портрети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/portreti/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 07:18:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png портрети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/portreti/ 32 32 Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/portreti-na-dobitnitsite-na-nagradite-mostovi-na-struga-braka-miladinovtsi-i-mlada-struga/ Fri, 23 Aug 2024 07:18:39 +0000 https://republika.mk/?p=809263

Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова денеска продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“.

Во рамки на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, промоција на преведеното издание на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци" за 2023 година и на Антологијата „Од поети за поети“, чествување на годишнините на петмина македонски поети, како и поетско кафе „Версополис“.

Фестивалот продолжува утре со поетски читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година и традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Манифестацијата почна вчера со традиционалното садење дрво на добитникот на „Златен венец“ истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон во Паркот на поезијата. Официјално синоќа ја отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по традиционалното читање на Константиновата Т`га за југ од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. Покрај ресорниот министер на свеченото отворање присуствуваше и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.

 

The post Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ appeared first on Република.

]]>

Со портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ за германската поетеса Катрин Пиц, „Браќа Миладиновци“ за македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова и „Млада Струга“ за Филипа Сара Попова денеска продолжува програмата на 63. издание на „Струшките вечери на поезијата“. Во рамки на програмата предвидени се и поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, промоција на преведеното издание на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци" за 2023 година и на Антологијата „Од поети за поети“, чествување на годишнините на петмина македонски поети, како и поетско кафе „Версополис“. Фестивалот продолжува утре со поетски читања во манастирскиот комплекс „Калишта“, поетски портрет на Бенгт Берг и промоција на изборот поезија, како и претставување на добитникот на наградата „Стојан Христов“ за 2023 година и традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ во црквата „Света Софија“ во Охрид. Манифестацијата почна вчера со традиционалното садење дрво на добитникот на „Златен венец“ истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон во Паркот на поезијата. Официјално синоќа ја отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, по традиционалното читање на Константиновата Т`га за југ од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. Покрај ресорниот министер на свеченото отворање присуствуваше и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.  

The post Портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ и „Млада Струга“ appeared first on Република.

]]>
Џони Деп за три часа заработил 3,5 милиони долари со продажба на слики https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dzoni-dep-za-tri-chasa-zarabotil-3-5-milioni-dolari-so-prodazba-na-sliki/ Sun, 31 Jul 2022 08:04:14 +0000 https://republika.mk/?p=535257

Холивудскиот актер Џони Деп за само неколку часа заработи околу 3,5 милиони долари продавајќи ја својата деби колекција на платно.

Само неколку часа по објавувањето на понудата на Instagram, Деп продаде 780 дела, кои ги купиле 37 галерии, меѓу кои и лондонската Ковент Гарден.

Колекцијата на актерот, насловена „Пријатели и херои“, се состои од портрети на луѓе кои го инспирирале, како Кит Ричардс од бендот Ролинг Стоунс и актерката Елизабет Тејлор.

„Отсекогаш сум ги изразувал чувствата преку уметноста“, вели педесет и деветгодишниот актер.

„Постојано сум опкружен со уметност, но мојата сопствена слика до сега ја чував за себе. Се ограничив, но мислам дека никој не треба да се ограничува“, додаде тој.

Актерот вели дека работата на портретите, на кои се појавуваат актерот Ал Пачино и музичката легенда Боб Дилан, го натерале „да размислува за оние што му се најважни, како семејството, пријателите и луѓето на кои им се восхитува“.

Сите 780 портрети беа продадени за само неколку часа во четвртокот.

Поединечните слики во рамки чинат околу 4.700 долари, а портфолиото од четири слики нешто помалку од 18.000 долари.

Објавата на Деп на Instagram предизвика врева, поради што веб-страницата на продажната галерија Castle Fine Art се урна.

The post Џони Деп за три часа заработил 3,5 милиони долари со продажба на слики appeared first on Република.

]]>

Холивудскиот актер Џони Деп за само неколку часа заработи околу 3,5 милиони долари продавајќи ја својата деби колекција на платно. Само неколку часа по објавувањето на понудата на Instagram, Деп продаде 780 дела, кои ги купиле 37 галерии, меѓу кои и лондонската Ковент Гарден.
Колекцијата на актерот, насловена „Пријатели и херои“, се состои од портрети на луѓе кои го инспирирале, како Кит Ричардс од бендот Ролинг Стоунс и актерката Елизабет Тејлор. „Отсекогаш сум ги изразувал чувствата преку уметноста“, вели педесет и деветгодишниот актер. „Постојано сум опкружен со уметност, но мојата сопствена слика до сега ја чував за себе. Се ограничив, но мислам дека никој не треба да се ограничува“, додаде тој. Актерот вели дека работата на портретите, на кои се појавуваат актерот Ал Пачино и музичката легенда Боб Дилан, го натерале „да размислува за оние што му се најважни, како семејството, пријателите и луѓето на кои им се восхитува“. Сите 780 портрети беа продадени за само неколку часа во четвртокот. Поединечните слики во рамки чинат околу 4.700 долари, а портфолиото од четири слики нешто помалку од 18.000 долари. Објавата на Деп на Instagram предизвика врева, поради што веб-страницата на продажната галерија Castle Fine Art се урна.

The post Џони Деп за три часа заработил 3,5 милиони долари со продажба на слики appeared first on Република.

]]>