портпарол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/portparol/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 17:41:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png портпарол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/portparol/ 32 32 Убиен портпаролот на Хезболах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ubien-portparolot-na-hezbolah/ Sun, 17 Nov 2024 17:41:05 +0000 https://republika.mk/?p=838915

Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен денеска во израелски напад врз густо населена област во Бејрут, потврдил за либанските медиуми претставник на проиранското движење, пренесе Ројтерс.

Нападот е извршен во населбата Рас ал Наба во централниот дел на либанската престолнина, а не во упориштето на Хезболах во јужните предградија.

Израелската војска не издала никакво предупредување за евакуација пред овој напад.

Либанското Министерство за здравство објави дека првичниот биланс од нападот е еден загинат и тројца ранети.

 

The post Убиен портпаролот на Хезболах appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен денеска во израелски напад врз густо населена област во Бејрут, потврдил за либанските медиуми претставник на проиранското движење, пренесе Ројтерс. Нападот е извршен во населбата Рас ал Наба во централниот дел на либанската престолнина, а не во упориштето на Хезболах во јужните предградија. Израелската војска не издала никакво предупредување за евакуација пред овој напад. Либанското Министерство за здравство објави дека првичниот биланс од нападот е еден загинат и тројца ранети.  

The post Убиен портпаролот на Хезболах appeared first on Република.

]]>
Семејството и се преселило во САД од Белорусија: Елизабет Пипко ќе биде нова портпаролка на Белата куќа?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/semejstvoto-i-se-preselilo-vo-sad-od-belorusija-elizabet-pipko-ke-bide-nova-portparolka-na-belata-kuka/ Fri, 15 Nov 2024 20:05:27 +0000 https://republika.mk/?p=837908

Елизабет Пипко се наведува како име коешто може да стане прес-секретар во Белата куќа под администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Пипко, внука на советско-американскиот уметник Марк Клионски, претходно беше портпаролка на Републиканската партија.

Семејството на Елизабета се преселило во САД од Минск, од тогашниот Советски Сојуз.

Таа стана позната во јавноста и по појавувањата на страниците на неколку модни магазини.

 

The post Семејството и се преселило во САД од Белорусија: Елизабет Пипко ќе биде нова портпаролка на Белата куќа?! appeared first on Република.

]]>

Елизабет Пипко се наведува како име коешто може да стане прес-секретар во Белата куќа под администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Пипко, внука на советско-американскиот уметник Марк Клионски, претходно беше портпаролка на Републиканската партија. Семејството на Елизабета се преселило во САД од Минск, од тогашниот Советски Сојуз. Таа стана позната во јавноста и по појавувањата на страниците на неколку модни магазини.  

The post Семејството и се преселило во САД од Белорусија: Елизабет Пипко ќе биде нова портпаролка на Белата куќа?! appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-krivichen-sud-se-pretvori-vo-institutsija-portparol-na-stavovite-na-sds-i-dui/ Mon, 19 Aug 2024 14:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=808006

Да се однесуваше Кривичен суд одговорно, принципиелно и морално, Рамадани ќе беше во затвор, а не избеган. Место да се засрамат, тие само докажуваат зошто и 2 посто рејтинг што го имаат им е премногу, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека наместо да ја префрлаат топката по инструкции на нивните ментори Заев и Ахмети личностите кои го пишуваат соопштението треба да размислат дали срамот кој го трпат да бидат поданици на најобични бандити, има цена и колкава е цената која тие, нивната репутација, репутацијата на чесните судии и државата ја плаќаат.

-Голема штета за македонското судство е што насилството на малкумина политичари со влијание во судството го нарушува рејтингот и на повеќето чесни и одговорни судии кои совесно си ја вршат работата.

Наместо да прават копи пејст на соопштенија од СДС нека се замислат што прават и нека почнат да си ја работат работата одговорно или нека ги остават способните да работат, а тие кои го имаат киднапирано судството веќе 7 години да се повлечат и да си сносат одговорност.

Треба да се запрашаат како е можно баш во овие 7 години рејтингот на судството да падне на 2 посто како што на СДС падна на 180 илјади гласови. Има паметни луѓе таму лесно е за сфаќање. Значи дека тоа што се случувало до сега не е добро и народот тоа го препознава. И од институција која не може да згреши, Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ.

Наша намера не е да се мешаме во работата на судството, но како и сите имаме право да коментираме и да носиме логични заклучоци кои и на малите деца им се јасни. Нема правда нема мир, се вели во соопштението на партијата.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ: Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>

Да се однесуваше Кривичен суд одговорно, принципиелно и морално, Рамадани ќе беше во затвор, а не избеган. Место да се засрамат, тие само докажуваат зошто и 2 посто рејтинг што го имаат им е премногу, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека наместо да ја префрлаат топката по инструкции на нивните ментори Заев и Ахмети личностите кои го пишуваат соопштението треба да размислат дали срамот кој го трпат да бидат поданици на најобични бандити, има цена и колкава е цената која тие, нивната репутација, репутацијата на чесните судии и државата ја плаќаат.
-Голема штета за македонското судство е што насилството на малкумина политичари со влијание во судството го нарушува рејтингот и на повеќето чесни и одговорни судии кои совесно си ја вршат работата. Наместо да прават копи пејст на соопштенија од СДС нека се замислат што прават и нека почнат да си ја работат работата одговорно или нека ги остават способните да работат, а тие кои го имаат киднапирано судството веќе 7 години да се повлечат и да си сносат одговорност.
Треба да се запрашаат како е можно баш во овие 7 години рејтингот на судството да падне на 2 посто како што на СДС падна на 180 илјади гласови. Има паметни луѓе таму лесно е за сфаќање. Значи дека тоа што се случувало до сега не е добро и народот тоа го препознава. И од институција која не може да згреши, Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ.
Наша намера не е да се мешаме во работата на судството, но како и сите имаме право да коментираме и да носиме логични заклучоци кои и на малите деца им се јасни. Нема правда нема мир, се вели во соопштението на партијата.
 

The post ВМРО-ДПМНЕ: Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Дарко Каевски е нов портпарол на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/darko-kaevski-e-nov-portparol-na-sdsm/ Thu, 03 Mar 2022 10:30:43 +0000 https://republika.mk/?p=466928

Извршниот одбор на вчерашната седница го назначи Дарко Каевски за нов портпарол на СДСМ по изборот на Костадин Костадинов за градоначалник на општина Струмица.

Каевски е магистер по Право на интелектуална сопственост, а во тек се неговите докторски студии.

Дарко Каевски е пратеник во Собранието на Република Македонија и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Каевски беше директор на Агенцијата за млади и спорт, претходно работел во приватниот сектор. Во периодот 2018 – 2020 беше претседател на Социјалдемократската младина СДММ.

Водејќи се од начелата за одговорно комуницирање, отеченост и транспарентност, портпаролите на СДСМ, Дарко Каевски и Богданка Кузеска стојат на располагање на новинарите и јавноста за прашања од каков било интерес, информираат од СДСМ.

The post Дарко Каевски е нов портпарол на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Извршниот одбор на вчерашната седница го назначи Дарко Каевски за нов портпарол на СДСМ по изборот на Костадин Костадинов за градоначалник на општина Струмица. Каевски е магистер по Право на интелектуална сопственост, а во тек се неговите докторски студии. Дарко Каевски е пратеник во Собранието на Република Македонија и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Каевски беше директор на Агенцијата за млади и спорт, претходно работел во приватниот сектор. Во периодот 2018 – 2020 беше претседател на Социјалдемократската младина СДММ. Водејќи се од начелата за одговорно комуницирање, отеченост и транспарентност, портпаролите на СДСМ, Дарко Каевски и Богданка Кузеска стојат на располагање на новинарите и јавноста за прашања од каков било интерес, информираат од СДСМ.

The post Дарко Каевски е нов портпарол на СДСМ appeared first on Република.

]]>