португалски предлог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/portugalski-predlog/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Nov 2022 08:53:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png португалски предлог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/portugalski-predlog/ 32 32 СПМ: Потребни се итни и неодложни предвремени парламентарни избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spm-potrebni-se-itni-i-neodlozni-predvremeni-parlamentarni-izbori/ Fri, 25 Nov 2022 08:53:32 +0000 https://republika.mk/?p=578082

Социјалистичката партија на Македонија со внимание се запозна со последната изјава на премиерот на Португалија, Антонио Коста во врска со проширувањето на Европската Унија, велат оттаму, додавајќи дека во контекст на сегашните институционални и буџетски услови, ЕУ не може да ги исполни очекувањата од проширувањето што сама ги создаде, а со настанатата криза самото прашање за проширување го стави во центарот на дебатата со што, многуте ветувања дадени во текот на годините, ги зголемија очекувањата, особено во земјите од Западен Балкан.

https://republika.mk/vesti/makedonija/istorijata-se-povtoruva-nova-lisabonska-deklaracija-za-makedonija/

Европската унија има многу јасни критериуми за пристапување на нови земји-членки, но таа нема критериуми за сопствениот капацитет да прими нови земји-членки. Сето ова на било кој член на македонската Влада треба да му е совршено јасно, особено на Ковачевски, Маричиќ и Османи, велат од СПМ.

Социјалистичката партија на Македонија ги осудува „лажните претстави и манипулации кои ги создава премиерот, министрите и надлежните институции во Македонија во врска со преговорите со ЕУ, кои сеуште не се ни започнати“.

Тие дрско лажат и ги манипулираат граѓаните дека за 8 години ќе станеме членка на ЕУ, а тоа нема никаква врска со реалната состојба, што се потврдува со повеќе изјави на претставници од Унијата, а особено со можните и очекувани вета од Бугарија. Уште пострашно е што тие безобразно ја злоупотребуваат евроинтеграцијата ставајќи ја во нивниот наратив преку кој перфидно сакаат да се доближат до граѓаните, а во суштина единствено сакаат да ја задржат власта, макар уште за само еден месец, за дополнителни отстапки и предавства, злоупотреби, криминали, местење тендери, распродажби и крадење исклучиво за личен материјално финансиски интерес, велат од СПМ.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека Владата на Република Македонија предводена од „нелегитимниот премиер Ковачевски со полтронскиот однос и прифаќање на сè што се бара од странство, особено со неговиот вазалски однос кон Бугарија и исполнување на сите барања на Софија, само ја доуништува македонската држава“.

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека е неопходна смена на премиерот и владата и доаѓање на нова влада која е национално определена, стручна и способна со луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните и државата. Затоа со итни и неодложни предвремени парламентарни избори е потребно да се направи таа смена и да се дефинираат нови стратегии кои со добиениот мандат ќе значат спас на државата и нејзината иднина, велат од СПМ.

The post СПМ: Потребни се итни и неодложни предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Социјалистичката партија на Македонија со внимание се запозна со последната изјава на премиерот на Португалија, Антонио Коста во врска со проширувањето на Европската Унија, велат оттаму, додавајќи дека во контекст на сегашните институционални и буџетски услови, ЕУ не може да ги исполни очекувањата од проширувањето што сама ги создаде, а со настанатата криза самото прашање за проширување го стави во центарот на дебатата со што, многуте ветувања дадени во текот на годините, ги зголемија очекувањата, особено во земјите од Западен Балкан. https://republika.mk/vesti/makedonija/istorijata-se-povtoruva-nova-lisabonska-deklaracija-za-makedonija/  
Европската унија има многу јасни критериуми за пристапување на нови земји-членки, но таа нема критериуми за сопствениот капацитет да прими нови земји-членки. Сето ова на било кој член на македонската Влада треба да му е совршено јасно, особено на Ковачевски, Маричиќ и Османи, велат од СПМ.
Социјалистичката партија на Македонија ги осудува „лажните претстави и манипулации кои ги создава премиерот, министрите и надлежните институции во Македонија во врска со преговорите со ЕУ, кои сеуште не се ни започнати“. Тие дрско лажат и ги манипулираат граѓаните дека за 8 години ќе станеме членка на ЕУ, а тоа нема никаква врска со реалната состојба, што се потврдува со повеќе изјави на претставници од Унијата, а особено со можните и очекувани вета од Бугарија. Уште пострашно е што тие безобразно ја злоупотребуваат евроинтеграцијата ставајќи ја во нивниот наратив преку кој перфидно сакаат да се доближат до граѓаните, а во суштина единствено сакаат да ја задржат власта, макар уште за само еден месец, за дополнителни отстапки и предавства, злоупотреби, криминали, местење тендери, распродажби и крадење исклучиво за личен материјално финансиски интерес, велат од СПМ. Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека Владата на Република Македонија предводена од „нелегитимниот премиер Ковачевски со полтронскиот однос и прифаќање на сè што се бара од странство, особено со неговиот вазалски однос кон Бугарија и исполнување на сите барања на Софија, само ја доуништува македонската држава“.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека е неопходна смена на премиерот и владата и доаѓање на нова влада која е национално определена, стручна и способна со луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните и државата. Затоа со итни и неодложни предвремени парламентарни избори е потребно да се направи таа смена и да се дефинираат нови стратегии кои со добиениот мандат ќе значат спас на државата и нејзината иднина, велат од СПМ.

The post СПМ: Потребни се итни и неодложни предвремени парламентарни избори appeared first on Република.

]]>
Османи: Португалскиот предлог е најдоброто решение за деблокирање на евроинтеграциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-portugalskiot-predlog-e-najdobroto-reshenie-za-deblokiranje-na-evrointegraciite/ Sun, 24 Apr 2022 18:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=493193

Португалскиот предлог како основна рамка останува најдоброто решение за деблокирање на нашите евроинтеграции, оценува министерот за надворешни работи Бујар Османи во коментар за последните изјави на бугарскиот премиер Кирил Петков за преместување на ветото по отворање на преговорите и промена на Уставот пред отворањето на првото поглавје, а ЕУ да биде гарант за менување на Уставот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/petkov-davame-pat-na-makedonija-kon-evropa-no-na-toj-pat-ima-baranja-i-zadolzenija-jasno-opredeleni-vo-pregovarachkata-ramka/

Сметам дека португалскиот предлог како основна рамка за идеите кои се разменуваат меѓу двете влади последните недели останува најдоброто решение за деблокирање на европската перспектива на Македонија, па на регионот, вели Османи за ТВ Телма.

Бугарскиот премиер Кирил Петков во изјава за БТВ денеска повтори дека гаранција за правата на Бугарите во земјава може да се обезбеди преку процесот на европска интеграција, за кој оценува дека за Македонија ќе трае најмалку 10 години.

https://republika.mk/vesti/balkan/petkov-makedonija-vo-eu-najrano-za-10-godini/

The post Османи: Португалскиот предлог е најдоброто решение за деблокирање на евроинтеграциите appeared first on Република.

]]>

Португалскиот предлог како основна рамка останува најдоброто решение за деблокирање на нашите евроинтеграции, оценува министерот за надворешни работи Бујар Османи во коментар за последните изјави на бугарскиот премиер Кирил Петков за преместување на ветото по отворање на преговорите и промена на Уставот пред отворањето на првото поглавје, а ЕУ да биде гарант за менување на Уставот. https://republika.mk/vesti/makedonija/petkov-davame-pat-na-makedonija-kon-evropa-no-na-toj-pat-ima-baranja-i-zadolzenija-jasno-opredeleni-vo-pregovarachkata-ramka/
Сметам дека португалскиот предлог како основна рамка за идеите кои се разменуваат меѓу двете влади последните недели останува најдоброто решение за деблокирање на европската перспектива на Македонија, па на регионот, вели Османи за ТВ Телма.
Бугарскиот премиер Кирил Петков во изјава за БТВ денеска повтори дека гаранција за правата на Бугарите во земјава може да се обезбеди преку процесот на европска интеграција, за кој оценува дека за Македонија ќе трае најмалку 10 години. https://republika.mk/vesti/balkan/petkov-makedonija-vo-eu-najrano-za-10-godini/

The post Османи: Португалскиот предлог е најдоброто решение за деблокирање на евроинтеграциите appeared first on Република.

]]>
Османи по средбата со Петков и Генчовска: Документот што го спомнувам е португалскиот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-po-sredbata-so-petkov-i-genchovska-dokumentot-shto-go-spomnuvam-e-portugalskiot/ Sat, 16 Apr 2022 17:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=489374

Се стремиме за демократски и либерални вредности“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на денешната куса средба што во Битола ја имаше со бугарскиот премиер Кирил Петков и неговата колешка, министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска.

Османи и Петков ги потврдија заедничките напори кои земјава ја водат кон Европската Унија.

Јас сум во комуникација со министерката, а денеска имавме можност да разговараме и со премиерот. Тоа што зборувам јас за документ, всушност е за португалскиот, којшто сѐ уште е основа за постигнување на договор што е претставен во различни форми, нон пејпери, текстови, разменети идеи во текот на овој период, меѓутоа сметам дека тој предлог останува во сржта на наоѓање на решение што е прифатливо за двете страни.

Португалскиот предлог вели дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година

Бугарија да изјави дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година и дека јазикот во сите идни документи треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава, а од друга страна Македонија да изјави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година – ова како решение за јазичниот спор го предвидува португалскиот предлог.

Според документот, поделен во четири анекси, се предвидува вакви посебни унилатерални декларации да бидат дадени од Бугарија и Македонија на почетокот на првата меѓувладина конференција, а со нив како што стои во документот – не се нарушуваат црвените линии и се овозможува продолжување на евроинтегративниот процес.

Португалскиот предлог потекнува од средината на минатата година и тогашниот вицепремиер Никола Димитров потврди дека пристапот на португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ со унилатерална изјава на Бугарија.

Предлог преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија предвидува да остане македонскиот јазик таков каков што е, ‘македонски јазик’ и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција. Пристапот на португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ со унилатерална изјава на Бугарија за нивниот став за јазикот – изјави Димитров.

И тогашниот монистер за правда, актиелен министер за евроинтеграции Бојан Маричиќ смета дека со португалскиот предлог не се доведува во прашање македонскиот јазик.

Она што го видовме во документот и она што го има во предлогот на преговарачката рамка во ниту еден момент не го одразува ова што го кажавте. Значи, во преговарачката рамка е наведен македонскиот јазик без никакви додавки – вели Маричиќ.

Според португалскиот предлог, откако Македонија и Бугарија ќе ги достават декларациите, Европскиот совет ќе излезе со своја декларација во која во третата точка се наведува дека Советот ја забележува позицијата на Бугарија дека терминот „Македонски јазик“ треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава.

Според Османи, коментарот вчера на бугарското МНР се однесувал на одговорите на т.н. пакет 5+1 којшто уште во Рига минатата година беа предадени, односно, како што вели, претставени па после тоа во февруари имаше нивни коментари по однос на овој текст.

Меѓутоа, тие прашања се помалку важни. Битно е да продолжи комуникацијата. Очигледно, како што реков, и во Бугарија ова доста предизвикува различни ставови па и во рамки на коалицијата. Нашите позиции се јасни. Ние се движиме во рамки на позициите кои што ги имаме во Парламентот. Сметаме дека предлогот на меѓународната заедница е единствениот официјален предлог на ЕУ претставен преку тогаш португалското претседателство што беше преземено потоа од словенечкото претседателство и понатаму останува тој документ – португалскиот предлог што ние сме го прифатиле и сметаме дека треба да биде основа за решение, рече Османи.

Шефот на дипломатијата оцени дека овие чести средби мислам можат само да ја подобрат таа динамика, и покрај сите разлики.

Очигледно дека имаме разлики. Имаат разлики партиите внатре во Бугарија, имаат и нашите. Не е лесно. Комплексно прашање е, меѓутоа ние сме должни како политичари да испорачаме на граѓаните европска перспектива притоа штитејќи ги нашите интереси. Покажавме дека можеме да го штитиме нашите интреси, инаку ќе имавме решение многу подамна, истакна министерот Османи и додаде дека целта е Европската унија да се соедини во овие демократски и либерални вредности кон кои сите се стремиме, истакна Османи.

Бугарскиот премиер Петков на кратката средба со Османи ги потврди целите на зачестените средби со македонскиот политички врв.

Често се среќаваме. Имаме јасни задачи и сега треба да создадеме услови за тие да напредуваат. Сите веруваме и силно сме убедени дека европската иднинина на Македонија е важна за стабилноста на Балканот. Јас верувам во тоа и нашата Влада верува во тоа, и ќе продолжиме оперативно да дејствуваме по задачите кои што си ги зададовме, изјави Петков.

Гостувањето на премиерот Петков со владина и парламентарна делегација од Бугарија во Битола беше врзано со отворањето на клуб на културниот центар „Иван Михајлов” за кој како што информираше министерот Османи бил настан во организација на Клубот и на бугарската Амбасада.

Ние не бевме вклучени во тој дел. Тоа беше иницијатива на Амбасадата. Ние учествувавме во делот на презентација на далекуводот Битола – Елбасан кој што е дел од Коридорот 8 и е важен за поврзувањето помеѓу двете држави инфраструктурно, вклучувајќи ја и дистрибуцијата на електрична енергија бидејќи Република Бугарија со ова ќе добие шанса да извезува струја не само во Албанија, туку и во Италија, појасни Османи во изјава за медиумите.

The post Османи по средбата со Петков и Генчовска: Документот што го спомнувам е португалскиот appeared first on Република.

]]>

Се стремиме за демократски и либерални вредности“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на денешната куса средба што во Битола ја имаше со бугарскиот премиер Кирил Петков и неговата колешка, министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска. Османи и Петков ги потврдија заедничките напори кои земјава ја водат кон Европската Унија.
Јас сум во комуникација со министерката, а денеска имавме можност да разговараме и со премиерот. Тоа што зборувам јас за документ, всушност е за португалскиот, којшто сѐ уште е основа за постигнување на договор што е претставен во различни форми, нон пејпери, текстови, разменети идеи во текот на овој период, меѓутоа сметам дека тој предлог останува во сржта на наоѓање на решение што е прифатливо за двете страни.

Португалскиот предлог вели дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година

Бугарија да изјави дека македонскиот јазик не постоел пред 1944 година и дека јазикот во сите идни документи треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава, а од друга страна Македонија да изјави дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година – ова како решение за јазичниот спор го предвидува португалскиот предлог.
Според документот, поделен во четири анекси, се предвидува вакви посебни унилатерални декларации да бидат дадени од Бугарија и Македонија на почетокот на првата меѓувладина конференција, а со нив како што стои во документот – не се нарушуваат црвените линии и се овозможува продолжување на евроинтегративниот процес. Португалскиот предлог потекнува од средината на минатата година и тогашниот вицепремиер Никола Димитров потврди дека пристапот на португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ со унилатерална изјава на Бугарија.
Предлог преговарачката рамка што ја предложи Европската комисија предвидува да остане македонскиот јазик таков каков што е, ‘македонски јазик’ и предвидува унилатерална изјава на Бугарија во однос на нивната позиција. Пристапот на португалскиот предлог е македонски јазик за ЕУ со унилатерална изјава на Бугарија за нивниот став за јазикот – изјави Димитров.
И тогашниот монистер за правда, актиелен министер за евроинтеграции Бојан Маричиќ смета дека со португалскиот предлог не се доведува во прашање македонскиот јазик.
Она што го видовме во документот и она што го има во предлогот на преговарачката рамка во ниту еден момент не го одразува ова што го кажавте. Значи, во преговарачката рамка е наведен македонскиот јазик без никакви додавки – вели Маричиќ.
Според португалскиот предлог, откако Македонија и Бугарија ќе ги достават декларациите, Европскиот совет ќе излезе со своја декларација во која во третата точка се наведува дека Советот ја забележува позицијата на Бугарија дека терминот „Македонски јазик“ треба да биде сметан во согласност со Уставот на земјава.   Според Османи, коментарот вчера на бугарското МНР се однесувал на одговорите на т.н. пакет 5+1 којшто уште во Рига минатата година беа предадени, односно, како што вели, претставени па после тоа во февруари имаше нивни коментари по однос на овој текст.