посета на Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poseta-vo-skopje/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 12:50:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png посета на Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poseta-vo-skopje/ 32 32 Завршивте добра работа, имаме одлични реформи, ќе почнеме со 52 милиони евра од Планот за раст до крајот на годината, вели Фон дер Лајен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshivte-dobra-rabota-imame-odlichni-reformi-ke-pochneme-so-52-milioni-evra-od-planot-za-rast-do-krajot-na-godinata-veli-fon-der-lajen/ Thu, 24 Oct 2024 12:50:24 +0000 https://republika.mk/?p=830612

Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе ги направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум, исто како и вие дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.

Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години. Сега ги имаме сите потребни алатки и инструменти за да го овозможиме тоа, рече таа.

Претседателката на ЕК посочи дека Македонија постигна многу и дека покажа одлучност во преземањето на секој чекор.

И навистина сакам да ја пофалам Македонија и да одадам почит на луѓето. Сега работата навистина мора да продолжи, рече Фон Дер Лајен.

Таа оддаде почит и на како што кажа 100 - процентата усогласеност на земјава со надворешната и безбедносната политика на ЕУ како и за поддршката на Украина, и се осврна на придобивките од Планот за раст на Западен Балкан.

Тоа е нашиот заеднички патоказ да ги приближиме економиите на ЗБ до нашите и постепено да ги интегрираме нашите економии. Ја отвораме вратата на единствениот европски пазар во одредени сектори за компании од Македонија, а за возврат вие ќе спроведете важни реформи за да имаме изедначено поле за игра, а тоа ќе биде придружено со дополнителни инвестиции од ЕУ во Македонија. Мина веќе една година откако го почнавме ова, и морам да кажам дека земјите од ЗБ ги испорачаа своите резултати, ја имааат агендата за реформи, исто и Македонија. Македонија заврши навистина добра работа, имаме одлични реформи и треба да почнеме со 52 милиони евра до крајот на годината, а треба да добиете повеќе од 750 милиони евра според Планот за раст, рече претседателката на ЕК.

Таа нагласи дека Планот за раст ќе испорача мошне конкретни резултати за луѓето и за бизнисите, наведувајќи дека земјата е на добар пат да стане дел од тн зона на единствено плаќање во ЕУ, што ќе овозможи преносот на парите помеѓу Македонија и ЕУ да се движи побрзо, побезбедно и слободно.

Фон дер Лајен се осврна и на Заедничкиот инвестициски фонд за ЗБ, иницијатива која е воспоставена пред четири години и преку која во земјата се мобилизирани 1,7 милијарди евра во инвестиции со фокус на транзицијата кон чиста енергија. Таа нагласи дека една четвртина од производството на енергија во земјава отпаѓа на обновливи извори на енергија, а целта е тоа да се зголеми. Во таа насока ги посочи инвестициите во Осломеј и термоелектраната РЕК Битола кои треба да работат на соларна енергија, ветерниот парк во Богданци, како и во чист транспорт за подобра поврзаност меѓу регионот и Европа, односно во железничтаа инфратсруктура.

Ова навистина го вклучува можне важниот проект за железничкиот Коридорот 8 со кој се поврзувате со Албанија и Бугарија, а го имаме и Коридорот 10 којк што минува од Грција кон Будимпешта и минува низ целата ваша земја. Овие инвес ќе ја претворат СМ во клучлен транспортен центар и тоа ќе донесе серизони придобивки за луѓето од СМ, вели Фон дер Лајен.

Во однос на соработката во граничната заштита, Македонија, рече таа, е петтата земја надвор од ЕУ каде има тим од Фронтекст и каде во изминатите две години повеќе од стотина граничари ги поддржуваат локалните власти за да се спроведуваат проверките и надзорот, а се во насока на подготовка на земјата за иднината, односно полноправното членство. Првиот човек на ЕК укажа и на солидарноста на Брисел со земјава во однос на справувањето со шумските пожари во текот на летово преку активирањето на механизмот за цивилна заштита во два наврати и мобилизацијата на шест воздухоплови и три хеликоптери. Порака упати и во однос на очекувањата на младите од земјата, во однос на нивната иднина.

Пред три години на славењето на 30 годишнина на вашата земја, запознав млади луѓе и беше навистина убаво да се види како тие копнеат за нивната идина - младите луѓе на ЗБ, младите луѓе во Македонија, младите луѓе во ЕУ. И мислам дека младите луѓе никогаш нема да ни простат ако не одговориме на овој предизвик. Затоа треба да направиме Македонија да биде дел од нашата ЕУ, порача Фон дер Лајен.

Премиерот Мицкоски од своја страна истакна дека Владата високо ја цени заложбата на претседателката на ЕК за нашиот евроинтеграциски пат и дека очекува ЕУ заедно со нас да помогне како да го продолжиме тој пат почитувајќи го ставот на граѓаните. Мицкоски изрази убеденост дека заедно може да се надминат овие пречки.

-Владата, високо ја цени заложбата на претседателката за проширувањето на Европската Унија во најскоро време. Во овие услови на променета геополитичка ситуација во светот, нашата земја останува стабилен, сигурен и посветен партнер на ЕУ. Но, очекуваме Европската Унија заедно со нас да помогне во изнаоѓањето на начини како да продолжи нашиот европски интегративен пат, истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите на кои што почива самата ЕУ. Очекуваме од Европската Унија да го препознае нашиот напредок и да продолжи да ни дава поддршка во овој процес, многу е важна поддршката, рече Мицкоски.

Веруваме, додаде тој, во принципот на фер и заслуги и верувавме дека нашите континуирани напори ќе бидат соодветно вреднувани.

-Нашата цел е јасна, но патот до неа бара заеднички труд. Соработката, дијалогот и меѓусебното разбирање кои што се од суштинско значење. Убедени сме дека заедно можеме да ги надминеме сите пречки и да изградиме подобра иднина за нашите граѓани. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме соработката и да го забрзаме нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, посочи премиерот Мицкоски изразувајќи благодарност до претседателката на Европската комисија за нејзината лична посветеност и поддршка.

По прес - конференцијата претседателката на ЕК во рамки на еднодневната посета на земјата треба да се сретне и со шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова.

The post Завршивте добра работа, имаме одлични реформи, ќе почнеме со 52 милиони евра од Планот за раст до крајот на годината, вели Фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>

Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе ги направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум, исто како и вие дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече претседателката на ЕК Урсула Фон Дер Лајен на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.
Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години. Сега ги имаме сите потребни алатки и инструменти за да го овозможиме тоа, рече таа.
Претседателката на ЕК посочи дека Македонија постигна многу и дека покажа одлучност во преземањето на секој чекор.
И навистина сакам да ја пофалам Македонија и да одадам почит на луѓето. Сега работата навистина мора да продолжи, рече Фон Дер Лајен.
Таа оддаде почит и на како што кажа 100 - процентата усогласеност на земјава со надворешната и безбедносната политика на ЕУ како и за поддршката на Украина, и се осврна на придобивките од Планот за раст на Западен Балкан.
Тоа е нашиот заеднички патоказ да ги приближиме економиите на ЗБ до нашите и постепено да ги интегрираме нашите економии. Ја отвораме вратата на единствениот европски пазар во одредени сектори за компании од Македонија, а за возврат вие ќе спроведете важни реформи за да имаме изедначено поле за игра, а тоа ќе биде придружено со дополнителни инвестиции од ЕУ во Македонија. Мина веќе една година откако го почнавме ова, и морам да кажам дека земјите од ЗБ ги испорачаа своите резултати, ја имааат агендата за реформи, исто и Македонија. Македонија заврши навистина добра работа, имаме одлични реформи и треба да почнеме со 52 милиони евра до крајот на годината, а треба да добиете повеќе од 750 милиони евра според Планот за раст, рече претседателката на ЕК.
Таа нагласи дека Планот за раст ќе испорача мошне конкретни резултати за луѓето и за бизнисите, наведувајќи дека земјата е на добар пат да стане дел од тн зона на единствено плаќање во ЕУ, што ќе овозможи преносот на парите помеѓу Македонија и ЕУ да се движи побрзо, побезбедно и слободно. Фон дер Лајен се осврна и на Заедничкиот инвестициски фонд за ЗБ, иницијатива која е воспоставена пред четири години и преку која во земјата се мобилизирани 1,7 милијарди евра во инвестиции со фокус на транзицијата кон чиста енергија. Таа нагласи дека една четвртина од производството на енергија во земјава отпаѓа на обновливи извори на енергија, а целта е тоа да се зголеми. Во таа насока ги посочи инвестициите во Осломеј и термоелектраната РЕК Битола кои треба да работат на соларна енергија, ветерниот парк во Богданци, како и во чист транспорт за подобра поврзаност меѓу регионот и Европа, односно во железничтаа инфратсруктура.
Ова навистина го вклучува можне важниот проект за железничкиот Коридорот 8 со кој се поврзувате со Албанија и Бугарија, а го имаме и Коридорот 10 којк што минува од Грција кон Будимпешта и минува низ целата ваша земја. Овие инвес ќе ја претворат СМ во клучлен транспортен центар и тоа ќе донесе серизони придобивки за луѓето од СМ, вели Фон дер Лајен.
Во однос на соработката во граничната заштита, Македонија, рече таа, е петтата земја надвор од ЕУ каде има тим од Фронтекст и каде во изминатите две години повеќе од стотина граничари ги поддржуваат локалните власти за да се спроведуваат проверките и надзорот, а се во насока на подготовка на земјата за иднината, односно полноправното членство. Првиот човек на ЕК укажа и на солидарноста на Брисел со земјава во однос на справувањето со шумските пожари во текот на летово преку активирањето на механизмот за цивилна заштита во два наврати и мобилизацијата на шест воздухоплови и три хеликоптери. Порака упати и во однос на очекувањата на младите од земјата, во однос на нивната иднина.
Пред три години на славењето на 30 годишнина на вашата земја, запознав млади луѓе и беше навистина убаво да се види како тие копнеат за нивната идина - младите луѓе на ЗБ, младите луѓе во Македонија, младите луѓе во ЕУ. И мислам дека младите луѓе никогаш нема да ни простат ако не одговориме на овој предизвик. Затоа треба да направиме Македонија да биде дел од нашата ЕУ, порача Фон дер Лајен.
Премиерот Мицкоски од своја страна истакна дека Владата високо ја цени заложбата на претседателката на ЕК за нашиот евроинтеграциски пат и дека очекува ЕУ заедно со нас да помогне како да го продолжиме тој пат почитувајќи го ставот на граѓаните. Мицкоски изрази убеденост дека заедно може да се надминат овие пречки.
-Владата, високо ја цени заложбата на претседателката за проширувањето на Европската Унија во најскоро време. Во овие услови на променета геополитичка ситуација во светот, нашата земја останува стабилен, сигурен и посветен партнер на ЕУ. Но, очекуваме Европската Унија заедно со нас да помогне во изнаоѓањето на начини како да продолжи нашиот европски интегративен пат, истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите на кои што почива самата ЕУ. Очекуваме од Европската Унија да го препознае нашиот напредок и да продолжи да ни дава поддршка во овој процес, многу е важна поддршката, рече Мицкоски.
Веруваме, додаде тој, во принципот на фер и заслуги и верувавме дека нашите континуирани напори ќе бидат соодветно вреднувани.
-Нашата цел е јасна, но патот до неа бара заеднички труд. Соработката, дијалогот и меѓусебното разбирање кои што се од суштинско значење. Убедени сме дека заедно можеме да ги надминеме сите пречки и да изградиме подобра иднина за нашите граѓани. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме соработката и да го забрзаме нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, посочи премиерот Мицкоски изразувајќи благодарност до претседателката на Европската комисија за нејзината лична посветеност и поддршка.
По прес - конференцијата претседателката на ЕК во рамки на еднодневната посета на земјата треба да се сретне и со шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова.

The post Завршивте добра работа, имаме одлични реформи, ќе почнеме со 52 милиони евра од Планот за раст до крајот на годината, вели Фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>
Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-ja-precheka-pretsedatelkata-na-ek-ursula-fon-der-lajen/ Thu, 24 Oct 2024 09:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=830463

Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека пред Владата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на државава во рамки на турнејата низ шесте земји од Западен Балкан.

Во моментов во Владата се одржува тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на ЕК Фон дер Лајен, по што ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации.

По состанокот ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателката Фон дер Лајен во Владата.

Според најавите, за време на посетата на Скопје Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен на регионот, Европската комисија вчера ги одобри реформските агенди на Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со Планот за раст на Западниот Балкан, со кои ти се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги спроведат во периодот од 2024 до 2027 година за да поттикнат раст и поврзување со ЕУ. Одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра.

Како што информира вчера заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста, токму Планот за раст, како и напредокот на европски пат на земјите од Западниот Балкон ќе бидат главни теми на средбите на Фон дер Лајен со нејзините домаќини за време на турнејата низ регионот.

https://www.youtube.com/live/4NoYZJC__00?si=KvYM2RqRXvxpUjzf

The post Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека пред Владата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на државава во рамки на турнејата низ шесте земји од Западен Балкан. Во моментов во Владата се одржува тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на ЕК Фон дер Лајен, по што ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации. По состанокот ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателката Фон дер Лајен во Владата. Според најавите, за време на посетата на Скопје Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен на регионот, Европската комисија вчера ги одобри реформските агенди на Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со Планот за раст на Западниот Балкан, со кои ти се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги спроведат во периодот од 2024 до 2027 година за да поттикнат раст и поврзување со ЕУ. Одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра. Како што информира вчера заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста, токму Планот за раст, како и напредокот на европски пат на земјите од Западниот Балкон ќе бидат главни теми на средбите на Фон дер Лајен со нејзините домаќини за време на турнејата низ регионот. https://www.youtube.com/live/4NoYZJC__00?si=KvYM2RqRXvxpUjzf

The post Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен во посета на Скопје на средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-vo-poseta-na-skopje-na-sredbi-so-silanovska-davkova-i-mitskoski/ Thu, 24 Oct 2024 06:05:32 +0000 https://republika.mk/?p=830359

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во рамки на нејзината четиридневна турнеја низ шесте земји од Западниот Балкан, денеска ќе престојува во Скопје.

Според најавите, за време на посетата на земјава Фон дер Лајен ќе има средби со претседателката Гордана Сиљановска Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.

Во пресрет на посетата на Фин дер Лајен на регионот, Европската комисија вчера ги одобри реформските агенди на Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со Планот за раст на Западниот Балкан, со кои ти се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги спроведат во периодот од 2024 до 2027 година за да поттикнат раст и поврзување со ЕУ. Одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра.

Како што информира вчера заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста, токму Планот за раст, како и напредокот на европски пат на земјите од Западниот Балкон ќе бидат главни теми на средбите на Фон дер Лајен со нејзините домаќини за време на турнејата низ регионот.

Проширувањето е клучен приоритет на Комисијата и тоа го повторувавме изминатите годините, што и го докажавме во текот на првиот мандат, а секако ќе продолжиме да го сметаме како приоритет и во вториот мандат. Тоа е нешто што го најави и самата претседателка (Фон дер Лајен), додаде Подеста.

Фон дер Лајен во Скопје ќе допатува во Тирана, каде претпладнево ќе се сретне со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. Својата балканска турнеја таа и ја започна од Тирана, каде вчера имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама и се обрати на свеченоста по повод стартот на академската година на тиранскиот Колеџ на Европа. По средбата со Рама, Фон дер Лајен најави дека Европската комисија следната недела ќе ги објави извештаите за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ.

Фон дер Лајен од Скопје попладнево ќе отапува за босанскиот град Јабланица, каде ќе ги посети подрачјата што неодамна беа погодени од поплави. Утре претпладне таа во Сараево ќе се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто, по што ќе замине за Белград на средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот Милош Вучевиќ.

В сабота Фон дер Лајен ќе престојува во Приштина, каде ќе се сретне со косовската претседателка Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти, по што ќе отпатува за Подгорица на средби со шефот на црногорската држава Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ.

Овонеделната посета на Фон дер Лајен доаѓа по онаа од пред година кога во регионот го промовираше Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан. Во меѓу време таа во неколку наврати имаше средби со лидерите од земјите од регионот, од кои последните се одржаа минатата недела на Самитот на Берлинскиот процес во Берлин и на Бледскиот стратешки форум на почетокот на септември.

На овие средби Фон дер Лајен го истакнуваше значењето на регионот за Европската Унија и на посветеноста на блокот за поддршка на земјите од Западниот Балкан во спроведувањето на реформите и трасирањето на патот кон членство во Унијата.

The post Фон дер Лајен во посета на Скопје на средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во рамки на нејзината четиридневна турнеја низ шесте земји од Западниот Балкан, денеска ќе престојува во Скопје. Според најавите, за време на посетата на земјава Фон дер Лајен ќе има средби со претседателката Гордана Сиљановска Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски. Во пресрет на посетата на Фин дер Лајен на регионот, Европската комисија вчера ги одобри реформските агенди на Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со Планот за раст на Западниот Балкан, со кои ти се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги спроведат во периодот од 2024 до 2027 година за да поттикнат раст и поврзување со ЕУ. Одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра. Како што информира вчера заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста, токму Планот за раст, како и напредокот на европски пат на земјите од Западниот Балкон ќе бидат главни теми на средбите на Фон дер Лајен со нејзините домаќини за време на турнејата низ регионот.
Проширувањето е клучен приоритет на Комисијата и тоа го повторувавме изминатите годините, што и го докажавме во текот на првиот мандат, а секако ќе продолжиме да го сметаме како приоритет и во вториот мандат. Тоа е нешто што го најави и самата претседателка (Фон дер Лајен), додаде Подеста.
Фон дер Лајен во Скопје ќе допатува во Тирана, каде претпладнево ќе се сретне со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. Својата балканска турнеја таа и ја започна од Тирана, каде вчера имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама и се обрати на свеченоста по повод стартот на академската година на тиранскиот Колеџ на Европа. По средбата со Рама, Фон дер Лајен најави дека Европската комисија следната недела ќе ги објави извештаите за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ. Фон дер Лајен од Скопје попладнево ќе отапува за босанскиот град Јабланица, каде ќе ги посети подрачјата што неодамна беа погодени од поплави. Утре претпладне таа во Сараево ќе се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто, по што ќе замине за Белград на средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерот Милош Вучевиќ. В сабота Фон дер Лајен ќе престојува во Приштина, каде ќе се сретне со косовската претседателка Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти, по што ќе отпатува за Подгорица на средби со шефот на црногорската држава Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ. Овонеделната посета на Фон дер Лајен доаѓа по онаа од пред година кога во регионот го промовираше Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан. Во меѓу време таа во неколку наврати имаше средби со лидерите од земјите од регионот, од кои последните се одржаа минатата недела на Самитот на Берлинскиот процес во Берлин и на Бледскиот стратешки форум на почетокот на септември. На овие средби Фон дер Лајен го истакнуваше значењето на регионот за Европската Унија и на посветеноста на блокот за поддршка на земјите од Западниот Балкан во спроведувањето на реформите и трасирањето на патот кон членство во Унијата.

The post Фон дер Лајен во посета на Скопје на средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо денеска и утре во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-na-ebor-odil-reno-baso-deneska-i-utre-vo-makedonija/ Mon, 22 Jul 2024 06:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=799018

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, денеска и утре ќе биде во посета на Македонија. За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со владини претставници, претставници од бизнис секторот и од граѓанскиот сектор.

Со задоволство ја очекувам втората посета на Македонија. Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции, изјавила Рено-Басо, се наведува во соопштението од Европска банка за обнова и развој.

ЕБОР, се додава во соопштението, е главна институција во Македонија во однос на инвестициите во земјата и до денес, има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти.

The post Претседателката на ЕБОР Одил Рено-Басо денеска и утре во Македонија appeared first on Република.

Фон дер Лајен пречекана од Ковачевски пред Владата со највисоки државни почести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fon-der-lajen-prechekana-od-kovachevski-pred-vladata-so-najvisoki-drzhavni-pochesti/ Mon, 30 Oct 2023 08:24:58 +0000 https://republika.mk/?p=696142

Премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни почести ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјалната посета на државава.

https://www.youtube.com/live/kJ13Q8XvaIQ?si=Dp2kM0iGKfia2_Mk

Веднаш по церемонијата Ковачевски и Фон дер Лајен се упатија на тет-а-тет средба во Владата, по која ќе следува билатерална средба на двете делегации.

Во составот на македонската делегација се бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за транспот и врски Благој Бочварски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и министерот за информатичко општество Азир Алиу.

По средбите Ковачевски и Фон дер Лајен ќе одржат прес-конференција по која ќе посетат фабрика за преработка на овошје и зеленчук во близина на Скопје, корисник на средства од ИПАРД програмата финансирана од ЕУ.

Претседателката на Европската комисија вчера попладне допатува во Скопје, а на Меѓународниот аеродром беше пречекана од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по што имаше средба во вила Водно со претседателот Стево Пендаровски.

Според соопштението од претседателскиот Кабинет, Пендаровски и Фон дер Лајен разговарале за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Македонија и за тековните состојби во регионот, и во таа насока биле разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скриниг прoцесот и за динамиката на спроведување на реформите.

The post Фон дер Лајен пречекана од Ковачевски пред Владата со највисоки државни почести appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски со највисоки државни почести ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјалната посета на државава. https://www.youtube.com/live/kJ13Q8XvaIQ?si=Dp2kM0iGKfia2_Mk Веднаш по церемонијата Ковачевски и Фон дер Лајен се упатија на тет-а-тет средба во Владата, по која ќе следува билатерална средба на двете делегации. Во составот на македонската делегација се бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за транспот и врски Благој Бочварски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и министерот за информатичко општество Азир Алиу. По средбите Ковачевски и Фон дер Лајен ќе одржат прес-конференција по која ќе посетат фабрика за преработка на овошје и зеленчук во близина на Скопје, корисник на средства од ИПАРД програмата финансирана од ЕУ. Претседателката на Европската комисија вчера попладне допатува во Скопје, а на Меѓународниот аеродром беше пречекана од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по што имаше средба во вила Водно со претседателот Стево Пендаровски. Според соопштението од претседателскиот Кабинет, Пендаровски и Фон дер Лајен разговарале за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Македонија и за тековните состојби во регионот, и во таа насока биле разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скриниг прoцесот и за динамиката на спроведување на реформите.

The post Фон дер Лајен пречекана од Ковачевски пред Владата со највисоки државни почести appeared first on Република.

]]>
Италијанскиот претседател Серџо Матарела во официјална посета на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/italijanskiot-pretsedatel-serdzo-matarela-vo-oficijalna-poseta-na-makedonija/ Thu, 08 Sep 2022 07:02:39 +0000 https://republika.mk/?p=548532

Претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела вечер ќе пристигне во официјална посета на Република Македонија.

Во Скопје, како што соопшти Амбасадата на Италија, претседателот Матарела утре ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски. По тет-а-тет средбата, заедно со нивните делегации, двајцата претседатели ќе одржат работна средба, а по нејзиното завршување предвидена е прес конференција.

По средбата со Пендаровски, Матарела ќе се упати во Собранието, каде што ќе се сретне со претседателот на Парламентот, Талат Џафери. Во рамки на свечената седница, Матарела ќе има обраќање пред пратениците. Потоа, заедно со претседателот Пендаровски ќе се поклони на споменикот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.

Претседателот Матарела утре во попладневните часови ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе има средба и со претставници на италијанската заедница во земјава.

The post Италијанскиот претседател Серџо Матарела во официјална посета на Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела вечер ќе пристигне во официјална посета на Република Македонија. Во Скопје, како што соопшти Амбасадата на Италија, претседателот Матарела утре ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски. По тет-а-тет средбата, заедно со нивните делегации, двајцата претседатели ќе одржат работна средба, а по нејзиното завршување предвидена е прес конференција. По средбата со Пендаровски, Матарела ќе се упати во Собранието, каде што ќе се сретне со претседателот на Парламентот, Талат Џафери. Во рамки на свечената седница, Матарела ќе има обраќање пред пратениците. Потоа, заедно со претседателот Пендаровски ќе се поклони на споменикот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“. Претседателот Матарела утре во попладневните часови ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе има средба и со претставници на италијанската заедница во земјава.

The post Италијанскиот претседател Серџо Матарела во официјална посета на Македонија appeared first on Република.

]]>
Шолц: Лично ќе се заложам пристапните преговори да започнат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sholc-lichno-kje-se-zalozam-pristapnite-pregovori-da-zapochnat/ Sat, 11 Jun 2022 08:35:26 +0000 https://republika.mk/?p=513776

Западен Балкан за Германија е од стратешко значење и јас се залагам за неговиот прием во Европската Унија. Германија е сериозна со евроинтеграцијата на државите од регионот, а ова особено важи за Македонија. ЕУ кон Македонија има дадено ветување, а земјата ги исполни сите предуслови за почеток на пристапните преговори, рече германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата во Скопје.

Германскиот канцелар нагласи дека е воодушевен од политичката сила која, како што кажа, овозможи да дојде до договор со Грција. Затоа, како што рече, остатокот од задачата треба исто да ни успее и тоа е нешто за што граѓаните од  Македонија и Владата работеа многу. Сега, нагласи Шолц, треба да ги вложиме сите наши напори.

Македонија, според него, ги исполни сите предуслови и нагласи оти лично ќе се заложи да се случи следниот чекор.

Пристапните преговори треба да започнат и јас ќе се заложам за тоа. Ве охрабрувам ангажирано да продолжите по патот на реформите, рече Шолц.

Билатералните односи меѓу двете земји, како што оцени, не се само политички, туку и економски, разновидни и блиски. Тоа, како што кажа, е плус причина зошто Германија ја поддржува Македонија на својот пат на ЕУ.

Премиерот Ковачевски потенцира оти ова е втора посета на еден германски канцелар, што, според него, сведочи за исклучително добрите односи меѓу двете земји.

Поддршката што ја добиваме од Сојузна Република Германија е силна, постојана и недвосмислена. Таа поддршка за нас е огромно охрабрување за нашите аспирации да изградиме просперитетно општество кое се темели врз европски вредности како рамноправен партнер на Сојузна Република Германија и другите земји членки на ЕУ, рече Ковачевски.

Посетата на Шолц, токму во пресрет на Самитот на ЕУ, според Ковачевски, е силен знак на поддршка на исполнетите критериуми на Македонија.

Заедничките цели се нашата земја да е членка на ЕУ, рече Ковачевски.

The post Шолц: Лично ќе се заложам пристапните преговори да започнат appeared first on Република.

]]>

Западен Балкан за Германија е од стратешко значење и јас се залагам за неговиот прием во Европската Унија. Германија е сериозна со евроинтеграцијата на државите од регионот, а ова особено важи за Македонија. ЕУ кон Македонија има дадено ветување, а земјата ги исполни сите предуслови за почеток на пристапните преговори, рече германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата во Скопје. Германскиот канцелар нагласи дека е воодушевен од политичката сила која, како што кажа, овозможи да дојде до договор со Грција. Затоа, како што рече, остатокот од задачата треба исто да ни успее и тоа е нешто за што граѓаните од  Македонија и Владата работеа многу. Сега, нагласи Шолц, треба да ги вложиме сите наши напори. Македонија, според него, ги исполни сите предуслови и нагласи оти лично ќе се заложи да се случи следниот чекор.
Пристапните преговори треба да започнат и јас ќе се заложам за тоа. Ве охрабрувам ангажирано да продолжите по патот на реформите, рече Шолц.
Билатералните односи меѓу двете земји, како што оцени, не се само политички, туку и економски, разновидни и блиски. Тоа, како што кажа, е плус причина зошто Германија ја поддржува Македонија на својот пат на ЕУ. Премиерот Ковачевски потенцира оти ова е втора посета на еден германски канцелар, што, според него, сведочи за исклучително добрите односи меѓу двете земји.
Поддршката што ја добиваме од Сојузна Република Германија е силна, постојана и недвосмислена. Таа поддршка за нас е огромно охрабрување за нашите аспирации да изградиме просперитетно општество кое се темели врз европски вредности како рамноправен партнер на Сојузна Република Германија и другите земји членки на ЕУ, рече Ковачевски.
Посетата на Шолц, токму во пресрет на Самитот на ЕУ, според Ковачевски, е силен знак на поддршка на исполнетите критериуми на Македонија.
Заедничките цели се нашата земја да е членка на ЕУ, рече Ковачевски.

The post Шолц: Лично ќе се заложам пристапните преговори да започнат appeared first on Република.

]]>
Германскиот канцелар со највисоки воени почести пречекан пред Владата во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/germanskiot-kancelar-so-najvisoki-voeni-pochesti-prechekan-pred-vladata-vo-skopje/ Sat, 11 Jun 2022 07:21:57 +0000 https://republika.mk/?p=513742

Премиерот Димитар Ковачевски утрово го пречека со највисоки државни и воени почести германскиот канцелар Олаф Шолц, кој е во еднодневна официјална посета на Македонија. Претходно на аеродромот во Скопје германскиот канцелар го пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи.Во делегацијата на канцеларот Шолц се највисоките државни советници на надворешна и безбедносна политика, за економија и финансии, за европска политика, како и новоизбраниот специјален пратеник на Сојузната Влада на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Во составот на нашата делегација на пречекот и на билатералната средба со делегацијата на СР Германија ќе бидат првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.Според агендата за официјалната посета на канцеларот Олаф Шолц, веднаш после церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

Шолц во Скопје доаѓа по неговата посета на Приштина и Белград, во рамки на дводневната посета на регионот. 

По посетата на Скопје, германскиот канцелар заминува за Софија, на средби со бугарскиот државен врв.

The post Германскиот канцелар со највисоки воени почести пречекан пред Владата во Скопје appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски утрово го пречека со највисоки државни и воени почести германскиот канцелар Олаф Шолц, кој е во еднодневна официјална посета на Македонија. Претходно на аеродромот во Скопје германскиот канцелар го пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи.Во делегацијата на канцеларот Шолц се највисоките државни советници на надворешна и безбедносна политика, за економија и финансии, за европска политика, како и новоизбраниот специјален пратеник на Сојузната Влада на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Во составот на нашата делегација на пречекот и на билатералната средба со делегацијата на СР Германија ќе бидат првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.Според агендата за официјалната посета на канцеларот Олаф Шолц, веднаш после церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации. Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски. Шолц во Скопје доаѓа по неговата посета на Приштина и Белград, во рамки на дводневната посета на регионот.  По посетата на Скопје, германскиот канцелар заминува за Софија, на средби со бугарскиот државен врв.

The post Германскиот канцелар со највисоки воени почести пречекан пред Владата во Скопје appeared first on Република.

]]>
Шолц пристигна во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sholc-pristigna-vo-skopje/ Sat, 11 Jun 2022 06:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=513720

Канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц денеска пристигна во еднодневна официјална посета на Република Македонија. Канцеларот Шолц, чиј домаќин ќе му биде претседателот на Владата Димитар Ковачевски, на аеродромот во Скопје го пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во делегацијата на канцеларот Шолц се највисоките државни советници на надворешна и безбедносна политика, за економија и финансии, за европска политика, како и новоизбраниот специјален пратеник на Сојузната Влада на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Канцеларот Шолц и неговата делегација на платото пред Владата  беше пречекан од премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.

https://youtu.be/MOU3tMMFPCE

Во составот на нашата делегација на пречекот и на билатералната средба со делегацијата на СР Германија се првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

Според агендата за официјалната посета на канцеларот Олаф Шолц, веднаш после церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

The post Шолц пристигна во Скопје appeared first on Република.

]]>

Канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц денеска пристигна во еднодневна официјална посета на Република Македонија. Канцеларот Шолц, чиј домаќин ќе му биде претседателот на Владата Димитар Ковачевски, на аеродромот во Скопје го пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во делегацијата на канцеларот Шолц се највисоките државни советници на надворешна и безбедносна политика, за економија и финансии, за европска политика, како и новоизбраниот специјален пратеник на Сојузната Влада на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Канцеларот Шолц и неговата делегација на платото пред Владата  беше пречекан од премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести. https://youtu.be/MOU3tMMFPCE     Во составот на нашата делегација на пречекот и на билатералната средба со делегацијата на СР Германија се првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Според агендата за официјалната посета на канцеларот Олаф Шолц, веднаш после церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации. Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

The post Шолц пристигна во Скопје appeared first on Република.

]]>
Германскиот канцелар доаѓа во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/germanskiot-kancelar-doagja-vo-skopje/ Thu, 09 Jun 2022 08:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=512970

Германскиот канцелар Олаф Шолц во сабота доаѓа во посета на Македонија, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Шолц во Скопје ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, а планирани се и пленарни разговори на двете делегации. Предвидено е Ковачевски и Шолц да одржат заедничка прес-конференција.

Од Скопје германскиот канцелар заминува за Софија на средби со бугарскиот државен врв.

Се очекува теми на средбите во Скопје и во Софија да бидат бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија, проширувањето на ЕУ и војната во Украина.

Шолц во рамки на балканската турнеја, претходно ќе ги посети Србија и Косово.

The post Германскиот канцелар доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц во сабота доаѓа во посета на Македонија, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан. Шолц во Скопје ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски, а планирани се и пленарни разговори на двете делегации. Предвидено е Ковачевски и Шолц да одржат заедничка прес-конференција. Од Скопје германскиот канцелар заминува за Софија на средби со бугарскиот државен врв. Се очекува теми на средбите во Скопје и во Софија да бидат бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија, проширувањето на ЕУ и војната во Украина. Шолц во рамки на балканската турнеја, претходно ќе ги посети Србија и Косово.

The post Германскиот канцелар доаѓа во Скопје appeared first on Република.

]]>