посета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poseta/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jan 2024 13:02:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png посета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poseta/ 32 32 Мицотакис планира во мај да ја посети Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-planira-vo-maj-da-ja-poseti-turtsija/ Tue, 30 Jan 2024 13:02:53 +0000 https://republika.mk/?p=738589

Мојата намера е да ја посетам Анкара во мај, што ќе биде возвратна посета на претседателот Ердоган, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за радиото „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчко-турските односи, Мицотакис посочи дека инсистира на потребата да се градат односите врз основа на постигнатиот значителен напредок, што, како што истакна, се рефлектира на многу различни нивоа.

- Не само во активностите сведени на нула на турските воздухопловни сили во Егејското море во последните месеци, туку се рефлектира и во договорот што го постигнавме за можноста турските граѓани да патуваат на нашите острови без да мора да им даваме виза. Нешто што беше поздравено од десетте острови во Егејското Море како многу важен економски стимул за туристичката активност. Се рефлектира и во соработката што ја имаме во бегалското прашање, објасни Мицотакис.

Потсети дека за три дена во Истанбул ќе се одржи средба на високо ниво на бизнисмени од двете земји.

Истакна дека зачувувањето на добрата клима само по себе има вредност, но е и предуслов за да можат подетално да разговараат на ниво на политички дијалог.

На почетокот на декември, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше во посета на Атина и се одржа Високиот совет за соработка меѓу двете земји.

 

The post Мицотакис планира во мај да ја посети Турција appeared first on Република.

]]>

Мојата намера е да ја посетам Анкара во мај, што ќе биде возвратна посета на претседателот Ердоган, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за радиото „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за грчко-турските односи, Мицотакис посочи дека инсистира на потребата да се градат односите врз основа на постигнатиот значителен напредок, што, како што истакна, се рефлектира на многу различни нивоа. - Не само во активностите сведени на нула на турските воздухопловни сили во Егејското море во последните месеци, туку се рефлектира и во договорот што го постигнавме за можноста турските граѓани да патуваат на нашите острови без да мора да им даваме виза. Нешто што беше поздравено од десетте острови во Егејското Море како многу важен економски стимул за туристичката активност. Се рефлектира и во соработката што ја имаме во бегалското прашање, објасни Мицотакис. Потсети дека за три дена во Истанбул ќе се одржи средба на високо ниво на бизнисмени од двете земји. Истакна дека зачувувањето на добрата клима само по себе има вредност, но е и предуслов за да можат подетално да разговараат на ниво на политички дијалог. На почетокот на декември, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше во посета на Атина и се одржа Високиот совет за соработка меѓу двете земји.  

The post Мицотакис планира во мај да ја посети Турција appeared first on Република.

]]>
Мицкоски традиционално со верниците во црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-traditsionalno-so-vernitsite-vo-tsrkvata-sv-petar-i-pavle-vo-gorche-petrov/ Sat, 20 Jan 2024 12:44:17 +0000 https://republika.mk/?p=734914

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук објавува дека денеска бил во црквата на Светите Апостоли Петар и Павле во Ѓорче Петров, Скопје.

Денес се празнува големиот Св. Јован Крстител, чие име го носи и мојот поголем син. Традиционално со верниот народ бев во црквата на Светите Апостоли Петар и Павле во Ѓорче Петров, Скопје.

Честит именден на сите кои го носат и празнуваат овој голем ден. На сите им посакувам здравје, повеќе надеж, насмевки, крената глава и волја за промени за победа над сите несреќи, сите работи кои како сидро влечат надоле, причинуваат болка и немир.

На мојот син Јован, како родител му посакувам освен добро здравје, многу сила да се бори низ сите препреки и како и до сега, сам да си ја гради среќата и успева во животот, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Мицкоски традиционално со верниците во црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук објавува дека денеска бил во црквата на Светите Апостоли Петар и Павле во Ѓорче Петров, Скопје. Денес се празнува големиот Св. Јован Крстител, чие име го носи и мојот поголем син. Традиционално со верниот народ бев во црквата на Светите Апостоли Петар и Павле во Ѓорче Петров, Скопје. Честит именден на сите кои го носат и празнуваат овој голем ден. На сите им посакувам здравје, повеќе надеж, насмевки, крената глава и волја за промени за победа над сите несреќи, сите работи кои како сидро влечат надоле, причинуваат болка и немир. На мојот син Јован, како родител му посакувам освен добро здравје, многу сила да се бори низ сите препреки и како и до сега, сам да си ја гради среќата и успева во животот, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Мицкоски традиционално со верниците во црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>
Сунак во посета на Украина, најави речиси три милијарди евра воена помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sunak-vo-poseta-na-ukraina-najavi-rechisi-tri-milijardi-evra-voena-pomosh/ Fri, 12 Jan 2024 09:42:17 +0000 https://republika.mk/?p=732275

Британскиот премиер Риши Сунак замина во ненадејна посета на Украина, каде што ќе има средба со украинскиот колега Володимир Зеленски, бидејќи Обединетото Кралство најави дека ќе обезбеди речиси 3 милијарди евра воена помош за таа земја во текот на следната година, пишува Гардијан.

Како што е наведено, Зеленски ги притиска западните сојузници да и дадат поголема поддршка на земјата во нејзината борба против руската агресија, имајќи предвид дека интересот за војната во Европа се намалува како што конфликтот се одолговлекува. Кризата на Блискиот Исток и војната во Газа, исто така, го оттргнаа глобалното внимание од руско-украинскиот конфликт.

Премиерот Сунак ја истакна континуираната поддршка на Обединетото Кралство за Киев пред состанокот со Зеленски, кој доаѓа неколку часа откако силите на Обединетото Кралство и САД започнаа напади против Хутите во Јемен.

„Две години Украина се бореше со голема храброст да ја одбие бруталната руска инвазија. Тие се уште се борат, непоколебливи во решителноста да ја бранат својата земја и да ги бранат принципите на слободата и демократијата. Денеска сум овде со една порака: Обединетото Кралство нема да се поколеба. Ќе застанеме покрај Украина, во нејзините најмрачни времиња и во подобрите времиња што доаѓаат“, рече Сунак.

Инаку, Сунак ја посети Украина за првпат во ноември 2022 година, само неколку недели откако стана премиер.

 

The post Сунак во посета на Украина, најави речиси три милијарди евра воена помош appeared first on Република.

]]>

Британскиот премиер Риши Сунак замина во ненадејна посета на Украина, каде што ќе има средба со украинскиот колега Володимир Зеленски, бидејќи Обединетото Кралство најави дека ќе обезбеди речиси 3 милијарди евра воена помош за таа земја во текот на следната година, пишува Гардијан. Како што е наведено, Зеленски ги притиска западните сојузници да и дадат поголема поддршка на земјата во нејзината борба против руската агресија, имајќи предвид дека интересот за војната во Европа се намалува како што конфликтот се одолговлекува. Кризата на Блискиот Исток и војната во Газа, исто така, го оттргнаа глобалното внимание од руско-украинскиот конфликт. Премиерот Сунак ја истакна континуираната поддршка на Обединетото Кралство за Киев пред состанокот со Зеленски, кој доаѓа неколку часа откако силите на Обединетото Кралство и САД започнаа напади против Хутите во Јемен. „Две години Украина се бореше со голема храброст да ја одбие бруталната руска инвазија. Тие се уште се борат, непоколебливи во решителноста да ја бранат својата земја и да ги бранат принципите на слободата и демократијата. Денеска сум овде со една порака: Обединетото Кралство нема да се поколеба. Ќе застанеме покрај Украина, во нејзините најмрачни времиња и во подобрите времиња што доаѓаат“, рече Сунак. Инаку, Сунак ја посети Украина за првпат во ноември 2022 година, само неколку недели откако стана премиер.  

The post Сунак во посета на Украина, најави речиси три милијарди евра воена помош appeared first on Република.

]]>
Ирскиот премиер во петок во официјална посета на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/irskiot-premier-vo-petok-vo-ofitsijalna-poseta-na-makedonija/ Wed, 10 Jan 2024 12:55:59 +0000 https://republika.mk/?p=731594

Премиерот на Ирска, Лео Варадкар во петок (12 јануари) ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, ирскиот премиер ќе биде пречекан во Владата со највисоки државни почести од македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

 

The post Ирскиот премиер во петок во официјална посета на Македонија appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Ирска, Лео Варадкар во петок (12 јануари) ќе престојува во официјална посета на Македонија. Како што соопшти владината прес-служба, ирскиот премиер ќе биде пречекан во Владата со највисоки државни почести од македонскиот премиер Димитар Ковачевски.  

The post Ирскиот премиер во петок во официјална посета на Македонија appeared first on Република.

]]>
За посетата на Ердоган в четврток ќе бидат ангажирани над три илјади полицајци во Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-posetata-na-erdogan-v-chetvrtok-ke-bidat-angazhirani-nad-tri-iljadi-politsajtsi-vo-atina/ Tue, 05 Dec 2023 09:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=719814

Под драконски безбедносни мерки се очекува да биде Атина в четврток поради посетата на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и одржувањето на Високиот совет за соработка, а според грчките медиуми се очекува да бидат ангажирани над три илјади полицајци, јави дописничката на МИА од Атина.

Државната телевизија ЕРТ објави дека во надлежното Министерство за заштита на граѓаните секојдневно се одржуваат состаноци за безбедносните мерки, што вклучуваат дронови, хеликоптери, снајперисти, а мобилизирани се 3.500 полицајци.

Турскиот претседател в четврток ќе биде во Атина за да учествува на Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција, а предвидено е да биде примен од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, потоа ќе следи средба со премиерот на Грција и изјава за медиумите, по што ќе се одржи и состанокот во форма на работен ручек, во присуство на Мицотакис и Ердоган и со учество на министри од двете земји.

Ден пред посетата на Ердоган, односно утре, Атина исто така ќе биде под силни безбедносни мерки поради одбележувањето на 15-годишнината од убиството на тинејџерот Алексис Григоропулос, кој во 2008 година беше застрелан од полицаец, а секоја година на 6 декември се одржуваат низа протести.

Поради посетата на Ердоган и протестите, грчката полиција пред две седмици побара од Фудбалската федерација на Грција (ЕПО) да ги смени датумите за два фудбалски натпревари од осминафиналето во Купот на Грција, што требаше во Атина да се одиграат на 6 и 7 декември бидејќи „полицијата не може да ја гарантира безбедноста на двата натпревари“.

 

The post За посетата на Ердоган в четврток ќе бидат ангажирани над три илјади полицајци во Атина appeared first on Република.

]]>

Под драконски безбедносни мерки се очекува да биде Атина в четврток поради посетата на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и одржувањето на Високиот совет за соработка, а според грчките медиуми се очекува да бидат ангажирани над три илјади полицајци, јави дописничката на МИА од Атина. Државната телевизија ЕРТ објави дека во надлежното Министерство за заштита на граѓаните секојдневно се одржуваат состаноци за безбедносните мерки, што вклучуваат дронови, хеликоптери, снајперисти, а мобилизирани се 3.500 полицајци. Турскиот претседател в четврток ќе биде во Атина за да учествува на Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција, а предвидено е да биде примен од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, потоа ќе следи средба со премиерот на Грција и изјава за медиумите, по што ќе се одржи и состанокот во форма на работен ручек, во присуство на Мицотакис и Ердоган и со учество на министри од двете земји. Ден пред посетата на Ердоган, односно утре, Атина исто така ќе биде под силни безбедносни мерки поради одбележувањето на 15-годишнината од убиството на тинејџерот Алексис Григоропулос, кој во 2008 година беше застрелан од полицаец, а секоја година на 6 декември се одржуваат низа протести. Поради посетата на Ердоган и протестите, грчката полиција пред две седмици побара од Фудбалската федерација на Грција (ЕПО) да ги смени датумите за два фудбалски натпревари од осминафиналето во Купот на Грција, што требаше во Атина да се одиграат на 6 и 7 декември бидејќи „полицијата не може да ја гарантира безбедноста на двата натпревари“.  

The post За посетата на Ердоган в четврток ќе бидат ангажирани над три илјади полицајци во Атина appeared first on Република.

]]>
Столтенберг денеска на средби со Османи и Курти во Приштина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-deneska-na-sredbi-so-osmani-i-kurti-vo-prishtina/ Mon, 20 Nov 2023 07:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=714200

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе го посети Косово, каде што ќе се сретне со претседателката на државата, Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти.

Според официјалната програма, Столтенберг ќе го посети и кампот „Нотинг хил“, на Мировната мисија на НАТО - КФОР, каде што ќе се сретне со командантот генерал Озкан Улуташ и ќе им се обрати на војниците, а ќе се сретне и со директорот на Советодавниот и тим за врски на НАТО, бригадниот генерал Хамерштајн.

Пред доаѓањето на Косово, денеска генералниот секретар Столтенберг својата турнеја низ Западен Балкан ќе ја започне со посета на Босна и Херцеговина, каде што ќе се сретне со високиот претставник на меѓународната заедница во таа земја, Кристијан Шмит, како и со претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо.

Столтенберг ќе го посети и седиштето на НАТО во Сараево и ќе има средби со воени лидери и претставници на меѓународната заедница.

Генералниот секретар утре ќе престојува во Белград, каде ќе има средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.

Подоцна, во текот на денот, Столтенберг ќе допатува во Република Македонија, на средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски. Генералниот секретар ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери и ќе се обрати на Собранието.

Генералниот секретар на НАТО во среда ќе учествува на состанок со сојузничките лидери од регионот, што ќе се одржи во Тирана

The post Столтенберг денеска на средби со Османи и Курти во Приштина appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ќе го посети Косово, каде што ќе се сретне со претседателката на државата, Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти. Според официјалната програма, Столтенберг ќе го посети и кампот „Нотинг хил“, на Мировната мисија на НАТО - КФОР, каде што ќе се сретне со командантот генерал Озкан Улуташ и ќе им се обрати на војниците, а ќе се сретне и со директорот на Советодавниот и тим за врски на НАТО, бригадниот генерал Хамерштајн. Пред доаѓањето на Косово, денеска генералниот секретар Столтенберг својата турнеја низ Западен Балкан ќе ја започне со посета на Босна и Херцеговина, каде што ќе се сретне со високиот претставник на меѓународната заедница во таа земја, Кристијан Шмит, како и со претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо. Столтенберг ќе го посети и седиштето на НАТО во Сараево и ќе има средби со воени лидери и претставници на меѓународната заедница. Генералниот секретар утре ќе престојува во Белград, каде ќе има средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ. Подоцна, во текот на денот, Столтенберг ќе допатува во Република Македонија, на средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски. Генералниот секретар ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери и ќе се обрати на Собранието. Генералниот секретар на НАТО во среда ќе учествува на состанок со сојузничките лидери од регионот, што ќе се одржи во Тирана

The post Столтенберг денеска на средби со Османи и Курти во Приштина appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Важно е да инвестираме во енергетскиот систем и да бидеме енергетско независна држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-vazhno-e-da-investirame-vo-energetskiot-sistem-i-da-bideme-energetsko-nezavisna-drzhava/ Tue, 14 Nov 2023 17:57:53 +0000 https://republika.mk/?p=701544

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук вели дека денеска бил на средба со претставниците на енергетскиот сектор.

По средбата тој објави статус на Фејсбук:

Квалитетни предлози и проекти за развивање на електро- енергетскиот систем произлегоа од денешната средба со преставниците на енергетскиот сектор.

Столбот на македонскиот на електро енергетскиот систем на Македонија е токму РЕК Битола, кои власта го гледа низ призмата за лично богатење преку криминалните тендери.

Потребна е целосна рехабилитација на РЕК Битола за стабилен електро- енергетски систем во Македонија. Негрижата на власта кон електро-енергетските капацитети во минатото доведоа до недостсток на електрична енергија, а со тоа и повисоки сметки за граѓаните.

Како идна власт ќе работиме за целосна ревитализација на енергетскиот систем.

Важно е да инвестираме во енергетскиот систем. Важно е да бидеме енергетско независна држава, напиша Мицкоски.

The post Мицкоски: Важно е да инвестираме во енергетскиот систем и да бидеме енергетско независна држава appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук вели дека денеска бил на средба со претставниците на енергетскиот сектор. По средбата тој објави статус на Фејсбук:
Квалитетни предлози и проекти за развивање на електро- енергетскиот систем произлегоа од денешната средба со преставниците на енергетскиот сектор. Столбот на македонскиот на електро енергетскиот систем на Македонија е токму РЕК Битола, кои власта го гледа низ призмата за лично богатење преку криминалните тендери. Потребна е целосна рехабилитација на РЕК Битола за стабилен електро- енергетски систем во Македонија. Негрижата на власта кон електро-енергетските капацитети во минатото доведоа до недостсток на електрична енергија, а со тоа и повисоки сметки за граѓаните. Како идна власт ќе работиме за целосна ревитализација на енергетскиот систем. Важно е да инвестираме во енергетскиот систем. Важно е да бидеме енергетско независна држава, напиша Мицкоски.

The post Мицкоски: Важно е да инвестираме во енергетскиот систем и да бидеме енергетско независна држава appeared first on Република.

]]>
Претседателот на бугарскиот Парламент во вторник на гости кај Џафери, а ќе положи цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-bugarskiot-parlament-vo-vtornik-na-gosti-kaj-dhaferi-a-ke-polozhi-tsveke-pred-sarkofagot-na-gotse-delchev/ Fri, 10 Nov 2023 09:49:59 +0000 https://republika.mk/?p=700184

Претседателот на бугарскиот Парламент Росен Желјазков во вторник ќе престојува во работна посета на Собранието на Република Македонија. Желјазков ќе има средба и разговори со претседателот на Собранието Талат Џафери, по што тие ќе ја отворат изложбата „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј.

Изложбата е организирана од Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија и ќе бидат претставени 1700 експонати од 18 бугарски национални, регионални и општински музеи.

Бугарските медиуми јавуваат дека претседателот на бугарскиот Парламент пред работаната посета, ќе ја посети црквата „Свети Спас“ и ќе положи венец пред саркофагот на Гоце Делчев. Потоа Желјазков ќе присуствува на настан организиран од Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, на којшто ќе бидат поделени ваучери за интернет обука за деца со посебни потреби, на нивни родители и наставници.

 

The post Претседателот на бугарскиот Парламент во вторник на гости кај Џафери, а ќе положи цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Претседателот на бугарскиот Парламент Росен Желјазков во вторник ќе престојува во работна посета на Собранието на Република Македонија. Желјазков ќе има средба и разговори со претседателот на Собранието Талат Џафери, по што тие ќе ја отворат изложбата „Сребрена Тракија“ во Археолошкиот музеј. Изложбата е организирана од Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија и ќе бидат претставени 1700 експонати од 18 бугарски национални, регионални и општински музеи. Бугарските медиуми јавуваат дека претседателот на бугарскиот Парламент пред работаната посета, ќе ја посети црквата „Свети Спас“ и ќе положи венец пред саркофагот на Гоце Делчев. Потоа Желјазков ќе присуствува на настан организиран од Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, на којшто ќе бидат поделени ваучери за интернет обука за деца со посебни потреби, на нивни родители и наставници.  

The post Претседателот на бугарскиот Парламент во вторник на гости кај Џафери, а ќе положи цвеќе пред саркофагот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Меџити ќе ја посети Клиника за радиотерапија и онкологија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-ke-ja-poseti-klinika-za-radioterapija-i-onkologija/ Wed, 08 Nov 2023 07:36:14 +0000 https://republika.mk/?p=699333

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Во рамки на посетата, министерот Меџити ќе изврши обиколка на бункерот каде се поставува новиот акцелератор, по што ќе има изјави за медиумите.

 

The post Меџити ќе ја посети Клиника за радиотерапија и онкологија appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје. Во рамки на посетата, министерот Меџити ќе изврши обиколка на бункерот каде се поставува новиот акцелератор, по што ќе има изјави за медиумите.  

The post Меџити ќе ја посети Клиника за радиотерапија и онкологија appeared first on Република.

]]>
Мицотакис во официјална посета на Кина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mitsotakis-vo-ofitsijalna-poseta-na-kina/ Thu, 02 Nov 2023 12:46:22 +0000 https://republika.mk/?p=697446

Со кинескиот претседател Си Џинпинг, со премиерот Ли Чианг и претседателот на Националниот народен конгрес Жао Леџи, ќе се сретне грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата официјална посета на Кина, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис денеска пристигна во Пекинг и го посети Забранетиот град, а средбите со државниот врв се закажани за утре.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека посетата била планирана долго време и се очекува да биде можност да се разговара за прашања поврзани со билатералната соработка, како и за теми од регионален и меѓународен интерес.

-Грција настојува да ги зајакне билатералните трговски односи, туристичките односи и да го зголеми грчкиот извоз во Кина, особено во земјоделскиот сектор и стандардизираните производи.

Се очекува да се разговара и за случувањата на Блискиот Исток и за последнните случувања во Украина.

Кина како членка на Советот за безбедност на ОН може да игра важна улога во регионалните и меѓународните безбедносни прашања и во одржувањето на меѓународниот мир и стабилност, рече Маринакис.

Додаде дека позицијата на Грција е дека се неопходни отворени канали на комуникација со Кина и соработка за справување со глобалните предизвици, како што се климатските промени, за односите да бидат конструктивни и заемно корисни.

Дополнително, потсети дека веќе две од најголемите кинески рејтинг агенции го надградија кредитниот рејтинг на Грција на инвестициски степен.

 

The post Мицотакис во официјална посета на Кина appeared first on Република.

]]>

Со кинескиот претседател Си Џинпинг, со премиерот Ли Чианг и претседателот на Националниот народен конгрес Жао Леџи, ќе се сретне грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата официјална посета на Кина, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис денеска пристигна во Пекинг и го посети Забранетиот град, а средбите со државниот врв се закажани за утре. Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека посетата била планирана долго време и се очекува да биде можност да се разговара за прашања поврзани со билатералната соработка, како и за теми од регионален и меѓународен интерес. -Грција настојува да ги зајакне билатералните трговски односи, туристичките односи и да го зголеми грчкиот извоз во Кина, особено во земјоделскиот сектор и стандардизираните производи. Се очекува да се разговара и за случувањата на Блискиот Исток и за последнните случувања во Украина. Кина како членка на Советот за безбедност на ОН може да игра важна улога во регионалните и меѓународните безбедносни прашања и во одржувањето на меѓународниот мир и стабилност, рече Маринакис. Додаде дека позицијата на Грција е дека се неопходни отворени канали на комуникација со Кина и соработка за справување со глобалните предизвици, како што се климатските промени, за односите да бидат конструктивни и заемно корисни. Дополнително, потсети дека веќе две од најголемите кинески рејтинг агенции го надградија кредитниот рејтинг на Грција на инвестициски степен.  

The post Мицотакис во официјална посета на Кина appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен денеска пристигнува во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-deneska-pristignuva-vo-skopje/ Sun, 29 Oct 2023 07:46:13 +0000 https://republika.mk/?p=695916

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пристигнува во официјална посета на земјава, од каде ја започнува четиридневната турнеја низ Западен Балкан.

Фон дер Лајен, како што најави делегацијата на ЕУ во земјава, денеска ќе се сретне со претседателот на државата Стево Пендаровски, додека утре ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски.

По заедничката прес-конференција во Владата, Фон дер Лајен и Ковачевски ќе посетат фабрика за преработка на овошје и зеленчук во близина на Скопје, која е корисник на средства од ИПАРД програмата финансирана од ЕУ.

Фон дер Лајен од Скопје, ќе отпатува за Приштина, а потоа ќе ги посети Подгорица, Белград и Сараево. Посетата, како што е најавено, Фон дер Лајен ќе ја искористи да разговара за билатералната соработка со регионалните лидери и за подетално да им го претстави Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.

Претседателката на ЕК, како што изјави за МИА вицепремиерот Бојан Маричиќ на крајот на работната посета на Брисел, доаѓа во Скопје за да разговара за потребните и неопходните реформи и за дополнителните средства што треба да ги добие земјава како помош од ЕУ и мотивација за реформите, како и за обврски што ни преостануваат, за да се комплетираме оваа фаза на пристапувањето и да се премине во втората, односно отворање на кластерот и со тоа да се најави и крајот на скринингот.

Според Маричиќ, се очекува таа да ги најави извештаите на ЕК за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ, чие објавување е предвидено за 8 ноември, како и да ги презентира основните црти на Планот за раст на Западниот Балкан, што би требало да биде објавен до крајот на оваа година.

The post Фон дер Лајен денеска пристигнува во Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пристигнува во официјална посета на земјава, од каде ја започнува четиридневната турнеја низ Западен Балкан. Фон дер Лајен, како што најави делегацијата на ЕУ во земјава, денеска ќе се сретне со претседателот на државата Стево Пендаровски, додека утре ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски. По заедничката прес-конференција во Владата, Фон дер Лајен и Ковачевски ќе посетат фабрика за преработка на овошје и зеленчук во близина на Скопје, која е корисник на средства од ИПАРД програмата финансирана од ЕУ. Фон дер Лајен од Скопје, ќе отпатува за Приштина, а потоа ќе ги посети Подгорица, Белград и Сараево. Посетата, како што е најавено, Фон дер Лајен ќе ја искористи да разговара за билатералната соработка со регионалните лидери и за подетално да им го претстави Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. Претседателката на ЕК, како што изјави за МИА вицепремиерот Бојан Маричиќ на крајот на работната посета на Брисел, доаѓа во Скопје за да разговара за потребните и неопходните реформи и за дополнителните средства што треба да ги добие земјава како помош од ЕУ и мотивација за реформите, како и за обврски што ни преостануваат, за да се комплетираме оваа фаза на пристапувањето и да се премине во втората, односно отворање на кластерот и со тоа да се најави и крајот на скринингот. Според Маричиќ, се очекува таа да ги најави извештаите на ЕК за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ, чие објавување е предвидено за 8 ноември, како и да ги презентира основните црти на Планот за раст на Западниот Балкан, што би требало да биде објавен до крајот на оваа година.

The post Фон дер Лајен денеска пристигнува во Скопје appeared first on Република.

]]>
Шефот на руската дипломатија Лавров утре во посета на Техеран https://arhiva3.republika.mk/vesti/shefot-na-ruskata-diplomatija-lavrov-utre-vo-poseta-na-teheran/ Sun, 22 Oct 2023 13:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=693914

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре ќе го посети Иран, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Иранската новинска агенција ИРНА објави дека министрите за надворешни работи на Русија, Турција, Ерменија и Азербејџан биле поканети во Техеран на разговори.

Тема на средбата, како што се наведува, се односите меѓу Ерменија и Азербејџан по тензиите во конфликтот во Нагорно Карабах.

Од почетокот на офанзивата против Украина во 2022 година, Москва му се обрати на Техеран за воена и економска помош, а двете земји се под санкции од Западот.

Западните земји го обвинуваат Иран дека ја поддржува офанзивата на Москва со обезбедување на руските сили со беспилотни летала.

 

The post Шефот на руската дипломатија Лавров утре во посета на Техеран appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре ќе го посети Иран, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Иранската новинска агенција ИРНА објави дека министрите за надворешни работи на Русија, Турција, Ерменија и Азербејџан биле поканети во Техеран на разговори. Тема на средбата, како што се наведува, се односите меѓу Ерменија и Азербејџан по тензиите во конфликтот во Нагорно Карабах. Од почетокот на офанзивата против Украина во 2022 година, Москва му се обрати на Техеран за воена и економска помош, а двете земји се под санкции од Западот. Западните земји го обвинуваат Иран дека ја поддржува офанзивата на Москва со обезбедување на руските сили со беспилотни летала.  

The post Шефот на руската дипломатија Лавров утре во посета на Техеран appeared first on Република.

]]>
Подготвени за можен напад: Бајден пристигна во Тел Авив, го придружуваат два носача на авиони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/podgotveni-za-mozhen-napad-bajden-pristigna-vo-tel-aviv-go-pridruzhuvaat-dva-nosacha-na-avioni/ Wed, 18 Oct 2023 08:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=692414

Во напад на болница во Газа загинаа стотици Палестинци, што ги продлабочи тензиите на Блискиот Исток и ги зголеми влоговите за американскиот претседател Џо Бајден, кој пристигна во Израел за да изрази поддршка за неговата војна против Хамас.

Комплексната дипломатска мисија на Бајден на Блискиот Исток требаше да го смири регионот и да ги поддржи хуманитарните напори за Газа, но по нападот, Јордан го откажа планираниот самит со американскиот претседател, палестинскиот претседател Махмуд Абас и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.

Абас, исто така, ги откажа плановите да се сретне со Бајден, а палестинските безбедносни сили употребија солзавец и шок-бомби за да ги растераат антивладините демонстранти во окупираниот град Рамала на Западниот Брег додека народот го искажуваше својот гнев.

Бајден претходно изјави дека САД не сакаат конфликтот да ескалира во поширока војна.

Неговото пристигнување во Израел, еден ден по бруталниот напад на болницата, ќе биде обележано со високото ниво на безбедност што го придружува американскиот претседател, а сето тоа го управува Тајната служба.

Низ историјата, американските претседатели често оделе во области на активни воени конфликти, но таквите операции често биле тајни и ненајавени, како што беше случајот со доаѓањето на Џорџ Буш, Доналд Трамп и Барак Обама во Ирак.

Пристигнувањето на Бајден во Израел беше јавно објавено, што дополнително го зголемува нивото на ризик за целата посета.

Тајната служба која се грижи за безбедноста на американскиот претседател ќе ги координира персоналот на Белата куќа, агентите на дипломатската безбедносна служба, амбасадите и нивните колеги од израелската страна – Шин Бет. Израелската безбедносна агенција е задолжена и за заштита на израелскиот премиер и претседател, кои исто така ќе бидат под посебна безбедносна капа за време на посетата на Бајден.

Тајната служба е таа што го организира секој детал од посетата за да ги минимизира ризиците, а посетата на Израел или на Западниот Брег отсекогаш била особено ризична поради заканите низ целиот регион.

Бајден доаѓа во Израел со Ер Форс 1, а Тајната служба го координира неговото пристигнување со војската, која сега го има USS Gerald Ford, најголемиот носач на авиони во регионот, и носачот на авиони USS Dwight D. Eisenhower во Средоземното Море. Тој се приклучува на борбената група која ги вклучува и крстосувачот со наведувани ракети USS Normandy, разурнувачите со наведувани ракети USS Thomas Hudner, USS Carney и USS Roosevelt.

Војската ќе се грижи за безбедноста на Бајден во воздухот, а Тајната служба има и план во случај Бајден да треба итно да биде евакуиран од областа, пишува ABC. Носачите на авиони во источниот дел на Медитеранот беа дел од тие планови за поставување на превентивни безбедносни мерки.

Одбраната од ракетни напади е исто така посебно истакната мерка, а американските безбедносни службеници ќе соработуваат со нивните израелски колеги за да имаат контрамерки, како што е „Железната купола“, околу областа каде што се наоѓа Бајден. Во подготовка ќе има и специјални единици кои ќе имаат планови за сите форми на напади за кои би била потребна заштита на претседателот.

The post Подготвени за можен напад: Бајден пристигна во Тел Авив, го придружуваат два носача на авиони appeared first on Република.

]]>

Во напад на болница во Газа загинаа стотици Палестинци, што ги продлабочи тензиите на Блискиот Исток и ги зголеми влоговите за американскиот претседател Џо Бајден, кој пристигна во Израел за да изрази поддршка за неговата војна против Хамас. Комплексната дипломатска мисија на Бајден на Блискиот Исток требаше да го смири регионот и да ги поддржи хуманитарните напори за Газа, но по нападот, Јордан го откажа планираниот самит со американскиот претседател, палестинскиот претседател Махмуд Абас и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси. Абас, исто така, ги откажа плановите да се сретне со Бајден, а палестинските безбедносни сили употребија солзавец и шок-бомби за да ги растераат антивладините демонстранти во окупираниот град Рамала на Западниот Брег додека народот го искажуваше својот гнев. Бајден претходно изјави дека САД не сакаат конфликтот да ескалира во поширока војна. Неговото пристигнување во Израел, еден ден по бруталниот напад на болницата, ќе биде обележано со високото ниво на безбедност што го придружува американскиот претседател, а сето тоа го управува Тајната служба. Низ историјата, американските претседатели често оделе во области на активни воени конфликти, но таквите операции често биле тајни и ненајавени, како што беше случајот со доаѓањето на Џорџ Буш, Доналд Трамп и Барак Обама во Ирак. Пристигнувањето на Бајден во Израел беше јавно објавено, што дополнително го зголемува нивото на ризик за целата посета. Тајната служба која се грижи за безбедноста на американскиот претседател ќе ги координира персоналот на Белата куќа, агентите на дипломатската безбедносна служба, амбасадите и нивните колеги од израелската страна – Шин Бет. Израелската безбедносна агенција е задолжена и за заштита на израелскиот премиер и претседател, кои исто така ќе бидат под посебна безбедносна капа за време на посетата на Бајден. Тајната служба е таа што го организира секој детал од посетата за да ги минимизира ризиците, а посетата на Израел или на Западниот Брег отсекогаш била особено ризична поради заканите низ целиот регион. Бајден доаѓа во Израел со Ер Форс 1, а Тајната служба го координира неговото пристигнување со војската, која сега го има USS Gerald Ford, најголемиот носач на авиони во регионот, и носачот на авиони USS Dwight D. Eisenhower во Средоземното Море. Тој се приклучува на борбената група која ги вклучува и крстосувачот со наведувани ракети USS Normandy, разурнувачите со наведувани ракети USS Thomas Hudner, USS Carney и USS Roosevelt. Војската ќе се грижи за безбедноста на Бајден во воздухот, а Тајната служба има и план во случај Бајден да треба итно да биде евакуиран од областа, пишува ABC. Носачите на авиони во источниот дел на Медитеранот беа дел од тие планови за поставување на превентивни безбедносни мерки. Одбраната од ракетни напади е исто така посебно истакната мерка, а американските безбедносни службеници ќе соработуваат со нивните израелски колеги за да имаат контрамерки, како што е „Железната купола“, околу областа каде што се наоѓа Бајден. Во подготовка ќе има и специјални единици кои ќе имаат планови за сите форми на напади за кои би била потребна заштита на претседателот.

The post Подготвени за можен напад: Бајден пристигна во Тел Авив, го придружуваат два носача на авиони appeared first on Република.

]]>
Се очекува палестинскиот претседател да ја посети Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-ochekuva-palestinskiot-pretsedatel-da-ja-poseti-moskva/ Tue, 10 Oct 2023 10:53:25 +0000 https://republika.mk/?p=689860

Палестинскиот претседател Махмуд Абас се очекува да ја посети Москва, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на палестинскиот пратеник во Москва, пренесе Ројтерс.

Очекуваме официјално соопштение од Кремљ, од руска страна, за тоа кога ќе се одржи посетата“, објави руската новинска агенција РБЦ, цитирајќи го амбасадорот Абдел Хафиз Нофал. „Постигнат е договор господинот Абас да дојде во Москва.

Одделно, тој за руската државна телевизија изјави дека двете земји одржуваат „дневни контакти“.

Во понеделникот Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа по невидениот викенд напад од страна на исламистичката група Хамас во кој загинаа стотици луѓе.

Русија, која одржува односи со арапските земји Иран и Хамас, како и со Израел, го осуди насилството врз двете земји и ги обвини САД дека ја игнорираат потребата од независна палестинска држава.

 

The post Се очекува палестинскиот претседател да ја посети Москва appeared first on Република.

]]>

Палестинскиот претседател Махмуд Абас се очекува да ја посети Москва, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на палестинскиот пратеник во Москва, пренесе Ројтерс.
Очекуваме официјално соопштение од Кремљ, од руска страна, за тоа кога ќе се одржи посетата“, објави руската новинска агенција РБЦ, цитирајќи го амбасадорот Абдел Хафиз Нофал. „Постигнат е договор господинот Абас да дојде во Москва.
Одделно, тој за руската државна телевизија изјави дека двете земји одржуваат „дневни контакти“. Во понеделникот Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа по невидениот викенд напад од страна на исламистичката група Хамас во кој загинаа стотици луѓе. Русија, која одржува односи со арапските земји Иран и Хамас, како и со Израел, го осуди насилството врз двете земји и ги обвини САД дека ја игнорираат потребата од независна палестинска држава.  

The post Се очекува палестинскиот претседател да ја посети Москва appeared first on Република.

]]>
Владо Мисајловски во посета на САД, учествува на Програмата за меѓународни лидери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlado-misajlovski-vo-poseta-na-sad-uchestvuva-na-programata-za-megunarodni-lideri/ Tue, 03 Oct 2023 18:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=687641

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски е во работна посета на Вашингтон, каде што на покана на Амбасадата на САД во Македонија, има можност да учествува на Програмата за меѓународни лидери, организирана од американската влада.

Денеска остваривме повеќе средби со високи претставници на Стејт Департментот, како и различни организации од политичкиот и општествениот живот во Вашингтон. Разговаравме за предизвците во надворешната политика во Европа, но и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете држави.
Благодарност до Амбасадата на САД за оваа можност, да бидам дел од оваа програма каде што учествуваат новинари од медиумите од цела Европа, претставници од ЕУ, невладиниот сектор и различни експерти од различни институции во Европа, објави Мисајловски на својот профил на Фејсбук.

The post Владо Мисајловски во посета на САД, учествува на Програмата за меѓународни лидери appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски е во работна посета на Вашингтон, каде што на покана на Амбасадата на САД во Македонија, има можност да учествува на Програмата за меѓународни лидери, организирана од американската влада.
Денеска остваривме повеќе средби со високи претставници на Стејт Департментот, како и различни организации од политичкиот и општествениот живот во Вашингтон. Разговаравме за предизвците во надворешната политика во Европа, но и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете држави. Благодарност до Амбасадата на САД за оваа можност, да бидам дел од оваа програма каде што учествуваат новинари од медиумите од цела Европа, претставници од ЕУ, невладиниот сектор и различни експерти од различни институции во Европа, објави Мисајловски на својот профил на Фејсбук.

The post Владо Мисајловски во посета на САД, учествува на Програмата за меѓународни лидери appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Шест години земјоделците се уништувани од Владата на СДСМ и ДУИ, но наскоро тоа ќе се смени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-shest-godini-zemjodeltsite-se-unishtuvani-od-vladata-na-sdsm-i-dui-no-naskoro-toa-ke-se-smeni/ Sat, 23 Sep 2023 12:27:41 +0000 https://republika.mk/?p=684390

Земјоделците за оваа Влада се маргинална група и така е веќе шеста година по ред. Но, добрата вест е што набрзо од денеска оваа влада ќе биде во опозиција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за проблемите со откупот на пиперките и грозјето за време на посетата на општина Брвеница.

Мицкоски укажа дека добрата вест е што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш во минатото во фокус и било работењето, но исто така и земјоделците како наши сограѓани.

Многу е важно тие да произведуваат она со што ние се развиваме како држава, да произведуваат доволно храна за нашите потреби, но и за извоз, кажа Мицкоски.

На крајот тој заклучи дека „не треба да се биде голем аналитичар и да се види дека за жал 6 години земјоделците се уништувани од Владата на СДСМ и ДУИ или ДУИ и СДСМ како сакате“.

 

The post Мицкоски: Шест години земјоделците се уништувани од Владата на СДСМ и ДУИ, но наскоро тоа ќе се смени appeared first on Република.

]]>

Земјоделците за оваа Влада се маргинална група и така е веќе шеста година по ред. Но, добрата вест е што набрзо од денеска оваа влада ќе биде во опозиција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за проблемите со откупот на пиперките и грозјето за време на посетата на општина Брвеница. Мицкоски укажа дека добрата вест е што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш во минатото во фокус и било работењето, но исто така и земјоделците како наши сограѓани.
Многу е важно тие да произведуваат она со што ние се развиваме како држава, да произведуваат доволно храна за нашите потреби, но и за извоз, кажа Мицкоски.
На крајот тој заклучи дека „не треба да се биде голем аналитичар и да се види дека за жал 6 години земјоделците се уништувани од Владата на СДСМ и ДУИ или ДУИ и СДСМ како сакате“.  

The post Мицкоски: Шест години земјоделците се уништувани од Владата на СДСМ и ДУИ, но наскоро тоа ќе се смени appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера да инвестира повеќе од 250 милиони евра годишно во локални проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-ima-namera-da-investira-poveke-od-250-milioni-evra-godishno-vo-lokalni-proekti/ Wed, 13 Sep 2023 10:59:35 +0000 https://republika.mk/?p=681538

Секогаш претставува чест и задоволство да се биде дел од проектите кои што ги реализираат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, рече за време на својата посета на општина Ѓорче Петров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Александар како градоначалник на општина Ѓорче Петров и покрај исклучително тешката состојба која што како општина ја наследи, повеќе од 140 милиони денари долгови, денеска тој долг е драматично намален. Успева еве да обезбеди средства, да дел од проектите кои што беа ветувани за време на кампањата во 2021 година да ги реализира. Еден од тие проекти е овој, за останатите самиот градоначалник кажа. Јас му честитам нему, честитам на дел од советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, советниците во Град Скопје, пратениците, потпретседателот Мисајлоски, пратеникот Бојан Стојаноски, кој што во парламентот секогаш се обидуваат преку амандманската расправа да обезбедат денар повеќе за проекти овде во општина Ѓорче Петров. Но, за жал имаме работа со Влада што е комплетно ненародна и гледаат како да ги казнат сопствените граѓани зошто тие во 2021 година гласале за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата што која предводи ВМРО-ДПМНЕ - истакна Мицкоски.

Но, добрата вест е што за неколку месеци од денеска оваа криминална Влада на ДУИ поддржана од СДС ќе замине, ќе замине и нема повеќе да биде реалност. И тогаш доаѓа Влада на ВМРО-ДПМНЕ која што има намера да биде Влада за сите граѓани во Македонија без разлика дали општината има градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, од СДС, од ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА или е некој независен градоначалник. Не значи ако граѓаните гласаат против политичката опција која што е Влада дека Владата треба тие граѓани да ги казнува. Сите граѓани во Македонија се граѓани кои што треба да ги поддржува Владата, потенцираше Мицкоски.

Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера повеќе од 250 милиони евра годишно да инвестира во локални проекти. Вакви проекти како што се овие, улици, канализации, водоводи. Бидејќи граѓаните во Македонија се соочуваат со немање основни услови за живот. Тоа е суштината која што повеќе од три децении е заборавена. Бркајќи провизии на крупни проекти, политичарите повеќе од три децении заборавиле на овие луѓе кои што еве денеска одејќи наваму м и рекоа конечно после пет децении добиваме и ние улица. Замислете во 21-от век зборуваме за нешто што треба да биде основа, а не да биде привилегија. Така што ќе ми дозволите уште еднашка да му честитам на Александар, на дел од советниците, на администрацијата, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Град Скопје, пратениците, потпретседателот Мисајлоски, Стојаноски, и сите оние кои што даваат своја додадена вредност во општина Ѓорче Петров - рече Мицкоски.

И да им посакам уште многу, многу вакви проекти, а за неколку месеци од денеска и ќе имаме повеќе средства на располагање, повеќе проекти. Јас сум убеден дека и повеќе од тоа што беше ветувано во кампањата во 2021 година ќе биде реализирано, додаде тој.

The post Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера да инвестира повеќе од 250 милиони евра годишно во локални проекти appeared first on Република.

]]>

Секогаш претставува чест и задоволство да се биде дел од проектите кои што ги реализираат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, рече за време на својата посета на општина Ѓорче Петров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Александар како градоначалник на општина Ѓорче Петров и покрај исклучително тешката состојба која што како општина ја наследи, повеќе од 140 милиони денари долгови, денеска тој долг е драматично намален. Успева еве да обезбеди средства, да дел од проектите кои што беа ветувани за време на кампањата во 2021 година да ги реализира. Еден од тие проекти е овој, за останатите самиот градоначалник кажа. Јас му честитам нему, честитам на дел од советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, советниците во Град Скопје, пратениците, потпретседателот Мисајлоски, пратеникот Бојан Стојаноски, кој што во парламентот секогаш се обидуваат преку амандманската расправа да обезбедат денар повеќе за проекти овде во општина Ѓорче Петров. Но, за жал имаме работа со Влада што е комплетно ненародна и гледаат како да ги казнат сопствените граѓани зошто тие во 2021 година гласале за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата што која предводи ВМРО-ДПМНЕ - истакна Мицкоски.
Но, добрата вест е што за неколку месеци од денеска оваа криминална Влада на ДУИ поддржана од СДС ќе замине, ќе замине и нема повеќе да биде реалност. И тогаш доаѓа Влада на ВМРО-ДПМНЕ која што има намера да биде Влада за сите граѓани во Македонија без разлика дали општината има градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, од СДС, од ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА или е некој независен градоначалник. Не значи ако граѓаните гласаат против политичката опција која што е Влада дека Владата треба тие граѓани да ги казнува. Сите граѓани во Македонија се граѓани кои што треба да ги поддржува Владата, потенцираше Мицкоски.
Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера повеќе од 250 милиони евра годишно да инвестира во локални проекти. Вакви проекти како што се овие, улици, канализации, водоводи. Бидејќи граѓаните во Македонија се соочуваат со немање основни услови за живот. Тоа е суштината која што повеќе од три децении е заборавена. Бркајќи провизии на крупни проекти, политичарите повеќе од три децении заборавиле на овие луѓе кои што еве денеска одејќи наваму м и рекоа конечно после пет децении добиваме и ние улица. Замислете во 21-от век зборуваме за нешто што треба да биде основа, а не да биде привилегија. Така што ќе ми дозволите уште еднашка да му честитам на Александар, на дел од советниците, на администрацијата, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Град Скопје, пратениците, потпретседателот Мисајлоски, Стојаноски, и сите оние кои што даваат своја додадена вредност во општина Ѓорче Петров - рече Мицкоски.
И да им посакам уште многу, многу вакви проекти, а за неколку месеци од денеска и ќе имаме повеќе средства на располагање, повеќе проекти. Јас сум убеден дека и повеќе од тоа што беше ветувано во кампањата во 2021 година ќе биде реализирано, додаде тој.

The post Мицкоски: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера да инвестира повеќе од 250 милиони евра годишно во локални проекти appeared first on Република.

]]>
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/japonskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-vo-nenajavena-poseta-na-ukraina/ Sat, 09 Sep 2023 20:19:26 +0000 https://republika.mk/?p=680365

Шефот на јапонската дипломатија Јошимаса Хајаши денеска пристигна во ненајавена посета на Украина. Тој е придружуван од директори од јапонски компании, меѓу кои и Хироши Микитани, основач и извршен директор на Групацијата Ракутен.

Како што соопшти јапонското МНР, Хајаши со украинскиот претседател Володимир Зеленски се разговарал за безбедносните гаранции и соработката во обновата на украинската економија.

На средбата со украинскиот колега Дмитро Кулеба, Хајаши ја повтори силната поддршка на Јапонија за Украина и итноста за ставање крај на руската инвазија со помош на меѓународната заедница.

На почетокот на следната година Јапонија планира да организира состанок на тема обнова на Украина.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида беше во ненадејна посета на Киев во март, при што се сретна со Зеленски.

The post Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина appeared first on Република.

]]>

Шефот на јапонската дипломатија Јошимаса Хајаши денеска пристигна во ненајавена посета на Украина. Тој е придружуван од директори од јапонски компании, меѓу кои и Хироши Микитани, основач и извршен директор на Групацијата Ракутен. Како што соопшти јапонското МНР, Хајаши со украинскиот претседател Володимир Зеленски се разговарал за безбедносните гаранции и соработката во обновата на украинската економија. На средбата со украинскиот колега Дмитро Кулеба, Хајаши ја повтори силната поддршка на Јапонија за Украина и итноста за ставање крај на руската инвазија со помош на меѓународната заедница. На почетокот на следната година Јапонија планира да организира состанок на тема обнова на Украина. Јапонскиот премиер Фумио Кишида беше во ненадејна посета на Киев во март, при што се сретна со Зеленски.

The post Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина appeared first on Република.

]]>
Пендаровски во официјална посета на Чешката Република https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-vo-ofitsijalna-poseta-na-cheshkata-republika/ Tue, 29 Aug 2023 08:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=676797

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Чешката Република.

Денеска, 29 август 2023 година, вторник, во Прага претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Чешката Република, Петр Павел, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот на Парламентот, Милош Вистрчил, со претседателката на Домот на пратениците на Парламентот, Маркета Пекарова Адамова и со претседателот на Владата, Петр Фиала.

За време на официјалната посета на Чешката Република, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.

The post Пендаровски во официјална посета на Чешката Република appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Чешката Република.

Денеска, 29 август 2023 година, вторник, во Прага претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Чешката Република, Петр Павел, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете држави.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот на Парламентот, Милош Вистрчил, со претседателката на Домот на пратениците на Парламентот, Маркета Пекарова Адамова и со претседателот на Владата, Петр Фиала.

За време на официјалната посета на Чешката Република, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.

The post Пендаровски во официјална посета на Чешката Република appeared first on Република.

]]>
Кинеското МНР ја осуди посетата на потпретседателот на Тајван на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kineskoto-mnr-ja-osudi-posetata-na-potpretsedatelot-na-tajvan-na-sad/ Sun, 13 Aug 2023 13:25:41 +0000 https://republika.mk/?p=671667

Кинеското Министерство за надворешни работи ја осуди кратката посета на потпретседателот на Тајван, Вилијам Лаи, на САД, нарекувајќи го „сепаратист“ и „проблематична личност“, јави Бета.

Пекинг ќе преземе „силни чекори“ за да го заштити својот суверенитет, пренесуваат британските медиуми.

Во соопштението од кинеското Министерство за надворешни работи се наведува дека тие се против „секаква форма на посета на сепаратистите за независност на Тајван на САД“.

„Кина внимателно го следи развојот на настаните и ќе преземе решителни и силни мерки за одбрана на националниот суверенитет и територијалниот интегритет“, се додава во соопштението.

Лаи, кој важи за фаворит за следен претседател на Тајван на изборите во јануари, во текот на викендов пристигна во Њујоркм во мини посета на Њујорк, на пат за Парагвај, каде што ќе присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на оваа земја.

Ли, на својот профил на платформата Х, напиша дека „со нетрпение чека да се види со пријателите во Њујорк“.

 

The post Кинеското МНР ја осуди посетата на потпретседателот на Тајван на САД appeared first on Република.

]]>

Кинеското Министерство за надворешни работи ја осуди кратката посета на потпретседателот на Тајван, Вилијам Лаи, на САД, нарекувајќи го „сепаратист“ и „проблематична личност“, јави Бета. Пекинг ќе преземе „силни чекори“ за да го заштити својот суверенитет, пренесуваат британските медиуми. Во соопштението од кинеското Министерство за надворешни работи се наведува дека тие се против „секаква форма на посета на сепаратистите за независност на Тајван на САД“. „Кина внимателно го следи развојот на настаните и ќе преземе решителни и силни мерки за одбрана на националниот суверенитет и територијалниот интегритет“, се додава во соопштението. Лаи, кој важи за фаворит за следен претседател на Тајван на изборите во јануари, во текот на викендов пристигна во Њујоркм во мини посета на Њујорк, на пат за Парагвај, каде што ќе присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на оваа земја. Ли, на својот профил на платформата Х, напиша дека „со нетрпение чека да се види со пријателите во Њујорк“.  

The post Кинеското МНР ја осуди посетата на потпретседателот на Тајван на САД appeared first on Република.

]]>