портрет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/portret/ За подобро да се разбереме Sun, 16 Jun 2024 08:59:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png портрет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/portret/ 32 32 Џафери доби премиерски портрет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-dobi-premierski-portret/ Sun, 16 Jun 2024 08:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=788049

Со функција од привремен карактер, но со фотографија која вечно ќе стои во низата премиери на Македонија. Талат Џафери доби портрет кој ќе стои закачен на ѕидот во влада. Во друштво на Кљусев, Црвенковски, Георгиевски, Груевски и сите останати на оваа функција, техничкиот премиер во заминување ја доби фотографијата рамномерно со нив.

Џафери за овој гест „се пофали“ на својот Фејсбук профил, а упати благодарност до уметникот Едмонд Драми.

Талат Џафери е во заминување од оваа функција, а сега заминува во опозиција. Ќе биде пратеник од редовите на ДУИ.

 

The post Џафери доби премиерски портрет appeared first on Република.

]]>

Со функција од привремен карактер, но со фотографија која вечно ќе стои во низата премиери на Македонија. Талат Џафери доби портрет кој ќе стои закачен на ѕидот во влада. Во друштво на Кљусев, Црвенковски, Георгиевски, Груевски и сите останати на оваа функција, техничкиот премиер во заминување ја доби фотографијата рамномерно со нив. Џафери за овој гест „се пофали“ на својот Фејсбук профил, а упати благодарност до уметникот Едмонд Драми. Талат Џафери е во заминување од оваа функција, а сега заминува во опозиција. Ќе биде пратеник од редовите на ДУИ.  

The post Џафери доби премиерски портрет appeared first on Република.

]]>
„Се исплаши самиот од себе“: Комични реакции на првиот официјален портрет на кралот Чарлс https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-isplashi-samiot-od-sebe-komichni-reaktsii-na-prviot-ofitsijalen-portret-na-kralot-charls/ Sun, 19 May 2024 06:41:47 +0000 https://republika.mk/?p=779687

Кралот Чарлс Трети одбележа уште еден јубилеј во своето владеење и оваа недела го откри својот прв официјален портрет по неговото крунисување минатата година, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Сликата и нејзиниот изразен црвен тон бргу предизвикаа разни реакции на интернет, а самото видео од откривањето ги насмеа корисниците на мрежите.

Се чини дека и самиот крал беше изненаден кога го виде портретот, а луѓето на мрежите се пошегуваа дека е преплашен од сопствениот изглед на сликата.

Жал ми е, но неговиот портрет изгледа како да е во пеколот“, гласи еден од низата слични коментари.

The post „Се исплаши самиот од себе“: Комични реакции на првиот официјален портрет на кралот Чарлс appeared first on Република.

]]>

Кралот Чарлс Трети одбележа уште еден јубилеј во своето владеење и оваа недела го откри својот прв официјален портрет по неговото крунисување минатата година, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Сликата и нејзиниот изразен црвен тон бргу предизвикаа разни реакции на интернет, а самото видео од откривањето ги насмеа корисниците на мрежите. Се чини дека и самиот крал беше изненаден кога го виде портретот, а луѓето на мрежите се пошегуваа дека е преплашен од сопствениот изглед на сликата.
Жал ми е, но неговиот портрет изгледа како да е во пеколот“, гласи еден од низата слични коментари.

The post „Се исплаши самиот од себе“: Комични реакции на првиот официјален портрет на кралот Чарлс appeared first on Република.

]]>
Маџиров го претстави Лауреатот на СВП: Поезијата на Таникава е полна со лирски и звучни асоцијации https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/madzirov-go-pretstavi-laureatot-na-svp-poezijata-na-tanikava-e-polna-so-lirski-i-zvuchni-asocijacii/ Sun, 28 Aug 2022 08:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=544858

Поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2022 година, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, беше претставен вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид. За неговото творештво говореше македонскиот поет Никола Маџиров, кој истакна дека Таникава е еден од најиновативните поети во Јапонија.

Поезијата на Шунтаро Таникава патува како неуловена птица низ омеѓените простори на јазиците, како семе посеано во ноќта што нечујно се преобразува во музика, во филм, во слика или калиграфско писмо, во вознемирувачка или успокојувачка тишина. Тој е најпродуктивниот и најиновативниот современ поет од Јапонија, чии стихови се појавуваат и во школски учебници и во мас-медиумите, но и во прогресивните книжевни списанија чиј канон се состои во рушењето на каноните - истакна Маџиров.

Осврнувајќи се на неговото творештво тој потенцираше дека неговата поезија е високософистицирана и полна со лирски и звучни асоцијации.

[caption id="attachment_544859" align="alignnone" width="1600"] Никола Маџиров[/caption]

Речиси во секоја книга поезија тој свесно и храбро усвојува различен модус, стил, стиховна хармонија. Иако неговите зборови се јасни, исчистени од формалност и фигуративност, а неговите стихови лесно се разбираат, сепак неговата поезија е високо софистицирана, остро исцртана како разгранети корења кон небото. Таа е полна со лирски и звучни асоцијации и со иновативни игри на зборови, но под ритамот на песните течат длабоки филозофски мисли и емотивни копнежи. Таникава има способност миговно и без особен напор да ги претопи секојдневните нешта во драматизиран концепт и токму тоа ѝ дава една магнетска особеност на неговата поезија. Неговите песни прво нè освојуваат со зборовите и сликите што изгледаат познати и лесни за разбирање, за потоа да нè поведат во длабочините на една пресекувачка стварност - рече Маџиров.

Тој додаде дека поезијата на Таникава нѐ учи како да си ја простиме суштинската осаменост.

Корењата на поезијата на Таникава растат меѓу минералите на длабоката осама, каде што тишината е почеток на создавањето, вдишување пред издишувањето на првиот збор. Арс поетиката на современиот јапонски поет е болна и алхемичарска - од тишината да создадеш јазик, со тишината да кажеш за гласноста на светот, како птица што со молкот навестува бомбардирање. Стихот на Роберт Фрост вели: „да бидеш социјален, значи да простуваш“, а Шунтаро Таникава низ напукнатите прозорци на поезијата нè учи да си ја простиме суштинската, универзумска осаменост - заклучи Маџиров.

На манифестацијата синот на лауреатот, Кенсаку Таникава, прочита неколку песни од својот татко, а потоа изведе неколку композиции на пијано.

Таникава поради возраста не присуствува на фестивалот, а „Златниот венец“ во негово име ќе го прими неговиот син Кенсаку.

Годинашното издание на „Струшките вечери на поезија“ се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“, на кое присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата.
Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде утре на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

The post Маџиров го претстави Лауреатот на СВП: Поезијата на Таникава е полна со лирски и звучни асоцијации appeared first on Република.

]]>

Поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2022 година, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, беше претставен вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид. За неговото творештво говореше македонскиот поет Никола Маџиров, кој истакна дека Таникава е еден од најиновативните поети во Јапонија.
Поезијата на Шунтаро Таникава патува како неуловена птица низ омеѓените простори на јазиците, како семе посеано во ноќта што нечујно се преобразува во музика, во филм, во слика или калиграфско писмо, во вознемирувачка или успокојувачка тишина. Тој е најпродуктивниот и најиновативниот современ поет од Јапонија, чии стихови се појавуваат и во школски учебници и во мас-медиумите, но и во прогресивните книжевни списанија чиј канон се состои во рушењето на каноните - истакна Маџиров.
Осврнувајќи се на неговото творештво тој потенцираше дека неговата поезија е високософистицирана и полна со лирски и звучни асоцијации. [caption id="attachment_544859" align="alignnone" width="1600"] Никола Маџиров[/caption]
Речиси во секоја книга поезија тој свесно и храбро усвојува различен модус, стил, стиховна хармонија. Иако неговите зборови се јасни, исчистени од формалност и фигуративност, а неговите стихови лесно се разбираат, сепак неговата поезија е високо софистицирана, остро исцртана како разгранети корења кон небото. Таа е полна со лирски и звучни асоцијации и со иновативни игри на зборови, но под ритамот на песните течат длабоки филозофски мисли и емотивни копнежи. Таникава има способност миговно и без особен напор да ги претопи секојдневните нешта во драматизиран концепт и токму тоа ѝ дава една магнетска особеност на неговата поезија. Неговите песни прво нè освојуваат со зборовите и сликите што изгледаат познати и лесни за разбирање, за потоа да нè поведат во длабочините на една пресекувачка стварност - рече Маџиров.
Тој додаде дека поезијата на Таникава нѐ учи како да си ја простиме суштинската осаменост.
Корењата на поезијата на Таникава растат меѓу минералите на длабоката осама, каде што тишината е почеток на создавањето, вдишување пред издишувањето на првиот збор. Арс поетиката на современиот јапонски поет е болна и алхемичарска - од тишината да создадеш јазик, со тишината да кажеш за гласноста на светот, како птица што со молкот навестува бомбардирање. Стихот на Роберт Фрост вели: „да бидеш социјален, значи да простуваш“, а Шунтаро Таникава низ напукнатите прозорци на поезијата нè учи да си ја простиме суштинската, универзумска осаменост - заклучи Маџиров.
На манифестацијата синот на лауреатот, Кенсаку Таникава, прочита неколку песни од својот татко, а потоа изведе неколку композиции на пијано. Таникава поради возраста не присуствува на фестивалот, а „Златниот венец“ во негово име ќе го прими неговиот син Кенсаку. Годинашното издание на „Струшките вечери на поезија“ се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“, на кое присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата. Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде утре на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

The post Маџиров го претстави Лауреатот на СВП: Поезијата на Таникава е полна со лирски и звучни асоцијации appeared first on Република.

]]>
Портрет на лауреатот на СВП во црквата „Света Софија“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/portret-na-laureatot-na-svp-vo-crkvata-sveta-sofija-vo-ohrid/ Sat, 27 Aug 2022 06:50:10 +0000 https://republika.mk/?p=544605

Поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година, денеска ќе имаат поетски читања во рамките на 61. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата.

Годинашен добитник на наградата е збирката „Збунети компаси“ на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски, а во потесен круг беа и книгите „Секој секому огледало“ од Андреј Ал-Асади, „Политики на стравот“ од Славица Гаџова-Свидерска, „Чинук“ од Ристо Лазаров и „Капе времето“ од Виолета Танчева-Златева.

На програмата се и поетски читања со интернационална поезија на учесниците, а ќе биде претставен и добитникот на наградата „Стојан Христов” за 2022 година. Во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид предвидено е да се одржи традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на СВП за 2022 година, јапонскиот поет Шунтаро Таникава. Тој поради возраста не присуствува на Фестивалот, а „Златниот венец“ во негово име ќе го прими неговиот син Кенсаку Таникава.

Годинашното издание на СВП се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“, на кое присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата.

Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде утре на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

The post Портрет на лауреатот на СВП во црквата „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година, денеска ќе имаат поетски читања во рамките на 61. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Годинашен добитник на наградата е збирката „Збунети компаси“ на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски, а во потесен круг беа и книгите „Секој секому огледало“ од Андреј Ал-Асади, „Политики на стравот“ од Славица Гаџова-Свидерска, „Чинук“ од Ристо Лазаров и „Капе времето“ од Виолета Танчева-Златева. На програмата се и поетски читања со интернационална поезија на учесниците, а ќе биде претставен и добитникот на наградата „Стојан Христов” за 2022 година. Во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид предвидено е да се одржи традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на СВП за 2022 година, јапонскиот поет Шунтаро Таникава. Тој поради возраста не присуствува на Фестивалот, а „Златниот венец“ во негово име ќе го прими неговиот син Кенсаку Таникава. Годинашното издание на СВП се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“, на кое присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата. Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде утре на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

The post Портрет на лауреатот на СВП во црквата „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Им пречел на пациентите: Новиот директор на Институтот во Чаир го тргнал портретот на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/im-smetala-na-pacientite-noviot-direktor-na-institutot-vo-chair-go-trgnal-portretot-na-goce-delchev/ Fri, 01 Apr 2022 19:31:49 +0000 https://republika.mk/?p=482112

Денес бев сведок на првата реформа на г-дин Азис Максутовиќ – новиот директор на Институт за медицина на труд во Чаир. Наместо да се фокусира на унапредување на здравствената дејност во Инстутутот, неговата прва реформа е да се тргне уметничката слика на Гоце Делчев од ординацијата за пулмологија, сподели д-р Снежана Куч, пулмолог и алерголог.

Неговата бурна и нестаблина реакција беше со образложение дека им сметала на пациентите во Чаир. Впрочем, таа слика е во Институтот повеќе од 50 години и е аманет од доктор Манасиев - еден од основоложниците на Институтот, на кој тој треба да му биде благодарен што е воопшто директор.
До кога ќе се фокусираме на националистички теми, наместо на теми за подобрување на здравството?, пишува таа.

The post Им пречел на пациентите: Новиот директор на Институтот во Чаир го тргнал портретот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Денес бев сведок на првата реформа на г-дин Азис Максутовиќ – новиот директор на Институт за медицина на труд во Чаир. Наместо да се фокусира на унапредување на здравствената дејност во Инстутутот, неговата прва реформа е да се тргне уметничката слика на Гоце Делчев од ординацијата за пулмологија, сподели д-р Снежана Куч, пулмолог и алерголог.
Неговата бурна и нестаблина реакција беше со образложение дека им сметала на пациентите во Чаир. Впрочем, таа слика е во Институтот повеќе од 50 години и е аманет од доктор Манасиев - еден од основоложниците на Институтот, на кој тој треба да му биде благодарен што е воопшто директор. До кога ќе се фокусираме на националистички теми, наместо на теми за подобрување на здравството?, пишува таа.

The post Им пречел на пациентите: Новиот директор на Институтот во Чаир го тргнал портретот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Портрет од Заев поставен во Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/portret-od-zaev-postaven-vo-vladata/ Thu, 20 Jan 2022 09:19:25 +0000 https://republika.mk/?p=446981

Владините служби направија реконструкција на распоредот на премиерскиот ѕид во Владата, па сега последното место е резервирано за поранешниот премиер Зоран Заев.

Портретот на Заев е ставен лево од прозорецот на вториот кат и е последниот во низата, пренесува ТВ21.

Пред него се фотографиите на Оливер Спасовски, Емил Димитриев, Никола Груевски.

The post Портрет од Заев поставен во Владата appeared first on Република.

]]>

Владините служби направија реконструкција на распоредот на премиерскиот ѕид во Владата, па сега последното место е резервирано за поранешниот премиер Зоран Заев. Портретот на Заев е ставен лево од прозорецот на вториот кат и е последниот во низата, пренесува ТВ21. Пред него се фотографиите на Оливер Спасовски, Емил Димитриев, Никола Груевски.

The post Портрет од Заев поставен во Владата appeared first on Република.

]]>