посета на македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poseta-na-makedonija/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 08:28:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png посета на македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/poseta-na-makedonija/ 32 32 Српскиот премиер со делегација денеска во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srpskiot-premier-so-delegatsija-deneska-vo-makedonija/ Mon, 07 Oct 2024 05:51:45 +0000 https://republika.mk/?p=823639

Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ денеска, со владина делегација, ќе ја посети земјава. Вучевиќ ќе биде пречекан од премиерот Хриситијан Мицкоски.

Како што информира владината прес-служба, во рамки на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу претседателите на владите од двете земји, а потоа и пленарна средба меѓу двете делегации, по што ќе следи потпишување меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и српското Министерство за рударство и енергетика.

Предвидена е и заедничка прес конференција на Мицкоски и Вучевиќ.

Според Владата на Србија, Вучевиќ ќе има средба и со претставници од српските здруженија, културно-уметнички друштва, политички партии, како и српски компании кои работат во Македонија.

The post Српскиот премиер со делегација денеска во Македонија appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ денеска, со владина делегација, ќе ја посети земјава. Вучевиќ ќе биде пречекан од премиерот Хриситијан Мицкоски. Како што информира владината прес-служба, во рамки на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу претседателите на владите од двете земји, а потоа и пленарна средба меѓу двете делегации, по што ќе следи потпишување меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и српското Министерство за рударство и енергетика. Предвидена е и заедничка прес конференција на Мицкоски и Вучевиќ. Според Владата на Србија, Вучевиќ ќе има средба и со претставници од српските здруженија, културно-уметнички друштва, политички партии, како и српски компании кои работат во Македонија.

The post Српскиот премиер со делегација денеска во Македонија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски откри што се разгледуваше на денешната меѓувладина седница во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-otkri-shto-se-razgleduvashe-na-deneshnata-meguvladina-sednitsa-vo-ohrid/ Fri, 27 Sep 2024 09:26:22 +0000 https://republika.mk/?p=820159

Премиерот Христијан Мицкоски се огласи по завршувањето на меѓувладината седница помеѓу македонската и Владата на Унгарија.

Седницата којашто ја предводевме со премиерот Виктор Орбан на која заедно со министрите се разгледаа важни прашања од заеднички интерес.
Се дискутираше за соработка со фокус на економската соработка, инфраструктурните проекти, културната размена како и борбата против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски.

 

На седницата ѝ претходеше тет-а-тет средба на претседателите на владите на двете држави.

Премиерот Мицкоски за средбата истакна дека била пријателска, а за Унгарија дека историски била држава партнер што ги препознал македонските стремежи за независност и суверенитет.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ungarija-ne-e-samo-nash-partner-tuku-i-primer-za-toa-kako-edna-drzhava-mozhe-uspeshno-da-go-balansira-natsionalniot-suverenitet-so-globalnata-integratsija/

Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

По меѓувладината седница протоколот предвидува двајцата премиери да одржат прес-конференција на која ќе презентираат детали од текот на остварените разговори.

Бројната унгарска делегација што синоќа допатува во Охрид е составена од десеттина министри од Кабинетот на Орбан.

Попладнево предвидена е и прошетка на унгарската делегација низ Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

The post Мицкоски откри што се разгледуваше на денешната меѓувладина седница во Охрид appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски се огласи по завршувањето на меѓувладината седница помеѓу македонската и Владата на Унгарија.
Седницата којашто ја предводевме со премиерот Виктор Орбан на која заедно со министрите се разгледаа важни прашања од заеднички интерес. Се дискутираше за соработка со фокус на економската соработка, инфраструктурните проекти, културната размена како и борбата против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски.
  На седницата ѝ претходеше тет-а-тет средба на претседателите на владите на двете држави. Премиерот Мицкоски за средбата истакна дека била пријателска, а за Унгарија дека историски била држава партнер што ги препознал македонските стремежи за независност и суверенитет. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ungarija-ne-e-samo-nash-partner-tuku-i-primer-za-toa-kako-edna-drzhava-mozhe-uspeshno-da-go-balansira-natsionalniot-suverenitet-so-globalnata-integratsija/
Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.
По меѓувладината седница протоколот предвидува двајцата премиери да одржат прес-конференција на која ќе презентираат детали од текот на остварените разговори. Бројната унгарска делегација што синоќа допатува во Охрид е составена од десеттина министри од Кабинетот на Орбан. Попладнево предвидена е и прошетка на унгарската делегација низ Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

The post Мицкоски откри што се разгледуваше на денешната меѓувладина седница во Охрид appeared first on Република.

]]>
Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/meguvladina-sednitsa-i-tet-a-tet-sredba-na-mitskoski-i-orban/ Fri, 27 Sep 2024 06:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=820024

Заедничка меѓувладина седница на Македонија и Унгарија ќе се одржи денеска во Охрид откако претходно премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан ќе одржат тет-а-тет средба.

Седницата ќе се одржи во хотелот „Инекс Олгица“, а веднаш потоа на истата локација се очекува двајцата премиери да одржат прес-конференција.

Унгарскиот премиер, кој ја предводи владината делегација, од вчера е во посета на земјава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/orban-pristigna-vo-makedonija/

Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија.

Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е и прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.

Во Охрид се преземаат неопходните безбедносни мерки, а за безбедно и непречено движење на делегацијата низ градот и околината најавен е времен режим на сообраќај. На улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ е забрането запирање и паркирање возила, а додека ќе се движат возилата на делегациите привремено за сообраќај ќе бидат затворени булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид - Св.Наум.

Дислоцирани се и возилата од паркинг-местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и Кејот „Македонија“.

За време на Самитот на НАТО во Вашингтон што се одржа во првата половина на јули, Мицкоски со Орбан договорија кредит од Унгарија во висина од 500 милиони евра. На 17 септември, Законот за унгарскиот кредит беше изгласан во Собранието, по скратена постапка.

Заемот од Унгарската експорт - импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, ќе се повлече во една транша, рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти. Ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година.

Опозицијата во Собранието, тогаш обвини дека договорот за заемот е направен зад затворени врати, со крајно сомнителни намери и носи политички и економски последици со енормно зголемување на јавниот долг. Наспроти нив, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека постапката е транспарентна и оти првпат има заем за кој однапред се знае за што ќе биде потрошен иоти ќе се помогне на општините и на стопанството.

Орбан во 2013 година бил во официјална посета на земјава, кога и е одликуван со Орден „8 Септември“  за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Унгарија. Орденот му го врачи тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов, а имал средби и со тогашниот премиер Никола Груевски.

The post Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан appeared first on Република.

]]>

Заедничка меѓувладина седница на Македонија и Унгарија ќе се одржи денеска во Охрид откако претходно премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан ќе одржат тет-а-тет средба. Седницата ќе се одржи во хотелот „Инекс Олгица“, а веднаш потоа на истата локација се очекува двајцата премиери да одржат прес-конференција. Унгарскиот премиер, кој ја предводи владината делегација, од вчера е во посета на земјава. https://republika.mk/vesti/makedonija/orban-pristigna-vo-makedonija/ Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија. Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е и прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид. Во Охрид се преземаат неопходните безбедносни мерки, а за безбедно и непречено движење на делегацијата низ градот и околината најавен е времен режим на сообраќај. На улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ е забрането запирање и паркирање возила, а додека ќе се движат возилата на делегациите привремено за сообраќај ќе бидат затворени булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид - Св.Наум. Дислоцирани се и возилата од паркинг-местата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и Кејот „Македонија“. За време на Самитот на НАТО во Вашингтон што се одржа во првата половина на јули, Мицкоски со Орбан договорија кредит од Унгарија во висина од 500 милиони евра. На 17 септември, Законот за унгарскиот кредит беше изгласан во Собранието, по скратена постапка. Заемот од Унгарската експорт - импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, ќе се повлече во една транша, рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти. Ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година. Опозицијата во Собранието, тогаш обвини дека договорот за заемот е направен зад затворени врати, со крајно сомнителни намери и носи политички и економски последици со енормно зголемување на јавниот долг. Наспроти нив, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека постапката е транспарентна и оти првпат има заем за кој однапред се знае за што ќе биде потрошен иоти ќе се помогне на општините и на стопанството. Орбан во 2013 година бил во официјална посета на земјава, кога и е одликуван со Орден „8 Септември“  за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Унгарија. Орденот му го врачи тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов, а имал средби и со тогашниот премиер Никола Груевски.

The post Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за посетата на Орбан: Веруваме дека посетата ќе отвори нови патишта за економска и културна соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-posetata-na-orban-veruvame-deka-posetata-ke-otvori-novi-patishta-za-ekonomska-i-kulturna-sorabotka/ Thu, 26 Sep 2024 17:45:35 +0000 https://republika.mk/?p=819983

Премиерот Христијан Мицкоски по повод пристигнувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека посетата ќе отвори нови можности за економска и култура соработка.

Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи, пишува во објавата.

Унгарскиот премиер попладнево со владина делегација во која има 10-тина министри пристигна во Охрид каде утре ќе има средба со премиерот Мицкоски, а ќе се одржи и меѓувладина седница.

Орбан беше пречекан со високи државни почести на Охридскиот аеродром.

The post Мицкоски за посетата на Орбан: Веруваме дека посетата ќе отвори нови патишта за економска и културна соработка appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски по повод пристигнувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека посетата ќе отвори нови можности за економска и култура соработка.
Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи, пишува во објавата.
Унгарскиот премиер попладнево со владина делегација во која има 10-тина министри пристигна во Охрид каде утре ќе има средба со премиерот Мицкоски, а ќе се одржи и меѓувладина седница. Орбан беше пречекан со високи државни почести на Охридскиот аеродром.

The post Мицкоски за посетата на Орбан: Веруваме дека посетата ќе отвори нови патишта за економска и културна соработка appeared first on Република.

]]>
Орбан пристигна во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/orban-pristigna-vo-makedonija/ Thu, 26 Sep 2024 16:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=819962

Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Македонија. Тој беше пречекан на аеродромот во Охрид од страна на премиерот Христијан Мицкоски и министрите од македонската влада.

Како што информира владината прес-служба, Мицкоски утре (петок) ќе оствари официјална тет-а-тет средба со неговиот унгарски колега во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација.

Утре ќе се одржи и заедничка меѓувладина седница во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, а по завршувањето на седницата на истата локација се очекува прес-конференција да одржат двајцата премиери.

Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс „Свети Наум“, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј во Охрид.

[gallery ids="819974,819972,819971,819968,819967,819970,819966,819965,819963"]

Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска.
Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи, рече Мицкоски по повод посетата.

The post Орбан пристигна во Македонија appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Македонија. Тој беше пречекан на аеродромот во Охрид од страна на премиерот Христијан Мицкоски и министрите од македонската влада. Како што информира владината прес-служба, Мицкоски утре (петок) ќе оствари официјална тет-а-тет средба со неговиот унгарски колега во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација. Утре ќе се одржи и заедничка меѓувладина седница во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, а по завршувањето на седницата на истата локација се очекува прес-конференција да одржат двајцата премиери. Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс „Свети Наум“, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј во Охрид. [gallery ids="819974,819972,819971,819968,819967,819970,819966,819965,819963"]
Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи, рече Мицкоски по повод посетата.

The post Орбан пристигна во Македонија appeared first on Република.

]]>