посебни мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/posebni-merki/ За подобро да се разбереме Wed, 15 May 2024 20:05:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png посебни мерки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/posebni-merki/ 32 32 Посебни мерки за Палевски во скопскиот затвор: Нема да биде во контакт со другите затвореници, ќе му се проверува храната што ја јаде https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/posebni-merki-za-palevski-vo-skopskiot-zatvor-nema-da-bide-vo-kontakt-so-drugite-zatvorenitsi-ke-mu-se-proveruva-hranata-shto-ja-jade/ Wed, 15 May 2024 20:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=778513

Со конвој од четири возила, Љупчо Пачевски Палчо вечерва беше спроведен во Истражниот затвор Шутка. Во Македонија пристигна со редовен лет на Туркиш Ерлајнс. Слета на скопскиот аеродром во 19:30 часот.

Како што објавија дел од медиумите, затворот е под посебни мерки поради пристигнувањето на Палчо. До неговото внесување, затворениците беа заклучени во собите за да не дојдат во контакт со него.

До ќелијата е спроведен под силно обезбедување, низ посебен ходник. Посебно ќе се проверува неговата храна, а ќе му биде направен и лекарски преглед. Таму ќе биде сам, заштитен од обезбедување кое ќе се грижи за неговата безбедност, објави „Телма“.

Сето ова е направено бидејќи се проценило дека тој е под ризик.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, велат од МВР.

За него беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје.

Палевски е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на пензионерот Панче Жежовски.

Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, во обид да избега.

 

The post Посебни мерки за Палевски во скопскиот затвор: Нема да биде во контакт со другите затвореници, ќе му се проверува храната што ја јаде appeared first on Република.

]]>

Со конвој од четири возила, Љупчо Пачевски Палчо вечерва беше спроведен во Истражниот затвор Шутка. Во Македонија пристигна со редовен лет на Туркиш Ерлајнс. Слета на скопскиот аеродром во 19:30 часот. Како што објавија дел од медиумите, затворот е под посебни мерки поради пристигнувањето на Палчо. До неговото внесување, затворениците беа заклучени во собите за да не дојдат во контакт со него. До ќелијата е спроведен под силно обезбедување, низ посебен ходник. Посебно ќе се проверува неговата храна, а ќе му биде направен и лекарски преглед. Таму ќе биде сам, заштитен од обезбедување кое ќе се грижи за неговата безбедност, објави „Телма“. Сето ова е направено бидејќи се проценило дека тој е под ризик. -Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, велат од МВР. За него беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје. Палевски е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на пензионерот Панче Жежовски. Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, во обид да избега.  

The post Посебни мерки за Палевски во скопскиот затвор: Нема да биде во контакт со другите затвореници, ќе му се проверува храната што ја јаде appeared first on Република.

]]>