече дека полицајците влегле во канцелариите на таа пошта по барање на Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации (АРКЕП).

Според Елшани, тоа е направено по информацијата дека тие работат без лиценца и без регистрација во Агенцијата за регистрација на бизниси на Косово (АРБК), а се потврдило дека информацијата на АРКЕП е точна.

Елшани најави дека за интервенцијата е известен државниот обвинител и дека ќе се продолжи согласно неговите овластувања.

По допис/информација добиена од АРКЕП, дека на територијата на Косово работат економски оператори без лиценца, а не се регистрирани во АРБК, полициски единици заминаа да ја проверат оваа информација. Информацијата се покажа како точна, за што полицијата го извести државниот обвинител и продолжуваме по неговите овластувања, вели Елшани.

Експозитурите на Поштата на Србија се наоѓаат во општините во северно Косово населени со мнозиство Срби - Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. „КоССев“ објави фотографии од експозитурите од кои се запленети документи и по интервенцијата на полицијата истите се запечатени.

The post Косовската полиција ги запечати сите експозитури на Поштата на Србија во северно Косово appeared first on Република.

]]>

Припадниците на косовската полиција попладнево влегле во сите девет објекти на Поштата на Србија во четирите општини во северно Косово, населени со мнозинско српско население, објави косовскиот портал на српски јазик „КоССев“. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, информацијата дека се работи за синхрона акција во сите експозитури на српската пошта, во изјава за медиумите ја потврдил и заменик началникот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, кој рече дека полицајците влегле во канцелариите на таа пошта по барање на Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации (АРКЕП). Според Елшани, тоа е направено по информацијата дека тие работат без лиценца и без регистрација во Агенцијата за регистрација на бизниси на Косово (АРБК), а се потврдило дека информацијата на АРКЕП е точна. Елшани најави дека за интервенцијата е известен државниот обвинител и дека ќе се продолжи согласно неговите овластувања.